Tuesday, April 25, 2006

Will the Real Kobe Please Stand Up.........
Фил Џексон никогаш не водел тим кој бил аутсајдер во плеј-офот. Фил Џексон никогаш не го загубил првиот меч од плеј-офот. Фил Џексон никогаш не бил елиминиран во прво коло. Од синоќа, првите две тврдења веќе не се точни, а според тоа што го видов од воведниот меч на Лејкерси во доигрувањето, мислам дека наскоро нема да биде ни третото. Се обидувам максимално да ги извлечам позитивите од синоќешниот меч, посебно со оглед на, се чини општиот впечаток, дека Лејкерси биле блиску до победата, дека турбо нападот на Феникс бил запрен и дека баграта на Коби конечно пронашла ефективна стратегија со која може да им се спротивстави на Санси. Ама, за мене, првиот дуел од серијата Феникс – Лејкерс, едноставно беше нешто сосема друго. Не можам а да не го гледам мечот од призмата на еден општ дефетизам кој го претвори еден од најатрактивните тимови во лигата (поради и само поради Коби Брајант) во досадно (квази-Карлајловско) тимче чија главна одлика е искористувањето на слабостите на противниците. Страшно пародично ми делуваше целата стратегија на Фил Џексон: спуштање на пост over and over again, Квами Браун, Ламар Одом, Лук Волтон, кој сè не се нареди да игра еден на еден со Мерион и Диа... Оваа тактика ја видов неколку пати оваа сезона од Лејкерси, но во многу поблага варијанта и никогаш толку иссилено и строго.... Ми делува како конечно да го стрефи и Фил Џексон онаа ситничарска манија која по сè изгледа владее во целиот кошаркарски свет во последниве години. Во пост-Џордан ерата, кошарката се претвори во спорт на досадни тактички нијансирања и шеми, уиграни ама страшно неатрактивни тимски шаблони, одбрана и само одбрана, Детроит и Сан Антонио, Бен Волис и Брус Боуен.... НБА забележа пад на гледаноста од 400 % во однос на сезоните кога Лејкерси доминираа. Шекил и Коби, ги памтите? И токму во сезоната кога изгледаше дека атрактивната кошарка се враќа на голема врата, во која тројца играчи имаат PPG од над 30 поени, во која вистинска револуција предизвикува тимот кој ја обнови run & gun филозофијата доминирајќи во мечеви во кои се постигнуваат 200+ поени, во која еден играч има дрскост ама и способност да постигне 81 поен, баш тогаш се случува еден ваков меч. И кој го игра? Токму тимот којшто влезе во плеј-офот единствено затоа што му дозволи на својот главен играч да има просек од 35 поени, ЕДИНСТВЕНО поради неговите брилијантни офанзивни способности, кои укомбинирани или не во добра постава, водени или не од добар тренер, беа одлучувачки фактор за една успешна регуларна сезона...... Разбирам јас тактика, разбирам и тоа дека во еден ваков меч е важна адаптацијата кон противникот, дека е инструментално да се утилизираат процепите во противничката одбрана, ама ми делува перверзно тоа што цела сезона, ама баш цела сезона, Лејкерси му дозволуваа на Коби да прави што сака, а притоа немаа абер од тимска игра или од балансирање на поставата. 80 меча дозволуваа еден играч да шутира и по 35 пати, додека другите дремат, и кога таквата игра им донесе резултати, им донесе плеј-оф, Лејкерси ја компромитираат за една сомнителна варијанта во која не му дозволуваат на единственото вистинско оружје што го имаат да влезе во било каков ритам. Спречувајќи го Феникс, го спречија Коби, и ништо не направија..... Едно е да се користи поинаква стратегија како коректив на сопствената игра, а сосема друго е сопствената игра комплетно да се отфрли во корист на една тактика која претходно е играна само неколку пати. А, притоа, и она најпарадоксалното, еден ваков напад го претвора Квами Браун во фокална точка на играта на Лејкерси. Или како што вика Mark Stein - Лејкерси синоќа беа Квами-центричен тим, што е греота кога во тимот се има Коби....... Так-тик, так-тик, так-тик – а....... Е сега, целата приказна на некој начин се релативизира со тезите дека ваквиот тип на игра е единствениот начин на кој Лејкерси можат да му парираат на Феникс. Само вака можат да го успорат Неш, да ги спречат убиствените контри и неверојатниот шут на Санси. Според многумина, Лејкерси синоќа го направија токму тоа, а Феникс победи незаслужено, иссилено и со помош на судиите. Епа, ај да видиме што вика статистиката. Онака, како bottom line: Натпреварот заврши со резултат 107-102. Значи, Санси постигнаа 107 поени. Нивниот просек оваа сезона е 108,3 поени по натпревар. Според тоа, Феникс постигна само еден поен помалку од својот просек. Од друга страна, Санси во регуларната сезона примаа во просек по 102,8 поени. Значи, ете ви ги и 102-та поена на Лејкерси.... Притоа, оваа сезона во просек Феникс шутира со 47% од поле, 39% за тројки и 80% од линијата за слободни. Синоќа шутираа 45% од поле, 45% за тројки и 91% за слободни. Дадоа 9 тројки и дури 32 слободни од 35 обиди. Повторно, во прашање се нијанси. Стив Неш имаше 20 поени и 10 асистенции, Матрикс 19, а Барбоса и Диа по 15 поени. Сè во рамките на нивните просеци. Со тоа што Тим Томас имаше 22 поена и, најмногу во кариерата, 15 скока. Сè на сè, значи, статистички, Лејкерси воопшто не го измачија Феникс. Санси против Ел Еј одиграа една своја ПРОСЕЧНА партија......Дури и по малце неверојатни се сите овие поклопувања... Згора на сето ова, Коби имаше мизерна партија како жртва на обидот за ребаланс на играта на Лејкерси, а на крајот сепак упати 21 шут, од кои барем 7-8 исклучително лоши...22 поена од 21 шут !!! Статистиката речиси целосно се поклопува со мојот впечеток за мечот. Воопшто не бев импресиониран од играта на Коби и компанија (додуша по она вчера, не знам дали смеам да ги викам така). Мислам дека без разлика на ваквите очајни обиди на Фил да најде противигра за Феникс, Лејкерси едноставно немаат доволно силен ростер за да можат да парираат... Единствена шанса е враќање на играта што ги донесе во плеј-офот. Коби е најдобриот офанзивен играч во лигата, и неговото сведување на карика во некоја тактичка замисла на Фил е глуп и непромислен потег. Оff the ball влијанието на Коби е навистина мало (за разлика на пример од она на Леброн, што е една од главните причини поради која сметам дека Леброн треба да биде МВП), и во таа смисла, обидот за запирање на Санси истовремено е и тактичко самоубиство...... И, на крајот на краиштата, дури и на Лејкерси да им успее цела оваа тактичка заебанција, ќе бидат ли, при евентуална таква победа, истиот оној тим за кој, како што гледам, навива повеќе од пола свет, тимот за кој копја се кршат на Блогерајов? Џабе би им била таква плеј-оф победа над Санси, ако Брајант дава по 20 коша, макар и со добар процент на шут. Посебно затоа што - и така не се кадарни да стигнат до крај. Мене барем, тоа би ми го скршило филмот. Ако сакам таква кошарка, ќе гледам Евролига....... Во вториот натпревар го чекам вистинскиот Коби, а можда и вистинскиот Фил.....Изгледа едно без друго не иде......

