Saturday, May 27, 2006

Брејк
Ај малце да одмориме од плеј-оф ствари. По се изгледа и на Коби конечно му успеа да започне некаков тренд во лигата. Барем ако еден после него се смета за тренд. Амари Стадемаер, исто како и Кобстерм од следната сезона веќе нема да го носи дресот со нумеро 32 кој ќе го смени со #1, кој го имаме видено со ваков дизајн на Санси, откако задњи го носеше Пени Хардевеј пред некоја година. Причината зошто "сезонава не-ѕверот" се одлучил за вакво нешто сепак е много пологична од таа на Коби, затоа што момакот едноставно си поскавуна фреш старт, нов почеток после сезоната целосно сјебана поради операцијата на едното, а после и другото колено. Коа сме кај Амари, мајка му е гилти за возење пијана, нешто што е случај и со мајка му на Леброн. Не им е лесно кога израснале млади толкави ѕверови сами. Зашто сеа малце да не уживаат у парите? Само што уживаат на погрешен начин.
* * * * *
Лери Браун е очаен да остане у Њујорк, а ако тоа не му успее барем ќе знае дека се обидел се. Задњи потег на Лери е желбата да го донесе како помошник Њујорк'с фејворит сан, Петрик Јуинг, со што би ја добил подршката од фановите. Ипак, за да се ангажира Пет, некој ќе мора да лета од сегашните помошници, кои се големи пријатели на Ајзеа. Њујорк, Њујорк, барем никад не им е досадно...
* * * * *
Кавси го наградија Мајк Браун, иако типот многу-многу и не се наработи у првата сезона. Барем Фери призна и рече дека главен приоритет летово ќе му биде ангажирање на помошник за Браун кој е специјалист за напад. Конечно им текна. Сеа уште да им текне дека им треба плеј и четворка или петка, а зашто не и некој шутер на два-три. Ситница.
* * * * *
За драфт уште не праиме муабет, не само затоа што веројатно ќе биде еден од најслабите декадава, него и затоа што скоро секоја екипа мисли како да го трампа својот пик.

20 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Леле луѓе помагајтеееееееееее...
Изгубив у полуфинале и паднав у тешка депресија. На утакмица бев ко пицајзла ствар шо уште поише ме курчи. Имав шут 1/10 можда и 6/6 слободни.
Послаба утакмица неам одиграно у живот. Сеа треба да играм за трето, ама не ми се игра. САКАМ ЗЛАТНО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Салата Работнички проколната е!a

5/27/2006 08:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Глава горе...што мислиш ти, како се стануе играч? Лагано.

...можев да ти одговорам и “така ти е кога Картер го ставаш на аватар“, ама реков ај не...:))))

Уживај Бето и утре изиграј мушки за трето.

5/27/2006 08:58:00 pm  
Blogger retry said...

Beto, bar si bolji od Carter, on ne stigna ni do polufinale :))

Ajde, bar treto mozhesh da osvoish. Imash poddrshka. (Shep kje me ubie, ama ova dobronamerno)

5/27/2006 11:45:00 pm  
Anonymous чоте said...

А кај играш ти Бето? :)

5/28/2006 12:13:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Единствената причина поради која Коби го избра 24, е за да биде еден поише од Леброн, во тоа сум сигурен.....добро тоа и малце поише пари

....а Амаре не избрал баш среќен број....мене многу ме потсеќа на Мекгрејди кој ми е онака патент лузер...
one is the loneliest number....

5/28/2006 12:13:00 am  
Blogger gigi said...

Туу, што мајки ќе имаа Амари и Леброн, све деликвентки... а баш им се примерни децата, ни пушат, ни пијат, активни се во community активности... ме подсеќаат на онаа англиската серија Луда Куќа... додуша сега и Ms LeBron ќе се покажи одработувајќи стотина часови community service... кога сме веќе кај неа се запрепастив ко видов дека има 38 години... ееј, кокошкава е 1 година помала од мене... па јас можам татко да му бидам на Леброн :))

suddenly, a great wearines descends upon my soul... I'm too old for this shit...

5/28/2006 03:46:00 am  
Blogger gigi said...

Инаку на Флорида ништо ново, како стојат работите единствено нешто вредно за коментар е облеката на публиката... ко да сме на утакмица некаде во Сауди Арабија, сите облечени во тоа белите галабии... weird...

5/28/2006 04:17:00 am  
Blogger Latifovich said...

E luge Kako vi se sviga "avatarot" moj a drugo nesto spomnuvavte vo drugiot post za pikovite pa toj sto ke go zemat bullsi centar li e ili ne e ???? :)

5/28/2006 11:26:00 am  
Blogger Karakash said...

