Tuesday, April 25, 2006

Ејвори го претрка Бркот
Ејвори "Eeeee-ла-бeeeeeeма" Џонсон е тренер на годината. И тоа у само својата прва цела НБА сезона како коуч. Малиот Генерал заврши голема работа и конечно направи стабилен тим од Мавси, ама мој прв пик беше Мајк "Бркот" Д'Антони, кој со пола тим у болница и пола тим пацери, плус Неш и Мерион, успеа да стигне до 3. скор на Западот.
* * * * *
"It was good team basketball, Kobe got everyone involved, it was nice. But they didn't win, did they? So that means it didn't work, did it?" - Шон Мерион, за 1. меч.
* * * * *
Ова не го спомна никој, ама знам дека го видовте сите у текот на преносот у неделата. После оваа слика не сум спремен сега, а мислам дека нема ни да бидам никогаш, да го коментирам нејтив лукот на Карим...Дефиниција за очобол и случај за фешн-полисот во Феникс.
* * * * *
Мајами вчера ги тепаше Булси у нивната игра. Е сеа, уште да научат да го задржат тој моментум и енергија за дуелите со Детроит (и да им се опорави Зо и Вејд целосно) па ќе имаме интересна серија. Носиони беше ѕвер за Чикаго, погодувајќи 13-15 од поле за 30 поени, а нешто малце послаб беше Капетан Кирк со 29 поени. Ипак, се е тоа џабе кога играта се врти околу Шек, кој докажа дека се уште знае да си ја дигне играта кога е најпотребно. Дизелот погоди 6-7 за слободни. Вејд, иако игра со повреда на бутен мускул, беше клач у финиш, иако ја силуваше на неколку пати у 1. полувреме. Погоди за два од свртување на минута, па го залепи Гордон на 38 сек. до крај. Она што најмногу изненади е играта на другите момци, како Вилијамс, Поузи, Вокер, Пејтон и Долеак, кои одлично си завршија работа, пред се у напад. Сеа е само прашање колкава ќе биде победата на Мајами у серијата.
* * * * *
Од сите три средби вечер, Спорт4 ќе ја дава САС-Сакто?!?!?!? Фала богу за НБА ТВ, кои ќе ја даваат првата од дабл-хедерот, Кливленд-Вашингтон.

5 Comments:

Anonymous bodan said...

prv put godinava pomosh od ostanatite na shek i wejd! aj da vidimo so pojaki.-ejvori braos,donese odbrana u dalas.

4/26/2006 01:33:00 am  
Blogger Shepard said...

почетничка среќа за ејвори.

4/26/2006 02:12:00 am  
Blogger retry said...

Sepak mislam deka povekje Dallas go napravi Avery trenerishte otkolku toj shto gi napravi Mavs ekipishte. Imajte vo predvid i deka nasledi kompakten i uigran tim od Don Nelson. Ne e se po zasluga na maliot.

4/26/2006 09:52:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Да ама да им го дадоа на Далас за коуч еве на пример Тери Стотс или Морис Чикс незнам баш дали ќе ги задржеше како така убаво вкомпониран тим. Башка шо Далас сеа почнаа да играат и одбрана.

4/26/2006 10:29:00 am  
Blogger retry said...

Dobro de, ne vikam deka nema nikakva zasluga Avery. Mozham da kazham deka od lani ima malo podobruvanje Dallas, timot koj vo zadnjive 6 godini e gore dole na priblizhno isto nivo, so mnogu jako odigrana sezona, no relativno slaba uloga vo playoff (edno finale na zapad vo 2003). Ama ne treba tolku da se pravi super coach. Spored mene coach of the year bi trebalo da bide onoj koj kje mu donese na timot 15-20 pobedi povekje, a timot da ne pretrpel mnogu izmeni vo igrachkiot kadar.

4/26/2006 12:37:00 pm  

Post a Comment

<< Home