Wednesday, April 05, 2006

Нирвана, Тита-Никс, Heat Girls и Мемо фемили
Синоќа гледав даблхедер у кој у првата утакмица ми падна жал за Ајверсон, а у втората за Слоун. За Ален, зашто кога седна на клупата негде при крај на 2. четвртина направи една така тужна и јадна фаца, која кажа се што му се мота низ главата и срцето. Ален не е научен да губи, така да она што се дешаваше у Кливленд сигурно го заболе до коска. Да се игра со таква група дунстери, посебно у одбрана, не е лесно, а и да се има тренер кој уво не му слуша за ништо како Мо Чикс сигурно не помага. А и играњето против новиот МВП ту би секако беше уште пофрустрирачко. За Џери Слоун, барем после првата чет. против Спарси, кога шампионот ги напуни џезерите со 37 поени. После тоа Јута малце се оправи, најмногу ради Бузер и неговите 27 и 17, ама немаа лек, посебно на бекови, каде Јута е жива дупка. Спарси тепаа лесно и без некоја посебна игра на Тимчо Роботчо, кој беше надигран од Бузер. Да објаснам за нирваната. Синоќа накај 23 отидов у Спорт4, онака, у пролаз:) и се најдов у собата у која стигаат каналите, односно им се рисиверите у момент кога работеа само три траси и на секоја од нив одеа различни НБА содржини. На едниот задњата НБА екшн, на другиот НБА ТВ и 6.меч од финалето 1998 год. Чикаго-Јута, а на третиот директна слика од Кливленд. Нирвана, да не напишам др....
* * * * *
Бедотијата од Њујорк го проби и дното, откако по поразот од Визардси, Френсис и Квентин почнаа да си ги отвараат душите. Покрај тоа што Лери и Ајзеа го уништија клубот, моралот на играчите е на најниско можно ниво, а кога некој ќе каже дека е полошо отколку некад во Клиперси, е тогаш е стварно лошо. "I played for the Clippers and we were bad, but I don't remember being around anything like this" - Q.Richardson "Besides my mom passing away when I was 18, this is top three, definitely, just because this is my livelihood. It's like a funeral, man. That's what it feels like." - Francis said, his eyes welling up. * * * * * Чирлидерките на Мајами сосема заслужено се победнички на Денс Брекетот, у кој учествуваа плесачиците на сите 30 НБА екипи. Ај малце да плакнеме очи:
* * * * *
"I’m just glad Dominique got in this year. I don’t know how many points he averaged this year. He must have got a lot better this year. Apparently, he was really good this past year" "You hear somebody is a Charles Barkley type of player. I get compared to the short, fat guys. That’s a reason why my legacy will never die. There will always be short, fat guys" "There's not a lot of things that have been real positive. So they like that enthusiasm and stuff like that. But I would rather have us try to win a game and do the right thing. - Сите три се изјави на...пази сеа...Баркли. Сигурно немавте појма,а ?:)
* * * * *
Фил Џексон и Берни Бикерстаф малку се спукаа по коментарите на Зен околу отпуштањето на Карим Раш. Наијтересен дел е тоj во кој Берни вика дека изјавите на Фил немаат кредибилитет.
* * * * *
Кога некој има премногу слободно време, знае да барата со Фотошоп, и очигледно е опседнат со фамилијарни фотки и НБА, се дешава ОВА. Вреди да се ѕирнат сите монтажи, а ако ве мрзи, немајте гајле, и онака кад-тад ќе ги постираме.
* * * * *
У прошлиот пост мојот линк за коментарот за хаосот у Кале беше сакат. Еве ви го сеа, у количка.
* * * * *
НЦАА Финалето бидна и помина, а ја искрено не видов ни минута од него у живо. Некако многу ми е шубе таа кошарка, а и годинава немаше еден асален тим или пак играч на тој меч. Најголема ѕвезда испадна син му на Јаник Ноа, Јоаким, кој се уби од куцања против УКЛА. Ја за Јоаким знам уште кога беше средношколец и кога го збореа како еден од најдобрите баскетџии у Њујорк. Крвта не е вода, али како што татко му никад не беше најдобар тенисер на светот, така и сумњам дека Јоакимчо ќе направи некоја посебно успешна НБА кариера. Ај нека грешам.
* * * * *
Да не забравам, Нетси против Хоуски за малце ќе се лизнеа и немаше да стигнат до својата 13-та победа по ред, додека Пистонси се први до 60 победи сезонава.
* * * * *
И да, спремаме изненадување:)

