Wednesday, May 10, 2006

Бај-бај чичко Рик...(со допуна бај Бето)
Сабајле не стигнав ова да го ставам, па еве го сега. Рик Аделман после осум сезони доби клоца од брачата Малуф. Тие што ме знаат, знаат дека не сум некој голем фан на Аделман, и тоа уште од времето кога беше тренер на Портланд, ако на некој му текиња. Нормално, тоа не значи дека не го почитувам човекот кој беше тренер на првиот тим на Кингси кој нешто значеше у НБА и кој у осум сезони у Сакто собра повеќе победи од сите негови претходници заедно. Аделман одлично си ја вршеше работата на создавање позитивна атмосфера и квалитетен тим, чија игра се базираше на Принстон нападот, измислен од неговиот специјален помошник, чичко Пит Карил. Но, она што ми сметаше кај Рик е немањето победнички менталитет и губењето у финишите на големите средби. Кога се се решаваше Аделам најчесто можеше да се види како со една мутава фаца немо се посматра од клупата. Еден од неговите најголеми квалитети беше токму тоа губење. Плус, неговото влијание на овој состав на Кингси и тие момци беше многу мало, а и му се потроши кредитот кај Малуфите-матуфите. Ипак, очекувам да си најде нов клуб, ако не летово, онда догодина, зашто мислам дека се уште има што да каже. Кој знае, можеби Флип Сандерс ќе ги откачи Пистонси и ќе отиде да го замени Лери Браун у Њујорк, па Аделман конечно ќе си ја добие шансата да стане шампион.
* * * * *
Бето ни прати рикеп од Мајами-Њу Џерси, кој, после клесање, вајање, кратење, сечење и дотерување, можете да го најдете ТУКА. Бето, ај "високиот" квалитет ти се прашта поради разочараноста од плескањето у Мајами на твоите Нетси. Али, неповторило се више, порано имаше подобри текстови.

15 Comments:

Anonymous bodan said...

Се слагам,само требаше многу многу одамна!

5/11/2006 12:03:00 am  
Blogger Shepard said...

мене ме занима кој ќе биде сеа тренер на сакто. многу битен момент е тоа.

5/11/2006 01:01:00 am  
Anonymous чоте said...

Штознам дали е битен момент новиот тренер на Кингс, мислам дека со овој тим немаат капацитет да ја достигнат славата т.е. успесите на претходниот, па макар Фил Џексон да ги земе.

5/11/2006 03:09:00 am  
Blogger марче said...

ja bas naprotiv, mislam deka kings imaat kapacitet samo im treba daskal so stapche... nekoj nalik dzeri sloun :)

5/11/2006 07:31:00 am  
Blogger retry said...

Ja mislam Mike Brown da gi zeme :))

5/11/2006 07:59:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Proverete mail.

Sinokja toa sho se deshaashe u Majami nema da go komentiram. KatastroFA!

5/11/2006 10:49:00 am  
Blogger retry said...

A bogami i toa vo Phoenix. Stvarno katastrofichni utakmici.

5/11/2006 12:10:00 pm  
Anonymous observer said...

Ima reprizi na Sport4 ?

5/11/2006 01:33:00 pm  
Anonymous observer said...

?

5/11/2006 04:56:00 pm  
Blogger Shepard said...

има, ама у бош термини. коа имаат празнини у програмата..

5/11/2006 05:53:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Lele samo da ne dojde u chicago kaj sakka neka ide

5/11/2006 09:39:00 pm  
Anonymous observer said...

Bowen received 55 points, one more than Wallace, in making the All-Defensive team for the sixth consecutive season. The San Antonio forward is regarded as one of the league's best defenders for his ability to contain anyone from small guards to big forwards.

Aj sega mrcete za Bowen da ve vidam :)))))

5/12/2006 12:26:00 pm  
Blogger retry said...

Ej, aj nemoj pak za Bowen da pochnuvame. Se gleda kolku Bowen gi drzhi Howard i Nowitzki.

5/12/2006 02:02:00 pm  
Anonymous observer said...

"Ej, aj nemoj pak za Bowen da pochnuvame" ce bese dovolno. "Se gleda kolku Bowen gi drzhi Howard i Nowitzki" e prodolzuvanje na diskusijata :)

5/12/2006 03:13:00 pm  
Blogger retry said...

:-)

5/12/2006 08:02:00 pm  

Post a Comment

<< Home