Tuesday, May 16, 2006

GUARANSHIT
Насловот слободно може да биде и "Посеровка", бирајте. Мада со оглед на големата уста на Рашид и неговата моронска гаранција, горниот наслов повише ми одговара. Кога ќе ветиш нешто брат, посебно на ова ниво, во плеј-офот, мораш барем да се потрудиш тоа да го испуниш. А не да завршиш со седум поени и шест скокови. Заеби повредата на зглобот, тоа не е оправдување. Увек ми се свиѓал Шид, затоа што е уникатна личност у морето на НБА копикетови, па и таа негова голема уста го прави Шид - Шид. Но, понекогаш треба да се знае кога треба да се затвори уста.
Picture yes, (but not the title) taken from YAY!
Вчера Кавси ги тепаа Пистонси у нивната игра. Кавси беа слаби, ама Пистонси беа очајни. Премногу размишљаа, нешто што не го правеа многу во текот на сезоната, па ни во 1. рунда со Бакси. Леброн беше слаб, а момакот пак за малце ќе стигнеше до трипл-дабл, а тие бунари се само доказ дека има само 21 година!, тие работи ќе си дојдат со време. Работата е во тоа што и покрај некои очигледни грешки, посебно таа со шутот на 10 секунди до крајот со која има даде шанса на Пистонси, Леброн покажа зрелост да ги разигрува своите соиграчи кога него не му оди шутот. Да имаше уште некој како Варежао под кошот или Маршал на тројка без проблеми ќе имаше 15-тина асистенции, а Кавси ќе го згазеа Детроит. Не памтам кога Леброн одиграл две слаби по ред. Ќе биде интересно у Детроит. Другиот придонес на Леброн во победата, оној кој е малку видлив (покрај неговата одбрана), е вниманието кое Пистонси мораа да му го посветуваат цела средба, буквално губејќи концентрација за било каква игра во нападот. Свака му част за мушката игра на Сајдшоу Боб, кој беше икс-факторот, посебно со оној фаул у напад на Чонси у финишот. Не знам, ама мене Кавси ми делуваат боље со Флип у тимот него со Хјуз. Кој ќе биде дилема за Мајк Браун дали да го врати у први пет за петата у Детроит. Уште од стартот на сезоната викав дека Хјуз не е вистинскиот играч за улогата на Робин во Кливленд, а компликациите со здравјето на брат му, кои на крај резултираа и со негова смрт само повеќе му ги одалечуваа мислите од кошарката во серијата со Визардси и првите две со Детроит. Не викам дека Флип е бољи од Лери, ама тој има нешто што ретко кога сум го видел кај Хјуз, а тоа се муда. Местото на Флип му е први пет утре вечер, а ако Лери се врати, нека помага од клупата. И така им е тенка ко еврејска кришка леб. И покрај се, очекувам Пистонси да играат у финале, ама овие утакмица-две плус никако не им требаа на играчите кои цела сезона играа по 30-35 минути секоја вечер. Посебно ако Мајами вечер дома си заврши работа со Нетси.
* * * * *
Далас - Сан Ан не ја гледав, ама крајниот резултат ми направи ќејф. Е сеа, од тоа што видов сабајле, Спарси и тоа како треба да бидат љути на судиите, кои свирнаа фантомски фаул на Боувен над Дирк на осум секунди до крај на рег. дел, а Новицки со две слободни изедначи на 111. Ипак, среќата е составен дел од кошарката, исто како и судиските грешки, а самите Спарси си знаат колку пути изминативе неколку години тие две работи биле на нивна страна.
* * * * *
ГАРАНТИРАМ ДЕКА УТРЕ ЌЕ ПИШАМ ПОСТ!

16 Comments:

Blogger retry said...

Treba da bidat luti ami kako. Ali prvenstveno luti na svojata igra (stvarno me razocharaa, vaka ako ne mozhat Dallas da gi pominat, kako li kje igraat so Pistons), namesto da gi zgazat Mavs koi igraa so 50% Nowitzki, oni da se borat za produzhenie. I posle sudiite kje im bidat krivi (inache za krivi, krivi bea). Iako pretpostavuvav deka telinjava kje bidat nezgodni u playoff, sepak ne ochekuvav da im zadadat ovolku seriozni problemi na champs. Ali ipak ne bi gubel nadezh, koga mozhea Lakers da ispushtat 3-1, zoshto da ne go napravat toa i Mavs.

