Tuesday, May 30, 2006

Плескавица...со Шопска
Сликава е сменета со цел да ви покажам какви НБА стручњаци се типците од ЕСПН, кои после неколку саати ја исправија грешката. Али, пажљивите момци низ вебот им ја фатија глупоста. Пазете ја легендата за сликата. Плус, сеа доле го имате плеерот на коуст ту коустот на Шек. Плес, плес, плес, плес....па после глуми лудило кај судии, како "Hе го пипнав, жими мајка!!!" Не дека судиите не направија една-две грешки сабајлево, ама тие беа и на двете страни. Примадоните од Детроит изненадени од тоа што судиите конечно почнаа да ги свират нивните сники фаулови и плескања се убија од плачење и правење фаци накај судиите....а на крај тие беа исплесканите. Вејд и Шек се на корак до финалето, ама се уште не би ги отпишувал Пистонси, кои се к'ниња кои знаат да запнат кога најмалце се очекува од нив. Флип Сандерс од друга страна, уште од сега го отпишувам. Kошон на Вејд од зад грб преку Дајс и coast to coast-oт на Шек... Иначе, гледам дека не можете да спиете од тоа "Се е бело у Мајами" филмот. Финтата зашто е така, и плеј-оф средбите на Хит изгледаат како да се играат у Дубаи е чисто маркетиншка и е дел од кампањата на Мајами наречена "WhiteHotHeat" според која се замолуваат сите со карти да бидат облечени у бело, а и седиштата се преслечени у бело, така да да не се примети кога на трибините на старт не се до задње место исполнети. Лани Мајами ја имаше истата финта у плеј-офот, само што тогаш сите беа облечени во црвено, како дел од кампањата наречена "RedHotHeat". Ај сеа на спиење.
* * * * *
Како допуна, еве го и текстoт за у новини.... Мајами и порано бил вака блиску до финалето, но никогаш со вака комотно водство и никогаш со поголема самодоверба (like now). По кој знае кој пат во своите кариери, Двејн Вејд докажа дека нема човек на планетава кој може да го чува кога ќе влезе во ритам, а Шекил О'Нил докажа дека нема човек кој може да го спречи кога ќе прими топка во рекетот. На четвртата средба од серијата со Пистонси, Мајами тоа го искомбинира со цврста и активна одбрана и одлична последна четвртина за победа од 89-78 и водство од 3-1 во финалето на Истокот. Тоа ги става Хит на еден чекор до големото финале, со три меч топки во своја рака. Минатата сезона тие водеа со 3-2 против Пистонси, но ги загубија следните две средби, создавајќи глад која можат да ја задоволат со само уште една победа во оваа серија. Клучот на подобрата игра оваа година лежи во новите имиња, но и во пристапот на Мајами кон секоја средба како да е седма, нешто за што најзаслужен е Пет Рајли. Тој нивен пристап беше евидентен и на 4. дуел, кој по израмнетиот старт во втората четвртина ги исфрли на виделина сите позитивни карактеристики на "жешките". Така, можевме да го видиме Џејмс Поузи како се фрла по топка во првиот ред од трибините, влетувајќи директно во познатите ар-ен-би ѕвезди Ашер и Џермејн Дупри. Го видовме Ентоан Вокер на влез како го изнудува третиот фаул на Рашид Волас, а потоа и им покажа три прсти на резервите на Пистонси, колку да ги потсети кој прекшом му е по ред на Шид. Го видовме Шек, кој застана на 21 поени и девет скокови, како потстетува на времето кога играше за Орландо, блокирајќи го пасот на Ричард Хамилтон и водејќи ја топката до кошот на Детроит ореку целиот терен за лесно положување. И на крај, бевме сведоци на растот на големината наречена Двејн Вејд, кој погоди одлични 8-11 од поле за конечни 31 поени. Сепак, и покрај одличната игра на Мајами, гостите на полувремето заминаа со минус од само шест поени, минус кој по седум минути игра во третата четвртина станаа плус седум, најмногу по заслуга на зоната за која Хит немаа решение и која не му дозволуваше на Вејд да прими топка. Пистонси беа во добра позиција да изедначат на 2-2, но ударното трио Билапс и двајцата Воласи влегоа во проблеми со лични, а и Вејд не можеше долго да остане во сенка на нивната одбрана. Поените на Двејн од зад грб под фаул од Антонио МекДајс на средината од последниот период ставија точка на средбата и ги деморализираа Пистонси на пет минути до крајот, кога Мајами поведе со плус 12 (79-67). Ол-Старот не само што уфрли 12 поени во тие 12 минути, туку и имаше две големи асистенции за тројки на Поузи и Гери Пејтон. Гостите се обидоа со се да го запрват во финишот, но залудно. Нешто на што ќе мора да поработат доколку уште вечерва не сакаат да си ја завршта сезоната, и тоа на домашен терен во Детроит.
* * * * *
Играчите на Детроит се познати по тоа што секогаш на погрешно место ја бараат причината за речиси секој нивни пораз, а овој пат, за да не се свртат кон Флип Сандерс, тие им се свртеа на оние кои се најлесни мети, судиите. Но, судиите не се виновни што Пистонси толку се истрошија во текот на сезоната па сега и физички и психички почнуваат да паѓаат кога е најпотребно. Не се судиите виновни за тоа што тие не можат да одржат високо ниво на игра во текот на сите 48 минути. Играчите се подеднакво виновни колку и тренерот, но оваа серија неизбежно стана референдум на тренерските плеј-оф квалитети на Сандерс.

