Thursday, March 16, 2006

UGLYYY!!!!, па Шек, Заре, МВП, белци, Марк Прајс и Адријана Лима
Седнав да пишам подолг пост за Никси, али онда сфатив дека стварно не вредат да се пишува за нив. Сепак. Нема да зборам за тоа што Њујорк ја има најскапата резерва во лигата у Стив Френсис кој оваа сезона ќе лапне цели 14 милиони!!!, а следната уште повеќе. За тоа што младите момци прво добија екстра минути, па после ни трошка од Лери Браун. За тоа што Ајзеа Томас појма нема што прави. За тоа дека уште го имаат најслабо подготвениот играч у НБА во Џером Џејмс кој заработува 30 милиони у следните пет години, што значи дека најмалку толку ќе мораат да го држат. Па ни за тоа што тие имаа платен список од преку 100 милиони доларјев. Не.Главниот муабет кој ме натера да пишам за нив е задњата кавга меџу Марбери и Браун, која прерасна у права сапуница после нивните задњи изјави. Најпрво Браун, у свој стил, го наметна својот авторитет споредувајќи ја својата кариера со таа на Марбери, што е крајно глуп потег, но од него не ни очекував нешто подобро. Браун кажа и дека Стеф е далеку од најдобрите бекови у лигата (што не е далеку од вистината). На ова Марбери одговори дека Браун не знае што збори и дека отсега ќе си игра својата стара игра, односно ќе си се врати на Старбери, каков што сите го знаеме, зашто Никси и онака не прават ништо како што играат сега. Пљус, дека тие коментари ги сфатил лично, како навреда и дека после нив више не планира многу да разговара со својот коуч. Ова донекаде и го разбирам зашто која е поентата да разговараш со својот тренер, ако овој за секој проблем и муабет со играч одма излегува по медиуми. Само прашајте ги Пистонси како се осеќаа кога и они и сите дознаа дека додека тие спремаа одбрана на титулата, Лери се договарал со два клуба за идната сезона. Онда Браун возврати дека Стеф е еден од кривците за вака слабата сезона на Никси. Да - е еден од нив, но никако и најголемиот. Тоа си ти чичко Лери. Цела сезона не најде една петорка која ќе ја игра, цела сезона бара играчи кои ни Господ не може да му ги донесе, цела сезона ги пали, па лади руките, а онда и јавно ги критикува своите играчи, место да седне со нив и направи муабет кој ќе остане меѓу четири ѕида. Ако ме прашуваат мене (а не ме прашуваат), ја би го оставил Лери до крај да го одработи договорот и на сите да им покаже каков шупак е од тренер. Ја ја почитувам неговата кариера, да нема забуна, али неговите методи ама ич не ми се свиѓаат, а знам дека не сум единствениот кој мисли така. Нека ја одработи казната у чистилиштето у Њујорк. Така и му треба кога лета по пари. Што се однесува до Марбери, осечам дека ќе го трампаат летово, мада не би ме изненадило и тој и Лери да се смират, зашто со Браун никад не се знае. Ипак, мислам дека Стеф нема да попушти, плус и онака имаат куршлуз на кецови и двојки. Блазе си му, ќе се спаси - си викаат другите играчи. Но, она што е најтрагично у целава прича е тоа што најголемиот кривец за целата ситуација, Ајзеа, за жива глава го нема нигде. Нигде не се појави да каже нешто и да ја смири ситуацијата. Кретино. ПС: Нејт и руките малце дадоа надеж со победата над Хоукси. Али тоа што е над Хоукси кажува се.
* * * * *
Пред две вечери почна Марч Меднесот у НЦАА, за кој, како што кажав порано, не мислам да пишувам ништо, затоа што сезонава не сум гледал ниедна колеџ утакмица, така да немам кредит за такво нешто. Затоа, еве ви линк до нашите блог пријатели од Хрватска, кои направија одлична најава.
* * * * *
Каснам некој ден, зашто нејќев да чепкам во тазе рана. Ама, Кингси со право ги истабаа Лејкерси и сигурен сум дека, освен ако некој не им се повреди, се еден од 8. тимови кои ќе играат плеј-оф на Запад, а на кој и да му се паднат таму (Далас или Сан Ан.) мука ќе видат со препородените Срб-лес кралеви. Нормално, клучот на целиот препород е Рон-Рон, тоа го имам кажано и порано, преку кој цел тим почна да конта дека без одбрана не се прави ништо.
* * * * *
