Saturday, April 08, 2006

Клач-мач, Шон-шошон, Ал-Џазира, Чарли Ви и Ева порасна ...(со Коби клач допуна)
У моето рибарско отсуство, видов дека се развила жестока дискусија за постот кој е по-клач. Флајт, инфото кое ја го добив вчера сабајле се однесуваше само на рег. сезона и не на средби одлучени со слободни, него со шутеви од игра. У него (од АП е) пишуваше вака: "Melo has hardened his reputation this season as the game's top clutch performer. He is now 10-for-15 in shots to win or tie in the final 10 seconds for his career, and his eight career game-winning baskets are just three shy of what Michael Jordan managed in 15 NBA seasons" Прво и јас си реков дека овие сигурно се натрипани, ама сабајлево укључив екселот:) и прочепкав низ интернет и го најдов ова. Како и да е, се слагам со многу од вас дека какви и податоци, т.е. бројки, да се избацат, тие нема да можат да го измерат стравот кој противничките фанови, играчи, тренери, мајки и татковци го осеќаат кога се решава утакмицата и кога баскетот е у раце на играч кој знаат дека ќе ги реши. За мене, се уште нема по-клач играчи од Мајкл и Лери Бирд, и така ќе остане уште некое време, зашто у младиве фаци не гледам некој кој би им се доближил. Можда Мело ако продужи вака, иако се слагам дека ја би бил многу поисплашен кога у задњи напад би требал да се бранам, а Коби да напаѓа, иако типовите на 82гејмс имаа некои други бројки.
* * * * *
Клач муабетот не завршува тука, зашто од оправдани причини вчера не го продолжив постот со Детроит-Мајами. Таму имаше неколку дефиниции што е клач играч, а најдобрата ја даде Чонси, кога им ги исече крилата на домаќините, кои откако се понадеваа дека стигнале на минус 4 на минута и пол, попија гооолема тројка од Билапс за крај на надежта. У таа акција и јасно се виде што е разликата меѓу 1. и 2. на Истокот, зашто у таков момент озбилна екипа не смее да си дозволи да остави сам играч кој е мртов ладен у завршници. Разликата (која не е мала) се виде и у доста други ситуации, а секој од стартерите на Пистонси си заврши работа. Кај Мајами пак само Шек и Вејд играа нешто, ама џабе кога остатокот од екипата, која самиот Рајли си ја склопи се пацери. Никакво оправдување не се ни баксузните и ружни АБА дресови, како ни повредите на тројца битни играчи, од кои Белото Чоколадо нема да го гледаме до крајот на сезоната, а можеби ни во 1. рунда. Кој им е стартен плеј до крај?...Гери Пејтон. Коа сме кај Пистонси, Дарк-О пред дуелот на Орландо и Детроит изјави- "For these three years they killed almost everything in me”. Сигурно му викнал стриптизети на Хидо после победата над Пистонси, после која Детроит се уште е прв у лига, а Орландо се уште нема да игра плеј-оф. Барем Дарк-О е среќен.
* * * * *
Ако сте вие Шон Кемп, и после три години диети и напорна работа добиете шанса пак да го работите единственото нешто што знаете да го правите во животот, не сметајќи го тука плескањето различни жени на секое гостување, мислите ли дека можете да си дозволите вакво нешто?!?!?! Шошончо не се појавил на закажаниот састанак со Далас, поради, пази ова - тоа што во моментот не се наоѓал во земјата?!?!? Изгледа холестеролот од стонакот му отишол у глава. Свести се Шон, Шеп ис каунтинг он ју.
* * * * *
После Кавси и Сиксерси пишав дека ми е жал за Ајверсон, зашто што и да игра тој, кога има такви папаци околу себе, плеј-офот може лесно да стане само пуста желба. Како што стојат работитетака и ќе биде, откако по поразот дома од уште послабиот Бостон, Фила ептен падна на 9. место на Истокот. Уште вечер Булси да си ги тепаат дома и 8. место е нивно, мада не ми била никад јасна таа трка за последно место кога на 1. има екипа која сигурно ќе си гази до Финале. Можда е и боље за Сиксерси да не играат, па да си ја пробаат среќана на драфт лутријата.
* * * * *
"When I got that call, I went out on my balcony and took a bottle of wine and got drunk...by myself." - Доминик за селекцијата во Хол оф Фејм. Бај д веј, Доминик работи за Ал-Џазира.
* * * * *
Кога Чарли Ви убаци 48 поени против Милвоки, пишав дека боледува од болест за која Бодан ми даде латинско име и детално објаснување. Еве убав текст за тоа како порано се справувал Вилануева со пореметувањето, и како сега им ги затнува муцките на сите критичари по ланскиот драфт. Дури е тазе и сме у Торонто, тие до крај на сезоната го изгубија Крис Бош.
* * * * *
Кога развивме муабет за тоа кој е најбољи дефанзивец, заборавивме да го прашаме типот кој ја има освојувано таа награда, што тој мисли. Откако го прочита постот на Флајт и ни прати ејл кој не сакавме да го објавиме, Рон-Рон ни се обрати преку Нет.
* * * * *
Нормално, не заборавив на синоќешното плескање у Тексас. Мавси целосно заслужија да тепаат, покажаа дека имаат против-оружје за мрската игра на СанАн. и дека го заслужуваат 1. место на Западот. Тимчо Роботчо има неколку прегорени чипови, што беше евидентно синојќа, а ако техничарите у Спарси не му ги поправат до плеј-оф, ништо од одбраната на титулата. И вториот битен фактор на Спарси вчера го немаше нигде, нешто што не е ново за Тони Лонгориа. Можеби уште не му се веруваше дека метро и жилетче високата Ева може да биде ВОЛКУ, т.е. ВОЛКУ поголема од него.
* * * * *
Нормално, тука се и 51 поени на Коби и новиот пораз на Лејкерси, кои се сеа 8. по победата на Кингси над Клиперси. 50 победа сезонава за Санси, за кои Амаре ќе заигра пак, ама догодина. Моите Хоукси, кои ги истабаа и Визардси. Пацерите, кои да имаше барем уште една асална екипа на Истокот немаше да видат плеј-оф. Со ова идат и Никси, кои без Марбери у екипа добија две тесни. Ѕверовите Аринас, Гасоламабад, Јаоза, Реј Ален, Мајк Џејмс, Бузер, Дирк, Биби, Коби, па и Пеџа...
* * * * *
Еве и допуна, посветена на Коби и неговите клач квалитети, да не биде - Чичко Енко запнал со овој Мело:) Вреди да се погледнат двата клипа, првиот е ептен долг и у него се убацени, вероватно сите клач потези на КБ, вклучувајќи ги и тие у одбраната, иако не се сите у задњи секунди, него у задња минута, додека другиот е од мечот со Денвер и 3+1 со кои ја однесе средбата у продолжение (у кое Мело пак беше по-клач:). Уживајте, посебно вија фанови на јапанскиот Стек:

