Friday, March 24, 2006

The Beast is back, Џемо, кипот Карл, нов НБА ТВ термин, NCAA плачковци
Бааги каснам со ова, али тоа тие, од многу обврски дури сега стигам да пишам за утакмицата која ја гледав сабајлево, а у која Феникс пак стана најопасен кандидат за тронот на Спарси на Западот. Фаќав и белешки за секој потег поврзан со камбекот на Амаре, ама ги заборавив на работа, така да идеме со ствари онака, од глава. Знам дека вчера Диркулес беше ридиркулeс, ама џаба тие се 51 поени, ако изгубите дома од едни Ворирси, кои па играа без еден Берон Дејвис. Као што знаете сите досега, ги реши Џеј-Рич со оф баланс тројка у задња секунда за негови 40 поени. Така, главна прича, сосема заслужено остана камбекот на Ѕверот. Уште со најавата се виде дека Амаре е ептен нервозен и нестрплив и едвај чека да почне утакмицата. Кога тргнаа, се беше како лани (добро, не баш се) и првите поени за Санси ги убаци баш Стадемаер со кеч енд шут од преку слободни, по што одма следеше 2+1. У првите девет минути, колку што играше у прво, Амаре имаше 11 поени, кои до крај отидоа на 20 и 9 за 19 минути. Имаше моменти кога се гледаше дека му фали физичка спрема, али за прва утакмица по скоро година дена пауза изгледаше ептен добро. Еднаш го залепи Тревис Аутло, и тоа добро го залепи, али па Амаре у истиот напад си ја врати топката и закуца. У него, сите можеа да видат какви можат да бидат Санси со доминантен играч у рекет, а 76-те поени у 1. полувреме се рекордни сезонава. Еден збор, страшно. Спарси, пазете се. Што се однесува до Портланд Мистикси, си го оправдаа надимакот. Главни играчи им беа Кријапа, Аутло, Џек и Телфер, а помалце и Диксон и Блејк. Рендолф го немаше нигде, а Мајлс не ни влезе (зашто? - подоле). Тие момци иако изгубија ко Грчка, покажаа дека има иднина у Портланд и да не беа толку јаки Санси, ќе му го расипаа камбекот на Амаре. Има надеж.
* * * * *
Пред некое време у мејл ни стигна прашање за кариерата на Џемо Мешбурн, односно дали и кога ќе се врати. Ја му одговорив дека Џемо си го кажа задњето пред година и пол, можда две, а денес и официјално Сиксерси, кои го добија само како пополнувач на трејд, објавија дека Мешбурн го разбудил пензионерот у себе. “I’ve had a long career in the NBA and have enjoyed my experience,” Mashburn said. “I look forward to retirement life. It doesn’t mean I am not going to stay busy, but it’s time to move on and accomplish some of the other goals that I have set for myself. It’s been a great time. I’ve learned a lot, but now it’s time to move on”- вика Џемо. Иначе, Меш ми беше еден од поомилените играчи у девеести, пред се затоа што беше вон вниманието на медиумите, а ипак беше главна ѕвезда на својата екипа. Кога само ќе ми текне на Трипл Џеј у Далас...проклета да е Тони Брекстон. Како и да е, Џемо, среќна пензија, си ја заслужи целосно, само е штета што поради повреди мораше прерано да си ставиш крај на кариерата. Ајде у лето, кога ќе нема толку интересни содржини, ќе пишам и еден пост за Меш.
* * * * *
Од вчера Џон и Карл засекогаш пред Делта центарот ќе си ги праваат своите пик енд ролови. Откако лани му ја открија стауата на Сток, у Јута му дојде редот на Мелоун. Еве го и линкот до причата. Исто како и за Џемо, летово ќе пишеме нешто поошширно за Карл. Освен ако некој од вас не сака уште сега да напише нешто за Поштарот.
* * * * *
Да го претркам Лекиќ, кој ова сигурно на голема врата ќе ви го најави вечер на Индијана-Детроит. Од следната недела, Спорт4 воведува и трет термин за директен пренос во тек на неделата. Денот ќе биде вторник, а еве ја и комплетната програма до крај на сезона. Иначе, ова денес ми го прати Лекиќ у мејл, што значи ипак негова е ексклузивата.
Вторници: 28.03. Детроит - Далас 4.04. Кливленд - Филаделфија 11.04. Чикаго - Њу Џерси 18.04. Филаделфија - Њу Џерси Петоци: 24.03. Индијана - Детроит (то ест денеска) 31.03. Детроит - Милвоки 07.04. Сан Антонио - Далас 14.04. Индијана - Минесота Недели: 26.03. Индијана - Филаделфија (то ест задутре) 2.04. Далас - Денвер 9.04. Mилвоки - Њу Џерси им коначно... 16.04. Лејкерс - Феникс
Знам, знам...Лејкерси само еднаш до крај, односно уопште сезонава кај нас:)
* * * * *
За сите Коби лавери. Брајантчо не би имал ништо против да си ја смени верата.....и да стане...Евреин?!?!?!
* * * * *
Синоќе не ми беше јасно зашто нигде у Мистикси го нема Дариус Мајлс. Онда сабајлево налетав наова. Типот наводно не закаснил на шутараундот, него скроз го пропуштил, односно преспал. Браво, Дариус, затоа и заврши во Портланд.
* * * * *
Малце НЦАА. Синоќа со Фајнал Фор надежите се опростија двете најголеми колеџ ѕвезди-белци. И Џеј-Џеј Рикид со Дјук и Адам Морисон со Гонзага испаднава, а момците имаа сличнии мушки реакции на елиминацијата. Не иде така у НБА дечки.

