Tuesday, April 18, 2006

Open your A.I.'s
Признавам. И јас бев еден од оние кои не го поднесуваа Ајверсон. Но, за разлика од најголемиот дел типови, кои својот однос кон Ален го градеа според неговиот изглед, јас го немав тој проблем. Мене не ми сметаа ни тетоважите, ни корнроусите на главата, нити пак целиот гето имиџ кој Ален го носеше со себе. Не. За разлика од другите, единствена моја замерка, поради која и не ми се свиѓаше Ален беше неговата игра. Едноставно, не можев да се најдам во играта на тип кој, барем тогаш, според мене беше анти се она што јас го сметав за кошарка (Како да не сфаќав дека човекот поради кој јас почнав да гледам НБА беше сличен тип на играч како Ален, со слична кариера - и најверојатно на сличен начин ќе им завршат кариерите и на двајцата). Во моментот кога влезе во лигата, Ален беше се она што Мајкл не беше. Беше во некој поглед: Анти-Мајкл, иако како што поминуваше времето стана јасно дека двајцата се многу послични отколку што било кој можеше да се надева. Немаше точен момент кога нешто во мене се скрши, кога ми се отворија очите и почнав да ја контам големината на еден Ален Ајверсон, големината не само како играч, туку како лик, кој со својот стил на однесување, со својот однос кон секоја средба како последна во животот, како некој кој смени доста работи поврзани со тоа на кој начин денеска се гледа на типовите како него. Сфатив дека па ич и не треба да ми биде гајле за тоа што Ален прави вон теренот, тоа што касни на тренинзи и тоа што стално иде контра тренерот. Сфатив дека тоа не е мој проблем, тоа е проблем на газдите и генералните менаџери на клубовите, не мој, не наш. Сфатив дека, да не беше тој, пацери како Дикембе, МекКи, Сноу, Хил и компанија никогаш немаше да го помирисаат НБА финалето. Сфатив дека ретко кој од сите нас веруваше дека Ален ќе издржи десет години во лигата, не според неговиот стил на игра, не според неговиот начин на живот. Сфатив дека додека сум ги гледал сите негативни работи околу него, не сум можел да им се воодушевувам на сите големи работи кои Ален ги правеше, и ги прави на теренот. Веќе не е така. Ален, како ретко кој досега, уствари, никој досега, во својата десетта НБА сезона ја одигра својата најдобра сезона во кариерата. Нити Мајкл, нити Вилт, нити Лери, нити Меџик или Хаким не го направиле тоа. Сите тие, кои од својот старт на кариерата биле лидери на своите екипи, паднале после девет сезони во лигата. Не и Ајверсон. Оваа сезона тој има подобра сезона и од таа кога беше избран за МВП, но слабите соиграчи и уште послабиот тренер, значат но-плеј-оф и но-МВП за него. Некои амерички колеги дури отидоа до таму што на нивните Топ 10 играчи и таленти оваа сезона не го ставија Ален, што нормално, е чиста глупост. Но, нема врска, не се они криви што уште не ги отвориле очите. Не се они криви, ќе им се отворат. Јас ги отворив, и под сите стегачи, тетоважи, плетенки и хеланки, видов чиста кошаркарска големина, една од најголемите кои се појавиле во НБА во последниве 20 години. Еден ден ќе сфатат.

39 Comments:

Anonymous bodan said...

Да, ама тогаш ќе биде само историја!

4/18/2006 11:00:00 pm  
Anonymous Zvezdara said...

Svaka cast za clanak!

4/18/2006 11:30:00 pm  
Blogger Karakash said...

Hvala.

4/18/2006 11:34:00 pm  
Blogger iko said...

bravo, ova e tekst na vistinski majstor. covece me naezi ! iako ne e u plejof sepak moeto srce i natamu go saka i sekad postoi nadezta deka slednata sezona ke bide podobra. ostanuva da se nadevam i da uzivam vo ubavinata na plejofot bez mojot idol so koj porasnav.

