Saturday, April 01, 2006

Бидна.
Е па, редно беше. За Ник, и што тој значи за мојата љубов со НБА мислам дека имам пишувано доста. Иначе, целава работа со Хол оф Фејм ми изгуби на значење кога лани не го избраа, али бетер лејт ден невер. Ова е вистинско исправање на грешката, иако таа е преголема за да се исправи со еден потег. Моите баскет почетоци се поврзани со двајца луѓе: Кукоч и Дражен, а вистинската фасцинација со нешто вонземско настана кога сосема случајно, на крајно лоша ВХС снимка видов едно типче у црвен дрес, со 21. на грбот, како го растура Магичниот и големите Лејкерси, а само една недела покасно истото им го прави и на Лери и, можеби уште поголемиот Бостон. Оттогаш љубовта кон Ник и Атланта не престана, иако во некои моменти, како трампата у Клиперси беше разнишана (мислам на таа кон Хоукси). Ете зошто и ден-денес навивам за Атланта, иако е многу помодерно денес да се навива за некои други клубови. Еве неколку линкови како потсетник, да не се повторувам...
* * * * *
Нормално, најпрво бројките низ кариерата на Ник, чисто да знаете за каков играч станува збор. Видете колкав просек имаше на 37 години, а и нешто подоле на сајтот, со кој имал најслични сезони на стартот на своите 30-ти.
* * * * *
Прашајте било кој фан на Атланта и Бостон за најголемата утакмица на овие два тима, сите ќе ви кажат за дуелот од плеј-офот 1988, кога Ник и Бирд играа кош за кош. Еве ја таа утакмица, низ зборовите на самиот Доминик.
* * * * *
Мојот прв уопште блогерски пост. Не мора да кажеум за кого бил напишан, нели?
* * * * *
Клипче од Гугл Видео.
* * * * *
Пост кој најверојатно ви е познат на повеќето од вас, од пред Ол-Старот у Хјустон. Еве го главниот дел...Најголемиот дел ќе му го посветам на човекот кој неправедно беше изоставен 1996 год. и кој е виновен за мојата заразеност со НБА. За прв пат помислив дека и у НБА владее одредена политика беше кога за Дрим-Тимот у Барселона 1992 година не беа селектирани Доминик Вилкинс и Ајзеа Томас, што беше невидена глупост на комесарот и другарчињата. Ајзеа го доби извинувањето 1996 у Кливленд кога го избраа у Топ 50, но Ник никогаш не го доби потребното признание од лигата. Тој однос на Штерн и пријателите продолжува до ден-денес, а посебно беше срамен потег минатото лето кога Доминик не беше избран у Хол оф Фејм, каде нормално, има место за еден таков виртуоз од типот на Дино "Гробот" Менегин. За сите кои имале прилика да го гледаат Ник, тој е еден од најголемите НБА ѕвезди на 80-те и причина многумина да почнат да гледаат НБА. Во времето кога фановите се делеа на навивачи на Меџик и Лејкерси, Мајкл и Булси или Лери и Селтикси, Доминик му понуди надеж на остатокот од НБА светот. За тоа какво влијание тој имаше врз денешните играчи не треба да се зборува, зошто секој од нив се уште се обидува да ги копира потезите на Ник. Тој беше прв стрелец сезоната 1985-86, а цели 11 сезони по ред имаше просек поголем од 20 поени. Два пати беше шампион у куцање, а да не беше грабежот у Чикаго 1988 год. ќе беше единствен со три титули. Но, Ник беше многу повеќе од машина за забивања и кошеви, тој беше срцето на Хоукси кои по неговата трампа на барање на моронот Лени Вилкенс, никогаш не се опоравија. На повлекувањето на неговиот дрес (21), дојдоа сите играчи кои му беа ривали додека играше, од Мајкл, до Меџик, Лери, Ајзеа, Баркли, Јуинг, Мелоун и Стоктон. Сите тие кажаа дека срамота е што Доминик не е со нив во Топ 50, зошто тој не само што го заслужува тоа место, туку сигурно е и во Топ 40 или Топ 30. Време е...и бидна.

11 Comments:

Blogger Shepard said...

емотивно..

4/01/2006 05:44:00 pm  
Blogger retry said...