Ne primetuvate neshto vo ovaa serija? Koga Robotcho, Manu i Eva igraat dobro, Spursi gubat :)) Koga samo Robotcho igra dobro, pobeduvaat :))

Inache dobar poteg na Pop so niska postava da igra plus Manu na klupa (iako malku nelogichno da ostavish vtor najbolji igrach u timot da ne startuva, sepak e poproduktiven taka), ama ispadna dzhabe. Back to the drawing board :))

5/16/2006 01:37:00 pm  
Blogger Shepard said...

мерак ми е за спарси, уште померак за детроит.

финале: клиперс-мајами

5/16/2006 01:56:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Шо да се каже, ќе има можда и седма. Греота шо си го бираме потешкиот пат.

Што треба? Да имаат стално 30 поени предност, па да мора Џејмс да шутира 8-ци од највисоките редови на QLA за да ги стигнат? Не! Сами си се криви. Немаа жар кој беше карактеристичен за нив.
Што се краља тиче, ма как`и! Со ваква игра на Детроит, замислете го Коби у Кавси на местото на Леброн! Ма ќе не закопаа бре!! Леброн не е ни пола од Коби (or Wade for that matter). Ни пола! Од друга страна, верувам дека тој што победува е подобриот. Нема такво нешто како бољи тим, ако тимот губи од "послабиот". Што треба да кажам? Дека Лејкерси (со Коби и Шек) беа бољи у финалето со Детроит? 4-1 does not better team make... Каков тим победиле тогаш, а со каков си играат играчки сега?! Анбиливабл... Знам може и го величам Коби премногу, ама тоа е затоа што не се секирам дека било кога би се нашол у финале пак.. =)

Од друга страна, за гаранцијата, кога нешто ќе ти успее 4 пати, влегуваш у шема, можда и несвесно. Еве го сеа шо рекол : "Even the sun shines on a dog's (butt). But I ain't worried. We'll be all right. I will be all right. I will be ready " =) Непоправљив е. =) Како само ја свитка тоа ногана, и мене ме здоболе... Не беше толку страшно (сепак остана у игра), ама идете трчајте по таков пад, кој фатил баскет некад у рука, би можел да претпостави...
Пистонси се навикнати на underdog улогата. И сеа им е чудно. Знам. Пошто сеа веќе не се. Можда ќе звучам како Шид, ама од нив очекувам најдобра игра тек ако ја изгубат нареднава дома. Така функционира овој тим. Посигурен би бил тогаш дека ќе идат даље, отколку што сум сега на 2-2. И да, сепак е 2-2.
Со 20-на и нешто % посто шут у прва четвртина (33% overall), и со 1 поен у првите 6 и пол минути у последна четвртина, Пистонси, имаа шут за израмнување/победа. У ваква ноќ, не е ни чудо што не го искористија.

Ако ова не ги подготви за Мајами и за Далас, боље да изгубат.

Некој нека му даде чаша мартини на Флип, и нека му каже да го игра Делфино. Дајс и Хантер мора да се разбудат. Дајс особено ако сака прстенче. А и она фаулон на Сноу над Еванс! Да му ебам главата грда, навалена шо му е 40 степени нанапред! =)

Поздрав, Syndicate

5/16/2006 02:39:00 pm  
Blogger Dimitar said...

Tolku gi mrazam Pistons, ama eve objavuvam :
JAVEN OBLOG

1. so site zainteresirani fizicki lica deka Pistons kje odat dalje.
2. Prijavuvanje na kobe_mite@mail.net.mk
3. Paro, na kolku sakate.

5/16/2006 04:33:00 pm  
Blogger марче said...

50$ deka kje zavrshi 4-2 za pistons?!?!

5/16/2006 05:38:00 pm  
Blogger znalac said...

DET не заслужи победа вчера, иако беше логично да запнат малку повеќе и да ја решат серијата. Вака ќе мора да одиграат една или две плус, а тоа во оваа фаза кога MIA веќе ја затвора серијата со NJN и има 5-6 дена одмор не им одговара многу. Еее, а после прва рука кога DET ја доби со +27, а MIA изгуби дома изгледаше дека DET ќе одмара, ама ништо.

