Saturday, April 15, 2006

Магија во Орландо!
Бај Чоте, новото наше дете. Есма може вода да ни носи. Со својот скор од единаесет победи и еден пораз во последниве дванаесет натпревари Орландо деновиве го свртува вниманието на кошаркарската јавност кон себе. (каква реченица сум склопил, ала Зоран Михајлов :)) ) Што се случува со Орландо во последниве 20 дена? Најпрво, иако знаете сите , ќе споменам дека позитивниве промени во Орландо се случуваат по направените трампи со Детроит и Њуjорк. Главен збор во трампите имаше тренерот Брајан Хил, (веројатно се сеќавате дека Хил беше тренер на Орландо пред десетина години кога Меџик играше во финалето. Го попија тогаш солидно 4:0 од Хјустон и Хако, ама ако се има в предвид фактот дека дебелиот сеуште беше зелен, тоа беше голем успех). Да почнеме од почеток. На 15-ти февруари најпрво Орландо направи трампа со Детроит во која во замена за Келвин Кејто ги добија Аројо и Миличиќ. Истиот ден, го отпуштија Теренс Морис. Седум дена подоцна повторно направија трејд, овојпат го трампаа “главниот“ играч и “главната“ ѕвезда во тимот Стив Френсис за Енферни Хардавеј и Тревор Ариза. Иако веднаш по трампите игрите им беа слаби (што е и нормално), сепак, со тек на време се подобруваа, за еве деновиве да заокружат 12 натпревари со 92% успех.Да видиме сега како изгледа играта на Орландо низ бројки. Пред испраќањето на Френсис во Њујорк (22.февруари), Орландо имаше 19 победи и 34 порази, а по 22-ри февруари Орландо има 16 победи и 10 порази. Прв стрелец на тимот е Двајт Хауард со 15,6 поени по натпревар, (мај мен Ди Хауард – К.) Хауард е и прв скокач во тимот а воедно и втор во лигата со преку 12 скока по натпревар. Во последно време многу добро играат и Туркоглу и Нелсон, кој фаќа добар ритам по повредите. Да се фокусираме на послениве 12 натпревари. Она што на човек прво ќе му падне на памет е тоа дека Орландо можеби имал добар распоред, значи слаби противници во серија, па затоа и успеал да направи добар резултат. Но, тоа секако не е точно затоа што во серијава Орландо ги победи најдобрите тимови во НБА: Сан Антонио, Детроит и Мајами (и Далас и Феникс падна негде по пат), а исто така и плејоф претендентите Милвоки, Чикаго и Филаделфија. Друга воочлива работа во тимот на Орландо е се подобрата игра на Дарк-О.Тој конечно почнува да го покажува својот талент, конечно може да видиме зошто беше прв пик. (Втор, Чоте, не греши душа). Мислам дека со тек на време ќе станува се подобар и подобар. Тоа е веројатно и најголемата придобивка од сите трампи, Дарк-О и неговиот талент, на долги стази нормално. А да останеше у Детроит со дивљаците....греота :) Понатаму, во последниве 12 натпревари најдобар стрелец во тимот е Туркоглу, кој постигнува по 17,5 поени комбинирани со 4 скока. Втор и трет стрелец во тимот се Нелсон (16,9 поени, 2,8 скокови, 4,9 асистенции) и Хауард (15,9 поени и 12,6 скокови). Ударното трио игра доста стандардно, и комбинира пеесетина поени по натпревар. Ако се земат во предвид просечните (но, стандардни) учиноци на останатите играчи (Стивенсон, Миличиќ), станува јасно од каде доаѓа успехот на Орландо.Друг, веројатно најбитен момент во победничката серија е одбраната. Противниците на Орландо во последниве 12 натпревари просечно постигнуваат по 92 поени. Ако се спореди тоа со најдобрите одбрани сезонава, според резултатот Орландо би бил петти на листата на најдобри одбрани, т.е. на листата на тимови што примаат најмалку поени по натпревар. Сепак, напоменувам, се работи само за резултат од последните 12 натпревари. Кога се случија трампите на Орландо, барем мене, ми изгледаа наивни, сепак се чини дека направија одлична работа и наредната сезона очекувам да покажат уште подобри игри, и уште поважно да престанат да играат топло-ладно. Сезонава имаа 2-3 “црни“ серии од по 7-8 порази. Тоа е тоа, “углавном“. Орландо има шанси да игра во плеј-офот. Повеќе теоретски отоколку реално, но сепак, сеуште има шанси. Играат против три тима од Исток кои се борат за плеј-оф, тимови кои им се директни конкуренти за 8. место во Источната конференција. Орландо треба да победи во сите три натпревари до крај, а ако се има во предвид променливата формата на претендентите за осмото место, можеби шансите и не им се само теоретски. Браво Чоте, као за прв пут – не е лошо. Не болеше нели. Утре да видам чаршаф на тераса:) Еве, добивме и фан на Орландо. Време беше. - Каракаш