4/18/2006 11:50:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Енко, ме разнежни.... :)

Ама, некако ми личи као да му пишуваш епитаф. Има време бе, пријателе, којзнае што може да се деси. Ако фраерот може на овие години да има 33 коша просек, јас не сум спремен да го отпишам...
Далеку од тоа дека ти го отпишуваш, баш напротив, ама целиов текст ми има некаков тон на финалност....

4/19/2006 12:12:00 am  
Blogger kole said...

so postov se soglasuvam 102,3% so bi rekol amdi bajram:).i jas sum eden od onie koi nikogas ne go sakale AI,najmnogu poradi igrata.no kako ja igra sezonava,ne ostanuva nisto drugo osven da se pofali i cestita.ko za nesrekja najdobrata sezona mu se desi koga da igra najlosiot sostav u 76's.mozebi ne spored iminjata,no rezultatot kazuva se.kako i da e,ubao kaza flight,ne smee da se otpisue "maliot".ima toj uste sto da kaze,so dobri trampi i nekoj koj bi se vklopil so nego,moze da se nadeva na pouspesna sezona.a polosa od ovaa mislam deka ne moze

4/19/2006 12:26:00 am  
Anonymous Bojan said...

Ocigledno od tekstov sfativ deka imas mnogu raboti sfateno za A.I. ovaa sezona :)))
Sala na strana, i ja 100% go delam tvoeto mislenje za najgang igracot vo momentov... nikad u 9te sezoni ne mi pravel keif negoviot stil na igra i od dno na dusa bev sreken koa ke go izedea... megjutim ovaa sezona moze i na drug nacin gi gleam rabotite i krivo mi e so ne uspea barem da se plasiraat u plej of... mesto tapacite od milvoki...
Aj da zeeme primer da ja imase srekata da igra so Shek... toa bi bilo strava... iako sum ogromen fan na Kobi nesto me tera da mislam deka toj tandem bi bil daleku poefikasen... ejjj so toj kanta od tim da stignes do golemoto finale e i toa kako golem uspeh (iako istokot toas bese najkatastrofa...
P.s. Aj moze ke go zemat u Lakers za dogodina:))

4/19/2006 12:33:00 am  
Blogger Karakash said...

Не е со финалност, ама прозорот полека се затвара.

Баш пред некој ден ми падна на памет каков тандем би бил тоа со Ален и Шек. Страва. Поефикасен-да.

Само немојте сеа да развиваме дискусија за тоа, постот ипак е за Ајверсон.

4/19/2006 12:36:00 am  
Anonymous Ивица said...

Риспект. Постов кажува се што треба да се знае за Ајверсон.

4/19/2006 12:44:00 am  
Blogger Shepard said...

се поклањам

4/19/2006 12:57:00 am  
Anonymous Bojan said...

Skoro se sto e realno e opfateno... neznam so bi zborele poise... osven da pocneme da vadime statistiki sto bi bilo nepotrebno... ili aj ke go zalime use malce... za zal...

4/19/2006 01:14:00 am  
Anonymous Bojan said...

Steta so Nets- Phily idat sea, ne pred mesec dena pa da gleavme nekoja asalna kosarka... ova osekjam deka nema da se gleda...
Ke se iznaigraat Nahbar, Padget i slicni na niv...

4/19/2006 01:16:00 am  
Anonymous чоте said...

Конгратс за Каракаш! Риспект за Ален!

4/19/2006 01:36:00 am  
Blogger retry said...

Enko, evo ruka *RUKA* :))

Da ne ti beshe postov kje prodolzhev da ne go sakam Iverson, ama sega otkako go napisha ova kje mora da se preispitam. Shala na strana ne deka bar malku ne go poshtujem Iverson, ama toa shto ne e primer so svojata arogantnsot za ostanatite igrachi i celokupniot staff na Philly, ne e. Vi teknuva za sluchajot so Ford od pretproshlata sezona? Sakam da kazham chovekot e talenat, strasten borec i e eden od najdobrite igrachi shto ja igrale i sakale ovaa igra ama ne e kompleten shto se odnesuva i do pristapot kon kolektivot.