38 Comments:

Blogger Karakash said...

Шајт. Линкот до текстот у Мак.Спорт пак е сакат.
Ако на некој стварно му се чита, онда ќе мора да иде преку www.sport.com.mk, па онда текстовите за кошарка од вчерашниот бр. (04.04.).

4/05/2006 09:12:00 pm  
Blogger Shepard said...

ЛЕЛЕ МОНТАЖИВЕЕЕЕЕЕЕЕ

4/05/2006 09:43:00 pm  
Blogger Shepard said...

АРТЕСТ И ПЕЏА :))))))


ЛЕЕЛЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ

4/05/2006 09:43:00 pm  
Blogger Shepard said...

не не не! НЕНОРМАЛНООООООО

ЛЕЛЕЕЕЕЕЕ

ЕЛЕЛЕЛЕЛЕЛЕЕЕЕЕЕ

ПАРКЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕР

ЛЕБРОООООН

КИРИЛЕНКОООООООООО

СИТЕ :))))))))))))

4/05/2006 09:44:00 pm  
Blogger Shepard said...

ВОЛТООООООН

КУРТ ТОМААААС
АААААА


ААААААААААААА!!!

4/05/2006 09:45:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Zasho ja ne gi gleam?

4/05/2006 09:51:00 pm  
Blogger Shepard said...

треба да кликнеш на линко, и да кликнеш на натамошните линкови :)

4/05/2006 09:57:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Kutete momci, cesive se poremetile, zgolemile dvojno broj na NBA prenosi!Samo sto vidov deka sega ke si gledam phily-chicago, u petok SPURS-MAVS i u nedela nets-bucks. Aj ke komentiram na poluvreme ako e nekoj buden

4/06/2006 12:49:00 am  
Anonymous bodan said...

Pa da iskomentiram barem za NCAA!Florida me potsekashe na nekoja dobro uigrana evropska ekipa(pr.Makabi)!Konkurentite im bea izgubeni vo prevodot,iako licno ocekuev povishe od niv posle nekolkute(sho gi gleav) utakmice dobro odigrani u odbrana pred sve.Ama ipak daleku od lanskiot kvalitet!Za zvezdi tesho deka ke izlezat od ovie dve ekipi?Zvezdite otpadnaa odamna!

4/06/2006 12:58:00 am  
Anonymous Bojan said...

Nejke be ova so montazive... daj bapnete gi u nekoj post...
Braos Boro za Cesite... tuka ke gleame chicago-phily i kings-spurs vecerva... u petok spars-dalas... ne e i taka loso...

4/06/2006 01:15:00 am  
Blogger Ико said...

Изненадувањето е тоа што мислам ?

4/06/2006 04:10:00 am  
Blogger Shepard said...

да бе пер..

ама не издаај :)

4/06/2006 05:48:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Тужно ми е ради Ијверсон, стварно. Али од друг страна ЧИКАГО иде у ПЛЕЕЕЕЕЕЈ - ООООООФФФ.

Сеа знам дека е рано и дека ако влезат, а ќе влезат оти 76 се грогирани ги глеав со Кавс,Пистонс ќе ги спржат ама то не е битно. Битно е ТУ-ИН-А-РОУ. Така се гради тим со константно учество у плеј-оф.