Како тргнавме, секоја недела имаме по едно или две кличиња со Шек у главна улога. Јеби га, типот е единствен лик у лига, а кога ќе го исцрпиме тој извор (ќе треба време), ќе се префрлиме на некој друг играч. Еве ги најдобрите 10 изјави на џинот или тако звани, Топ 10 Шек квоутс:
* * * * *
Некое време не го чепкав Заре и неговата видео колекција, пред се зашто момакот дигна раце на некое време од блогот. Моја грешка. Заре пак постира клипове како луд и ако го немате у букмаркс, и вие праите грешка. Го, чек ит аут
* * * * *
Едно од најсмешните клипчиња кои сме ги пуштиле до сега. Најбољи дел у целава ствар (нормално, освен тоа што момциве се белци), се музиката и фотките на крајот. Мoра да го видите ова.
* * * * *
Ајверсон не може да игра, а кога Ајверсон не може да игра - Ајверсон не може ни да спие. Кога Ајверсон не може да спие, тој му се јавува на своето ново другарче (што да прави кога нема друго) и со него прави муабет од кој на крајот заспива.
* * * * *
Не само бројките и правењето на своите соиграчи го прават Нешти МВП и една од најкул и даун ту рт фаци у лигата. Останати НБА ѕвезди, читајте и учете. Не е се у ставање златни ланци од по пола милион на себе и возење коли за кои може цела фамилија у Етиопија (а и у Македонија) цела година да се храни.
* * * * *
Не знам дали некој од вас примети (освен типот кој го лапна у МакНБА фентази лигата), ама бејби Франкенштајн се разбуди у Мемфис. За моја несреќа, на два пути на програма ги имав Гризлиси и најголемиот гризли меџу нив, Џејк Цакалидис. Монструмот на задњи пет средби има просек од 13 поени и 10 скокови (а не скока!), и се укотви у први пет на Мемфис.
* * * * *
Еве уште еден монструм, ама овој нема абер од играње, нити у Бостон, каде го трампава заедно со Воли Зулендер. Зашто Кенди Мен не игра у задње време за Селтикси? Еве ви одговор. Никако да сфатам што е проблемов со британциве и со миењето заби. Па ај што белците им се со лејкерс-жути зуби, али и црнците бе?!?!?
* * * * *
На постарите од вас, сигурно им текнуе на Марк Прајс, кој што неколку сезони беше еден од најдобрите плејмејкери у лига, а без конкуренција беше најдобар шутер меѓу плејчињата, посебно кога ќе застанеше на слободни. Е па, чичко Марк својата амбиција да стане тренер ќе почне да ја остварува од дното. Мислам, буквално од дното, од д лендот даун андер.
* * * * *
Честитки до Алабама Ејвори, кој е најдобриот тренер после првите 82 средби у карирата, или како што пишаа амер. медиуми, после една цела сезона, иако таа поврзува две сезони. Малиот Генерал у своите први 82 средби оствари импресивен скор од дури 66 победи и само 16 порази. Свака част.
* * * * *
Оф д топик.За крај, малку надеж за машкиот свет дека некој од нас би можел да и биде прв на Адријана Лима. Прв у смисол дека тоа значи дека ќе те омажи девојчето. Мене у муабетов не ми се верува, али Лима е ВИРЏИН, т.е. девица?!?!? Ако е така, онда секој нејзин бивши дечко сигурно бил на праг на самоубиство. Кој би рекол. Еве го муабетот на Андријана со Џи-Кју магазинот: Are you a one-guy woman? Of course! I’m a Catholic. Look, I’m Catholic, too, but there’s a lot of things about the church that make it hard to date within its rules, don’t you think? Like what? Birth control, premarital sex... Well, you know, sex is just for after marriage. Say what? Sex is for after marriage. Are you saying you’re not going to have sex before marriage? Exactly. You mean you’ve never had sex? That’s why I have to say. You sure about this? Yes. How do men respond to the fact that you plan to, you know, wait? I don’t care. They have to respect that this is my choice. If there’s no respect, that means they don’t want me. Who was your first boyfriend? I have just three boyfriends in my life. Get out. And this is the third one now. Did you ever have your heart broken? By my two exes, yes. They dumped you? Noooo. They did not dump me. But… It just did not worked. It did not work. You know?