Inache Enko, dobro shto me potseti so povtoruvanjeto na tvojot postar post, pred skoro dve godini, neposredno pred finaleto LAL-DET imashe napis u hrvatskata "KOSHARKA" za nepochituvanjeto i loshiot odnos kon nekoi dzvezdi koi apsolutno ne go zasluzhuvaat toa. Se raboteshe za sluchajot na Isiah zaoshto ne bil povikan vo originalniot Dream Team. Navodno (ne znam od kade im e na hrvative informacijata, ama ne uspeav da najdam drug izvor) Jordan vmeshal prsti u celava situacija i izlobiral kaj Shtern poradi golemiot rivalitet i teshkite porazi shto gi trpea Bulls tokmu od timot na Thomas. E sega tuka ne zastanuva celata prikazna tuku del od vinata padnala i na Larry Bird bidejkji se navredil koga vo mediumite Isiah izjavil deka "Bird bi bil samo ushte eden obichen dobar igrach (a ne dzvezda) ako po nekoja sluchajnost bil roden so crna boja na kozhata!". Ako e ova tochno (neka napishe nekoj od vas dali naishol na vakva slichna informacija), togash i vo NBA go ima onoj "makedonski sindrom" nepochituvanje na rivalot i samo formalno odenje na ceremonii i davanje izjavi koi lichnostite shto gi kazhale ne gi ni mislat.

4/01/2006 06:34:00 pm  
Blogger kole said...

абе ова се со доминик да не е првоаприлска шега????? :)))))

4/01/2006 08:23:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ритрај, за ова со Ајзеа: Да, целиот муабет за Дрим Тим и Мајкл и Бирд не се без основа. Т
Има вистина во тоа што го напиша, мада поголема заслуга за неиграњето на Ајзеа во Барсеолна има самиот тој и неговиот долг јазик.
Мајкл веројатно умешал прсти, ништо чудно, зашто за тоа сум слушнал на повеќе места.

Со Бирд е друга прича, која влече корени неколку години пред Барселона, кога Бостон и Индијана беа лути ривали. Бирд веројатно нема врска со небирањето на Зик во Дрим Тимот, но веројатно и му било мило кога дознал дека нема да мора да игра со него.

Ај у лето, кога ќе биде тапа ќе се позабавиме и со некои вакви причи.

4/01/2006 11:42:00 pm  
Blogger retry said...

Mislish valjda INDIANA=DETROIT

Nego ista pricha najverojatno beshe i koga go otpushtija Isiah pred nekolku godini od trenesrkoto mesto vo Pacers. Pretpostavuvam po zasluga na you know who.

4/02/2006 12:31:00 am  
Blogger Karakash said...

Тачно, Индијана=Детроит. Се префрлив на колеџ даните на Томас.

Не е тајна ни тоа за отпуштањето од Пејсерси.

4/02/2006 12:34:00 am  
Anonymous bodan said...

Au karakash,ti sigurno i si lobiral:))

4/02/2006 12:46:00 am  
Blogger Karakash said...

Секоја недела купуев Lobi:))

4/02/2006 12:59:00 am  
Blogger Laf said...

Mislis ustvari koga Boston i Detroit bea rivali... :)

Nego - speaking of 'Nique & Bird - na sajtot za NBA torrent-i BB4LL (http://www.bb4ll.net) denovive aktuelno e DVD-to "Larry Bird - A Basketball Legend". DVD-to sodrzi 2 dvostrani diska, znavi vkupno 4 torrent-i. Najtaze postuvan e Disc 2 Side 1 koj go sodrzi natprevarot 7 od 1988, Atlanta vs. Boston (spomenatiot 'Nique vs. Bird duel). Stanuva zbor znaci za nekolku GB (3-4), posto e DVD vo prasanje, pa ko voli, nek izvoli... :)
Eve link do toj torrent:
http://www.bb4ll.net/details.php?id=494

4/02/2006 03:04:00 am  
Blogger Karakash said...

Torentite pocnaa da se simnuvaat uste pred nedela dena Lafe, ali ipak, fala na infoto.

4/02/2006 10:24:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Very nice! I found a place where you can
make some nice extra cash secret shopping. Just go to the site below
and put in your zip to see what's available in your area.
I made over $900 last month having fun!
make extra money

4/07/2006 09:36:00 am  

Post a Comment

<< Home