Ништо и од SAS годинава. Катастрофално играат на крај - во третата на Ману му падна од раце, сега во аут ја фрлија, па Parker две слободни утна. Да не зборам што во регуларен дел можеа и требаа да победат, и што судењето во последна четвртина беше очајно. Не дека е невозможно да се вратат од 3-1, ама не сум голем оптимист.

Утре на TNT Halftime Report Kobe и Barkley во студио.

5/16/2006 06:37:00 pm  
Anonymous чоте said...

Ja работам со пиво, 5 пива дека пистонс ќе ги добие наредните 2 утакмици :). Ја додуша, бев спремен да се кладам у 4:0 или МАКС 4:1 пред недела дена, а еве што се дешава.:) Aма сепак, убеден сум дека Детроит нема више да се заебава.
Што се тиче утакмицата вчера. Интересно е тоа што (ко што кажа Енко) Детроит изгуби у својата игра. На крај испадна и дека тој Браун и не е толкав шупак, не е за фрлање. Оној пут изигра многу смело(и паметно) со Д.Џонс коа овој погоди тројка пред крај на една утакмица со Визардс, а и вчера, ми делуеше стабилно и смирено некако на цела утакмица, као нешто сигурен у себе, знае што прави. А да повторам, се играше играта на Детроит.
Што се тиче плејофот у целина, финале Детроит-Далас, ко што прогнозирав на почеток уште. Малку ме изненадува играва на Мајами, таму очекував да е изедначено па дури и ЊуЏерси да има предност. Сепак, испаѓа дека не е така.
На крај да кажам дека во дуелот Детроит - Кливленд навивам за Детроит, и покрај тоа што ми се во самиот врв на листата на најодвратни тимови, Кливленд, сепак е за едно место повисоко. Од останатите Далас е ОК.

5/16/2006 06:49:00 pm  
Blogger retry said...

I ja toa vikam. Ovie 2-2 i 1-3 se povekje rezultat na toa shto Pistons i Spurs losho, da ne recham katastrofalno igraat, otkolku shto Mavs i Cavs igraat odlichno. A sepak vo tie shto gi izgubija (osven vtorata so Dallas), izgubija tesno, shto znachi deka sepak mozhe da se vratat. Vakvi loshi partii na glavnite pretendenti za titulata mislam deka se teshko povtrolivi. Mnogu poteshko kje im bide na Spurs da se vratat, no se e mozhno. Vo dosegashniov tek na playoff-ot barem toa go uvidovme.

5/16/2006 06:50:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Ja ednas rekov deka SAS nema da igra finale na zapad i uste stojam na toa a za detroit rekov deka ke se koljat u sedmata utakmica i na toa stojam. :)

5/16/2006 09:18:00 pm  
Blogger Shepard said...

retry брат, хроник си станал :)

иначе, финале клиперс-мајами

ја гарантирам

5/16/2006 09:24:00 pm  
Blogger retry said...

Pa tebe toa sega ti stana jasno :))

Abe batali ova looser-ive shto produzhija u vtora runda, Lakers se moralni pobednici :))

5/16/2006 11:09:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Sho ke davaat vecer, kazuajte po itno!

5/16/2006 11:12:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, само за тоа се јавуваш, а?

Вака, пошто по 100% заслуга на МакНБА идат сите утакмици кои не се у недела, вторник и петок, одговорот е не знам.

Да беше вечерва по нашиот систем, у два ќе требаше да иде Мајами-Њу Џерси. Вака, не знам.

За тоа дека МакНБА е 100% зад тие преноси не се заебавам, само не треба многу да збориме за тоа.

5/16/2006 11:20:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ај сеа треба ли да седам буден до два само да се надевам дека ќе ги пуштат Џерси?!

А зашо на спорт 4 не им направите еден пристоен блог, онака Шеп е по темплејтите и таму ОНИ секој ден ќе ставаат њуз и шо ќе иде на програма. Ај пренесете таму, знам дека имате врски у таа тел.

5/16/2006 11:22:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, не избрзувај...

5/16/2006 11:28:00 pm  
Blogger retry said...

Abe iznenaduvanjeto go zaboravivme :))

5/17/2006 12:07:00 am  

Post a Comment

<< Home