А за Ијверсон стварно е тужно. Игра со група неспособни идиоти кои може стварно знаат да шутнат али за одбрана не чуле, отров. Леле како Леброн се шеташе у одбрана, а Мареј и Џонс мислам никој не ги чуваше на тројка. Боже, боже...

4/06/2006 11:06:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Ватс д спрајс?

4/06/2006 11:08:00 am  
Blogger retry said...

Abe neli rekov za Chicago? :))

4/06/2006 11:22:00 am  
Blogger Karakash said...

А бе, револвераши едни, за девојките никој ништо да каже, а?:)

4/06/2006 04:05:00 pm  
Blogger retry said...

A tie li se devjkite shto go pratat blog-ov ama se sramat da pishuvaat :))

4/06/2006 05:14:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Phily 99% ke go popapaat... ne deka chicago se plej of tim, ama poise zasluzuvaaat... steta so orlando kasno ja napraija trampata, zs mnogu bolje igraat so navacive... a ke go izedese indijana definitivno... ama use ima sansi ama mnoooogu maliiiii...
enko a so se toa zenski???

4/06/2006 05:15:00 pm  
Anonymous Bojan said...

"jako se kamuflirani"

4/06/2006 05:16:00 pm  
Anonymous Чоте said...

Боромир, дали си ти Николовски Борче?:)

4/06/2006 05:17:00 pm  
Blogger retry said...

Aj sega pochnavme da se otkrivame koj stoi zad toj nickname. Osoba X, dali ste vi... :))

Ostajte toa, nemojte da ideme odma na ime, prvo na pol treba, chekor po chekor. Jas znam deka nekoi tuka shto se krijat zad mashki nick-ovi se ustvari females.

Aj poozbilno sega... Chicago pravi i ushte edna greshka samo se nadevam deka ovaa nema da vlijae do tolku za izboruvanje vo doigruvanjeto. Gordon pod itno u prva postava mesto Duhon. Ne znam dosega kako mozhea da drzhat podobra klupa od startni five. Malku faleshe i na New York da zalichat (ako vi teknuva vo eden period koga Larry gi stavi site mladi i tapa igrachi osven Frye u prva postava, a onie kolku tolku kvalitetni gi sedna na klupa). Sega e vekje kasno, ama dogodina kje treba da pazat malku Kraus i kompanija. Imaat mnogu talentirani igrachi, a ne im se dava mozhnost za pogolema minutazha.

4/06/2006 05:26:00 pm  
Anonymous Bojan said...

thats right... u pravo si... nocioni i gordon mora da se u startna, a chendler koj osven da fati nekoj skok i da naprai 6 licni za 15 minuti ne go biva za nisto... ako vlezat plej of prognoziram deka ke im zemat barem edna utakmica na detroit

4/06/2006 06:06:00 pm  
Blogger Teko said...

Chicago ја победи Philadelphia на гости и за сега е во Play-off. Добро Sixers-и имаат еден натпревар помалку, но и му гостуваат на Чикакго во United Center.

Play-Off-от за Чикаго станува реалност. Искрено, сигурно нема да можат да стигнат до втората рунда, но плеј-оф си е плеј-оф.

LETS GO BULLS

4/06/2006 07:23:00 pm  
Blogger Teko said...

This comment has been removed by a blog administrator.

4/06/2006 07:28:00 pm  
Blogger Teko said...

Зошто не ги читам коментарите Ахххх... :-)
Булси биле главна тема на дискусија. :-)

Play-off Play-off Play-off

4/06/2006 07:31:00 pm  
Blogger Karakash said...

Чоте, го погоди човекот:)

Ритрај, Краус и компанија веќе неколку години не се у Чикаго. А, она со петорките у Њујорк, стварно мислиш дека тие што седеа на клупа (т.н. ѕвезди) беа бољи?

Теко ис алајф:)

4/06/2006 08:17:00 pm  
Blogger retry said...

