Tuesday, March 14, 2006

X енд Y на Западот, NCAA, Фан Бинбинг, Калвин Лејн и Мело Панкд
Ритамов од гледање НБА утакмица секоја вечер (а по две у петок и недела) почна да си зима данок, така да синоќа не ја догледав задњата четвртина од Хорнетс-Нетс, мада да бев попаметен немаше ич да ги гледам, а сабајлево тешко дека ќе останам без сон за Клиперси и Вулфси. Можда ќе станам накај некои 5:45 да фатам 2. полувреме. Како и да е, влегуваме и задњите 20 утакмици у сезона за секој тим и мислам дека имаме после подолго време еден куп иксови и ипсилони пред нас. Тоа пред се тимовите кои ќе играат плеј-оф на Западот од 5-8 место, покрај Спарси, Мавси, Санси и вероватно Денвер и Клиперси. Да бе, Клиперси. По ала-баба Ванѓа предикшнот на Шепард, Лејкерси се фрлија у вода со пораз дома од Соникси. Да биде малерот поголем, тие одиграа ретка избалансирана офанзивна партија, но одбраната беше шупља до коска. Така Реј си стигна до своите 15 000 поен во кариерата, и стана 97. играч! у историјата со такво достигнување. Покрај Лејкерси, главни конкуренти за место у плеј-оф се Кингси, кои против Далас презентираа нешто на што беа алергични задњиве...уствари одувек. Тепаа со одбрана, а Мавси дадоа само 80 поени. Ги гледав и со Мемфис, и убеден сум дека ќе играат плеј-оф. Артест е ѕвер, а и екипата почна да се уклапа. Тоа ни ги остава Хорнетси како жртви. Ги гледав синоќа и можам да кажам дека одамна не сум видел екипа која така се мачи у напад како они. За нивна среќа и Нетси се мизерни, така да не изгубија со 50 разлика. Знам дека плеј-оф пласман ќе беше совршена награда за раселените, но ништо од тоа. И онака дадоа премногу од себе оваа сезона. За тоа, свака им част.За малце ќе ги заборавев Рокетси. Ако Трејси не се врати ускоро, ништо од плеј-офот по прв пут у кариерата на Џеф "Подочњаци" Ван Ганди. Не може Јаоза сам да ги носи на грб мрцините од типот на Стро, Џуан енд ко. Непознаница на Западот е и тоа кој ќе биде прв, мада мислам дека Спарси ќе се разбудат и ќе се одбранат од налетот на Мавси. И двете екипи имаат незгодни гостувања овие месец дена. Феникс е зад нив и по поразот од Мистикс мислам дека немаат шанси да ги стигнат, пљус инфото за коленото на Амаре сигурно не им дојде добро. Толку од непознаниците на Западот, за тие на другата обала, у текот на оваа недела.
* * * * *
Иам добра и лоша вест за фановите на Санси, (да, ти Марче). Коленото кое Амаре го оперираше е скоро 100% опоравено. Тоа е добрата. Лошата е што другото негово колено, како и што пишавме пред некои две недели, му собира вода што предизвикува отоци и болка. Поради тоа, Ѕверот почна да размишља ич да не се враќа сезонава. Малер и за Феникс, и за мене у МакНБА фентази лигата.
* * * * *
Знам дека некои од вас бараа да пишеме нешто за колеџ кошарката, али ја сезонава не сум гледал буквално ниедна НЦАА утакмица, така да неам основа да пишувам. Само знам дека Џеј-Џеј Ридик ќе биде доста добар НБА играч, ваљда нешто како Воли, и истото се однесува и на Адам Морисон од Гонзага на Сток. Двајца белци се двете најголеми колеџ звезди, самтингс вронг вит д ворлд. Еве ви линк до текст од Ленг, кој е солидна најава на претстојниот 2006 турнамент. Од мене за НЦАА толку, али ако има некој од вас кој сезонава прати колеџ баскет, слободно нека прати текстче.
* * * * *
Кога погоре го спомнва Воли Зулендер, еве причина уште еднаш да ја пуштам неговава слика. Цепки.
* * * * *
Не ми е јасно како можат Фан Бинбинг и Ли Бинбинг да не бидат најпопуларни ликови у Кина, а една Ли Јучун да биде пред нив. Јас сум згрозен и шокиран.:)
* * * * *
Сте виделе некад Шек покрај некој да изгледал како мало дете. Не? Е па онда, мит Калвин Лејн.
* * * * *
За крај, одамна не сум ставил видео. Еве го Мело у МТВ Панкд, шоуто на Кајл Корвер.(Пазете како бил типот облечен за низ град. Фраериште.) Совет (агеин), пошто им треба време да се учитаат клиповите, а ако имате поспор конекшн, стиснете го плеј дугмето у долен лев угао, а онда на истото место стиснете го пауза дугмето и чекајте да се лоудира. За максимално уживање, земете си лубрикант:).

