Thursday, May 25, 2006

Си биле Французин, Канаѓанец и Германец..... (+ ДОПУНА ЗА МРСКОТИЈАТА ОД ДЕТРОИТ)
"О, мон диу, ај хит з вининг шот. Вива ле сирк д Соле" - беа првите зборови кои излегоа од устата на Борче Диа по големата победа на Феникс сабајлево сред Далас. "Ду винершницл думес кроасан французен шајзе Пјер Папен" - рече Дирк и замина во соблекувалната. Сериозноста на страна, Гејм 1 од финалето на Западот беше чиста класика и стварно ми е криво што читам по коментарите дека ретко кој од вас имал можност да ја гледа. Затоа у кратки црти еве што се дешаваше на крајот: Далас можат слободно да си маваат глава у ѕид што дозволија да изгубат добиена средба, посебно на хартбрејк начинот на кој го папаа сабајлево. Си имаа плус девет на три и пол минути до крајот и сите у Далас си беа насмеани и весели. Се додека "нивниот" Нешти не им го закопа у грб. После тоа како одигра вчера, не би требала да има више никаква дискусија за тоа дали Стиви ја заслужи својата втора МВП титула по ред. Малиот Канаѓанец сам направи серија од 10-2, у која убаци две тројки, две слободни и едно лудо положување преку Дирк у кое имаше чист фаул слеџа на најдоброто му другарче. Како да не беше тоа доволно, откако Ејвори го стави Маркиз да го чува наместо Тери, Нешти фрли перфектен, ама ПЕРФЕКТЕН лоб пас до Мерион за лагано, пензионерско куцање...и водство на Санси. Мавси го имаа задњиот напад, барем така делуваше на старт и одиграа одлично движење на топката кое на крај го остави сам нивниот најдобар играч на средбата Херис на некои четири-пет метри од кошот, шутче кое Девин мирно го погоди за +1 на Далас на 4.8 секунди до крајот. Бркот викна тајм-аут, по кој Тим Томас изведуваше аут. Откако стана јасно дека МВП нема да може да прими пас, Тим одлично го виде Борче кој направи две финти, го излета Стек и погоди не баш лесен шут за два на 0.5 секунди и +1 за Феникс. Мавси пробаа да направат нешто, ама лоб пасот за Дирк заврши у аут,Мавси фаулираа, сунцата убација две слободни и то је то. Сеа тие ја имаат предноста на меч дома повеќе, нешто што и тоа како се покажа важно за нив у овој плеј-оф. За тоа дека бевме, а и се уште сме сведоци на еден од најдобрите плеј-офове на сите времиња - нема збор. За тоа дека ова е најдобриот плеј-оф на сите времиња, не знам, ипак не сум ги гледал сите разигрувања од старт до сега, ако некој од вас го гледал слободно нека пише. Иако знам дека Вулканци не не гледаат (мада не би имал ништо против Т-Пол да остави некој логичен комент). Иначе, Благодарницата на Мавси и Санси ќе им биде врачена утревечер пред Гејм 2.
* * * * *
Линков нема везе со НБА, али ќе ме болеше срце да не го ставев. Зборови не се потребни. Борат у Кан!
* * * * *
За крај, ексклузивна фотка од Поп, Тимчо, Фин, Тони и Ману некаде во близината на Девствените острови.
* * * * *
Толку. За тоа дали вечер ќе има на Спорт4, не знам. За тоа дека треба да им бидеме благодарни за гледањето повеќе НБА у задњиве три недели од било која друга Јуро-земја, освен НБА ТВ - требаме. За тоа дека и коментарот на Синдикејт држи вода - држи. Е сеа, треба да се најдеме негде у средина. Задња вест: 80-90% вечер на Спорт4 ќе ја има Детроит - Мајами. Откако МакНБА ја гурна работата. Морав да се испрдам малце:)
* * * * *
Допунско: Му реков на Шеп, ама па него не му се фаќа тастатура за утакмицата од сабајлево, која он ја нарече "мрскоријата која го отрезнила, иако бил клен". Не дека Мајами и Детроит заслужуваат да се пишува нешто за нив, барем не по Гејм 2, кој беше жива посеровка. Ваљда после толку големи средби у плеј-офов бевме осудени на една ваква. Мислев да пишам пост, али после долго размислување, од некои две секунди, сконтав дека на тоа вчера нема да му ја направам таа чест. Само ќе спомнам неколку ствари. - Со кој памет остатокот од Мајами шутираа како луди од надвор и од неизградени позиции од дистанца, кога на секој втор напад го имаа Шек да прми топка на блок, блиску до кошот. Да имаа малце у главата, а и Рајли да им кажеше, Мајами и покрај никаквата игра ќе си тепаше, а Шек ќе имаше некои 30 поени и 20 скокови. Лесно. - Колку и да е фантастичен Двејн, момакот на моменти, и тоа дооолги, ми се губи од теренот. Иако е у игра, у тие моменти не прави ништо, барем не корисно за екипата, а деветте изгубени топки секако дека не им дојдоа добро на Хит. Малце ме чуди ваквата негова игра, затоа што за разлика од Леброн, или па Коби, он барем има со кого да подели пас, да излезе од блок или да спушти топка у рекет. Е сеа, па у моментите кога е со главата у игра, нема човек кој може да го запре. Само малце почесто да имаше такви моменти. - Тејшон "Богомолката" Принс е кључот на Пистонси у овој плеј-оф. Кога игра тој, игра и Детроит. У победите Тејшон има просек над 18 со 49% реализација, а у поразите едвај 14 со 41%. - Исто како Принс кај Пистонси, така и Вокер е кључот за Мајами. Кога игра како у првата, Мајами нема проблеми, кога игра како вчера, а тоа е почеста глетка сезонава, Шек и Вејд остануваат сами у напад. - По некоја логика, како што влегуваат во играчки зрели години, а потоа и стануваат ветерани, играчите се помалце играат на снага и физички предиспозиции и се повеќе им проработува интелектот. Барем така би требало да биде. Пејтон, Вокер, Морнинг, Шендон итд. вчера беа анти-пример за такво нешто. Како со физ. способ. да им се намалил и капацитетот на мозокот, а богами и видот. - Хаслем е ТРУБА. У овие две одигра цели 53 минути у кои убаци цели два поени. - Она со годините би требало да се однесува и на судиите, у некоја мерка. Ама не и за оние од сабајлево. Да нема забуна, јас сметам дека судиската работа е една од најтешките во про-спортот, ама па и да се прават толку грешки низ целиов плеј-оф е претерано. И што мајка бара уште геријатрикот Бевета да суди со негови 66 години?!?!? Дик одувек бил познат дека сака да биде у центарот на вниманието, а така беше и вчера, посебно по фаулот на Шендон над РИП, кој не знам по која основа беше свирнат како намерен. Труби. Реков малце...

