Sunday, May 14, 2006

Сведоци, сведоци....+ Диркулес, марш у рекет!!!
Пистонс фанови (под ова мислам на тебе Синдикејт), нели, некаде длабоко во вас, ви е барем малку мило што изгубивте вчера у Кливленд, барем малкуцка сте среќни што Леброн енд компани ве исплескаа? Нели со ова серијата која требаше да биде чиста метла станува барем малку интересна? Нема зашто да не биде така, не дека со оваа победа е загрозен пласманот во финалето на Истокот. Сигурен сум дека немате ништо против да се пробате против Леброн на уште најмалку две утакмици, ипак е тоа одлично загревање за тоа што следи потоа. Сигурно им годи на Пистонси тоа што се ова делува како некоја однапред испланирана филмска сага, која ништо чудно у следниве две години да стане трилогија, од која третиот дел, по полумрачниот втор, верувам нема да му се свиѓа на никој у Детроит. За играта на Леброн нема потреба да се пишува, момакот со 21 година им покажа на многу поискусни играчи како треба да се игра, и тоа против најдобриот дефанзивен, па и воопшто тим во лигата во моментов. Колку и да ви е мрско да го гледате, факат е така.
* * * * *
Ја изгледав и Далас - Сан Ан синоќа и искрено, утакмицата ми беше ептен бед за гледање. Да сакав да гледам толку слободни ќе си гледав како копиљаците си играат американка у маало на кош. Единствената добра работа од целата работа е победата на Далас, по која им гори под нозе на мамузарите. Само, една ствар ми сметаше вчера, и тоа многу ми сметаше, а тоа е незнаењето или немањето муда на Дирк да ја искористи предноста во висина и тежина над Брус, Финли, па и факинг Ван Ексел у два напади. Сите тие момци се за две глави пониски од Диркулес (Ник две), така да логично е да се претпостави дека тој цела утакмица ќе ги спушта доле на пост и дека тоа ќе биде дел од тактиката на Ејвори, нели? Е па не баш. Шутот од игра на Дирк вчера е јасен показател дека тој не знае да ја искористи предноста над своите чувари, нешто што со него се дешавало и лани и преклани у плеј-офот. Тоа дека шутна 24 слободни не го вади, зашто најголемиот дел од фаулите над него беа откако Спарси ќе излезеа од бонус, а не на шут или влез. Не може да се очекува Дирк да игра еден на еден со играч побрз од него на 6 метри од кошот, тоа не е неговиот комфор зоун кога го чува некој како Боувен или Финли. Местото му е на пост. Единствените два пати кога се спупшти на пост, Дирк имаше две чисти асистенции и се надевам дека тоа ќе биде нешто што ќе му ги отвори очите, пред се нему, затоа што не ми се верува дека Ејвори не сака да го искористи максимално ин д пеинт. Посебно по начинот на кој Мавси буквално се извадија синоќа и да немаа толку среќа (и чудни судиски одлуки) сигурно ќе го папаа у првата дома. Покрај ова, свака им част за партиите на Девин Херис, кој е како криптонит за Тони Лонгориа, Тимчо Роботчо, на кој очигледно му ги средија сите чипови и Ману, кој откако ќе заврши со играње баскет може слободно да го замени Енди Гарсија.
* * * * *
Еве и НБА ТВ преглед на двете утакмици:

23 Comments:

Blogger Latifovich said...

Pa jas mislam deka e ova prv komentar a i da vi kkazam mnogu mi e merak za Lebron i kompanija pa aj pozdav se slusame

5/14/2006 08:07:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Mene ic ne mi e merak za LeBron i kompanija posto ke gi macat deckite od Detroit da trcaat uste dve, a ne edna utakmica. Ama aj, eventually we wil prevale:)

5/14/2006 08:29:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Ептен ја зема утакмицата у свои раце у последна четвртина....Некако и се очекуваше....Баш како да е режирано....А, плус и цело време идеа некои флеш-бек статистики, компарирања со Џордан и неговата прва серија против Пистонси и т.н....
Ипак, страшно изигра на крај....демонстрираше целосна контрола.......

P.S. Да не е Брадаускас толку трапав може ќе земеа уште една. Вака, сумњам. Ете го бе Варежао....

