Wednesday, March 01, 2006

Вуна TV
Вечер е Вуната. Буквално, вечер у Вуна, на ТВ. На Скај Нет негде околу десет или десет и пол вечер (не знам тачно), целиот скопски, заедно со околните селца, реон ќе има прилика да се запознае со Шепард, кој тргна по моите стапки па не издржа газето влашко ни две недели, а да не се појави на ТВ:). Вечер Шеп и Јанко ќе мскаат банички со месо, ќе лапаат симити, ќе мацкаат кифли у јогурт и нормално - ќе ЈАДАТ БУРЕК. Прво ќе лапнат едно четврт со ВУНА, па една половинка со МакНБА, за се да заврши со муабети општо за блогер комјунити у кој ќе бидат спомнати и др. блогови и блогери (можеби и некој од вас). Бај д веј, фала на сите кои ни честитаа на 20 000 посети, па и вие да дочекате. Со оглед дека Шепард е главна ѕвезда вечерва, нема играч кој би му направил повеќе чеф од 81., така да тој ќе преовладува со овој пост. Кога се враќав од работа вчера, у сандуче ме дочека новиот број на DIME, списание за баскет кое не може да се најде кај нас, а кое е базирано на лајфстајлот на НБА ѕвездите. Како и да е, Дајм излага веќе 4 и пол години и полека почна да си го наоѓа местото, иако уште може да се примети дека го брка Слем, списание какво за жал никад нема да биде. Е сеа, у задњиов број главна ствар, т.е. кавер стори е Коби и текстот кој го напишал самиот тој. Од проверени извори знам дека истиот текст прво им бил понуден у Слем, каде овие одма го одбиле, со нормално објаснување дека нивни новинари ги пишуваат сториите, а не играчите. Тоа е држење до принципи, па и за еден Коби. Настрана тоа, текстот е доста добар и у него Коби стварно зборува за ствари за кои не зборел за сега. Али, тоа е работата со таков текст - у него играчот го кажува само тоа што тој сака, а не што ќе го праша авторот. Ќе видам деновиве нешто да постирам. Да не биде штуро, еве ја задњата реклама на Коби... ...како и линк до Блогот на Нике патике. Станува јасно дека блогот е д фјучр кога и таков спортски гигант ја увиде потребата да се рекламира преку свој блог.
* * * * *
Толку од Кобстер, кој ипак не е главна ѕвезда задњиве две недели. Тоа се Матрикс, Пирс, Аринас и Јаоза. Иако никад не ми бил јасен како играч, посебно не со тој кромањонски шут, Нео после секоја средба зад своето име остава монстер бројки. Пази само у задњиве две средби имаше по 24 и 18 скокови, а у задњите три за прв пат у кариера отиде на три по ред преку 30 поени, вклучувајќи ги рекордните у кариера 44 поени. Мора да му е лесно да прави што сака у Матрицата. Дабл Пи го одигра својот најдобар месец у кариера, откако февруари го заврши со просек од 33.5 поени. Тоа тие е цел месец или у овој случај 11 средби, од кои повеќето у гости со преку 30 поени. Штета што никад не го добил кредитот кој го заслужува. Жилберто мама еба у задњиве три недели. Не само што ги брка Коби и Ајверсон за најдобар стрелец, него стигна и на два пути да му одржи лекција на Брон. Пљус, со него Визардси се пак у конкуренција за плеј-оф место, а покрај него и Џејмисон почна да заличува на ланскиот Ентоан. Јаоза се разбуди и само ради него надежта на Хјустон за плеј-оф место уште е на апарати. У моменти кога Трејси од необјаснети причини не личи на себе, Минг ги спаси Рокетси неколку пати за што беше избран за играч на неделата на Западот. Њи Хау, Јао.
* * * * *
Остана уште малце време до повторното пуштање на ѕверот на слобода. Овој месец се враќа Амаре, со кој Санси би требале да бидат страшни. Тој не брза со камбек и веројатно ќе се врати некаде околу 20 месецов. Таман да има месец дена да фати ритам па со Феникс да направи ршум у плеј-оф. Кога сме кај камбекове, и Кори шпагети Магети ќе се врати у март, можеби и пред Амаре. И со тој камбек Западот ќе добие уште еден незгоден тим за у плеј-оф. Да бе, Клиперси.
* * * * *
Кеј-Џи и Рики Дејвис заслужено беа казнети со по само пет илјадарки, посебно по Оскаровската глума на типот у кој заврши баскетот кој Кевин го фрли у публика. Дебелиот се потресе како да го акнале со камен, па беше изнесен на носилка, а ќерка му се утепа од плачење. Патетика. А баскетот само го чепна. Ама, Шид требаше да го лапне неколку средби. Мислам, сите ние сакаме да видиме малку крв, ама тоа што тој му го направи на Ззззззз у мечот кој можевме да го глеаме и на Спорт4 беше прав гето мув. Шид му ја расцепи тиквата на Илгаускас, кој реагираше како да станал од спиење, иако му бликаше крв од главата. И Рашид за тоа задоволство плати само 5 000 долари?
* * * * *
По се изгледа иако пројави желба да игра, Ајверсон нема да биде дел од тимот за Јапан годинава. Исто како и еден куп други фаци. Америте можат да направат бољи тим од играчите кои нема да играат, отколку од тие што ќе играат на СП.
* * * * *
Како задње, али не и најмалку важно, Торонто има нов Џи-Ем у Брајан Коланџело, кој е главниот виновник за одличниот состав на Феникс кој лани стигна до 62 победи, а и кој оваа сезона ги изненадува сите. Со него на чело сигурно дека доаѓаат многу подобри времиња у Канада.