15 Comments:

Anonymous darko said...

Karakash kako bese na tikveshko?
Izvadi nekoj Karash ? :)

4/08/2006 03:50:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

se zaebaa Lakers pak, ama sepak kje bidat sedmi, i Kobe kje im plati na Suns u play-off. Dobro kje mu dojde sto nema da igra protiv Amare.

4/08/2006 04:09:00 pm  
Blogger Teko said...

Sixers-и го попапаа хахаха, Чикаго иде даље (се надевам).

А Дарко - БАНАНАМЕН ке биде голем играч и можам да замислам кој ќеф му се напраил кога ги победиле Пистонси, а плус и залепил една БАНАНА.

Меџик со Аројо и Миличиќ добија доста, всушност тоа се гледа во бројот на победите кои ги имаат постигнато.

4/08/2006 06:12:00 pm  
Blogger марче said...

Anonymous cekaj prvo neka se plasiraat Lakers u Play-Off :)))

4/08/2006 06:23:00 pm  
Blogger retry said...

Mnogu lesen raspored do kraj imaat Sakto (u bestraga). I Lakers skoro site gi igraat doma, ama gi gostat Phoenix i Denver (mislam deka kje gi tepaat ama aj da ne prerechuvam). Shto znachi ako i dvata tima gi dobijat site do kraj, pak Lakers kje bidat 8 shto ne mi se dopagja bidejkji kje igraat so Spurs (vo vakva situacija sakav Dallas da bidat No. 1, za da im bide polesno na Lakers, ama ne veruvam deka kje gi stignat Spurs za mestoto prv na zapadot, pogotovo shto kje mora Spursi da izgubat 2 do kraj, a Dallas site da gi dobie).

4/08/2006 06:23:00 pm  
Blogger Karakash said...

Стварно мислиш дека ќе направи разоика тоа дали ќе играат со Далас или со Сан Ан.?

4/08/2006 08:58:00 pm  
Blogger Teko said...

Ете ти сега наместо да ги растурат и да ги решат дилемите околу тоа кој ќе оди во плеј-оф, тие го направија обратното, им дозволија на Сиксерси да ги растурат Булси у сред Чикаго.
Катастрофа!!!

4/09/2006 05:24:00 pm  
Blogger Karakash said...

Стварно катастрофи Теко.
Изгледа Денг е поважен отколку мислиме. Како ли се удрија со главите со Пјатковски на шутараундот сабајлето?

Мене не ми е јасно како може така променливо да игра Гордон.

4/09/2006 05:52:00 pm  
Blogger retry said...

Ima razlika, kako nema, pa Dallas imaat nabieno kompleks od Lakers i Kobe. Ama ni toa ne mora nishto da znachi.

A ova so Gordon stvarno me iznenadi vcherashnata slaba partija, ama moram da povtoram, podobro beshe koga Gordon igrashe u startni 5, iako vchera Duhon imashe relativno solidna partija shto e retkost za nego sezonava. Overall Gordon e podobar igrach i mora da mu se dade pogolema minutazha.

4/09/2006 08:10:00 pm  
Blogger Karakash said...

Тачно.

4/09/2006 08:28:00 pm  
Blogger Shepard said...

за клиповето со коби: НЕ, КОБИ НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ МВП, ТОА ЌЕ БИДЕ ПОЛИТИКА!

4/10/2006 05:06:00 am  
Anonymous Anonymous said...

ako ne zasluzuva godinava, nikad nema da ja "zasluzi". za lebron ima vreme- nego ne mu begaat 5-6 mvp tituli.

4/10/2006 01:39:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ќе ја заслужи, има време и за него.

Кога ќе почне да ги прави соиграчите подобри отколку што тие навистина се и ќе ги однесе Лејкерси барем до средината на Западот. Е тогаш ќе биде МВП.
Вака - не.

4/10/2006 01:54:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе број ти иам бе, ќе ти се јавуем у темница! :)))))))

4/10/2006 04:38:00 pm  
Blogger Karakash said...

у темница, бе пеер:)))

Ќе ми дишеш у телефон:)

4/10/2006 06:42:00 pm  

Post a Comment

<< Home