18 Comments:

Blogger Shepard said...

Со особен акцент на Адријана Лима.. (у насловот)

3/17/2006 08:48:00 pm  
Blogger марче said...

Adijana Lima MVP!

3/17/2006 09:24:00 pm  
Anonymous Гижо said...

немате ли друг начин на поставување на клипови, досега не сум видел ниеден клип, а се соменвам дека некој друг видел

3/18/2006 12:09:00 am  
Anonymous бодан said...

Страшно погрешив со сакто!Ги гледав со Лејкерс и видов компактност.-Браво за хрватските пријатели и колеџ лигата.-Опет ли за њујорк?Па за нив ни Ајзеа не збори)):

3/18/2006 01:31:00 am  
Blogger Shepard said...

гижо, кажи зош не моеш да ги изглеаш клиповите.. или имаш спора конекција или немаш плагин за флеш..

3/18/2006 02:11:00 am  
Anonymous Bojan said...

Клиповите се Ок барем кај мене... што се однесува до Јаболката сега со ситуацијава се увиде дека има има многу црви кои се заслужни за црната година у тимот... На прво место се знае кој изрод е, ама кривица има и кај Лери... не би ме зачудило да добие клоца на крај од сезона, освен ако не се планираат некои вселенски трампи... Браво за Хрватите и штета Што само ЕСПН дава по некоја утакмица...

3/18/2006 03:47:00 am  
Anonymous darko said...

Detroit 103 - New York 105
Ne ce e na arno :))

3/18/2006 04:15:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Najbolji post ever!

3/18/2006 02:06:00 pm  
Blogger Karakash said...

Мислев да пишам за Фен-САС, ондак Портланд-Клив. (зш и двете ги глеав), а и за бљак зелените дресови на Никси, кои бај д веј ги тепаа Пистонси кај кои Шид и РИП беа искључени у 3.чет (ете ја причината за победа). Ама, не ми се става Лима подоле...мислам, ми се става подоле, ама не на блогов:)

Гижо, ти прв се жалиш за клиповите. Ако е до нас-ќе се поправиме, ама мислам дека е до она за што ти пиша Шеп.

3/18/2006 02:28:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Искрено криво ми што Феникс не тепаше сабајлево, ама културно си го попија на скок... 57-29... така со спарси тешко... уште кога 16 ќе бидат од 3то класен центар кој 16 немал на задњи 3 утакмици заедно се е јасно... а кај феникс ако се одземат на Матрикс се добива една поразитела бројка на скокови кои се надевам искерно дека кога ќе се врати (ако уопште се врати оваа сезона) Ѕверот и тоа како ќе се променат... За утакмицава уше да кажам дека сум супер задоволен од играта на Нешти, а се повеќе ме нервира Раџа Бел со неговото фати шутни... не дека другите поише ја мислат ама типот игра како да му рекле *кој подаде топка гомна да јаде*... се на се добра утакмица и највише жалам за шансата на Далас да избие на 1во на Запад... Али се втори у лига со -1 од Детроит кои се прикажаа во право светло против Никси...

3/18/2006 02:56:00 pm  
Blogger Karakash said...

"кој подаде топка, гомна да јаде" :)))

3/18/2006 03:07:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Поентата е у тоа што феникс игра брза и убава кошарка за гледање и а им се укаже малце простор пукаат... ама Раџа Бел и Хаус се без конкуренција на скоро секоја утакмица...

3/18/2006 04:01:00 pm  
Blogger zare said...

Јавна благодарност до КАРАКАШ затоа што по којзнае кој пат ме изрекламира на МАКНБА..Жаре& VideoColection..

3/18/2006 05:12:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Само да споделам:
ја и бев прв на Адријана, али се договоривме да не шириме...

Нејзините се многу строги...

3/18/2006 09:01:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Мој предлог за следна дискусија е кои Европски играчи најбољи се снаоѓаат у НБА???

3/19/2006 03:47:00 am  
Blogger марче said...

nema potreba od takva diskusija... dirk e svetlosni godni pred site evropejchinja... konstantno...

3/19/2006 12:01:00 pm  
Blogger Shepard said...

слагам се..

3/19/2006 01:35:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Вечерва утакмициве ме фрлија у даун... уште полошо (можда и подобро) е што ги пратев на нет, ама ЛАЛ здравје ми земаа... у задњи секунди изгубија утакмица што ја имаа у раце цело време... не помогна ни одличната (барем статистички, пошо не глеав на ТВ) игра на Ламар кој беше близу до трипл дабл 25/9/8, ниту после една недела подпросечни игри на враќањето на Коби со 38/6/5... највише криво ми е шо го попапаа у задњи секунди... е тоа ме боли... а другата болка беше уште у прва четвртина на Далас - Јерси коа успеаа да дадат само 10 поени и сами си се криви... несакам да верувам во себе дека со ова ја губат полека шансата за врвот у запад, ама ако им се погледне у тимот кој моментално игра без Џош, Грифин, Херис, Ван Хорн... тешко ќе биде... Да спомнам дека Стак и Тери заедно шутираа со 6 од 24 од поле шо е околу 25%... очајно... ако не барем Дирк ми го напраи кеифот со 37 парчиња со 50% шут...

3/19/2006 09:52:00 pm  

Post a Comment

<< Home