38 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Ииииии друже. Тачен си, а и у право си :)
Aj,почна второ полувреме. Мајами се иживљава.

4/25/2006 03:30:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Euroliga e od 28-30 Apr :))

4/25/2006 05:23:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Еј убав текст Флајт. Кип он д гуд ворк:)))

4/25/2006 09:51:00 am  
Blogger joka said...

samo placete lakers fanovi.pa da ne bese ST. FIL JACSON zimi takvoto sho ke imavte nekoja titula

4/25/2006 10:18:00 am  
Blogger retry said...

Dobro be Flight, kako mozheshe da go napishesh tekstov, pogotovo so statistikite da ne doubiesh? Pa ako si bar gram objektiven kje dadeshe nekoja pofalba za igrata na Lakers i na povekjeto nivni igrachi zaedno so strategijata na Phil. Da ne zboram za faktot deka "se utepa od pishuvanje" za "standardnata" igra na Phoenix i za nachinot na koj dojdoa do pobedata (bar Enko neshto napisha, iako e Lak-Hater sepak e mnogu nepristrasen kon faktite). Sega mozhe da se sluchi da izigraat ekstra na vtorata i zasluzheno da ja dobijat i site kje vikaat gotovo e, 2:0, pa odnapred Lakers nemaa shto da baraat, ama shto kje beshe ako...
Da ne beshe toa shto se sluchuvashe so sudiskite odluki kojznae dali kje ti tekneshe da gi izvadish onie statistichki pokazateli.

Aj kje vidish ti :))

U sekoj sluchaj ne ti e losha analizata, kako i trudot. Respect.