Koga si otidoa be, pa mislev deka ushte se tamu? Ej stvarno sum bil nazad so rabotive, aj, aj, aj... :))

Ne deka mislam deka bea bolji ama pak imaa nekoj gram iskustvo povekje, samo shto nikakov zhar nemaa. Ne znam kaj kje im bide krajov na Knicksi ali jas bi pravel rebuild za drugata godina, site osim Frye i Richardson da letaat na chelo so Marbury i Francis.

4/06/2006 10:27:00 pm  
Blogger retry said...

Tolku bea tapa Bullsi do pred dve godini shto ne gi ni pratev tolku, i op... Kraus kidnal :))

4/06/2006 10:29:00 pm  
Blogger retry said...

Vaka ako produzhat Knicks kje go zaboravam i Isiah, ili mozhda naprotiv kje go zapametam kako najgolema glupost shto im se desila na Knicksi vo posledno vreme :))

4/06/2006 10:31:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Vecerva jaki utakmici ama na mojata "kablovska sema" tapa... ke mora da se pratat na livescore... steta... aj koj ke glea u zivo sabajle da dade raport za pointeresnite deshavki...

4/07/2006 12:26:00 am  
Anonymous Чоте said...

Ех, Каракаш, игравме со Боро заедно 2 години. Жаревме и палевме по младинската лига у МК:))). Освоивме и титула една:), далечната 2000/2001. Никад не ми би паднало на памет дека он може да има ник боромир:). А и со тебе мислам дека сме играле баскет у партизан, еднаш или двапати.
Нема везе, ај да не бидам офтопик цело време. Да куцнам нешто за Индијана, не дека ја има Индијана негде у твојот пост, ама сепак...
Неќев да пишувам ништо додека не заврши серијата на Пејсерс, (црната серија!). Се испостави дека моите проценки околу составот на тимот се многу погрешни. Откако се комплетираа, не победија, Тинсли исклучително негативно влијае на тимот. Ноќеска, конечно, како што повеќето занете, Индијана победи (после 5 порази!) , глеам бокс скор, оп, Тинсли го нема. Стартер бил Ентони Џонсон а играл и Јасикевичиус. Ентони Џонсон сезонава игра многу боље од Тинсли, и искрeно се надевам дека на Џим Кери му се разјаснува тоа полека.
Сега ќе се обидам да направам мала анализа на варијантите што може да и се случат на Индијана во плејоф, т.е. позициите од кои Пејсерс може да стартуваат, односно противниците што може да ги имаат у прво коло.
Ако се види распоредот до крајот на регуларната сезона, освен Детроит , Индијана нема плејоф екипа за противник. Играат два пати со Њујорк (Боро поздрав!:)), Минесота, Шарлот, Бостон, Торонто и Орландо. Со оглед на тоа дека повеќето од овие тимови им лежат, со Бостон додуша сезонава имаат 0:3, но сетете се само на претходните 3 плејофи и Бостон:), jас, навивачки, очекувам скор од 6:2 или евентуално 7:1.
Најдобро може да завршат на петто место, на кое у моментов се наоѓа Вашингтон.
Вашингтон бега три победи, но има и прилично тешки противници до крајот на регуларниот дел, (Мајами, Детроит, Филаделфија и Чикаго), Фил. и Чик. не се нешто јаки, ама ќе мораат да гинат ако сакаат плејоф, што секако ќе биде проблем за Вашингтон. Визардс уште играат и со Кливленд, и две утакмици со Милвоки.
Другиот конкурент за 5то место, Милвоки, кој засега има скоро идентичен скор со Пејсерс, исто така, до крај, има тешки противници: ЊуЏерси,Детроит,Мемфис. Не очекувам ни кај нив позитивен скор од утакмиците до крај.
И на крај...да резимирам, ако Пејсерс завршат петти, ги глеам веќе у второ коло:), мислам дека нема да имаат проблем со Леброн Кавалирс. Ако пак завршат седми, исто така идат у второ коло, и веројатно ќе поминат нешто полесно отколку со Леброн. Мајами прилично "им лежи", тоа е добро познато. Пред некое време на блогов прочитав (ме мрзи да барам сеа кај беше постот) дека Индијана–Мајами се 13:2 у последниве 15 утакмици. Е сеа, едина работа што ме плаши, (мене, као навивач на Индијана:)), е многу веројатната варијанта Индијана да биде шеста. Мислам дека против забревтаните (ова терминологија на Зоран Михајлов:)) Њу Џерси шансите им се многу помали отколку со Кавс или Хит. Али ќе видиме :), за едно 20 дена.
И така... се забораив со постов, сакав да пишам нешто и за ЊуЈорк, ама другпат.

