Saturday, February 04, 2006

Успаванка + Top 10 All-Time Greatest dunks (најдоле)
Веројатно ја гледавте вчера Хјустон-Сиетл, која до толку беше успаванка утакмица што заспав на старт од 2.полувреме и не ја догледав. Кога сабајле го видов резултатот, ич не ми беше криво што не останав со шкорчиња у очи до сабајле, како многу пути досега. За оваа утакмица не вредеше да се прави такво нешто. По неколку пати сезонава имав прилика да ги гледам и двата тима, и тоа у многу поразлични изданија од тие синоќа. Од тимот на Соникси кој го водеше картаџијата Боб Вајс, па до Сиетл без суспендираниот Ален и со понекоја минута за Радмановиќ и ниедна за Роберт Свифт, па до овој на Боб Хил, у кој ротацијата е скроз изменета, ама резултатите си остануваат исти. Ваљда за да се деси нешто поголемо, потребни се посериозни потези. Што се тиче Рокетси, ги гледав и со Ти-Мек и Јао заедно (како синоќа), но и без двајцата или па без еден од нив. Плус, на ниедна утакмица што ги гледав сезонава не сум ги видел комплетни, на старт фалеше само Алстон, онда Мекгрејди, па се врати Рејфер, ама у аут отиде Јао, а и Дерек Андерсон и така по ред. Синоќа од побитните играчи не играше само Дерек (не, Џон Бери не е битен играч) и како играа, од тоа што го изгледав, Хјустон малку заличи на тимот на кој сите му предвидуваа борба за врвот на Западот. Ама само малку. Мислам дека комбинацијата на играчи и тренер кај нив тотално не ја бива и дека само прашање на време е кога у Хјустон ќе сфатат дека со дефанзивно ориентираниот Ван Грампи и офанзивно ориентираниот Ти-Мек тешко ќе ги вратат златните години од пред една деценија + 1-2 години. Плус, Ганди никако да пронајде начин да го искористи максимално Јао, никако, што е права штета. А сеа малце за коментарот, кој за разлика од претходните средби беше нешто бољи. Али, барем у 1. полувреме, кога се уште бев свесен, беа кажани неколку ствари кои, барем јас мислам така, некој кој коментира НБА не смее да ги утне. Со должна почит колега, знам дека го читаш ова. - Соникси не беа на почетокот од 90-те дел од НБА Финалето. Освен ако прошлата деценија не започна со 1996 год. Тоа и типови со многу помалку НБА познавања од тебе го знаат. - Спомна дека од 1994 год., кога изгубиле од Хјустон, Никси никад пак не дошле блиску до НБА Финалето?!?!?!!? Онда, кој играше против Сан Антонио у Финалето 1999 год? - Видиш, не сум знаел дека Стромајл Свифт во Хјустон дошол од Вашингтон. Се си мислев дека до лани играше у Мемфис. - За ова не знам баш, али дури гледав, ниеднаш не спомна чив син и чив внук е Демиен Вилкинс. Ако си се исправил во 2. полувреме, свака част. Ако не, татко му е Џералд, екс-НБА играч кој постарите фанови го памтат како играч на Њујорк, додека чичко му е Доминик Вилкинс, за кој не треба објаснување. - Operation: Yao Ming. Да, да... - И за крај најголемиот кикс. Колисон бил 4. пик на драфтот веднаш зад феноменалното трио Леброн, Мело, Вејд. Боже! Еве како изгледаше драфтот 2003 год.: 1.Cleveland - Lebron James 2.Detroit - Darko Milicic 3.Denver - Carmelo Anthony 4.Toronto - Chris Bosh 5.Miami - Dwyane Wade 6.LA Clippers - Chris Kaman 7.Chicago - Kirk Hinrich 8.Milwaukee - TJ Ford 9.New York - Mike Sweetney 10.Washington - Jarvis Hayes 11.Golden State - Mickaël Pietrus 12.Seattle - Nick Collison Нема смисол нели? ------------------------------------------------------------------------------------------------- У други НБА вести, Ајзеа Томас пак почна да тера у свое. Само не знам дали трејдот за Џален Роуз од Торонто е потег со кој сака да ги заташка муабетите дека се обидел сексуално да малтретира некоја госпожа вработена у MSG, или па сака уште повеќе да го заглави селари-капот на Никси и да си заработи отказ. Роуз можда малце ќе ги мрдне, ама многу малце. А тоа не вреди 16,7 милиони долари!?!?!!? колку Роуз ќе лапне следната сезона. Плус, на Антонио летово му истекуваше договорот, а со него у Торонто го испратија и нивниот пик од 1.рунда на следниот драфт. Go, Isaiah! -------------------------------------------------------------------------------------------------- За крај, малце куцања, кои идат заедно со претхониот мој пост, за текстот на Фил Тејлор. Само стиснете плеј и уживајте...

22 Comments:

Blogger Shepard said...

ова киксовиве, и ја ќор пијан и стомна напушен му ги фатив.