5/14/2006 08:42:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Дека ми е мило, не ми е. =) Ама дека треба нешто да го раздрма тимот од време на време, пред да налетаат некој што е поише у нивна категорија од Милвоки и Кливленд, треба. Мене ми се чини дека вчера изгубија од што ги мрзеше да победат. Не се ни противам дека Леброн е тип кој важи за играч кој 99% носи барем една победа у серија од седум натпревари против Пистонс. Таков играч е и Вејд, такви се (ама со помалку %) и Картер и Данкан и Дирк. Ние таков играч немаме. =) Докажа Детроит дека фино заздравува по пораз у плејоф, така да не се секирам, а искрено и очекувам да видам како ќе се одвива 4-тата утакмица. Уствари не се плашам, најмногу ради тоа што Шид даде guarantsheed дека 4-тата ќе биде последната утакмица у QLA оваа сезона.. =) Значи не се секирам дури и да изгубат пак.

Тачно третиот дел од сагата ќе биде покољ, ама тоа е нешто што е универзално за сите тимови во НБА, не само за Детроит. =) Мислам дека со ова треба да збориме пред се со Линдзи Хантер... =) Ја сум повеќе нивни концептуален фан, отколку tr00 Детроитер.
Инаку слабо ми функционира уредот за перцепција, ја сум единствен кој навија Детроит да освои титула?! Није ваљда?


P.S. На сликата приметив горе транспарент Drew's Crew. Можам само да замислам какви ли се тоа типовите кои гордо седат под банерот! =) Drew fuckin Gooden бе! =)

Поздрав, Syndicate

5/14/2006 08:45:00 pm  
Blogger Karakash said...

Значи како сакам кога пост ќе се отвори со стручен коментар.

Синдикејт, изгледа си единствен, мада зависи со кој ќе играат у финале. Ако биде со Сан Ан сигурен сум дека пола блог ќе навива за Пистонси (а пола ич нема да се мачи да гледа).

Не се зезај со Дру'с Кру. Ипак е боље него Сајдшоу Боб'с:).

5/14/2006 10:00:00 pm  
Blogger gigi said...

What, who, when... 100% ова му врвеше на Поп низ главата после двете партии на Девин Харис... дечкото е брз... ама стварно брз... и снаодлив... гарант сега ќе почнат да го прогласуваат по медиуми за следниот двејдвејн :-))) Дирк, еве ти конкуренција за king of the hill... по вчерашната игра Тимиии! ме подсети зошто на времето ми се допаѓаа SAS... единствено заради неговата игра и однесувањето на теренот (како впрочем и за KG и волците)... додуша однесувањето на теренот малку го подрасипа глумејќи вечно зачуден на секоја негова досудена лична, ама ај...

Секоја чест на каваљерите, а искрено да ви кажам дури и понекогаш е застрашувачки колку сериозен и mature играч е Леброн... мислам, дечкото е 21, еј, се сеќавате ли шо праевме ние на 21 (добро де, тие шо имаат 21 и повеќе :-))... не дека нешто ќе се смени во серијата со DЕТ...

Како тргнале изгледа ќе се повтори ланското источно финале... на моја голема жалост на нетси им фали уште само еден здив, еден последен напор... ќе видиме дали ќе пронајдат...

Инаку фор д рекорд, јас сум концептуален фан на Торонто Репторс :-))... многу ми се допадна изразот, отсега стално ќе го користам...

Еве јас сум прв шо признава дека во финале SAS-DET ќе навивам за пистонси (како впрочем и лани)... но веј да пропуштам НБА финале...

5/14/2006 11:11:00 pm  
Blogger gigi said...

btw, ај малку нешто неврзано за баскет... едно прашање од NFL долго време не ми дава да спијам...

како се преведува на Македонски quarterback... четвртинка бек, четврт-бек :-))... ideas, anybody?

5/14/2006 11:18:00 pm  
Blogger Shepard said...

со целата мржња кон леброн, се надевам дека ќе им спакува уште некоја ваква партија, а и редно е да се повреди билапс.

и нека изгуби кливленд у финале на запад, па да глеаме шо знам.. мајами по се изглеа, со далас/феникс/клиперс..

пак ќе кажам, финале сан антонио и детроит ти е шо знам, срање.

5/14/2006 11:45:00 pm  
Blogger Karakash said...

Gigi, барем тоа е лесно: четврт-бурек
Ај сеа на спање:)

На Тими после секој фаул му се изместуваа чиповите.

Мајами си заврши работа.

