Tuesday, March 28, 2006

Пацери
Кога синоќа ѕирнав дека у исто време со Мајами-Инди, играат и Њу Џерси-Феникс, ми стана криво како НБА ТВ не ја дава вторава наместо првата. Само пет минути беа доволни да сконтам дека треба да бидам благодарен што стварно не се одлучиле за пренос од мочуриштето. Дуелот на Флорида ми беше чист доказ зашто ги ставивме Пејсерси таму каде што ги ставивме на нашиот Пауер Ренкинг и зашто со трејдот Пеџа за Рон, барем во оваа сезона, изгубија повеќе отколку што добија. Исто така, оваа средба беше показател зашто Мајами е само петти на истата листа. Синоќа се одеше во корист на Инди, барем до полувремето. Почнаа јако и преку Џекес Џексон, кој убаци 17 у првите две четвртини, беа у контрола на резултатот. Чат-пат ќе му помогнеше некој од другите играчи, а Вејд беше изгубен у нападот, така да Шек мораше сам да се рве со старото му другарче Полард. Малце-помалце, Индијана си правеше предност, која у старт на 3. чет. стигна до плус 14. Момент у кој веројатно требаше (да беа асална екипа) да го скршат противникот се деси на пет и пол минути до крај на првото полувреме, кога у борба за скок се закачија Хаслем и Џермејн. Е сеа, ако му се верува на првиот, Џеј-О намерно го повлекол за рака, ако му се верува на вториот, Јудонис намерно сакал да му ја свитка раката и да го повреди. Мене ми личеше како да е нешто измеѓу двете, али она што следеше беше најдоброто од целиот хаос. Хаслем, како Неандерталец на спид се залета кон Џермејн, почна да прави лудачки фаци и да мафта со прст накај него. Да не беше Шек, кој за да спаси ситуација, го грабна Џермејн за врат и го одалечи од поголем инцидент. И кога се тргна на страна, Јудонис продужи со пубертетли однесување, за што заслужено си лапна техничка, која исто така му беше свирната и на Ол-Старот на Инди. Судијата за борбата за скок му свирнаа фаул на Хаслем, кој збесна и почна (уствари само продужи да јаде бурек), за што сосема заслужено беше испратен на ладење у соблекувална. Следеа слободни за Инди, а само една минута подоцна, на Вејд му беше свирнат фаул у напад, по кој и он почна премногу да прави муабет со судиите за што си лапна техничка. До крај на полувремето, техничка си лапна и клупата на Мајами, а на Шек му беше свирнат намерен (и беше) фаул над Фостер. Плус, на два-три пати домачините имаа дефанзивни три секунди, по што следеа нови слободни за Пејсерси. Од пештерското понашање на Хаслем, па до крајот на четвртината, Мајами утна 11 напади по ред, а Пејсерси се изнашутираа слободни, но наместо да им направат плус 20, тие ги оставија Хит у игра. Тоа им се удри од глава во второто полувреме, кога Џекес престана да погодува, а Пеџа и Тинсли пуцаа како никад да не виделе баскет. Џеј Вилијамс и Шек убација по 11 поени у тој период и на крај изедначија на 71-71. Инди се држеа некое време на егал, но полека паѓаа, а кога се разбуди и Вејд се беше готово. До крај, никој не се најде да го надопуни Џексон, а за тоа како одиграа сите освен Џермејн, кој се мучеше со болки у бутот и ипак убаци 17 и 7, како и Полард, кој мушки се изнамучи со Шек. Пеџа, Тинсли и остали беа како у епизода на LOST, а Џим Кери не успеа да ги разбуди. Од тоа, а и од она против Детроит у петокот, можеше јасно да се види дека на Инди и фали идентитеt, карактер, кој, иако луд, им го даваше Рон. Кога го дадоа за Пеџа, тие буквално мењаа одбрана за напад, а сите добро знаеме што носи победи у плеј-оф, па и титули. За Пејсерси има надеж, зашто потенцијалот се уште е таму. Сега се е на тоа колку брзо Џермејн ќе се врати на 100% и колку бргу ќе се навикне да игра у новиот систем. Моменталната позиција кажуе дека не им се пишува на арно, зашто ќе мора да се намучат да стигнат до 5. место на Истокот и да играат против Кавси у 1. рунда. Иначе, тешко нив. Да не бидам сфатен погрешно, ни Мајами не ме импресионираше, али фактот дека иако беа како муви без глави у задњите пет минути на 2. чет., тие у второ полувреме се вратија у живот и со одбрана и одлична игра на Белото Чоколадо ги решија Пејсерси, кажува дека имаат повеќе карактер од Пејсерси. Бај д веј, Шек погоди 11-14 од слободни. Поврзано со Мајами, еве и се што сакате да знаете за нивните чирлидерки.
* * * * *
Нетси не се првиот тим кој успеал против Детроит да одигра флегма утакмица, но дефитивно се првиот тим кој успеал у две вечери да ги тепа Пистосни и Феникс, и тоа со два тотално различни стила на игра. Свака част, изгледа дека и како лани, кога у задњи ден се протнаа у плеј-оф, Нетси почнуваат да играат најдобро на непун месец до крај на сезоната. Неш е само третиот актуелен МВП, кој не убацил ниеден поен на утакмица за најмалце десет минути на терен. Другите двајца се Вес Анселд и Бил Расел. Башка тоа, и Амаре заврши со компир.
* * * * *
Малце ретро видео. Постарите од вас сигурно се сеќаваат на SWAT тимот, составен од најдобрите блокери, мада не ми јасно што мајка тука бара Алвин Робертс. Пазете го првиот блок:)
* * * * *
Уште едно ретро видео, испунето со куцања, bloopersi и остали потези. Пазете го Шон Бредли пута два.

