Thursday, March 09, 2006

Јаоза е ГЛАДЕН!!!....(и допуната од вчера)
- Мајки, не ги пуштајте децата надвор. - Баби, заклучете тоа внуците по дома. - "7-ца", "Кинг", итд., пазете се...Џинот се разбуди и е мнооогу гладен. Јао Минг се разбуди пред месец дена и сфати дека за глава е повисок од сите кои као го чуваат, дека е бољи шутер од 90% од нив и дека е помасивен од сите, освен од Шек. Така разбуден, Јаоза конечно почна да игра како што се очекува од него, у што ме увери и синоќа кога ги гледав Хјустон како се мачат дома со Пејсерси. Да не им беше Јао, сигурно губеа синоќа, а истиот епилог ги очекуваше и на претходните девет средби на кои баш Минг ги вадеше. У задњите девет, откако против Санси се посрамоти со само шест поени, Јаоза така тазе разбуден убацуваше у серија 29, 22, 29, 27, 22, 21, 32, 30, 38, а на тоа додаде и просек од 13.7 скокови. Со Пејсерси застана на 38 и 10 и играше доминантно, како од него се очекува од првиот ден кога дојде у Америка. У оваа серија Рокетси, иако Трејси се мучи, имаат скор 7-2. Ти-Мек не заигра у 2. полувреме, откако па му проработе грбот, али на Јаоза уво не му слушна за тоа, тој продужи да го пуни кошот на Индијана и да си игра со Фостер, Полард и Херисон. Задњиов и најбоље се снајде со Кинезот, али џаба, се напуни со лични. Со ваков ѕвер од Јао, че биде интересно да се види трката за задњите места за плеј-оф на Западот.
* * * * *
Коа сме кај тие места, Лејкерси се у пол позишн засега, а тоа место го задржаа со победата у Њу Орлеанс, каде ги расплакаа домашните навивачи, кои за прв пут сезонава дојдоа да ги бодрат Хорентси. Меѓу нив вриеше од луѓе искапани у креч од реновирањето на куѓите кои Кате им ги однесе. Али, на Коби и ко. не им беше гајле за нив и ја расипаа хоумкаминг забавата.
* * * * *
Кендал Гил продолжува со својата боксерска авантура. Ај барем кога не го биваше како играч, може ќе го биде како боксер.
* * * * *
Идете на линков, и гласајте за своите омилени чирлидерки. Слободно кликнете на секој од амблемчињата...и уживајте. Ја гласав за Сиксерси и Феникс, а вие?
* * * * *
Као додаток, еве ја вчерашната допуна...зашто ми се може:)...
* * * * *
Евреите повеќе од пола век се борат да докажат колкава неправда им беше направена у 2. Св. војна. Баш заради тоа треба да се прочита текстов у кој тие пак ја величаат хуманоста и толерантноста. Бај д веј, свака част, Јаске!
* * * * *
Аринас и Пирс си направија шоу вчера у Ди-Си, буквално играјќи сами у продолжението у кое Жилберто ги убаци задњите 11, а Пол задњите 7 поени за својот тим. Нормално, најбитни беа тие задњи два на Дабл Пи, со кои со базерот ги реши Визардси. Еве и линк до целиов муабет. Сликата не мора да се коментира. Дабл Пи продолжи у ист ритам и со Фили, на кои им поклони трипл-дабл. Пљус, шоу имаше и у Хотланта, каде Џо и Џејсон застанаа на свои карир хај од по 42 поени. Нормално, на крајот победија Хоукси:).
* * * * *
Краток муабет со Рон Артест и зашто не отишол у Њујорк, иако сакал да заигра за својот хоум таун клуб. Еве и линк.
* * * * *
Спомнав погоре дека ги гледав Далас-Портланд, барем првите три четвртини у кои Мавси беа прави бедници. Играа против мистеријата од Портланд (може така да ги викаме, зашто и онака Џејлблејзерси више не функционира?), екипа која ни сама не знае што игра. На старт малце му спуштаа топка на дебелиот Зек, али у поголемиот дел беа хаотични и максимално борбени. Можда и заради тоа Мавси не можеа да ги пробијат, зашто овие ни сами не знаеа што играет.
* * * * *
Открина е причината зашто Дејмон Џонс е труба оваа сезона у Кливленд. Или таму малтретирал девојчиња од што бил у депресија и жал за Мајами, или па у Мајами напаѓал девојченца, па сеа му фали тоа у Леброн Таун. Сеа ми станува јасно она Пимп оделото на Ол-Старот.
* * * * *
Еве што кажа Конан О'Браен у едно од последните свои шоуа: "The owners of Madison Square Garden are proposing to tear the Madison Square Garden down and building a new one. The good news is they'll tear it down during a New York Knicks game!!!"

4 Comments:

Anonymous darko said...

Kako samo go jadese Feniks od San Antonio. Znaci stvarno se trubi bez Nesh

3/10/2006 10:15:00 am  
Blogger марче said...

znaci koshmar ni se ovie sparsi... upm

3/10/2006 11:20:00 am  
Blogger Karakash said...

"Ova e edna od onie sredbi koi ne vi se ni igraat. Tie igraa bez nekolku momci, taka sto ovaa pobeda apsolutno ne dava realna slika za odnosot na silite" - izjavi Greg Popovic.

3/10/2006 01:37:00 pm  
Anonymous bodan said...

skajov e zakon,sve se faca.Sam me razocara feniks.

3/10/2006 04:00:00 pm  

Post a Comment

<< Home