Wednesday, May 03, 2006

Се вратив(ме)...
Ајм бек, и тоа на стара локација. Како што напиша Шеп на рапид, имаме технички проблеми поради кои си остануваме тука. Ќе биде на лето. Ипак треба време некои ствари да се усогласат и средат. Иначе, тоа не е изненадувањето, кое е нешто поголемо од тоа. Мада, и супрајзот поради друг вид технички причини и виша сила ни е на пауза. Како и да е, дури ме немаше се десија едно чудо ствари у плеј-офов, од кои дел ќе пробам да ги сварам со поглед на секоја серија посебно. Идеме. ...(Ако целиот текст ви делува како еден параграф, не е до вас, него до нас. И тука имаме некои технички дификултис (ептен популарен збор у постов), кои ќе глеаме да ги средиме убрзо)...
Лејкерс - Санс
Први ги стаив затоа што одиграа Гејм 4 кој сигурно ќе остане класика. Ја успеав некако да начекам преглед на НБА ТВ у Охрид (да, имаат, и тоа по цел ден) и да го видам лудилото кое се дешаваше у задњите минути на рег. дел........Изгубената топка на Неш, положувањето на Коби, тројката на Стиви, мртвата топка, шутот за победа на Кобстер. Лудило... Тоа што на таа средба се дешаваше најдобро може да се сумира со сликава:Ако Коби не е МВП, онда не треба да биде ни Неш. Нека бидат Дирк или Леброн, они у плеј-офов барем покажаа дека заслужуваат. Да нема забуна, Нешти ми е еден од омилените ликови, а за тоа колку е влијателен кажува линков за 100-те највлијателни ликови у светот. Неш е меѓу нив и тоа у доста одбрано друштво. Плус, никако не шкоди тоа што текстот за него го напиша Баркли. Синојќа Санси малку сменија стил на игра, одиграа погрубо и конечно се растрчаа и на крај нормално тепаа. Ја изгледав онака со дремење, али неколку лакти ме разбудија. Прво погледнете го ова, ако не сте го виделе до сега, па ќе збориме: Видовте? Цела утакмица Бел и Коби си влегуваа у фаца и на крај и двајцата беа искључени. Ипак, овој екстремно глуп потег на Бел може да се покаже како Кобeн за Санси, затоа што сум сигурен дека ќе лапне суспензија за Гејм 6. Мене ми личеше како да сакаше да му скине скалп на Коби. Језива работа со Коби и Шек и тоа што нивните тазе ќерки овој викенд им се родија со разлика од само шест минути. За да ја покаже новооткриената љубов кон тимската игра па бебето го крстил Смуш Брајант....Кутрото девојче, како само ќе го јаде у школо.
Kливленд - Вашингтон
Од третата средба навака не гледав ништо од нив, иако баш третата беше класика, барем задњите секунди. Леброн ги реши со шут у финиш, иако ако се погледне подетално, направи кораци. Нема врска. Она што оваа серија го потврди дека у неа има двајца играчи кои никој жив не може да ги чува. Аринас и Леброн. Тоа кажува многу за нив двајца, но и уште повеќе за тоа кој би можел да ја добие оваа серија на крајот, а тоа е тимот чиј остаток од екипата ќе одигра боље од другите епизодисти. Некако ми се чини дека Визардси се у предност, само поради тоа што без Леброн, Кавси се тешки мрцини и не можат да изиграат ништо.
Сан Ан - Сакто
Спарси си ја добија клучната 5. средба у која Ману конечно избега на фатот на Рон-Рон. Баш нивниот дуел беше решавачки и на двете у Сакто, но у финишот на третата Грег Попович направи една од ретките свои грешки евер. Иако Рон го стави у мал џеб Ману цела утакмица, Поп одлучи не еднаш, не двапати, него трипати да го изолира Ману со Артест. Голема грешка. Синојча Ману стана Мано и покажа дека знае како со Рон-Рон. Она што од цела серија ме фасцинира играта на Бонзи, кој со 24.4 поени и 12.2 скокови е прв стрелец на Кингси и прв скокач у цел плеј-оф (заедно со Одом). Поп и Спарси немаат решение за Велс, кој си игра со нивната одбрана. До негде е и разбирлива играта на Бонзи, ако се има во предвид дека летово е фри-ејџент. Се ми мириса на понуда од некои 80 милиони од Ајзеа. Е сеа, уште Биби и Милер да беа поконстантни, па да го поминат Аламо. Што нормално, нема да се деси.Баш оваа серија е показател кој е бољи дефанзивец, Рон или Боувен. Бонзи јасно ни покажа колку уствари Бруси е квалитетен дефанзивец еден на еден.
Мајами - Чикаго
Вејд ги спаси у синојча, ама и да минат даље, мислам дека Мајами више испадна од плеј-офов. Тотален колапс у комуникација меѓу играчите и жив доказ дека одамна му поминало времето на Рајли. Поради никаквото движење на соиграчите Шек секоја утакмица заглавува со лични, што Булси барем синоќа не знаеа да го искористат (Бен и Кирк:1-11 за три!).Вејд и да игра до крај на плеј-оф, така повреден нема да биде многу од корист, барем не у дуел со Детроит. Дежа-ву работава. Една ствар од целава серија е емерџингот на Андрес Носиони во ЅВЕР.
Детроит - Милвоки
Настрана експлозијата у Гејм 3, Бакси си се Бакси на другите средби. Пистонси вечер завршуваат работа.
Инди - Нетс
Чоте кажа се за оваа серија, која мене ми е најчудна од цел плеј-оф досега. Уште у најавата пред сезоната напишав дека ако Нетси сакаат да направат нешто, Ненад Крстиќ ќе мора да созрее у да биде фактор, што и се дешава цела сезона, а посебно со Пејсерси и неговиот дуел со Џермејн. На крај, конгратс за Клиперси и Мавси, кои лесно си ги смскаа Шнагетси и Шгризлиси...У претпоследниот НБА ден, Клиперси намерно изгубија у Мемфис, за да играат против Денвер у прва рунда. После тоа, Фратело изјави дека они победиле зашто сакале да играат против Далас. Ете ти Мајк, пази што ќе посакаш следниот пат.
* * * * *
И, на крај, Торонто следната сезона ќе има нови дресови. Слушна, Зналац?:)

16 Comments:

Blogger kole said...