23 Comments:

Blogger Laf said...

Bravo za tretiot termin za prenosi! Super vest!

3/25/2006 12:49:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Што ви викам ја бе? Санси освајаат титула ако Амаре е барем на 70% од лани.
Додуша, никако не можат да излезат на крај у директен дуел со Сан Антонио, али ја вјерују дека тоа ќе се деси коа највише ќе треба...

Станав фан на Феникс, еј, не ми се верува...

3/25/2006 12:52:00 am  
Blogger Laf said...

This comment has been removed by a blog administrator.

3/25/2006 12:52:00 am  
Blogger Laf said...

Inaku vecerva na Orbit ESPN ke ima:

MILWAUKEE BUCKS at LA LAKERS

(http://www.orbit.net)

3/25/2006 12:55:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Не бе, Лаф - НЦАА ќе даваат цела ноќ ја колку што знам, а утре ќе има снимка од Лејкерси....
Дај боже да грешам...

3/25/2006 01:19:00 am  
Blogger Laf said...

flight75, izgleda deka si vo pravo... natprevarot najverojatno ke go davaat kako snimka vo 12:00h, kako sto mozam da vidam vo rasporedot, dole na stranata (najverojatno e po nase vreme). Pred toa ne gledav vo rasporedot, tuku gore, kade sto pisuva NBA – LIVE Throughout March. Najdobro koj ima Orbit ESPN da si proveri na linkot. :)

3/25/2006 02:08:00 am  
Anonymous Bojan said...

Нишо од Коби у живо... дефинитивно снимка ќе гледаме... и тоа не е лошо кога се нема избор... а за спорт4 супер работа е шо ќе гледаме + една утакмица... апетитите се стално повеќе ама ќе се снаоѓаме некако...
Во врска со постот да кажам дека Мајлс е еден од оние серковци играчи кои и во поиртланд им е многу да играат...еееејјјјјјј дај му го овој талент на Мексиканецот од Денвер... лом ќе прави... ама тоа е, некој луѓе се без мозок...

3/25/2006 02:52:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Samo za zadnjava slika. I dvajcata i treba da placat posto bea najgolemi krivci za ispadanjet. Ridik imase 3-18 sut od pole a Morison gi promasi poslednite 4 suta od pole od koi dva vo poslednite 1;30. A so placenje vo NBA ne biva.

3/25/2006 08:13:00 am  
Blogger retry said...

Koga dojde, koga u prva postava go stavi brkoto. Abe vi vikam namestena rabota, on i prethodno mozhel da se vrati.

3/25/2006 11:31:00 am  
Blogger Shepard said...

абе, коби д џу.. :)

3/25/2006 01:01:00 pm  
Blogger Karakash said...

...д џу, д џу:))

А за Џемо и Поштарот никој ништо, а? Цццццц...

Лаф, зашто знам дека тебе највише ќе те интересира, у четвртокот се изедов жив што на НБА ТВ не ја фатив Бостон-Атланта од 1987 год., кога Доминик им убаци 54...:(

3/25/2006 01:33:00 pm  
Blogger retry said...

Aj be eve kje kazheme po neshto ako e do tolku dojdena rabotata :)

Ednata tretina of J^3 ipak mislam deka u Hornets go dostigna vrvot na karierata, stana i All Star itn, itn, ali... Nekako prekratka kariera, se na se pomalku od deset godini dobar basket od nego (u pravo e chovekot shto misli za penzija, bolje osum od 10 super sezoni nego 8 od 20) i za razlika od Kid ne se eksponirashe mnogu, to je tachno.

Za poshtarov nema shto osim golem respect i nema mnogu da trosham zborovi, na site ni e jasno kakva velichina beshe. Na pochetokot ne mi beshe omilen igrach, ama kako shto stareeshe mi stanuvashe se poomilen, najmnogu koga potpisha za Lakers :)) Edino shto sakam da potenciram e deka chovekot si zasluzhi bar edna titula (trebashe Jordan da mu pushti edno finale), ama koga si baksuz toa ti e, nekad e potrebna i srekja za prsten. Otkako lakers izgubija u finale 2004 pochnav da veruvam deka e do nego, i vo koj klub i da otideshe nemashe da go osvoi LOB. Kako ne prejde u Detroit taa godina u bestraga :))))

3/25/2006 02:56:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

A be Jordan da mu pustese ama ne ke bese loso i on da pogodese nekoe od slobodnite. Se secam deka imase dosta promaseni. Inace takov sut od distanca nemam videno u NBA.