4/07/2006 03:49:00 am  
Blogger Karakash said...

A taman da pisam nesto za Indijana:)

Chote,ova mozda ke go stavam i vo post. Inace, ja pisav za 13-2 za Indi protiv Majami.

4/07/2006 09:54:00 am  
Blogger retry said...

Mnogu optimizam be. Aj so Cavs i taka i taka, ama deka Miami kje go tepaat, toa malku poteshko. Ne veruvam deka Pacers kje idat podaleku od 1-vo kolo, duri mislam i deka nema da pruzhat poseriozen otpor. A ako produzhat vaka mozhe i bez playoff da ostanat.

Vo sekoj sluchaj imaat opravdanie, posle site raboti shto im se sluchija ovaa sezona (zaebanciite so Artest), a za toa so Tinsley u pravo si. A i Anthony Johnson ne igra neshto posebno dobro. Mnogu me razochara na poslednive sredbi O'Neal, da ne bea Peja i Jackson teshko deka kje ja prekinea serijata. Mislam deka O'Neal treba da prevzema pogolema odgovornost vo napadot, a ne da se odi na shut po sekoja cena preku Stojakovich ili Jackson. Za Peja i taka i taka, ama chudno mi e shto Jackson stana vtora opcija vo napad na Pacers. Nema koj drug, toa e toa.

4/07/2006 10:44:00 am  
Blogger Shepard said...

инди ко ќе пројде преку мајами, лејкерси ќе земат титула.

4/07/2006 12:50:00 pm  
Blogger Shepard said...

уствари, коа би играле со мајами, ќе мора да се ослонат строго на пеџа и џекес пошо хит немаат некои „такви“ дефанзивци, да ги запушат овие двајца. ама да тепаш 4 утакмици со пеџа?!?!?!?

или со ЏЕКЕС?!!?!

4/07/2006 12:52:00 pm  
Blogger retry said...

Stvarno be, Peja dosega nema izigrano tri ili chetiri dobri utakmici po red u playoff. U Sakto ili beshe povreden ili mu "drhteshe ruka" na sekoja vtora utakmica i toa bash koga najmnogu treba (vi teknuva na bunarot protiv Lakers u 7-ma 2002 playoff). Ne veruvam deka neshto kje se promeni i u Pacers. Pogotovo shto i ostanatite soigrachi mu se paceri, u Kings bar imashe ushte 3-4 shto mozhea da potegnat.

4/07/2006 01:04:00 pm  
Anonymous Boromir said...

O Cote,kaj si be? U vtornik si doagam,pa glej da se vidime.Zarevme i palevme:)) Vcera zemavme titula tuka u Ceska univerzitetska,grom utakmica!Ja neznam sto tolku go napagate Tinsley.A djabe im davame sansi na site koga po pobedata na Pistonsi u miami vcera,detroit e finalist.A vecer statement moze da daat i spurs,taka da ako ostanat zdravi 100% u finale igraat Spurs-Pistons.U NBA nema mnogu mesto za iznenaduvanje.Igras bolji od cetiri,i koj e pojak,ke si tepa.Nema srekna kvalifikacija kako u liga sampioni

4/07/2006 03:09:00 pm  
Blogger Karakash said...

Mislis na MIlan, neli?:))

4/07/2006 03:30:00 pm  

Post a Comment

<< Home