27 Comments:

Blogger Latifovich said...

Ajde merak rabota, a bas mi se napravi kejfot koga gi gledav pistosni kako placat

5/30/2006 11:44:00 am  
Blogger Shepard said...

ја и двете тикми ги заспав и не приметив ништо

ама у финале ќе имам време да приметам

5/30/2006 11:58:00 am  
Blogger марче said...

kje bide interesno finale

5/30/2006 12:11:00 pm  
Blogger retry said...

Shto go popija Detroit, go popija, ama mene mi se otvora nov problem.

Mnogu sakav Detroit da ne idat u finale, ama isto taka ne sakam da gi vidam Shaq i Wade so prsteni na racete, zoshto, shto vika Shep, kje pochne dizelov da se pravi fraer deka kaj i da otide zema titula, i deka ne trebalo Lakers da go trampaat (tuka e u pravo, ama me nervira da se prenaglasuva toa), pa Riley koga kje skokne, ... Abe muki.

Vo vakva situacija, sepak kje treba da navivam u finale za West (Suns/Mavs). Ama ako igraat Heat kako shto igraa dosega vo playoff-ov teshko deka koj i da e u finale kje gi tepa.

5/30/2006 12:54:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Пистонси се светлосни години од формата што ги донесе до првото место у лигата. Само делумно се согласувам дека другите тимови почнале да кликаат, па сеа кликањето на Детроит изгледа безопасно. Детроит изгуби 6 од последните 9 меча, со патетичен шут од поле, со слаба одбрана (малку блокови, пенетрација, бла-бла), без вистински истраен дух кој го покажувале многу пати, без жар у последна четвртина, со маааалку, малку поенчиња. Пистонси у сите тие порази се поразија себеси, направија ѕвезди од Варежао и Дониел Маршал, а сега прават мит од геријатријата Мајами Хит+Вејд. Сега се на пат да му се придружат на Тони Паркер на трибини.

Кудос до Дејл Дејвис и Мо Еванс кои беа единствените Пистонси вчера на теренот, и Чонси чат-пат. Не може да оди Вејд на забивање преку човек, затоа шо ќе падне на кук. Не може Шекил ни преку Мо Еванс да оствари лесен данк од алејуп, затоа што Еванс е цврст момак кој знае санда техники. Пистонс играа цела сезона како првата половина на третата четвртина. Ги тепаа Мајами три пати у сезона, а изгубија еднаш само затоа што заспаа у четврта четвртина. Сега не можат да играат така, и само они си ги знаат причините.
Нареднава ќе ја добиеме, а ако ја добиеме и таа у Петок, Пистонси се финалисти. Овој е првиот тим шо ми паѓа на памет кога зборувам за чуда. Ниту спарс, ниту мавс, ниту хит, а најмалку кавс. У услови кога никој не верува (па ни ја) Пистонс играат најдобро.
It's on!