4/25/2006 10:40:00 am  
Blogger Karakash said...

Enko e Laker-hater?!?!?!

Ma daj...ne sum nicij hater, samo sum objektiven druze. Ima razlika. Golema.

Inace, tekstot na Flajt e na mesto, mozebi so nekoi stvari ne se slagam, okolu taktiki i sl. stvari, ama se na se tekstot e super i e pogled na stvarite od negova strucna perspektiva.

I batali muabetot so sudiite:)

4/25/2006 11:01:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Баба ми стално викаше: за твое добро ти велам, сине.....

Инаку, воопшто не сум објективен - навивам за Лејкерси и она што го видов во првиот меч ме разочара. Цел ден го чекав мечот и на крај два саата го гледав Квами Браун како се 'рва со Тим Томас...

Дај бе луѓе да видиме кошарка додека сеуште има шанса......

4/25/2006 11:01:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Енко, не претендирам на стручност...
Само сакам мераклиска кошарка и мислев дека Феникс и Лејкерс можат да ја изиграат...
Во други околности, и јас не се сложувам со некои ствари од текстот.....
Ова е само (верувам - прилично афективен) став.....

4/25/2006 11:06:00 am  
Anonymous Boromir said...

Premnogu generaliziras na edna utakmica.Nemoj molim te da go ucis Phil teorija na kosarka. Ednostavno saka da vi dade nesto poise od 40+ prosek na Kobe.Pa vidi samo,na trite utakmici sto igraa u regularnata sezona(poslednata koga suns igraa za nisto,i bez nash ne ja racuname)Kobe imase 43.3 poeni po natprevar i site gi izgubija so dubble digit margin.Na tretata Kobe dade 51! i pak izgubija so 11.Znaci Phil e najbolji trener u NBA,zasto znae da izvadi nesto novo,da naditri.Ako e taka ti kako sto vikas,i nie mozeme da bideme treneri.Daj mu ja na Kobe,i barem site ke ne sakaat,bez razlika sto ke izgubime 4-0.On ke ima 45 prosek,i normalno nema da bide kriv ni on ni Phil,ednostavno drugite se drva.A Kobe ke dade nad 40,najverovatno uste utre,ne se sekiraj.Ne veruvam deka ke go pisuvase tekstov ako lakersi tepaa.Mi zvucis kao:"ako vise gubime,da gubime so Kobe 40+". Realno,sunsi se edno 30-40% bolji tim od lakersi,i Phil mora da naprai adjustments,za da ne izgubi 4-0.Koga bese tuka i shaq,mozese da si dozvoli takva kosarka,koga oni bea 50% bolji od drugite.I pak toa im naprai problem,koga na kobe vise ne mu bese bitno samo da tepaat,tuku i on da bide MVP.Nema veze,premnogu prici pocnav,aj mozda ke pisam tekst.A sigurno ke pisam tekst za evroliga,zasto ke gi gleam site cetiri utakmici u loza. Pozdrav

4/25/2006 12:33:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

А не ти личи дека Фил ги експлоатираше само двете крајности? У регуларна сезона му пушташе на Коби да игра соло партии, а другите беа скроз пасивни, а сега одеднаш го исфрла од игра тотално...
Кога више балансираш, балансирај како што треба...
Па, као што вика Енко, Коби не е на копче....

А, тактикава на Фил не е нешто ново. Оди кај мене на Блог, разлистај у архивата, ќе видиш еден текст со наслов Разностран Триаголник во кој ја фалам ваквата тактика...
Ама, ова беше до толку иссилено што го извади Коби скроз од ритам, и кога му требаше у четврта, не можеше да погоди од 3 метра. Тоа е тоа.....

4/25/2006 12:43:00 pm  
Blogger retry said...

Pa shto znam, takov vpechatok si dobiv od poslednive post-ovi. U sekoj sluchaj go povlekuvam zborot za Enko i za Flight vo odnos na navivachkiot del. Mozhda malku prestrogo se izraziv ama veruvajte ushte me drzhi frustracijata od natprevarot. I batali shto Chicago pak propushti da slavi vo Miami, ova so Lakers beshe mnogu pobolno, go razbiram Shep potpolno. Valjda i vie me razbirate mene.

4/25/2006 12:44:00 pm  
Blogger retry said...

Flight-cho, i jas sakam merakliska kosharka vo pogled na atraktivnost, ama vo pogled na taktika i ovaa beshe ekstra, celo vreme bevme zakovani na TV. Inache bi mozhelo da napravime edna blogerska sobiranka za nekoja playoff utakmica pa da se izedeme zhivi u zhivo, a ne samo na blogov..