19 Comments:

Blogger марче said...

se se plasam deka rabotava so stadeamaer ne ke e na arno ... mnogu me potsekja na frkite sto mu se desavaa i seuste mu se desavaat na grent hill ... daj boze da gresam ... mislam mnogu kje izgubi nba bez stademar ... a bashka sto karakash go ima u tim ...

3/14/2006 01:18:00 am  
Blogger Karakash said...

Тоа башка:)

Немај гајле за Амаре, он е уште млад да му се дешаваат срања од типот на Хил, Хјустон или Вебер. Тоа докторите у Феникс се само малце повнимателни.

3/14/2006 01:20:00 am  
Anonymous бодан said...

Убоо,опширно и содржајно постче!Епа по ред.За запад мислим дека лејкерс ќе го испота добро гзот за плејоф.Пошто по голема победа губа од лузери(сиетал),ама имаа многу среќа шо конкурентите им са тапа. За сакто мислим дека и не е касно,туку прекасно?Хјустон дефинитивно е жив малер.Јута не у оптек.Од фаворитите:Ако не се опрае Амаре би било права штета за цел плејоф.НЦАА-Сум ги гледал и Ридик и Морисон неколкупута.Засигурно има материјал у нив.Поготово у првиот кој е поголем талент од Воли, а има и невидена харизма за бел играч)):

3/14/2006 03:59:00 am  
Anonymous bodan said...

Za karakash: Amare=Telepatija,astrologija i crna magija)):

3/14/2006 04:04:00 am  
Blogger Karakash said...

Бодане, а бе некој мора да игра у плеј-оф од Запад. Ти сите ги исклучи:)

3/14/2006 09:58:00 am  
Anonymous darko said...

:))

3/14/2006 11:27:00 am  
Blogger Shepard said...

govedovo, првпат го глеам..

3/14/2006 03:22:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ne be karakash,samo sakav da kazem deka 7 sa 90% sigurni a lejkers 70%,a megu kandidatite ne sa spomenatite.

3/14/2006 05:04:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Е после ова со Амари, ништо не прават Феникс сезонава. Само 7 играчи остануваат. Покрај клупата на Сан Антонио немаат шанси. А супер шо Кингси се враќаат у плејоф. Артест ми е баш “западен“ играч.

Шоуто на МТВ на Кајл Корвер?????

П.С. Одамна не сум ви пуштил честитка
...

3/14/2006 05:18:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

ЕЕЕЕЕЕЕ Џ.Џ. Редик каков играч може да стане ни сам незнае. Секој втор ден го гледам на ЕСПН и милина за очи е дечкото каков шут има.Слободни има 90 и некој процент. Тројки 40 нешо.ФЕНОМЕНАЛНО.
Морисон или попознат како Д Мусташ е малце повисок од Редик али е поглуп по мозок. Малце тоа... Иначе и он е дефинитли еден од двајцата најголеми таленти во НЦАА. Башка и двајцата се белци.!.

Амаренко мислам дека ќе се врне таман пред плеј-оф. Нема шанси да ја преседи цела сезона има црви у гзот. Ако не му даваат, на свој ризик ќе игра у плеј-оф. Ќе видите!

Лејкерси ОСЕЌАМ дека ќе го фатат последниот воз за плеј-офот исто како и Сакто кои сега ми личат на екипа морам да признаам. Артест е најбоље играч у НБА ако се земат двата краја од теренот.

Хјустон...13...Саше фактор икс да ми каже шо ќе се деси со нив.

3/14/2006 06:00:00 pm  
Blogger Shepard said...

respekt 4 chale :)

3/14/2006 06:07:00 pm  
Blogger Karakash said...

Фала, Чале...

За Корвер-ѕирни по архивите у лукалајкс постовите. т.е. Кој на кого личи. Се ќе ти биде јасно.

3/14/2006 10:12:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Фала момци за објаснувањето за Ештон Корвер. Чале друг пат прво провери па збори...туп туп туп

А кога сме веќе кај кој-на-кого-личи, мислам дека за Ван Ганди ОВОЈ
би бил боља споредба.

Гритингс...

3/14/2006 11:13:00 pm  
Blogger марче said...

hahaha vinsent skaveli :)) grend master podochnjak ...

3/15/2006 08:06:00 am  
Anonymous Гижо said...

колеџ кошарка даваат на еспн, баш гледав Дјук-Бостон, според коментарите на коментаторите од Дјук следни звезди освен Џеј Џеј се МекРобертс (белец, крилен центар), Шелдон Вилијамс (крилен центар), Полс (белец, плеј), а од Бостон Џаред Дадли (sf или sg), Тајрис Рајс и Смит.

3/15/2006 11:52:00 am  
Blogger Shepard said...

ау, шелден вилијамс! го знам него од коа имав нцаа кај да глеам.. мрга..

3/15/2006 05:45:00 pm  
Anonymous Гижо said...

искочија новите пауер ранкингс на нба.цом

3/16/2006 11:14:00 am  
Blogger марче said...

a dare orlando - juta :)) hiks :)) hus d men? :))

3/16/2006 04:02:00 pm  
Anonymous Кот said...

Cool!!!

1/19/2008 11:28:00 am  

Post a Comment

<< Home