Izvinite ali morav malku da go ocrnam :))

Inache najbolji bi bil u kombinacija so Steve Francis, Stephon Marbury, se razbira pod palkata na Isiah Thomas :))

4/19/2006 02:05:00 am  
Blogger Shepard said...

ivy не е дизајниран за победник.. едноставно, ја има фацата на борец..

од „таквите“ е..

4/19/2006 03:08:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Типот коа влезе у НБА ја уште не глеав нба, али се упознав со Ајверсон веќе во неговата втора сезона во нба и ја исто како Каракаш порано многу го мрзев заради стилот на неговата игра( може и поише од шо го мрзам Коби сега) зашто ретко кога подаваше...
Ама со тек на време стана друг играч маме му ибам, како се разви У ЅВЕРОЊА!
И после 10 години у НБА уште нема ниеден бек во лигата што може да го чува еден на еден. Оваа сезона тоа што му го напраи на Дениелс, лудница...

П.С. Во додаток на постов кој е многу леп сте можеле да го ставите тоа клипчето коа го вади Џордан од патики. Ај поздрав.

4/19/2006 08:21:00 am  
Blogger Latifovich said...

e toa klipceto go imam i na telefon a na deckovo sto go napisal ova svaka mu cast

4/19/2006 02:40:00 pm  
Blogger znalac said...

AI е одличен играч, само имиџот кој го промовира не е по вкусот на NBA. За жал спортот овде е чист бизнис и затоа не е битно кој колку е добар, туку побитно е кој се вклопува во бизнис моделот на Штерн и компанија. Главниот пазар на карти/реклами овде е со големите компании, кои се водени од луѓе слични на Штерн, а не на AI. Тие што овде се идентификуваат со гангстерскиот имиџ на AI нема да купат скапи и карти, производи кои ќе и донесат пари на НБА. Затоа Штерн воведе dressing code и ред други работи - да создаде имиџ дека гледаме господа со стил, а не улични бандити што се добри баскетџии. Тоа е единствен играч чија слика била ретуширана пред да биде објавена во Hoops во 1999. Прилично јасна порака нели?

Али како што кажа Каракаш, постот е за AI. А тој влезе на голема врата во НБА, како прв пик на драфт на кој беа...2-Camby, 3-Abdur-Rahim, 4-Marbury, 5-Allen, 6-Walker, па неколку лузери... 7-Wright, 8-Kittles, 9-Samaki Walker, 10-Dampier, 11-ToddFuller???, 12-Potapenko,...па после 13-Kobe, 14-Peja, 15-Nash, 16-Delk, 17-J.O'Neal,...Derek Fisher, Malik Rose...

4/19/2006 06:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

Најбоља драфт класа евр.

4/19/2006 07:24:00 pm  
Blogger Dimitar said...

Odlicno, emotivno, fascinantno, brilijantno i nak kraj na kraistata tocno. Kako golem Kobe fan morav i jas da bidam protiv A.I. no nikogas ne posumjav u negovite kvaliteti. Posebno zemete ja taa sezona (koa so pacerite sto gi spomna) u prvata u L.A. gi tepase Kobe i Shaq (SAAM covece sam). Genij so 20 povredi da igras protiv tie 'gladijatori'. Odlicen komentar

4/19/2006 07:31:00 pm  
Blogger ivana said...

Nemam zborovi. Tekstov kazuva se shto treba da se kaze za Alen. Jas go poshtuem ushte od prviot den i nikogash ne mi smetale pletenkite, imidzot i.t.n,tuku naprotiv, celokupniot negov stil, vistinskiot Alen me privlece da go sakam i taa "ljubov" raste se poveke i poveke i toa se zaradi negovoto srce i seto toa shto ti go kaza...RESPECT

4/19/2006 08:08:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

A be ne e zveronja maliot e monstrum. Samo eden asalen so nego da imase pa ne. A taa sezona koga igraa u finale koj im bese trener :)

4/19/2006 08:17:00 pm  
Blogger znalac said...