Gigi, javi mu se na Lebron, mozda go ubedis deka ti si mu tatko....posle toa castis:)))

Saudi, be, beli galabii:))

Inace, utakmicata ne bese ic nalik na taa u Detroit...uzivanje za gledanje u pogolemiot del. Posebno kako Shaq gi abuse Not-So-Big Ben i ostali Pistoncici u reketot.

Latife, centrite umrea. Greg Oden e zadnjiot, a toj ke se bira duri dogodina.

5/28/2006 12:16:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Е па ќе мора овие моиве да го трампаат чендлер и некоја резерва за добар центар само да не го дадат гордон у њу јорк :)

5/28/2006 01:05:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ova nesho moda e so avatarive:D
Eve ja staiv eden specijalno za Shepard!

5/28/2006 01:53:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Абе јас сега имав време да се малтретирам многу бараат овие за една обична сликичка да се стави

5/28/2006 03:06:00 pm  
Blogger gigi said...

Па со оглед дека генетиката работи против мене, ако ништо друго, еве се пријавувам да го посвојам Леброн... пошто очигледно имал несреќно детство покрај онакви родители одма ќе се потрудам да му надоместам, you know, father-son bonding stuff, троа баскет во дворот, па на риби, и останати клишеа од филмовите... гарантирам дека social worker-от ќе биди overwhelmed и веднаш ќе ми додели старателство... после тоа се знае журка во Дизниленд кај двејдвејн на гости... everybody is invited...

ПС Некој друг доброволец за повојување на Амари?

5/28/2006 09:23:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ја ќе го повојувам Амари, и онака мајка му три години ќе се мота у КП.

5/28/2006 09:31:00 pm  
Blogger gigi said...

Латифе, на Чикаго ама баш не им треба центар... како што кажа Каракаш, сортата на Биг Бен и Шек е, фала му на бога, на изумирање (and good riddance)... според мене, им треба еден PF од типот на Гарнет или евентуално Борче кои ќе можат да ги следат Капетан Кирк и Гордон...

5/28/2006 09:42:00 pm  
Blogger gigi said...

Добро е, го згриживме и Амари... штета шо на времето немаше вакви добри души да ги згрижат Рон-Рон и Спривел, којзнае шо ќе излезеше од нив...

5/28/2006 09:46:00 pm  
Blogger Latifovich said...

E dobro be gigi ja pod centar podrazbiram covek sto moze da igra u reket i da se nosi so ostanative a takov vo chicago nema ne mislev jas bukvalno centar nego nekoj taka da e povisok i da ima sila

5/29/2006 12:56:00 am  
Blogger gigi said...

ОК Латифе, значи според твојата дефиниција сепак се слагаме за тоа каков тип на играч му треба на Чикаго..., бидувајќи стара школа, за мене пример за центар е токму тоа: класичен центар... од друга страна, го имаш Амари кој е се само не класичен центар иако се води како центар...

5/29/2006 05:18:00 am  
Blogger retry said...

Abe batki, shto zborite jas ne znam. Ja gledavte li serijata so Miami u prvo kolo na playoff? Epa ako gledatvte i ne beshe bash Miami-Chicago tuku Miami-Andres Nocionni. Zatoa posle slabite igri na drugive dvajca ne vredi da se spomnuvaat kako lugje shto treba da bidat sledeni od nekogo. Vo taa uloga na pochetok na sezona beshe Andres (iako ne e standardna 4-ka) ama posle ulogite drastichno se smenija, t.e. Gordon i Kirk treba nego da go sledat. Od druga strana pak, mozhebi kje treba da si najdat tipichen centar (nekoj anti-Chandler) zoshto na ostanatite pozicii gore-dole se pokrieni.

5/29/2006 10:35:00 am  
Blogger gigi said...

Ооп, изгледа има мало недоразбирање со retry... Кирк и Гордон се бекови шо значи какви и да се тие треба да ја водат играта а другите да ги следат... Andres (или како шо упорно го викаше еден од коментаторите на Спорт4 Андерс) Nocioni воопшто не сметав дека има потреба да го споменувам со оглед дека тој е токму таков тип на играч каков што Чикаго треба да набават да би имале двајца, нешто како Борче и Леандрињо во Феникс... впрочем нема шо и многу да се зборува, според игрите а и според статистиката Андрес беше најдобар играч на Чикаго во плејофот...

5/29/2006 02:34:00 pm  

Post a Comment

<< Home