26 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Абе ко шо би рекле вие - Се повампирија...јебига:)))

Орландо ми се свиѓаат онака уше од прв моменат убави дресчиња, бричени глави...некако кошаркарски ми изгледаат.
П.С. Особено се израдуев коа прочитав дека Картер имало шанси у лето 2007-мо да иде у Орландо. Каков тим би биле тогаш со Двајтчо, Џамир и Картер.

4/15/2006 07:51:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето бе, па не се толку глупи у Орландо. Доста им беше заебанции со Ти-Мек и Грент Хил (и со двајцата од различни причини).

Мислиш дека би сакале пак да си имаат работа со сумњив карактер, кој би го уназадил развојот на младите ѕвезди?

4/15/2006 08:57:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Aј бе па и ти мораш да ми скршиш филмот...ебате ти мене ме воајираш или ја тебе??

4/15/2006 10:04:00 pm  
Blogger Karakash said...

А бе, јави се да си го земеш Дајмот, иначе го давам на некој друг.
Стана бајат.

4/15/2006 10:17:00 pm  
Anonymous bodan said...

Dobro e ko za prvput!Ima mali greshke u procentite,ama sve u svemu dobro!Nelson kao prv pley e klucot spored mene,mada spored minatoto i on ne e imun na catalenje.

4/16/2006 12:58:00 am  
Anonymous Чоте said...

Кај има грешка? Баш ме интересира, пошто повеќето проценти се рачно пресметувани. Јебига, не ти дава никој готови бројки за последните 12 утакмици на Орландо:). Инаку, не знам од кај Каракаш заклучил дека сум фан на Орландо, па ја ги мразам Орландо скоро колку Детроит и ЊуЈорк! :)

4/16/2006 01:58:00 am  
Anonymous Bojan said...

Mnogu me interesira kakva ke im bese igrata so Grent Hill... iako mi e (bese) omilen igrac u liga, ipak mislam deka so nego nemase da go napravat ova so go napravija... ke morase da igra starter, sto najverojtno turakot ke go staese na klupa... a sudzukot e u zivotna forma... za Hauard imam samo pofalni zvorovi... momakot e zverka i mozam samo da zamislam kako ke igra koa ke potsozree malce (da potsetam Garnet kaza deka e bolji od nego na negova vozrast)...
A sto se odnesuva go karter mislam deka ako toa se desi ke bide golema greska poso vo 2007 ke ja trosi 31ta od zivotot i ke bide samo problem u tim (poso gleam deka neso mnogu se filma u zadnje vreme)

4/16/2006 02:20:00 am  
Anonymous Bojan said...

28 so 26 protiv konkurent za plej of... strava e...

4/16/2006 03:38:00 am  
Blogger Shepard said...

ајде чоте, нек се угоде, а ја иам уше 2 деца шо средуем документи за старателство!

4/16/2006 03:42:00 am  
Anonymous чоте said...

Фала Шеп, фала...

4/16/2006 03:52:00 am  
Anonymous Гижо said...

убаво би било орландо да се вратат назад, не им личи вака ко губитници

4/16/2006 01:07:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Momentalno iako se so minmalni sansi za plej of, Orladno voopste ne licat na gubitnici...