Ете пак го казниле. Закаснил со C-Webb на последнава утакмица...

Инаку, тоа клипчето го имаше во рубриката frame-by-frame во последниот број на Inside Stuff. Ме зачуди што во целиот текст се повикуваат на меч од 1995 година, што нема логика. Прво, затоа што AI е драфтуван 1996, а второ затоа што на клипот се гледа дека MJ e со #23, а во 1995, ако не се лажам, носеше #45. Јак crossover во секој случај...

4/19/2006 08:54:00 pm  
Blogger Shepard said...

се јави и првата цура на блогов (КОНЕЧНО)

иначе, само мене ми е ебан десниов сајдбар, односно, пак „трипам“?

4/20/2006 12:05:00 am  
Blogger retry said...

Znalac, tachno e toa, mora da se raboti za montazha ili lapsuz u informacija.

D-r Nele, Brown beshe mozhda i prichinata shto izgubija u finale, iako raka na srce protiv Lakers toj playoff retko koj mozheshe da zeme utakmica, t.e. se sluchi samo ednash i toa tokmu po zasluga na Iverson. Sepak mislam deka Larry i nema nekoja posebna zasluga, iako delot od karierata shto go pomina vo Philly mu e mozhda eden od najplodnite vo pogled na gradenjeto na tim. Toa so Detroit nemashe vrska, celata rabota prethodno ja zavrshi Carlisle.

4/20/2006 12:35:00 am  
Blogger retry said...

A koga sme vishe kaj draftot 1996 shto se deshava so Kittles? Neshto ne go gledam u posledno vreme.

4/20/2006 12:48:00 am  
Anonymous Bojan said...

Ivana e prvoto devojce "oficijalno"... ima nekoi so se krijat pod lazni imainja neli???

4/20/2006 01:53:00 am  
Blogger Dimitar said...

Zeni, ako ve ima kazete. Pa neli treba ramnopravna zastapenost. Ajde postueme ramkoven :))

4/20/2006 04:46:00 am  
Anonymous Bojan said...

Chicago i pokraj pobedata ne uspea da se probie na 6to mesto u istok, no ipak dobro ja zavrsija regularnata sezona so 50% uspeh, 5 in a row + 9 od zadnji 10... imajki predvid kakva im bese situacijata pred all- starot i ova e plafon iako mislam deka se pokvalitetni od Indijana... keif mi e so tapacite Milvoki padnaa na 8mo (a da imase use 5-6 utakmici ke bea definitivno pominati od Orlando) i ke go popijat ko od sala 4-0 u prva runda od Detroit... Za Chicago ne deka mislam deka ke gi pominat miami, ama ke bide dosta gusto.
Najverojatno najgusto na istok ke bide megju Netsi i Indijana, i najverojatno ke odluci igrata na Krstic, potocno plasmanot na Netsi najmnogu ke zavisi od toa na koe nivo ke bide bas negoviot nastap...

4/20/2006 05:10:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Retry, toa so Brown bese samo onaka :))
Inace Indiana odi na NJ pa posle na MIA pa na DET itn...
Pogotovo ako Vins produzi da divlja i da se ispucava....

4/20/2006 06:21:00 am  
Anonymous чоте said...

Мене као навијач на Индијана, ми се чини дека им падна втората најлоша варијанта. Боље ќе се снајдеа и со Мајами и со Кливленд, ама здравје...ќе видиме како ќе биде...за некој ден...