Syndicate

5/30/2006 01:51:00 pm  
Blogger Karakash said...

The heat is on the Pistons, Синдикејт, ќе биде интересна следнава tekma, па и таа после неа...

Ритрај, ако Мајами освои титула, Шек ина право да се курчи колку сака, кој им е крив на Лејкерси што имаат таков утка GM како Купчак...или его-манијак со психо проблеми како Коби, без разлика што е играчиште.

5/30/2006 01:57:00 pm  
Blogger gigi said...

Пистонси се наоѓаат во многу слична позиција како Индијана пред 2 години. Откако завршија први во регуларниот дел со 61 победа, пометувајќи го Бостон со 4:0 и победувајќи го Мајами 4:2, во финалето како наеднаш да изгубија сила и му подлегнаа токму на Пистонси со 4:2 (ќе си пукнев од мака, посебно после историскиот блок на амебата Принц над брат и на Черил Милер во втората текма)...

Е сега, прашањето дали Пистонси ќе се вратат, нели после сите оние муабети дека тие најдобро играат кога јајцето им е на газот, кога се underdog, и томе слично... по мое сромно мислење не, нема да се вратат... покрај тоа што би било премногу два тима во еден плејоф да се вратат од 3:1, проблемот на Пистонси е во тоа што тие дефинитивно ја сменија играта и сеуште трагаат по идентитет... а сите ние на своја леѓа знаеме колку заебана е транзицијата...

(disclaimer: следниот коментар е чисто субјективен и нема врска со издржаност)...retry, не си осамен, како шо напишав и после елиминацијата на Нетс, единствена светла точка во дуелот е Двејн Вејд кого уживам да го гледам... единствени моменти кога ми беше симпатичен дизелот беа првите неколку сезони со Пени Хардавеј во Орландо... а за Вејд сеуште стојам на ставот дека треба одма да си бара нов тим ако не сака под "стари" денови да си бара тим за да освои прстенче. Мајами немаат тим. Точка.

5/30/2006 03:08:00 pm  
Blogger retry said...

Pazi Gigi, ako gi vide moite komentari od prethodniot post jas nemam nishto protiv Diesel-ot. Naprotiv, mnogu go pochituvam i toa povekje od Wade i celiot ostanat franchise na Miami zaedno. Samo ne mi se dopagja koincidencijata deka Shaq mozhe so bilo koj tim da osvoi titula. Zamisli sega vo ovoj playoff da si go digne Larry O'Brian trofejot i da premine dogodina u Hawks (ovie da go shutnat Zaza, kazhi Enko, a?) i so niv da zeme titula. A bashka toa shto kje izleze deka Bryant bez Shaq nema nikad da osvoel titula i nema ni da osvoi.

A vistinata e tuka: Bryant bez Shaq nemashe da osvoi titula kako shto ni Shaq bez Bryant. E sega Shaq ima pokraj sebe edn kup veterani koi vo minatoto bile igrachini (Payton, Walker, Mourning, pa i Williams), i mlada dzvezda koja iako ne e od tipot na Bryant sepak e dovolen vo kombinacija so prethodnite da donese uspeh na timot vo playoff-ot.

Shaq sepak dosega vo karierata igral vo relativno dobri timovi. Vistina e i toa deka ako drugava sezona, na primer, otide vo nekoj ekstremno slab tim (Portland, New York ili Charlotte) kje ja smeni od koren koncepcijata na nivnata igra i kje gi napravi mnogu konkurentni (mozhebi i kje gi odnese vo playoff), ama za povisok dostrel sepak e premnogu da se ochekuva i od mozhebi najdominantniot igrach vo istorijata na NBA.

5/30/2006 03:32:00 pm  
Anonymous Jiggy said...