38 Comments:

Blogger retry said...

Dobra utakmica, ama bez Josh kje go papaat Dallas.

Toa shto i Bell mozhebi nema da nastapi na idnata e samo podobro za Suns, i taka i taka ne veruvam deka kje se istakneshe protiv Mavs. Bolje Barbossa da igra u startni 5.

Nishto, finale izgleda kje bide Detroit-Suns, samo shto Suns debelo kje gubat, a toa ne mi se dopagja (ipak potajno se nadevam deka Suns so brza igra kje gi dobijat u 7 utakmici Pistons).

5/25/2006 11:59:00 am  
Blogger марче said...

kakof analitichar si samo ti! moze li uste edna peticija za retry vo tnt (kao kolega na charls)? :)

5/25/2006 12:54:00 pm  
Blogger Karakash said...

:))))

5/25/2006 12:58:00 pm  
Blogger Laf said...

Karakash said:
Lafe, zavcera ja imase Majami-Detroit na Sport4, ama se ukljucija u sredina na 2.q. Sinoka ne znam zasto nemase, kolku sto znam za zavcera, imaat tehnicki problemi so trasite.
Kako i da e, mislam (t.e. znam) deka nikoj u Evropa ne dava sekoja vecer utakmici od finalinjata po konferencii.


За завчера знам, ја начекав MIA-DET од второ полувреме, бидејќи останав да гледам Star Trek: Enterprise на Телма, па проверував и на СПОРТ4 од време на време што се случува.

Инаку, ако имаат проблеми со трасите, ОК - виша сила, јас тука не им замерам... ама барем нека кажат/напишат на време нешто како: "поради тоа и тоа нема да вршиме пренос или сл." - да знаеме да не чекаме до ниедно време за џабе, кога веќе го најавија преносот.

ОК, барем и сабајлево си ја изгледав новата Enterprise, да не мора да ја чекам сега во 16h... :)

5/25/2006 01:12:00 pm  
Blogger Shepard said...