Enko, mnogu STVARI imash da kazhesh :))

4/25/2006 12:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

Iam, iam:))

Inace, Cikago ne propusti da pobedi, nego Majami gi zgazi pa zastana na sedum minuti do kraj. Toa go iskoristija Hajnrih i Nosioni pa se doblizija na samo -4. I tolku.
Vejd gi zakova so dva pa blokada nad Gordon.

4/25/2006 12:56:00 pm  
Blogger zare said...

Abe ke davaat li vecer utakmica na SPort4 i koja ,ako znae nekoj neka pise..

4/25/2006 01:09:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Koga go citav tekstot,mi licese na tekst na karakash.Posle vidov deka si ti.Postirav komentar,i duri posle go vidov prethodnot tekst na Enko.Da bev procital se hronoloski,verojatno komentarot ke bese malku razlicen,i ne samo kontra tvoite razmisluvanja.E sega: Ocigledno so ovaa krajnost se poblisku do pobeda.Bolje Kobe isfrlen od igra,nego cel tim isfrlen od igra.Ako e igraciste, polesno bi trebalo on da se ukluci u igra nego drugite,taka?Gleas muabetov se svede na kako bi bile poblisku do pobeda,i se kazuva deka vaka bile poblisku.A dali e atraktivna ili ne,toa nikogas ne me interesiralo.Obozavam so called "ugly games",megu jaki timovi.Tuka se glea koj ima muda. Toa mi e sinonim za playoff kosarka.Nekako Shep mi fali u komentarive,da ne se obesil:))? Ili garant pisuva tekst od 100000 zbora kao najgolem laker fan:). Bez ljutenje,ednostavno razlicni raboti ne voshituvaat:)

4/25/2006 01:15:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Абе, какво лутење...
Него, на некои тимови и ликови им личи да играат ugly games, ама не и на Лејкерси. Toa e како Барселона да игра дефанзивно. Бласфемија...
Ја немам ништо против Детроит да продолжи да си игра како што знае :)

4/25/2006 01:27:00 pm  
Blogger Karakash said...

Blasfemija:)))

4/25/2006 02:16:00 pm  
Blogger kole said...

се слагам со повеќе ствари кои ги има по коментариве и коа тоа би го склопил у една реченица,би изгледало вака:коби да дава 40+,притоа да има добар баланс со останатиот дел од тимот,лејкерси да играат побрза кошарка,и неш да се избаци од ритам,т.е. да се успори.кога би се оствариле овие 2-3 работи,лејкерс би биле блиску до победата.е сеа колку ке бидат,ќе видиме...у сваќи случај стојам на моето дека фил знае што прави...ај,ај...

4/25/2006 02:22:00 pm  
Blogger Shepard said...

до некаде се слагам со флајт.

сеа у контекст на фил, баш сакам нешо да кажам.. каков тренер е фил..

фил е тренер кој на тајм аут има кажано „ОВИЕ ЛУЃЕ ТУКА СЕ ДОЈДЕНИ ДА ГО ГЛЕДААТ МАЈК“..

фил е исто тренер кој кога сите очекувале мајк да реши, он доверба имал во ПЕКСОН, односно КЕР, односно КУКОЧ..

тоа се покажало неоспорно..

АМА..

она во неделата (и мене ми е синоќа, пошто вчера се здрвив и трчав гол со мев низ кампот у сарај, на треска, поздрав до тие шо го видоа пијаното говедце у акција :)))) )

ТОА БЕШЕ АПСУРД..

мислам, АКЦИИ ЗА ЛУК ВОЛТОН ДА МИ ПРАИ РЕКОРДИ

АКЦИИ ЗА БРАЈАН КУК..

АКЦИИ ЗА не знам, КВАМИ БРАУН!!!

у четврта четвртина, подобро да утне коби него БРАЈАН КУК симичот!

абе.. БРАЈАН КУК бе, не е заебанција, па тој ја на кош не го пуштам бе, тој само за у партија е и да мести бини по селата за МИТИНЗИ..

а лук волтон заедно со данливи се примери за ИГРАЧИ СО ВРСКИ.. да не викаме дека само кај нас е тој феномен.. мислам, имал баскетбол АЈКЈУ..

чоече, ај акциите, у реду. се исплатеа.

ама ти коби да го имаш у екипа за СПОТЕР, она, исклучен скроз, само кога нема да успее прва, ни втора варијанта, па тупни му ја на пет секунди до сирена, па нека вади од гомна..

ТОА БЕШЕ СРАЊЕ.