Ako go eliminira Detroit Antikosarkistons, Majami ke mi go napravi najgolemiot kejf u zadnji 10 godini vo NBA. Posle mozat i da izgubat u finale, seedno, samo Detorit da ne e sampion.
Neli e sramota Ben da e sampion na NBA i da potpise za 100 milioni dolari? Posle nego sekoj potprosecen bilder ke misli deka moze da bide kosarkar (ako veke i ne go misli toa).
Dali obrnavte vnimanie na luzerskiot faul na Rip nad Dvejnvejn u zadnja i uste poluzerskiot pogled na istiot par sekundi nakon?
Mozebi e lesno sega da se voocuvaat luzeriite na timot koj bese najdobar u liga (najdobri u klubska istorija 64 pobedi) so trener kao Sanders? Dzo The Dumars e mozebi malo dete za Kupcak zaradi gluposta sto ja napravi sto go donese luteranecot Flip, pri ziv i zdrav Bil Lejmbir. Rezultatot na Detroit e zasluga na petorkata koja se poznava podobro medjusebe nego so svoite nevesti(radi splet na okolnosti vo koi nikoj ne e do taa mera egoist za da se catali).
A ako i posle ova (se nadevam ispadjanje na DP) ne go donesat Bili na klupa, togas jasno ke mi e deka nekad na trening mu ima iskrseno dupe na Dumars na vremeto.
Detroit (b)e(se) dobar zaradi toa sto drugite bea losi, kako 2004-ta Lejkers so VOELS Kobi(Visoko Omrazen Ego Lik Siluvac). Lani edinstven kejf mi napravi SAS samo zaradi toa sto se najneamerikanski tim, inaku isto se bezlicni kako i DP. A deka site mozat da naucat da igraat odbrana, pa duri i gerijatriski ekipi kako Majami, gledame denovive.

Sou, lets go evribadi eksept DP.
I daj, kakvi ste toa ludje vie sto navivate za tim kako Detroit... :)

5/30/2006 03:39:00 pm  
Blogger Shepard said...

јас ќе го пишам постот кога детроит ќе испадне.

онака, со ОООЛКАИ БУКВИ

„ПРАЗНИК НА КОШАРКАТА“

ја реков, ќе повторам. холокауст за кошарката е ако детроит станат пак шампиони.

чкарт ќе биде и мајами ако освојат, затоа што после оди затни му уста на шекот.

феникс ако освојат, неш ќе стане не знам, исус.

затоа, wir mussen keine uberraschung lassen..

go dallas!!!

пс. ќе му се фатите на коби :Р

5/30/2006 04:01:00 pm  
Blogger Shepard said...

на спарси им фали само ПАПАЛУКАС или некој ју-играч за да бидат мрски колку детроит :)

иначе енко, немој бе вака официјално у новине

---
..на "жешките".
---

мајами не се жешки, они се ЖЕГА..

:))))))

мајами жегата..

и detroit PISSTONES

5/30/2006 04:08:00 pm  
Blogger gigi said...

Retry, не сакав да имплицирам дека не го почитуваш Шек, само шо од постот стекнав впечаток дека не ти се допаѓа (Шек или неговиот стил на играта, сеедно)... пошто се работи за вкусови затоа и disclaimerot на почетокот од реченицата... никој при малку здрав памет не може а да не го поштуе тоа шо го има постигнато дизелот... јасно ми е дека, поентата ти е дека Шек без Коби (и обратно) не би бил тоа шо е (јас тука би го додал и Фил Џексон за потполна добитна комбинација) и тука сосема се согласувам... тебе како фан на Коби би те иритирало кога би се оствариле муабетите дека дизелот може да земе прстенче без Коби додека овој нема шанса без Шек... that's rubbish, и едниот и другиот, со добар тим можат да освојат титула... впрочем Шек и играше едно финале со Орландо во 95-та каде беа збришани од Хјустон а Коби имаше финале 2004-та...

ПС А за Атланта не вели два пати... ако замине таму АИ и плус Шек your worst nightmare may come true :)))

5/30/2006 06:50:00 pm  
Blogger retry said...

Tachno e toa za Phil Jackson. Gledam deka nekoj mi faleshe :))

I Jordan so Collins nishto ne napravi, ali so zenot...

5/30/2006 07:46:00 pm  
Anonymous Чоте said...