4/20/2006 11:50:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Малку симптоматично е што "првото девојче" се јавува баш на пост за Ајверсон.. Не знам зашто и како, ама чикс диг хим! =) Поготово нашиве.
Имам маичка. Бела. Со голема црвена тројка на средината ставена во некаков си shield знак. Горе пишува со големи црвени букви IVERSON, а под shield-от THE ANSWER. Вие немате поима колку женски погледи има свртено маичкава. Фраер сум ја, ама не до толку. Ми ја имаат барано, ја имаат допирано, онака.. лудило.. =) Да, има тука и момци што го сакаат као, па имаш коментари
"Добра ти е брат..".. Али ова другово е побитно у случајов. Као Рибок е.. Ама не е, уствари ја иам купено еднаш коа бев у Струмица за 500-600 ден. Одличен дил, ако ме прашувате.. =)

Инаку. Gliding through the middle, започнато со фин кросовер (со специфична негова поставеност и движење на дланките и лактите), одраз и фингеррол преку Шек за all net... Тоа е мојот Ајверсон. Човекот кој ги згрижил сите другари од детството, и кој покажува среден прст на естаблишментот. Тој е за мене спортот. Fuck your politics, fuck your mothers, fuck your opressing rules.. see you on the court.. try and catch me motherfucker.. Јорс трули, Ален.

Поздрав, Syndicate

4/20/2006 12:45:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Aj Karakash ako sakas kazi mu na Lecik da ti go dade rasporedot za Playoffs!Pa ti posle prenesi ni nas,OK?

4/20/2006 02:22:00 pm  
Blogger ivana said...

Koja cest ja imam da bidam PRVOTO DEVOJCE NA BLOGOV! Se raduvam! Abe redovno ja pregleduvam stranava ama sega, KONECNO se reshiv da ostavam komentar.I nema da bide posleden se nadevam:)-IversonKA

4/20/2006 02:46:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Site nie se nadevame:)))
So taka po kosarkata?

4/20/2006 03:51:00 pm  
Anonymous Чоте said...

Штом спомнавте, ако го има некој распоредот на утакмици што канал4 ќе ги пренесува, не е лошо да го постави тука негде. Исто така , не е лошо да се направи листа на канали што пренесуваат НБА па да се потрудат неколку души (еве ја се пријавувам како доброволец), и да се направи комплетен список на утакмици што ќе може да се гледаат на ТВ. Кај мене например, НБА пренесуваат спорт4,ESPN и словенечката ТВ, мислам дека се работи за втора програма.

4/20/2006 06:12:00 pm  
Blogger Dimitar said...

Aj nazdravje NBA sezona (82 kola)!
Interesantno kje bide. NELI.. DA odam po red od Laker gledna tocka. Toa e toa sto go ima Phil zen Jackson,a go nemaat mnogu drugi. Od lanskata skapanica napravi sostav so odma vleze u play-of. E sega nemozea podaleku od 7-mo, ama koga vekje se tuka, znaejki deka Kobe nema respect kon nikogo mislam deka kje go minat Suns. Spurs definitivno kje ja pravat cista 4:0 (do cetiri se igra prvo?). Denver-Clipers kje bide istorija. Mnogu vlozija Clipersi za da ne pominat, ama Denver i Karamelata se jaki. Nemam tip ama kje bide zesko. i Dallas-'Barca brada boy'-(Pau) mislam cista 1-1 za Dalas :).
Istokot ne gi sledam ekipite ama definitivno utakmicite kje bidat 'zgoljavi'. Detroit seronjite najverojatno samo u finale na istok moze da zagubat. So BUCKS 4:0. Miami,Clevlend (sto stana so Labron) i verojatno Nets od najinteresniot duel na istok kje odat dalje. Samo za ova poslednovo. Mislam deka Indijana moze da iznenadi, samo ako Jermain pocne da igra.

4/20/2006 08:21:00 pm  
Blogger Karakash said...

Пазете сеа:...Прва плеј-оф утакмица на Спорт4 е....Феникс-Лејкерс у 21:00 у недела.

4/20/2006 08:47:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Бар таа утакмица да се добие.
А ако тоа не бива, барем 70 да дае Коби :)

4/20/2006 09:30:00 pm  

Post a Comment

<< Home