Wednesday, March 08, 2006

Ману ми се ...(без допуна)
Малце каснам со постов, ама пак сум побрз од Бето и неговиот рикеп од Сакто - Њу Џерси:). Глеам дека ве има доста фанови на Лејкерси, а пошто вчера сабајле ги глеав со Сан Антонио...(на постов ќе му додадам линкве и слики нешто покасно). Имав пишано на старт од сезоната кога ги глеав Лејкерси дека системт на игра ептен ми личи на оној кој го играа Булси кога Фил Џексон тазе ги презема 1990 година. Тогаш Мајкл растураше, а сите други му помагаа. Нормално дека само со таква игра ништо не бива, па кога другите епизодисти стасаа како играчи, почнаа да паѓаат титули. Сеа, овие Лејкерси викам дека само потсетуваат на тие Булси, не дека се исти, зашто се далеку од титула. Но, со понекој асален играч у следниве две години, ху ноус? Како и да е, да се вратиме на мечот од понеделник вечер, поради кој спиев само два и пол саати и на кој јасно се виде зашто Спарси се шампиони. Поп постави одбрана која му дозволи на Коби да се распуца, али затоа ги затвори сите други играчи на Лејкерси, кои не се видеа цела утакмица. Исклучок е стартот, у кој Смуч, Ламар и Мим покажаа понешто, и заедно со Коби кој си играше со Боувен колектор го добија 1.полувреме. Е, и тука завршува причата за изедначени ривали. У 3. период, од кој ја преспав поголем дел, Ману со 4 тројки и Данкан и Тони со асистенции покажаа зш се чемпс. 36-19 завршива тије 12 минути, по кои Коби џабе покушаваше да ги врати у игра со луди шутеви од кај ќе му текнеше. Спарси можеа и да си дозволат и да го играат финишот без Тимчо, кој доби прст у око од Смуш. У тие моменти па се разигра Финли, кој со помош на Тончи одговараа на секој поен на Коби. Како и да е, за сите фанове на Кобиси, има надеж, и тоа доста голема дека уште сезонава ќе биде плеј-оф, посебно што "размазените бебиња од Јута" играат слабо. Едини ривал за тоа место мислам дека им се Кингси и од сенка - Рокетси. Ај за сеа доста, синоќа ги глеав Далас-Портланд, али за тоа и за др. причи, нешто покасно...

9 Comments:

Blogger марче said...

kakva nula zakacif na vashington - boston ... i me poeba toj shupachki tim indijana!

3/08/2006 11:31:00 am  
Blogger Karakash said...

A ja pa Indijana ja igrav dvojka:)

3/08/2006 01:32:00 pm  
Blogger Ико said...

Тешко Хјустон у плеј-оф... Ел-Еј, Јута или Сакраменто.

3/08/2006 03:59:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

Годинава ќе видиме плејоф а догодина и титула, од Одом ќе го биде нешто, Мим ќе биде разменет за некој поквалитетен од него, Смуш го бива може тој подобро гледам светла иднина на Лејкерс во триото Коби-Одом-Паркер

3/08/2006 06:22:00 pm  
Blogger NicoleW said...

Hi, a nice blog you have here... You will surely get an bookmark :) Fleshlight

3/08/2006 06:48:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Не не Каракаш не се работи за тоа, ја глеав утакмицата и непишав рикеп зашо беше срање.

П.С. Пак те видов у град, Те прогањам.....аааааааааааааа

3/08/2006 07:45:00 pm  
Blogger Shepard said...

енкоу, ако некој ти титка и ти дише у телефон, знаеш кој е :)))

3/08/2006 07:53:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето - д стокерот:)

3/08/2006 08:53:00 pm  
Anonymous бодан said...

Ова стануе опасно!Џон Ленон најдобро го знае тоа Каракаш)):Шала мала Бето)): Иначе за Лејкерс-Спарс,стварно мислев дека Смуш му го извади окото на Тим!Роботот имаше многу среќа.

3/08/2006 11:57:00 pm  

Post a Comment

<< Home