5/15/2006 12:08:00 am  
Blogger Shepard said...

мрскометарот покажува високи бројки после тикмава нетс-хит.

уште вечер да тепа феникс, ќе си одам :)

5/15/2006 12:27:00 am  
Blogger gigi said...

Tnx karakаsh, предлогот се прифаќа, дури и по звучност е слично некако: back-бурек... сеа мирно ќе спијам... unlike Лоренс Френк и компанија... каква неинтелегентна партија пружија (секоја чест на Крстиќ, каква борба водеше со Шек и Зо, притоа давајќи 20+ поени и 16-17 скокови) а оноа маслосаното гојдо, Рајли, повторно ми го потврди она во шо одамна сум убеден: има way, way too many тајм-аути во текот на една игра... абе не можеа 2 коша по ред да дадат нетси а овој да не побара тајм-аут... шо знам, можи тоа е одлика на добри тренери, ама мене не ми се допаѓа... ич...

ај лека ноќ на сите...

5/15/2006 12:41:00 am  
Blogger Latifovich said...

Pa SAS nema da vidat finale na zapad a kamoli golemo finale vi garantiram koga jas nesto sum rekol a ne bilo taka :)

5/15/2006 12:44:00 am  
Blogger retry said...

More ostaj toa kolku i da ne mi se dopagja Dirk, vchera na edna noga im go kazha planot so iznuduvanje lichni greshki. Pametna igra, nema shto. Ali bi sakal SAS da ide dalje, mislam deka samo oni od Zapad imaat muda da go tepaat Detroit, a ako neshto povekje mrazam od Detroit toa e Detroit Pistons :)) Zatoa i kje navivam za Spurs. Ako nekoj mi garantira deka Dallas e kadaren da go stori istoto, togash kje navivam za niv, ama ne mi se veruva vo toa.

5/15/2006 08:05:00 am  
Anonymous Ivica said...

Sindikejt ne si sam, jas sum za Detroit:)

5/15/2006 11:01:00 pm  
Anonymous bodan said...

Сега е више и дефинитивно сме Сведоци!Браос и за прегледите.

5/16/2006 01:32:00 am  
Anonymous bodan said...

Toa e pogore e vishok:)))

5/16/2006 01:33:00 am  
Blogger Laf said...

Detroit @ Cleveland, 4. натпревар - најпосле некој од Detroit да се повреди, и тоа Rasheed (не дека им посакував тоа)... уште да видиме дали е сериозно, а делува така.

5/16/2006 01:47:00 am  
Blogger Laf said...

Толку од повредата - веднаш даде кош... :)

5/16/2006 01:49:00 am  
Blogger Shepard said...

таман фати клетва, попушти.

ајде сеа билапс нешо колено ќе ебе или сл.

брадаускас сандански е матор.

5/16/2006 02:34:00 am  
Blogger retry said...

Pochnuva da mi se dopagja igrata na LeBron (kolku i da ne mi se dopagja samiot toj), a i Varejao se pokazha u odbrana. Sepak mislam deka Cavsi pobedija pred se zaradi slabata igra na Pistons, koja ne veruvam deka kje ja povtorat na slednata utakmica.

Aman be shto im stana na ovie Mavs. Toa ti e koga znaesh da izveduvash slobodni. Da bea u nivna pozicija Miami ili Lakers, debelo kje izgubea.

5/16/2006 08:00:00 am  
Blogger Shepard said...

леброн синоќа све шо напраи, доби на послужавник.

и мене ми се допаѓа неговата игра, ако игра така против моите.

бунари, пасови у аут, лични у напад, чекори.. абе ајде, сведоци.

5/16/2006 08:14:00 am  
Blogger retry said...

Pa deka igra protiv Detroit, zatoa taka kazhav :)) Ipak Pistons mi se pred James na "mrazometarot" :))

Shala na strana, sepak mislam deka odigra podobro nego na utakmicite koga sebicheshe so 30+ poeni (pogotovo vo serijata protiv Wizards, koja samo gospod znae kako ja dobija). Vaka im se otvori prostor na ostanatite i mislam deka gore-dole ja iskoristija shansata.

5/16/2006 08:26:00 am  
Blogger Latifovich said...

E pa po se izhleda ke gledame i 7 utakmica megu det i cle a SAS slobodno mozat da razmisluvaat za naredna sezona

5/16/2006 12:48:00 pm  

Post a Comment

<< Home