10 Comments:

Blogger Shepard said...

:) е вуна, ами како.

3/01/2006 07:49:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Вунофчар, те снимам вечер... па ќе ширам по нет... без шали, со среќа вечер...
Ај малку за баскет сега. Рашид МОРАШЕ да го јаде повеќе него ли овие бедни 5.000 што му ги дале. Али тоа испланирано гарант било. Да го повредат Ждригаускас и пола работа им е олеснета, особено под кош. А, инаку тие Кливленд под итно да го продадат тол Павловиќ. КАМЕЊАР НЕВИДЕН! Мислам дека овој Рон Мари добра замена е за Лери Хјуз. Леброн направи 3-4 екстра влезови, ама немаше завршница. Затоа после се изнервира и направи уште еден влез со небесен скок и екстра куцање. Али уште имаат да цицаат Кливленд...Ај поздрав

Честитка за Офчар

Честитка за Каракаш

3/01/2006 08:02:00 pm  
Blogger Shepard said...

еаха, силви сеинт честитка :)

3/01/2006 08:41:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Честитка со умисла... ради колумната твоја...

3/01/2006 09:04:00 pm  
Anonymous chale_v said...

Ај честито, фацоооо... Ти честитаат и овие рибиве што те гледале... те чекаат на журка... Они се првата петорка
...

3/02/2006 01:50:00 am  
Blogger Shepard said...

оф леле :)

3/02/2006 02:17:00 am  
Blogger Latifovich said...

kako toa okolni sela moze da gledaat sport 4 a nie vo dracevo aj da ne se izrazuvam nekulturno ne mozeme da gledame sport 4 a go nema i na kablovska vo dracevo mada jas nemam kablovska

3/02/2006 05:12:00 pm  
Blogger Karakash said...

Latifovich. ke vidam denovive so Sport4 da sredat toa rabotata so tvojata kablovska u Dracevo. Obecavam.

3/02/2006 08:53:00 pm  
Blogger марче said...

info od prva ruka za kablofskata vo dracevo ... ne e do kablofskata ... do sea kje pustea 1000 puti ... nema repetitor shto zraci signal na toa podrachje ... ako sport4 stai repetitor togas dracevo kje gleda sport4 i antenski i kablofski ...

3/03/2006 11:51:00 am  
Blogger Karakash said...

I ja taka slusnav...

3/03/2006 12:23:00 pm  

Post a Comment

<< Home