да не беа заложбите на спорт 4 ќе глеавме само една неделно.. за прошлата недела ќе беше тоа детроит-кливленд седмата..

така да.. неаме право да замераме.

5/25/2006 01:28:00 pm  
Blogger retry said...

Abe Marche, ne mi ja gledash li poentata. Vaka kje izleze deka Lakers najdobro odigrale protiv idniot shampion. Taka da kje mozhe da gi rachunam za vice-shampioni :))

5/25/2006 01:49:00 pm  
Blogger марче said...

slobodno gi rachunaj!

5/25/2006 02:26:00 pm  
Blogger марче said...

da ne stana pomodarstvo ova so avatarive? :)))

5/25/2006 02:28:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе, мене феникс ми се мрски..

уствари, и мајами се мрски..

значи, ми останува да навијам за далас*.

еј, ја навијам за далас.

-------
* - детроит ги исклучувам од било каков муабет за кошаркарски екипи, затоа што они не играат кошарка..

5/25/2006 02:33:00 pm  
Blogger Shepard said...

ритрај, се палиш на филмови со гладијатори?

абе, се мења некој со сликици свецко? ај малце живо, живо. или ко шо би рекле турбо-фолк-исполнувачите на певливи нумери: ЈАШАЈ, ЈАШАЈ.
































овие два коментара ми се од сафра. и јанѕа.

5/25/2006 02:34:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Токму таквиот менталитет "не треба да замераме" е она што не чини у МК. Треба да замеруваме.

Јас не ја оспорувам заложбата на ентузијастите во ТВ4, не ја оспорувам нивната заслуга за тоа што гледам НБА во отсуство на ESPN на мојата кабловска и се тоа.. Ама замерувам кога професионална телевизија ќе даде неколку најави во текот на денот, ќе го најавува тоа на вести!, а на крајот не ги исполнува своите обврски кон гледачите.. Кога нешто јавно ќе најавиш, ако пропагираш професионалност, тоа станува твоја обврска кон консументот, кон јавноста и на крајот кон себе. Тоа е бизнис правило, кое важи во секој бизнис не само во телевизискиот, кој работи професионално било каде (професионален шофер нека е), тоа го знае.

Вчера јас не останав да ја гледам Далас-Феникс, ама еве гледам дека не ја пуштиле, и замерувам. Некој прави модификации у плановите за денот, поради љубов кон кошарката или whatever, и тоа не може да не се земе у предвид, и да се вика: "ееех, па да не беа они, ич немаше ни да гледаме.. какви такви, супер се!"
Уште еднаш, никакво непочитување кон билокого во ТВ4, кои may or may not read this post, ама работите се такви, и никакво извртување на реалноста macedonian style нема да ги смени.

Значи ако станува збор за "виша сила", некаков технички проблем навор од опсегот на контрола на било кој вработен во ТВ4, работите се едноставни - не давај најави. Да толку е едноставно. Па на кого му се ризикува да чека, нека ризикува, ќе му се посреќи. Ако две вечери по ред се случува "виша сила проблем", тоа тешко дека е "од таму". И да е, тогаш проблемот треба да се бара наназад во склучениот договор за вршење на пренос, во техничките можности, во персоналот, во логистиката. Кривец и лошо планирање има СЕКОГАШ, ако некој е доволно спремен да копа и темелен во наоѓањето на вистинските причини позади проблемите.
Огромен е постов, и нема баш врска со НБА, ама ова се работи кои важат. Заради ова се губат спонзори, гледачи, приврзаници, фанови, клиенти... Во услови на немање на конкуренција, или "бизнис клима" ако сакате, истите принципи мораат да се задржат, затоа што се пропагира пазарна економија, професионалност, коректност, доследност. Поинаку ТВ4 ќе се викаше Анархоспортдемек ТВ и ќе си праеше кој што сакаше, водителите ќе читаа вести у синдикалки, коментаторите ќе пцуеја на преносите, и ако не им се свиѓаше како иде текот на утакмицата, ќе можеа по волја да се исклучуваат од преносот и да пуштаат порничи, ќе тврдеа дека секогаш се они во право итн итн... кој сака ќе сфати што сакам да кажам.

Поздрав, Syndicate

5/25/2006 02:44:00 pm  
Blogger retry said...

Zavisi na kakvi filmovi so gladijatori. Ako u glavni ulogi se Sheed, RIP, i Ben, onda ne :))

Syndi, nishto ne me iznenaduva u drzhavava pa ni toa, ali u pravo si, treba malku povekje profesionalizam. A vo isto vreme ne bi sakal da im zameruvam na Sport 4 za naporite shto gi pravat.