16 Comments:

Blogger retry said...

Bravo be druzhe ti ja gledam poentata, bez Artest stvarno bea poslabi, bar sinokja (inache se na se ne go delam tvojot stav). Pa da beshe sinokja Artest kje trebashe da nosat ambulantna kola na parket, krv kje padneshe. Vaka Krapinecov si popi samo tehnichka i zdrav i zhiv si otide i kje si igra pak za nekoja utakmica. E da beshe Artest, ne samo nego tuku i ushte nekoj od ekipa kje izbaceshe na neodredeno vreme i ete ti gi Majami sakati za u playoff u koj nishto chudno da se sretnat i so Pacers (ako ovie prodolzhat so vakvi igri). Zatoa stvarno, za vakvi raboti Artest im fali na Pacers definitivno :))

3/28/2006 09:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Барем у нешто се слагаме:)

3/28/2006 09:45:00 pm  
Blogger Shepard said...

скот полард ми е идол!

3/29/2006 01:15:00 am  
Blogger Laf said...

Ха!... интересно... гледам сега DAL @ DET на СПОРТ 4 и оној типот во публиката, за кој Лекиќ кажа дека (мисли дека) е боксер, стварно е боксер. Интересното е тоа што истиот тип го имам видено на снимка од натпревар од пред 19 год. (Boston vs. Detroit, 1987 Playoffs, Game 5 или 7 - не сум сигурен) и истиот тип даваше интервју на полувреме. Очигледно станува збор за ептен верен навивач na Detroit, нешто како Jack Nicholson му доаѓа. :)

3/29/2006 03:59:00 am  
Blogger retry said...

Aj Dallas shto go popi od Detroit, ama Suns od Bucks ?!?!?!?! Zverov da ne im stanal zijan igrach?

3/29/2006 08:00:00 am  
Blogger марче said...

Milwaukee set an NBA record with 11 3-pointers in the third quarter

3/29/2006 08:03:00 am  
Blogger retry said...

Pink Panther 4/5 for three. Ja vishe zaboraviv i deka igra uopshte :)) Pa toa drvata od Gadzuric, Bogut i Williams... pa, pa, pa. E stvarno im bil denot, se deshava i toa. Plus toa zgreshiv, zverov na Suns ne im igral uopshte.

