Monday, April 24, 2006

Рон и Хаслем у аут, Аризона Бизар, Нетси-Шметси
Како прво, чичко Штерн ги суспендираше на по една утакмица Јудонис Хаслем и, нема да ви се веруе - Рон Артест, поради нивните исклучувања, однсоно неспортски фаули у првите плеј-оф утакмици.Видов што се деси со Рон и Ману, а не мора да потсеќам за глумачките квалитети на Џино. Но, Рон не би бил Рон кога секој негов потег не би бил зголемен за десет пати. Плус, Ману не доби никаква казна за тоа што уште на старт го закачи Артест у уста, по што му требаа неколку конци на Рон за затварање на раната. Хаслем па, беше толку глуп да си го фрли штитникот од уста кон нај-бедес судијата Џои Крафорд. Грешка. Ми ја расипа вечерта. Сеа стварно не знам зашто би ги гледал Мајами-Чикаго вечер.
* * * * *
За вчерашниот дуел меѓу Феникс и Лејкерси можам да кажам само еден збор - бизарно. Може и чудно или фрики. Од една страна, вчера сите го видовме Коби каков што сите викавме и мислевме дека треба да биде за Лејкерси да станат озбилна плеј-оф екипа. Од друга страна, не ми текиња дека Лејкерси сезонава стигнаа до плеј-офот со ваква негова игра. Го сконтав планот на Зенот, Коби три периоди да биде плејмејкерот, а у задња да земе се у свои раце. Ама, не идат баш така работите, никој не е на копче, па така да мења како ќе игра кога ќе посака. Не ми ни текиња дека барем еднаш у сезонава дека Зенот ја испроба таа тактика, ставајќи го Мамба у таа улога. До пред крајот на средбата, Коби самиот беше збунет, не знаејќи што и како треба да изигра. Не верувам дека Коби може вака да се понаша цела серија, иако досега у кариерата покажал квалитети на скицо, одејќи контра очекувањата и секогаш обидувајќи се да докаже некои работи кои изгледа на цел свет му се јасни, само на него не. Средбата беше бизарна поради тоа и што после првата четвртина беше чиста мрскотија за гледање. Нити Феникс и Нешти трчаа, нити пак Лејкерси играа како што играа цела сезона. Се ми личеше како голема шаховска партија меѓу Зенот и Бркот, која на крајот ја доби помладиот Каспаров.
* * * * *
Да не ги заборавам ни Нетси, кои кикснаа уште на прва против Пацери-но моур. Утакмицава беше одличен показател зашто Кид задњиве две сезони не му е ни до колена на Неш. Главен кривец е баш тој и неговата мизерна одбрана, откако го затвори човекот кој му беше втора резерва пред три години, Ентони Џонсон, кој и на крај ги реши со две слободни. Картер се испуца, Нено одигра одлично и не треба да се криви за фаулот на 0.9 секунди до крај. Се дешава.
* * * * *
Синоќа ги гледав и Далас и Мемфис, ама нешто не ми се пишуе за нив.

10 Comments:

Blogger kole said...

znaes deka ne se slozuvam,ama aj ke prekutam :)).
p.s.so naprai so drazen

4/24/2006 09:03:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ko za pocetok na doigruvanje OK!

4/24/2006 09:09:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Вечер и а ќе глеам Мајами И ЌЕ ПИШАМ ЈАС ЕДЕН УБАВИЧОК ПОСТ ! ДИЈАЛ?

4/24/2006 09:33:00 pm  
Blogger znalac said...

Па и Nash на пресот тоа рече - на преходните Kobe имаше просек 40+, а не добија ниту една. Ред е нешто друго да пробаат...

Од се што гледав за викендов (а гледав се :), првото полувреме на SAS беше највпечатливо, +34 за две четвртини,... као со јуниори да играа...

4/24/2006 10:17:00 pm  
Blogger Karakash said...

Дијал Бето...

4/24/2006 10:27:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Ej, Karakash, имам еден текст спремено за Лејкерс, Да го постирам? Пошто глеам ти си постирал....

4/24/2006 10:32:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Глеав малце Далас - Мемфис. И да ти кажам тоа Гризлис не ги варам. А изглеа состојката шо не ја варам се вика Мајк Страчатело. Неможам. А и Далас не се баш за глеање, не бар коа се у бели дресови:)

4/24/2006 11:25:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ja neam kako da stanam za da ja gleam utakmicava, mobilniot ne mi raboti drug alarm neam
Izvinite ama stvarno sakav da pisham eden recap, valjda utre ke nadoknadam ke ja gleam SAS-SAC...Karakash use ednas izvini, ama so da praam...

4/25/2006 12:55:00 am  
Blogger flight 75 said...

Постирав ја.....
Не за друго, ќе застареше текстот :)

4/25/2006 01:53:00 am  
Blogger Karakash said...

U redu je Beto...toa vazi i za tebe Flajt.
Za vakvi tekstovi ne prasuvaj, postiraj.

4/25/2006 10:11:00 am  

Post a Comment

<< Home