Sunday, March 19, 2006

Зеленчук
На 17. март се прославуваше St. Patricks Day, националниот празник на сите Ирци. Е сеа, кој клуб се поврзува со Ирците у НБА знаеме сите, но оваа година празникот одлучија да го прослават и Никси и Булси со зелени варијанти на своите дресови. Тотално свртени кон маркетингот и лапањето што е можно повеќе пари на сметка на нечии национални чувства, тимовите заборавија на очоболот кој им го предизвикаа на сите кои ја имаа таа несреќа да ги видат у тие зарзават униформи. Ја у моментов не се сеќавам на поружен дрес од овие два (што не значи дека немало), а ми текнуе на една работа која пред едно 15-тина години ја има кажано Баркли: "Секој тим кој ќе облече зелен дрес ќе изгледа смешно, освен ако не се вика Бостон Селтикс ". Еве малце очобол и за вас:

12 Comments:

Blogger Shepard said...

не е толку грдо де ;)

3/19/2006 10:59:00 pm  
Blogger kole said...

leleeeee poruzna rabota ne sum videl

3/19/2006 11:06:00 pm  
Anonymous Bojan said...

Во очај се спремни на се... али можда бркаат малери... инаку баш ме интересира какви им биле чорапите??? ЗЕЛЕНИ???

3/19/2006 11:23:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе дресоиве да ги носат Бостон пак се убави...бојата не е лоша(види им ги гостинските дресови на ФК Барселона, па збори:) така да не ми смета само што премногу личат на Селтикс.

А бај д веј атланта, Џонсон 40 и нешо кошеви со Орландо. Па то бе шефе...кој ѕвер станал Џонсон осеќам дека ги засакувам Атланта ама вакви како што се со Џонсон како играч број 1

3/20/2006 12:27:00 am  
Blogger Ико said...

Незнам дали сте ги виделе црвените дресови на Јуве оваа година (ѕирнете ги на juventus.com - цели се црвена боја и има една зелено-бела линија преку едната страна). Сите се смееја кога ги презентираа на почеток на сезона, ама досега се најпродавани дресови во Италија оваа сезона :)

3/20/2006 01:51:00 am  
Anonymous Bojan said...

Се е ОК ама немој те молам да ги споредуваш на Барса дресовите со овие на булси и никси... на барса барем личат на нешто... овие се моронски зелени... а за на јуве тоа е нешо страшно...
Џонсон е јак талент ама игра многу периодично... нема константност... во тим како атланта треба секоја да му биде 30+... и херингтон е ѕвер, ама не ми е јасно она Грузисконо дрво недоделкано Пачулија како може да собере 18 скока...а и сезонскиот просек му е околу дабл-дабл...

3/20/2006 03:32:00 am  
Anonymous bodan said...

Normalno e toa.Imav edna polemika(on se smeeshe) so karakash na mojot blog koga gi sporediv Ircite so nas.Za vreme na svetskoto prvenstvo vo futbal izleze podatok deka vo SAD ziveat 50 milini irci(megu koi i togashniot pretsedatel Klinton) a vo tatkovinata se mnogu pomalku(asocira na Makedonija).Zatoa i ovoj marketinshi poteg e logicen(dobar pazar). P.S.Togash karakash i ne znaeshe deka blogot e na bodan.

3/20/2006 03:38:00 am  
Anonymous bodan said...

Patem 76-kete opet go jadeja(nemorav da gleam)!

3/20/2006 03:40:00 am  
Blogger марче said...

уште само зелен дрес му фалеше на нејт робинсон за да биде леприкон

3/20/2006 08:03:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Znaete so mi tekna? Ne vi lici Flip Sanders na George Jetson :)))))

3/20/2006 06:08:00 pm  
Blogger znalac said...

Ова зеленилово и не беше баш некоја добра идеја. Прво у петок мислев дека NYK бркаат малери со зеленото (и факт го решија DET), ама коа ги видов у саботата и CHI во еколошка зелена - многу ми дојде некако. Сеа очекувам за Божик со дедо мраз капи да играат или за halloween со тикви, костуми... Шала на страна мене MIA ми ги уселиле у програмска шема - 4 пати за 5 дена (сабота, недела, вторник, среда). Многу. Инаку, ја гледав CLE-LAL и штета што ја испуштија LAL. Факт на последното уфрлање се заебаа, и Kobe го пикнаа у ќош. Он у ствари очекуваше тоа мисирот на аут time-out да викне пошто имаа уште еден, ама ете... бидна. Hubbie Brown кој што коментира нешто за abc сега имаше добар коментар за споредбата - Kobe/LeBron. Вика LeBron има 30/6/6 статистика што на 21 година е неверојатно, али Kobe e "unstoppable" што е уште поневеројатно. Тоа у контекст на базер-битерот на крај на втора, што беше апсолутно ненормален, а Kobe тоа го искоментира со „пробав да си отворам подобар агол за да ја примам и да ја шутнам“. Hubbie на тоа само рече „не знам што подразбира Kobe под добар агол, али ја таков не видов“.

3/20/2006 06:42:00 pm  
Blogger Karakash said...

Анонимус - имаш право, стварно личи.

Зналац, фала за инсајдер инфото. Ако некад ти се пишува текст, слободно пиши го и стај го кај нас у мејл (најдоле го имаш).

3/20/2006 07:49:00 pm  

Post a Comment

<< Home