3/29/2006 08:30:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Милвоки да не згрешам 46 или 48 коша во трета четвртина!!! Е ај сеа...
А зашо Амаре не играше агејн

3/29/2006 10:55:00 am  
Blogger Karakash said...

Паралелно со Дат-Дал, ја гледав и Милвоки-Феникс, покасно ќе има пост и за тоа...
...само едно - Тони е играчиште.

3/29/2006 11:00:00 am  
Blogger марче said...

zatemnuvanje na sonceto :(

3/29/2006 11:50:00 am  
Blogger retry said...

Toni, nekadashnji najbolji shesti :) Vishe kje go zaboravime. Neli beshe povreden edno vreme otkako premina od 76ers vo Bucks?

3/29/2006 12:27:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

Indiana dobi povece so ovoj trejd posto Artest uopste i ne igrase taka da sve sto ke zemea za nego e plus:)

3/29/2006 01:44:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Обично не сакам да бидам прост, ама у пичку матер каква утакмица беше она вчера Пистонс - Телетабис.. Немаше ни на Лекиќ да му се налутам ако у четврта четвртина речеше "Е нек си јебе матер, добра утакмица одбравме вечерва!". Права плејоф драма, со поени, одбрани, тактики и гласна публика. У реалноста нема да се повтори, баш поради тоа што еден од овие два тима нема да стигне до финалето, и тоа баш поради одредени причини кои беа видливи вчера.

Како и да е, по слабите партии на потенцијалните MVP-ја, со еден ист тим, вчера еден се врати на голема врата, носејќи го својот тим до победа. За каков тим станува збор кажува и процентот на тројки на Дет, и тоа баш као фолоу-ап на поразот од Нетси. Да потсетам, со катастрофа од 2.5 % шут за три против Нетси, Детроит имаше шут за победа на самиот крај. Ете такви сме ние Клиповите. :)
Чонси, а и целиот тим вчера се вратија у стил. Не дека Далас играше лошо.. Мислам погледнете ги поените на Стекхаус и ВанХорн.. Ама, Детроит беа.. Милина..
Чонси : - Колку е бе браќа? Детроит : - 88:88! Чонси : - Да а? ПУ! Дај ваму лоптата! Бенг, едно слободно за лоша одбрана.. Чонси : Дај пак лоптата! Бенг, тројка! Ејвори : Абе чувајте МАЈМУНИИИИ! Диииифееееенс! (гласчето му се губи у неверојатната атмосфера у Обурн..) Чонси : Дај бе ваму лоптатааа! Дои бе ти дојчланд! Бенг, преку него, шлап двојка. Чонси : -Принс играј одбрана сеа брат, готоо наши се. Принс : - Немит проблем Билапсе. Ве сеа че го вида овја дојчландов нека шутнит на кош! Бенг, бананерос на Принс на Дирк Лонгшенкс Клан. Фаул над него. Едно од две. Чонси : - Не се секирај брат Принс : - Како да не се секира, како можив ваќе.. Рацете на глава, ко да се предава. До крајот уште две од две од машината Чонси, е нека идат Далас на опоравак. :)

Доста беше. Инаку Делк е цар, уште еден доказ за паметот на Joe D. Исто и Мекдајс игра у форма. А да, и она меѓу Македонецот Делфино (ептен ми личи на некој Работнички играч!) и меѓу намргоџениот Стекхаус, беше техничка за Стекхаус.

Поздрав, Syndicate

3/29/2006 02:07:00 pm  
Blogger Karakash said...

Беше техничка за двајцата:)

Добар коментар мајсторе.

3/29/2006 02:14:00 pm  
Blogger retry said...

Kako dobar be, ekstra komentar !!!!

Dajte i strip da napravime, samo treba da odbereme prva postava na glavni junaci :))

3/29/2006 02:45:00 pm  
Anonymous bodan said...

I postov,i gledanjeto na utakmicata,gi dokaza vashite tvrdenja,na moja zalost, timot na Indijana navistina nemashe identitet.

3/30/2006 12:22:00 am  

Post a Comment

<< Home