5/25/2006 03:09:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Како нема така да прават кога 70% од натпреварите ги крадат па они ке видат дека некаде ја даваат уткмицата ке ја најават и после ке им го скријат сигналот хехе балканска работа не оди тоа така само во недела имам видено да даваат откупен пренос! и кога веке даваат нека даваат пресен натпревар а не вчера кливленд детроит ништо канал4 ти е една телевизија што мислам дека за некој месец ке и дојде крајот или како алфа што беше со најави со најави па сега видете што е!

5/25/2006 05:00:00 pm  
Blogger Shepard said...

синди пер, бев, видов, и би се расприкажал ама ај. ти текнува еден пост, плукачки шо го имав?

веруј, кога ќе ги видиш работите „од внатре“, ќе помислиш два пати.

тачно, погрешија со најавите, и ја може погрешив со малодушноста..

5/25/2006 05:28:00 pm  
Blogger gigi said...

Ај петиција каракаш да си го врати стариот аватар... многу поестетски делуваше од воа ќумбево шо врти со главата

5/25/2006 05:29:00 pm  
Blogger gigi said...

Како тргнал Неш, Феникс ќе победат 4:3... to drive the point home, за инает сите 4 победи ќе ги извојуваат сред Далас :))

штета шо не ја гледавме утакмицата, стварно не беше фер од спорт4 баш никакво објаснување да дадат... ај за претходната вечер барем се извинија заради технички пречки (whatever that means) па после успеаја да ја одгледаме од крајот на втората четвртина... ај и да беше регуларен дел и така и така ама плејоф...треба сепак малку да излезат од традиционалната македонска шема...

5/25/2006 05:40:00 pm  
Blogger znalac said...

Факт, оваа година се игра многу интересен плеј-оф и штета е што не се нафаќа некој посериозно да ги покрие НБА преносите. PHX@DAL вчера беше најава за уште една солидна серија. DAL се обиде, и успеа, да брани три на сметка на рекетот. PHX имаше 15 шута за 3, наместо вообичаените 30-35, али затоа Diaw и Marion растурија у рекет. И кога изгледаше дека DAL со серија од 13-0 ќе направи пресврт и ќе победи, Nash убаци 10 по ред и го врати PHX. На крај, Harris погоди на 3,6 до крај за водство на DAL. Сепак, Diaw беше играч на натпреварот. Погоди на 0,9 до крај и ја реши. Е сега, пошто Bell нема да игра на втората, а можеби и на третата, а на Leandro вчера не му одеше ич, ќе мора да понудат нешто повеќе на тие позиции, зашто инаку немаат многу шанси.

5/25/2006 06:08:00 pm  
Blogger Karakash said...

Марче, што е тоа помодарство?:)))

5/25/2006 08:17:00 pm  
Blogger znalac said...

Точно друже, не беше 3.6 туку 4.8 кај Harris и не беше 0.9, туку 0.5 кај Diaw. Јас тоа по сеќавање ги избацив бројките.

А за Французин, Канаѓанец, Германец и каде е иднината на NBA,... губењето на Олимпијада, Светско, MVP,.. има пар интересни книги, анализи и муабети на таа тема, ама рековме за off-season ќе ги оставиме.

5/25/2006 09:28:00 pm  
Blogger retry said...

Idninata na NBA e svetla bash zaradi toa shto stanuva se povekje otvorena za von-amerikanci (chitajte: se poovekje igrachi von USA se odluchuvaat da se oprobaat vo najsilnata liga), shto povlekuva pogolema konkurentnost i niza drugi (vo golema mera pozitivni) domino efekti.

5/25/2006 10:43:00 pm  
Blogger марче said...

nba ne ja izgubi olimpijadata i svetskoto, itn, amerika gi izgubi. i dobro e sto gi izgubi, ocigledno e deka nba prerasnuva vo edna globalna liga stacionirana sega za sega vo amerika i kanada. zdravje boze moze i nie nekad da imame nekoj nba prvoligash :) na primer tetovo strickers :)

5/26/2006 08:15:00 am  
Blogger retry said...

Ili Tetovo Stickers :))

Pochnaa da tonat Miami. Bar malku da im trgneshe shutot, kje beshe 0-2 i togash kje beshe interesantno. Vaka mislam deka Pistons kje zemat bar edna na gosti.

