Wednesday, May 03, 2006

Чоте навива за Индијана

Бидејќи осеќам дека нема да имам можност уште многу да гледам и коментирам утакмици на мојот омилен тим Индијана Пејсерс, ќе ја искористам оваа, веројатно последна можност оваа сезона да напишам пар зборови за вчерашниот петти натпревар од дуелот Пејсерс – Нетс, кој можевме да го проследиме преку директен пренос на Спорт4. Една од ретките утакмици што можевме да ги следиме у релативно културен термин, натпреварот почна во 01:00 часот, ко што знаете. За жал, малку безвезе беше тоа што имаше нов коментатор кој исклучително лошо се снајде во очигледно за него новава работа. Но, барем мене колку негативно толку и позитивно ми влијаеше на моменти, затоа што на пар наврати глупостите што ги тресна беа дури и смешни.

Оваа слика кажува све за синоќешната тикма - Шеп

Што се однесува до самата утакмица, мислам дека Нетс заслужено победија. Играа стабилно и водеа во тек на целата утакмица, на моменти и со преку 10 поени предност. Многу беа постабилни психолошки, кога и да се доближеше или пак изедначеше Индијана, Нетс смирено продожуваа да ја форсираат својата игра и не дозволуваа Индијана да поведе. Првата петорка на Нетс изигра на многу високо ниво, Картер растури во прво полувреме (19 поени со одличен процент од поле) на крај заврши со 34 поени, со преку 50% од поле, Кид имаше 15 асистенции, Џеферсон и Крстиќ исто така изиграа одлично. Друга работа кај Нетс, што можеби ќе биде одлучна за добивање на дуелов со Пејсерс е Клиф Робинсон, поточно одбраната што тој ја игра против Џермејн Онил. Како и секој суперискусен играч, Клиф знае да испровоцира на моменти, а Џермејн не издржува и прави глупости, најчесто по провокациите прави лични у напад. Поради проблеми со кондиција (нормално, 39 години има човекот), Клиф не може да издржи повеќе од 30 минути на терен, па за тие минути кога он одмара, влегува стартерот Колинс и главно со лични грешки го спречува О'Нил, колку-толку. Кај Индијана пак, не ми е јасна зонската одбрана што Карлајл ја форсираше у втора и четврта четвртина. Најслаба карика у зонскава (2-3) одбрана што Пејсерс ја играат беше централниот играч (Џермејн), играч кој е всушност најважен кога се игра ваква одбрана. Исто така и едниот бек се горе се губеше често. Едино Јасикевичиус беше на ниво у моментите кога играа зонска одбрана, ама он всушност и само затоа влегуваше во игра, си има повеќе искуство од Европа човекот.

Ентони „Џејмисон“

Понатаму, не ми е јасно зашто Фред Џонс не добиива поголема минутажа. Вчера за 28-те минути на паркет изигра одлично, а освен тоа, уште поважно, он е еден од ретките играчи на Пејсерс што изгледа мотивирано т.е. еден од ретките играчи у Индијана што има желба за надигрување, желба за победа, а тоа и тоа како им фали на нив. Тоа е според мене е една од двете причини зашто Крошир ја добива минутажата што ја има иако е камен, втората причина е повредата на Фостер.

Понатаму, Стивен Џексон и неговата тапа игра исто така се една од причините за поразот на Индијана. Општо познато е дека он важи за неконстантен играч, сум го споменал и ја тоа у претходните коментари. Во секој случај, преголема минутажа добива за придонесот што го дава. Зборувам и за придонес во одбрана и за придонес преку за постигнати поени, а и онака, не ми делуе како некој што делува мотивирачки на тимот. И уште една работа за него, не ми е јасно зашто носи штуцни!? Џермејн Онил пак, главниот играч на Пејсерс, исто така вчера беше подпросечен. Паѓаше на провокациите на Клиф, промаши 3 пенали по ред на 5 минути пред крај, а и направи чекори, таква ствар не смее да му се случи на лидер на тим. Освен солидната игра во одбрана и неколкуте блокади што Нетс ќе ги памтат со години ништо друго не видовме од него. На моменти изгледа толку измучено, да ти е мака да го гледаш. Стојаковиќ и Тинсли се и даље повредени, за овој вториот мање-више пошто со него у тим играат 40% послабо. А Стојаковиќ, кој иако важи за слаб плеј-оф играч, сепак ќе беше од голема корист во серијава да беше здрав. Инаку, он би требало да игра во нареднава утакмица, ќе видиме како ќе играат со него во тим. Се на се, Индијана изгледа многу бледо, нешто слично изгледаа кога ја имаа онаа црна серија пред крајот на регуларна сезона. Немаат желба за победа, нема жар во нивната игра, освен Кроушир и Џонс другите као едвај да чекаат да заврши плејофов. Мора да се признае дека имаат тешки проблеми со повреди, не само во плеј-офов, проблеми со повреди имаа низ цела сезона, но тоа не е главната причина. Според мене немањето мотив и желба, анемичната игра на повеќето играчи од кои се очекува повеќе се причина за ситуацијава во која што се сега. Како и да заврши сезонава, ќе треба да се направи ремонт на тимот летово. Ќе треба Дони Велш да го одврзе кесето, а Бирд и Карлајл да ги засукаат ракавите, секако, ќе треба и да се отарасат од неколку играчи. Мислам дека ако остане истиов тим и догодина ќе биде уште полошо. Истиве играчи играат заедно подолго време, и на некој начин се презаситени еден од друг.

На крај, јас као долгогодишен навивач на Индијана Пејсерс сепак се надевам дека нешто радикално ќе се смени во нивната игра во наредниве две утакмици и дека ќе имаат можност со оздравен тим и окуражени од победата против ЊуЏерси да се обрачунаат со Мајами:). Ќе видиме.

6 Comments:

Anonymous Anonymous said...

Shep, ti prativ mail...dzirni

5/03/2006 08:54:00 pm  
Blogger Shepard said...

задоволни и среќни? :)

5/03/2006 09:14:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Ихиии, и те како сме задоволни :), само уште да се исправат двете печатни грешки :). Првата у вториот пасус, на три реда од крајот на пасусот, едно “се“ е вишок. Втората е во вториот ред од крајот на третиот пасус, таму е едно “е“ вишак :), толку. благодарам! :)

5/03/2006 09:41:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Шо бидна бе луѓе? Назад?
Ај, ќе биде.....со време....

5/03/2006 10:26:00 pm  
Blogger Б.Ц. said...

Pacers rules!

5/03/2006 10:49:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Ne be Beto ja zborev za Karter. I ne kazav deka IND ke pobedi zbog negovata slaba igra i gluposti nego deka od negovata igra zavisi ishodot na ovaa serija. I ako ja poglednes statistikata ke vidis deka sum u pravo.

5/04/2006 05:40:00 am  

Post a Comment

<< Home