Пред да почне серијава, си викав, уморни се Пистонс, ама, ќе му се закачи Бен на Шек, ЧоУнси на Вејд и ќе завршат работа копилињата.
Сепак, Бен е како мало дете у дуеливе со Онил, и онака, имам впечаток дека Шек не дава 100%. А и останатите, никој не игра ко што треба. Пистонси не смееа да си го дозволат луксузот да играат 7 утакмици со Кливленд. Додека Мајами одмараше, они се мучеа, ај што се уморија, ноншалантното понашање чиј резултат беа седумте утакмици со Кливленд им удри у глава, ги депримира некако, па еве како изгледаат сега, глеаме сите.
Да имаа друг тренер ја не би ги отпишал, колку и да се никакви за гледање (мрски,© Шеп:)), сепак они се најкомпактен тум у НБА у моментов, највише играат у ист состав, имаа најбољи скор у регуларен тек, а и ко што пиша Енко имаа 3:1 против Мајами у регуларен тек, според тоа не треба да се отпишуваат, НО, со Флип на клупа (кој многу ме потсеќа на Аделман од “златните“ времиња на Кингс, коа да не беше он, времињата можеа да бидат златни у буквална смисла на зборот), претпоставувам дека ќе го попијат уште наредната.
Иначе, за Мајами, ако испадне ко што претпоставувам јас, пак ќе имаат една недела за одмор пред финалето, у кое претпоставувам ќе дојдат Далас (после 6 утакмици веројатно).
А финалево дефинитивно ќе биде супер интересно за гледање за сите неутрални гледачи. Ме интересира што ќе смисли Рајли (се сеќавате ли Љубо колку го поштуваше?:)) за Новицки, пошто вака ко што е Хаслем треба да го чува :), од друга страна пак и немам идеа што Ејвори ќе смисли за Шек, пошто се т’нки на 5ка Далас (како и цела лига нАли). Ќе биде интересно да се направи привју на финалето, се надевам ќе имам време да напишам едно текстче...испаднаа(ѓаат) и SAS и DET па мерак ми е :)

5/30/2006 08:17:00 pm  
Blogger Karakash said...

Да бе Џиги, каков лузерски фаул беше тој на РИП, онака од очај. Ја да сум Стју Џексон, а типот вчера беше на трибини, одма му стегам суспензија за Гејм 5 па нека дише малце без тоа маската која ја носи две години, иако се му е ОК со носот.

Споредбата Флип-Аделман и тоа како држи, али ај да дочекаме да заврши серијава па Џорџ Џетсон да го прогласиме за наследник на Аделманчо.

Тачно е, Зенот одигра гоолема улога.

Шек е човекот поради кој се менуваше оваа игра, единствен меѓу овие кои играат денеска и еден од ретките во историјата. Колку и да ви е мрсок, тоа не смее да се игнорира.
До пред една година, а со ова се сложуваат многу асални колеги од САД, единствен човек кој смееше да биде земен во предвид да биде МВП секоја божја сезона беше само Шек. Со тоа се сложуваат и 90% од тренерите во последниве 10-15 години.

Гиги, тоа со Атланта ама ич не е најтмер, нити има везе со Фреди Кругер. У случај на такво нешто сите би ве частел по буре пиво. Нормално, зашто никад нема се деси Шек и Ајверсон заедно да завршат и Хотланта.

5/30/2006 09:24:00 pm  
Blogger retry said...

I ushte edna rabota da nema zabuni, jas pred se sum fan na Lakers, pa posle na Kobe i na ostanatite shto igraat vo ekipata. Pa ne navivam jas za LAL od 1996. Otkako znam za NBA navivam za Lakers, a golema prichina za toa bea Magic, Jabaar i Divac (posledniov najmnogu, vo toa vreme go rachunavme za nash igrach vo NBA :)) ).

Od ova proizleguva deka sum bil i golem fan na Shaq, pogotovo dodeka igrashe za LAL i seushte mnogu go cenam ne samo poradi negoviot pridones vo osvojuvanjeto na titulite, tuku i poradi nachinot na igra i vo drugite timovi. Vprochem vekje spomnav i prethodno: Shaq e mozhebi najdominantniot igrach vo istorijata na NBA i teshko deka i vo idnina nekoj kje gi dostigne negovite kvaliteti.