ме оздравеа.

2/04/2006 03:58:00 pm  
Blogger Shepard said...

а бачко од кај клипоф?

2/04/2006 04:00:00 pm  
Blogger Shepard said...

а да, за мозес мелоун предавањето.

друже, мозес најголемиот успех ако не се лажам го имаше со сиксерси, а со хјустон само еднаш се појави у финале.

али ајде, опростено е дека и ја ко енко, ја спаф утакмицата :)

2/04/2006 04:06:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Мене куцањава не ми напраи мерак освен 10тата позиција , Кемп!Многу добро куцање.А другите, онака...

Ако го кажал то а за Свифт стварно...е тоа секој љубител барем на куцањата знае каде играше типот шо лани го имаше секоја недела на ТопТЕН

2/04/2006 05:13:00 pm  
Blogger zare said...

Najdobri kucanja na site vreminja!!? Daj be ne zafrkavaj nema sansi ova da e tocno:)))))

2/04/2006 06:07:00 pm  
Blogger марче said...

том чемберс човече :)) белците незнаат да скокаат :)) ... колку само не се ова десетте најдобри куцања на сите времиња :))

2/04/2006 06:17:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Ova e od pred 7-8 godini. Samo u rookie sezonata Carter imase 5-6 bolji od ovie.

2/04/2006 07:32:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе лепотани, ова е топ тен, комерцијала.

не глеате колку е политика, џордан прф..

2/05/2006 05:56:00 am  
Blogger beto # 6 said...

и тоа шо викаш...samo Kemp vredi od cel klip

2/05/2006 12:12:00 pm  
Blogger Karakash said...

Само Кемп, а?
Признавам дека има понекое куцање на Картер или Коби кое би можело да се најде тука, али очигледно сте касно родени за да можете да поштуете некои работи.
Само Кемп, а?

2/05/2006 01:27:00 pm  
Blogger Karakash said...

Убавината е субјективна...мада кога се оценуваат забивања, постојат некои критериуми, критериуми кои ги поставија некои момци кои се на оваа листа. Посебно двајца од нив, не мора да кажувам кои.

И никаков коментар за остатокот од постот, а?:)

2/05/2006 01:38:00 pm  
Blogger Shepard said...

пер.. секс, секс, секс.. и јак оргазам!!!

2/05/2006 02:48:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе со остатокот од постот све е у ред затоа и ништо не коментирам...
Сеа Каракаш и ти оваа сезона, до сега само имаше барем 2 куцања за на листава.Можда сеа и ја су копиљ али пак, не ми изгледаат како топ тен за историјата на нба лигата.

Иначе баш би сакал да те видам тебе како ќе искоментираш еден нба меч, знам дека нема да ме разочараш:))))

2/05/2006 02:55:00 pm  
Blogger zare said...

Ova top tenov e od pred 8-9 godini.Pred doaganjeto na Vince Carter vo NBA..

2/05/2006 05:32:00 pm  
Blogger марче said...

[Fredro Starr]:
Aiyyo, who slam harder? Onyx, or Vince Carter? (ONYX!)
All my thugs gettin dollars (Uh-Oh! Uh-Oh!)
All my ladies just holla (Uh-Oh! Uh-Oh! Uh-Oh!)
Slam Harder!

2/05/2006 07:02:00 pm  
Blogger Shepard said...

fredro :)

sticky fingaz ми паша мене поише :)

2/05/2006 07:48:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Kurle abe zasto ne prifakas da vlezes vo studio pa tamu ispukaj se sto znaes, a ubavo ti bese ponudeno. Ili pojavi se da te cueme ili odjebi be covece dosaden si. Ova e za toj strucnjakot so tetratkata.

2/05/2006 10:16:00 pm  
Blogger марче said...

sea daj posoci za kogo se raboti. ima ovde mnogu strucnjaci. :P

2/05/2006 11:50:00 pm  
Anonymous bodan said...

Opoet ne go izbrishavte karmushov? Ovja dan mu e brat na komentatorot shto kazue gacke na sitel koaj ima shpansko?

2/06/2006 12:28:00 am  
Anonymous Ivica said...

A ovoj anonimusov uporno prodolzuva da cita NBA Macedonia. Decko ako ne ti se svigja programata smeni kanal.

2/06/2006 12:50:00 am  
Anonymous bodan said...

Vecerva bese dobra vecer.Moite timoj doro projdoa.Atletiko(M) I GO IZVADI MOZOKOT NA barsa(OPET), LACIO izdrza so milan,e sea uste indijana da iznenadi vecerva(ce bide nekoe cudo nevideno) i ce imam edeno od najubajte spienja evar. P.S. Ova mozda lici na pesmice,ama morase nekako da izleze od mene?

2/06/2006 01:17:00 am  
Anonymous bodan said...

Za indijana najvise mi e merak zos svite se smeeja.

2/06/2006 01:29:00 am  

Post a Comment

<< Home