4/16/2006 02:47:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Lakers-Suns 16-1 posle pominati 3 minuti... hmmmm ... mnogu utakmici se prodavaat na krajov od sezonava...

4/16/2006 09:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ne mestat, nego ekipite koi si imaat sigurna pozicija pred plej-of si gi odmaraat zvezdite. Kao Nesh sea protiv Lejkersi.
Nema tuka nishto sporno. Ne deka mene mi e po vkus.
Plus, cesto toa znaelo da im se udri od glava na nekoi ekipi.

4/16/2006 10:13:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Pa bas zaradi toa zboram... 2 nedeli nema asalna utakmica za gleanje... miami, nets, suns ... gi pustaat utakmicite...
Ama i treba da im se udri od glaa...

4/16/2006 11:01:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

ЖАЛ МИ Е ШТО СЕА ЧИКАГО ТЕПАА СО МАЈАМИ И ОРЛАНДО НЕМААТ ВИШЕ НИ ТЕОРИЈА ЗА У ПЛЕЈ-ОФО...

ОРЛАНДО МИ СТАНАА ЕДНА ОД ОМИЛЕНИТЕ ЕКИПИ МЕСЕЦОВ, А ЏАМИР ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ИГРАЧИ.

РИСПЕКТ ФОР ДИ ЊУ ОРЛАНДО АНД Д ЊУ МАДАФАКАЗ ФРОМ ДИЗНИЛЕНД

4/17/2006 12:05:00 am  
Blogger retry said...

Abe go urochivte Orlando be, ejjjjj... :)) Pomalce komentari trebashe za ova. Kaj najde be Chote za ova da pishuvash kako za start (btw chestito i da ti se mnozhat).

Mnogu merak mi napravija Lakers sega sho tepaa, iako u pravo e Enko koga vika deka si gi odmoraat dzvezdite, shto e i logichno. Ama sepak golem merak mi padna. Aj neka ni e chestito na site Lakers fan-ovi osiguran playoff. Shep, otvaraj shampanj.

4/17/2006 12:12:00 am  
Blogger Shepard said...

абе, ова се важеше ко плејоф.

ајде, аирлија

*отвара шампањ*

4/17/2006 12:16:00 am  
Blogger kole said...

ej ej rano e za slavenje!!!!tamu na pocetok na juni ke slavime :)

4/17/2006 12:35:00 am  
Anonymous чоте said...

Ритрај, фала! :)
А Шеп ќе треба да отвоти една и да спрема друга флаша шампањ, првавта за плејоф а втората за МВП. У пар наврати за време на денешниот пренос ги дадоа кандидатите за МВП. Коби ќе да е. Таква комбинација ми изглеаше немогуќа пред 2-3 недели, ама после се ова...мислам дека има најголеми шанси.
П.С. Новиот НБА коментатор на спорт4 е тапа!

4/17/2006 01:38:00 am  
Anonymous bodan said...

чоте,ја го имам џамир во фантази,и процентот во сите три категорие му е покачен.сепак коментарот беше добронамерен.поздраф!

4/17/2006 02:04:00 am  
Anonymous Bojan said...

Ja use veruvam deka mozen MVP e Dirk... ne deka i Kobe ne mi odgovara, ama Dirk e coekot na sezonata...
I jas zalam za orlando ama na kraj dodadoa gas... trebase porano...
Sea koa vise skoro se e jasno zelba ke mi bide chicago da se iskaci so povisoko u istok zoso indijana i milvoki se tapaci nevideni...

4/17/2006 03:19:00 am  
Anonymous чоте said...

Бодан, ок е. Риспект!

4/17/2006 03:44:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Well done!
[url=http://lqxdiqwx.com/biyz/yfyz.html]My homepage[/url] | [url=http://ltmbkxpg.com/gcmw/dqtj.html]Cool site[/url]

10/31/2006 05:14:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Nice site!
My homepage | Please visit

10/31/2006 05:14:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Well done!
http://lqxdiqwx.com/biyz/yfyz.html | http://ojeyagxg.com/gcso/fgvp.html

10/31/2006 05:15:00 pm  

Post a Comment

<< Home