5/26/2006 08:36:00 am  
Blogger марче said...

nego iako e nba blog nikoj nespomna deka rabotnicki e noviot/star/star/star... shampion!
fakt deka basketof u drzavaa ni e tapa! kao i sve ostanato!
kako i da e pozdraf ...S.P.B.! :))

5/26/2006 11:33:00 am  
Blogger Karakash said...

Marce, ja bev na zadnjata od finaleto (prinudno) i mozam slobodno da kazam deka basket nema u Makedonija. Bolja atmosfera ima u maalo na basket.

Inavce, utakmicata vcera bese ziva mrskotija, zatoa i ne se brzam so post.

5/26/2006 11:59:00 am  
Blogger Karakash said...

A be slikite od Borat, be!!!!

5/26/2006 12:00:00 pm  
Blogger retry said...

Mene mi se svigjaa ribite :))

5/26/2006 12:07:00 pm  
Blogger марче said...

ova leto site na gradishte kje nosat takvi kostimchinja! a za brkovi ja vekje pustam, taman da mi stasaat za juli :)

5/26/2006 12:18:00 pm  
Blogger retry said...

Edno pitanje, Nash mozhe li da pushti brkovi ili e kjos? Ne sum go videl so brk. Ili mozhda Brkoto ne im dozvoluva ostanatite u Suns da imaat brkovi. :))

5/26/2006 12:48:00 pm  
Blogger марче said...

edi haus nesto probuvase ama po naredba na shefot morase da go izbrici brkot. sega e samo ja neguva samo bradetina no amishkata zaednica mu prai problemi :)
a najrispekt bradetina mark itan! :)

5/26/2006 02:34:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја борат си го стајф кај мене на блог.

:)

иначе, вчера тикмата беше бедак, скроз. уште осум секунди коа почнаа да се судат, боффф

а на мајами црвените дресови се неверојатно грди..

5/26/2006 03:16:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Борат - генијалец!!! Фантастично!!! Како само му го чуваат депилираниот задник рибине! Костимот ееејј!! ЗАКОН! Сеа колега еден ми ги даде епизодите со Борат да ги преснимам. Тоа мора да се види!!! ЦАР! Пак јас офф-баскет. :) А тројката на Вејд??

5/26/2006 03:33:00 pm  
Blogger gigi said...

Бреее, ама сме станале blasee... после серииве PHX-LAL, PHX-LAC, DAL-SA, и сега и финалето на запад, за очекување е дека една нормална утакмица ќе не остави рамнодушни... колку бргу чоек се навикнува на убаво :))

...гледано објективно, уткамицата си беше сосема ОК, со своја доза на умерено возбудување (за навивачите, се разбира) и по малку од сите други елементи на кошарката... исклучок беа деветте ТО на двејдвејн...

гледано пак субјективно (од мој агол) утакмицата беше здодевна до зла бога и воопшто не ми е јасно зошто останав до 5 сабајле да ја гледам... веројатно да испочитувам тоа шо сепак е финале на источна конференција...

...иначе фаулот на Шендон над РИП не беше досуден како намерен туку Шендон, исто така од непознати причини, доби техничка... РИП изведуваше три слободни, едно за техничката кое го промаши и двете за фаулот кои ги втера... а за Бевета, no comment, колку шо се сеќавам тој беше истиот шо делеше лични на секој шо накриво ќе го погледнеше Тимиии!...

Борат рулс, штета шо Махир немаше подобар ПР и менаџер, и тој имаше шанси далеку да стигни...

5/26/2006 10:53:00 pm  
Blogger retry said...

Josh Howard stanal dzver.

5/27/2006 11:44:00 am  
Anonymous observer said...

Na Merion treba so zakon da mu se zabrani da sutira (osven zabivanje :))). Ima sut katastrofa, losa skola za deca sto pocnuvaat so kosarka da gledaat takvi raboti. Da nije smesno - bilo bi zalosno :)

5/27/2006 12:13:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја заспав..

5/27/2006 12:41:00 pm  
Blogger марче said...

i leri nemase nekoj ubaf shut za oko pa gi puneshe do vrf!

5/27/2006 04:42:00 pm  
Blogger retry said...

Ama Larry imashe stil na igra. Ovoj igra kromanjonski :))

5/27/2006 05:11:00 pm  
Anonymous observer said...

Merion NEMA SUT !!!! kako kamenja bez oset da frla a ne basket u kos

5/27/2006 05:54:00 pm  

Post a Comment

<< Home