башка, шо на копче коби, АБЕ У ЧЕТВРТА ЧЕТВРТИНА БЕ ЕЈ, ЛУК ВОЛТОН И БРАЈАН КУК..

нема, тоа беше апсурд.

бар коа поведоа си реков ќе фати сеа симултанка до крај, влезови, ќе ги прца, нешо шутче ово оно.

нема. крај. срање тешко.

ЕТЕ СЕА ЌЕ ВИ БИДЕ СТИВИ НЕШ МВП.

да тибам фрката од игра, она, муви без глаи, и ќе те попарат со 115 поена.

срање.

4/25/2006 02:28:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

skitko ke ides na fajnl for u loza. aparatot u race i furaj.
pozdrav, ziro

4/25/2006 02:37:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

za ova so lajkers. iako sum star laker fan , feniks se objektivno dosta pojaki. zadovolen ke bidam i dve da im zaememe.:). zatoa ne se obvinuvajte koj popametno napisal zasto izgubile(sudii, zenot, kobi ili kwami!) tuku bidete zadovolni sto voopsto go gleame u playoff PERIOD
ZIRO

4/25/2006 02:43:00 pm  
Blogger retry said...

Abe na Nash ne mu davaat MVP, shto ti e. Si odigra on odlichna sezona ama za dvapati po red treba ekstra odlichna da odigra. Nikad ne se desilo dvapati po red eden ist igrach da zeme, a pritoa na istoto nivo da gi odigral i dvete sezoni.

U najtesen krug bile Bryant i Nowitzki od izvori na Charles Barkley:))

4/25/2006 03:03:00 pm  
Blogger Latifovich said...

E luge da ve prasam koj od vas e enko me intereserira

4/25/2006 03:23:00 pm  
Anonymous Boromir said...

MVP se samo Dirk ili Lebron,nikoj drug!Dirk mozda ima poise sansi posto veke nekolku godini po red e tuka negde,i najverovatno ova mu e posledna sansa,posto ako vaka produzi Lebron,u narednive 10godini ke bide MVP 7 pati.Ziro tesko da me pustat so aparat. Ne zboram vise za Lakersi:)

4/25/2006 03:26:00 pm  
Anonymous observer said...

Se vracame na istoriskata recenica "Kobi kazi mu fala na Debeliot za prstenite"

4/25/2006 07:20:00 pm  
Anonymous observer said...

Baj d vej, ne e padnata gledanosta na NBA za nekoi 400% :)) Shtern pred nekoj den izleze so podatoci za zgolemena gledanost kako vo salite taka i pred malite ekrani i toa vtora godina po red

4/25/2006 07:23:00 pm  
Blogger Shepard said...

enko e karakash
vuna e shepard
i shepard e vuna

4/25/2006 08:10:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

ABE VECER NA SPORT 4 KOJ KE DAVAAT?

ODGOVOR POD ITNO!

4/25/2006 10:16:00 pm  
Blogger Karakash said...

Обзервер, таа реченица Коби ќе ја чуе уште многу пати.

А за гледаноста си у право, барем за делот што се однесува до арените, кои оваа сезона беа најисполнети од било кога у историјата на НБА. Што до негде е и логично, затоа што имаат и убедливо најголем капацитет од било кога.

Латиф, зш питаш?

Бето, би требало да биде у еден саат, Кливленд-Вашингтон.

4/25/2006 11:01:00 pm  
Blogger Karakash said...

Флајт, ми го еба долниот пост:))

4/25/2006 11:03:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Па затоа прашував

4/25/2006 11:07:00 pm  
Blogger Karakash said...

Се зезам друже, уживај. За вакви ствари не ни прашувај...

4/26/2006 12:00:00 am  
Blogger Karakash said...

Ништо од Клив-Ваш. Наместо тоа ќе ја гледаме САС-Сакто, која ќе биде ептен интересна и ќе заврши само 20 разлика. Јеееее...

4/26/2006 12:10:00 am  
Anonymous bodan said...

i na sporttv odi sakto,shteta!

4/26/2006 01:26:00 am  
Blogger марче said...

за се има првпат. нели фил!?! :)))

4/26/2006 08:55:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Dobar tekst,i opis na denesnava kosarka so izrazot SITNICARSKA MANIJA!

4/27/2006 01:48:00 am  
Blogger Latifovich said...

Pa pitam zatova sto sme izgleda bratucedi so enko

4/27/2006 05:24:00 pm  
Blogger Karakash said...

Па кај си бе братучед:))

Пиши мејл, го имаш горе, да провериме семејно стабло:)

4/27/2006 08:52:00 pm  

Post a Comment

<< Home