3/25/2006 03:20:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Dechkoto se vika J.J.Redick а не Рикид:)))

3/25/2006 04:03:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

Samo dopuna za Meloun. Promasenite slobodni bea vo '97 zadnja utakmica, 7 od 15.

3/25/2006 04:10:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, од цел пост тебе тоа ти остана у глава, а?:)

Така е, Неле...и Ритрај.

3/25/2006 04:14:00 pm  
Blogger retry said...

A zamisli da gi pogodeshe slobodnite, a Jordan da go prosmasheshe shutot preku (ustvari pokraj) Russell? A, a, a... Togash nemashe vakvi muabeti da pravime. :))

Poentata e shto na Jordan mu se sklopija strelkite, a na Karl ne. Ponekogash treba i tajmingot da se pogodi. Eve na primer Detroit, nemoj nekoj da mi kazhe deka da bea Lakers zdravi i bez problemi u ekipa, nemashe da gi rasturat. Pa Lakers gi izbacija prethodno Minnesota (zboram za onie Wolves koi bea najbolji na zapad u toa vreme), San Antonio i Houston, koi siguren sum da se pogodea u finale mesto Lakers, lagano kje gi pobedea Pistons. Ali koga gi izbacija ovie tri ekipi bea gore-dole zdravi i so ne tolku mnogu vnatreshni problemi. Plus da ne go spomnam tuka faktorot na potcenuvanje u prvata sredba od finaleto.

3/25/2006 04:22:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ја не глеав ни Гонзага ни Дјук дај пишете нешто за тоа не ми се верува Дјук како изгубиле...

Тој Ридик ќе биде одличен НБА кошаркар, таков шут не сте виделе...сеа колку е цврст тоа е друга работа...А МОрисон е покрупен ама има мустаќ, аиииииииии

3/25/2006 05:03:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

Ja gledav Gonzaga ali zasluzeno izgubija. Mesto poslednite napadi da igraat na vreme(35 sek. napad)pa i po cena da istece vremeto, ili da iznuduvaat fauli, tie sutiraa (Morison)i primaa kosevi u kontra. Na 2:00 imaa 9 razlika i uspeaa da izgubat.
Duke isto izgubi na kraj, tolku vidov zadnji 3-4 min. i oni imaa rezultat sto gi ostavase u igra 53-52 negde 3:00 do kraj, taka nesto i ottogas LSU napravi 11-2 i toa e toa.

3/25/2006 05:41:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

Retry pa na Jordan mnogu puti mu se sklopija kockite a na Meloun niednas. Uostalom toa i e razlikata medju golemite igraci i najgolemiot.
A LAL ne go pobedi DET samo poradi losite odnosi medju Kobi i Sekil.
A i onoj trenerot nemase da mu ja dignat cenata tolku, ke si sedese uste u DET.

3/25/2006 06:09:00 pm  
Blogger retry said...

Chekajte malce... Ne znaev deka Lakers gi tepale Detroit u finale 2004. :))

Dr.Nele dijagnozava ti e u redu, ne bea samo loshite odnosi na relacija Kobe-Shaq, tuku i vloshenite odnosi Kobe-Karl (ona so navodnoto javuvanje i maltretiranje na zhena mu na Bryant od strana na poshtarot). Vakov triagolnik na Jackson ne mu trebashe :))

A so poslednoto ako mislish na Brown, onda mislam deka imash pravo deka Detroit napravi od nego trener (imashe on mal uspeh i so Philadelphia). Koga kje se zeme v predvid dolgata trenerska kariera i golemiot broj klubovi shto gi smeni (pokraj 76ers i Pistons ushte i Nuggets, Nets, Spurs, Clippers, Pacers) izleguva deka gi menuval klubovite so cel da osvoi titula kako shto toa go pravat i nekoi igrachi. Nikad ne pokushal da stvori ekipa (osim so Philadelphia, ama i toa pukna). Sega po nekoja sluchajnost Detroit pak da stanat shampioni (vo shto ne veruvam), site kje vikaat deka e toa po zasluga na Jetson, a shto praveshe so Minnesota? Imashe i tamu super ekipa i edvaj u edna godina otide u finale na zapad, a prethodno ili ispagjashe u prva runda ili uopshte ne ideshe u playoff.

3/25/2006 07:28:00 pm  
Anonymous Гижо said...

неморале минесота да ја даваат, ич не ми се гледаат, од салата, дресовите па до играчите, све е депресивно

3/27/2006 03:24:00 pm  
Blogger Karakash said...

Тотална депресија, Гижо. Тотална.

3/27/2006 03:50:00 pm  

Post a Comment

<< Home