5/30/2006 11:13:00 pm  
Blogger Karakash said...

Така е друже Ритрај.

5/30/2006 11:56:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Е зашто друже енко правиш вака сега јас спорто како ќе го читам кога веќе имам прочитано што си напишал

5/31/2006 11:33:00 am  
Blogger retry said...

Ohoho, Mavsi za prvpat u playoff-ot go popija kako shto treba. Ali me plashi toa shto ovaa pobeda beshe letargichna i vo uslovi koga Dirk imashe problemi so lichnite greshki. Kje beshe poslatko da tepaa so pomalku razlika pa da im go skrshat moralot na Mavs. Vaka, ovie povekje odmaraa otkolku shto igraa i sega kje bide gusto vo Dallas.

5/31/2006 12:39:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Флип, стартувај ги Дејвис на Шек, Шид на Хаслем, Бен на Вокер, Рип на Вејд и Чонси на Вилијамс. Нема лесни поени за Шек, фаули без простор за шут и многу обиди од слободни за него. Ако Рип и Чонси не можат да го чуваат Вејд, на клупа. Кога Дејвис ќе стигне до четири лични, Кејто. Мо Еванс на Вејд. Линдзи на Вејд у секоја четвртина по 2-3 минути, ама онака напаст од изведување на напад. Топки за Мекдајс. Ако го стават Шек на него, уште повеќе топки за Мекдајс. Делфино на Пејтон по првата негова тројка. Шут од полудистанца. Grow up.

Пистонс вечер се дерам за вас, со миљон пиво у мене!
После идеме у Мајами со еден тон црни маици.
Go Stones!

Syndicate

5/31/2006 12:44:00 pm  
Blogger retry said...

Dzhabe e Syndi, dzhabe e.

5/31/2006 03:57:00 pm  
Blogger марче said...

mislis deka dalas taktiziraat? :))

5/31/2006 05:01:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе незнам шо ви е ова Анти-Детроит коалицијава што ми ја праите, али ја па баш сакам да се вратат сеа у серијава и да изнудат седма!
Кој холокауст бе, нема ли да биде холокауст на кошарката ако освоеа Коби и другарите на пример па Коби да отвори една уста!?
Ако освои Далас кој ќе го глеа Дампие како потпишува пак нов договор 50 мил. за 5 години!?
Ако земе Феникс , Тим Томас прва година нема да смени тим, а Каракаш ќе се јаде за Диа.
А ако Мајами земат Вејд ќе биде следниот Џордан.

А ако Детроит земат, само ќе си ја потврдат сезоната во која беа најдоминатн, со мали отстапки у плејофот и крај. Сеа Сандерс...друга прича.



ПС Офчар ако толку сакаш Писстоунс да изгубат, мислам дека е време за втората петиција, првиот пут иако никој не очекуваше за Сан Ан УСПЕА:))

5/31/2006 05:13:00 pm  
Blogger Karakash said...

Синди, убаво ти звучи планов, само у таква петорка нема да има кој да дава поени, а и многу е полесно да се каже него да се оствари такво нешто.

Латифе, извини, нема да се повтори:)

Бето, како се преобрати бе па стана фан на Детроит. Има нешто у тоа 3-то место:)

Луѓе, ми фалат уште само седум сликички од светско албумот. Помагајте!

И да, изненадувањето, по застој од некое време, пак забрзано го крчкам деновиве.

5/31/2006 08:35:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Koi slikicki?

Daj gi so ime!

5/31/2006 09:57:00 pm  
Blogger Karakash said...

Raperu Beto...mene mi falat: amblemot na Brazil, Ghodbane (580) od Tunisija, 263 od Svedskija, 47 od Kosta-rikaaa, Klasnic od Rvatska , Chavi od Espanja i ne mi tekinja sea uste koj...

6/01/2006 12:21:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Borat ako najdam neso odma ti kazuvam:)

6/01/2006 12:34:00 am  

Post a Comment

<< Home