Утре е денот Д. После следува (полу)финалето,здравје... ајт...

5/04/2006 12:28:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Добро бе, го слушате овој Двејдвејнов? Гаџуровиќ.......

5/04/2006 02:36:00 am  
Blogger Latifovich said...

E a ovj Bell e za "Slamball" ne bi go pustil jas nego da mi igra u tim. A Chikago vecer ke tepa minimum 10 razlika

5/04/2006 11:03:00 am  
Blogger retry said...

Mozhda i kje tepa, ovie Miami mi se mnogu beskrvni.

5/04/2006 12:16:00 pm  
Blogger retry said...

Shto se odnesuva do mislenjeto deka Lebron nemal dobri soigrachi mislam deka ne si vo pravo. Ako mislish na toa deka Hughes, Ilgauskas, Gooden, Snow i Varejao ne se igrachi od kalibarot na Jamison i Butler, togash e vo red. Zatoa pak kaj Washington osven Arenas samo ushte tie dvajca igraat, a Cavs-i mozhat da se potprat na poshirok krug malku ponekvalitetni igrachi.

5/04/2006 02:00:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

boro pisi impresii od final 4 i prati nekoi sliki, ne bidi sebicen:).

Abe luge vcera lebron pak napravi koraci ili mene taka mi se glea.!!!?
ako bea, togas ova e tret klucen propust na sudiite za lebron.
mi lici ko stern da saka sto pobrzo nov MJ pa im rekol na sudiite da mu gledaat niz prsti.:)
crc, eve vi tema za diskusija.
ZIRO

5/04/2006 02:29:00 pm  
Blogger retry said...

I ja mislam deka Lebron mi deluva preforsirano (od Shtern kje da e). Iako mu falat nekoi raboti za da bide vo samiot vrv, daleku od toa deka ne e stanuva zbor za dobar igrach. Kolku i da te forsiraat, ako ne si dobar player nishto nema da napravish samo so dobri turkachi pozadi sebe.

5/04/2006 02:57:00 pm  
Blogger марче said...

glup poteg na radza. ali ja sepak mislam deka sans kje idat dalje. epa elej fanovi ako ste za kladba bujrum >>>

5/04/2006 03:11:00 pm  
Blogger retry said...

Ja si ja kazhav kladbata proshliot pat, aj ti iskochi so tvoja ;-)

5/04/2006 04:08:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Дечки, абе го глеавте вие синоќа Леброн? Ај не заебавајте...Не бил у врвот....
Добар играч? Поголем understatement неам чуено долго време.....

5/04/2006 04:26:00 pm  
Blogger zare said...

Vecer Indiana-NewJersey na Sport4 a ,toa e dobro...
Inace toj linkot za novite dresovi na Toronto ne raboti ,ili mene ne mi raboti...

5/04/2006 05:01:00 pm  
Blogger znalac said...

Каракаш, не сум ги видел новите дресови (линкот не го бива нешто), ама го сретнав Colangelo на паркинг пред работа. Сите очекуваат да го потсреди тимов и догодина, да биде подобро. Од 27-55 многу полошо и не може да биде. Поточно, во дебитнатската сезона имаа 21-61, ама тогаш Isiah беше GM, што ја објаснува целата ситуација :)

На тема плеј-оф и PHX@LAL (G6), се согласувам со муабетот на Barkley. Ниту PHX е дефанзивен тим, ниту Bell е некој дефанзивец. Па Kobe имаше 40+ во регуларната сезона против PHX, а Bell играше на сите средби. Во последните две Kobe има 9-14 и 10-17 шут. Значи, прашањето е дали PHX ќе успее да го наметне и одржи својот ритам, а тоа не зависи баш од Bell. Како и да е, ќе биде жестоко.

5/04/2006 05:42:00 pm  
Blogger kole said...

Па нема да даваат Лејкерс!?!?!

5/04/2006 07:28:00 pm  
Blogger Karakash said...

Тони, Ритрај, остајте тоа Хејторејдот.

Големината на Леброн не е у прашање, прашање е дали вие може тоа да го видите.

Линкот за Торонто не работи. Тачно така. Мада таму ги нема новите дресови него само веста дека ќе избацуваат нови дресови.

Ја не знам што ќе даваат вечер на Спорт4, али ако е Инди-Нетс, се заебале, мада па и Лејкерси у 4:30 се мучење.
Ја ќе си ги гледам на НБА ТВ. Па после тоа на работа:)

5/04/2006 08:12:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

enko, lebron mi e omilen igrac, loso si me razbral. jas pisav predvreme da go zameni mestoto na MJ.
inace go sledam kralot uste od high school i negovite susreti so melo i kompanija, ali forata e so da resis utakmica prvo so dupla pa so cekori (4 naprai) ne e za velicanje. i jas mozam so cekori da resam utakmica( ama edno 10):). pzd
sakas da ti pustam nekoe video od duel megu melo i lebron-koska se.
pzd,ZIRO

5/05/2006 11:19:00 am  
Blogger Karakash said...

OK

5/05/2006 11:44:00 pm  

Post a Comment

<< Home