Friday, February 03, 2006

R.I.P., SLAM DUNK by Phil Taylor
Као што веројатно знаете, синоќа пред утакмицата меѓу Мајами и Кливледн беа објавени стартерите за Ол-Стар средбата која на 19. месецов ќе се одигра во Хјустон. Резултатите се сосема очекувани и со исклучок на понекој кој бил избран од виша сила (или Кина) скоро сите си се заслужено у први пет. Барем според масата. За тоа кои треба, акои не да бидат стартери, нешто покасно, а сеа едно интересно текстче од Фил Тејлор од "Sports Ilustrated", и неговото мислење за најатрактивниот (за многумина) шут во кошарката. Забивањето е мртво. Не мртво смисол дека веќе го нема, туку мртво во смисол дека на никој веќе не му е грижа за него. Умре од природна смрт, едноставно остаре и стана превообичаено. Видовме многу забивања така да за ниту едно веќе не може да се каже дека е нешто посебно. Леброн Џејмс оваа недела му го прочита поменот на забивањето, кога одби да биде дел од натпреварот во забивање на Ол-Стар викендот. Со тоа тој не само што се заблагодари на поканата, туку и додаде дека никогаш нема да биде дел од тој натпревар. "Не сакам да ме препознаваат по тоа што сум бил дел од натпреварот во забивање. Кога забивам единствено на што мислам е да постигнам два поени. Во најголем број од случаите не планирам однапред како да забијам" - рече Леброн. Натпреварот во забивање им припаѓа на 80-те. Повеќето од играчката елита во НБА со години го избегнува, но кога најголемата млада ѕвезда (и веројатно најголемата ѕвезда воопшто) го откачи, забивањето и официјално го загуби својот шарм. Топ 10 најатрактивни потези секогаш ни сервираат атрактивни забивања, но на колку од нив ви текнува веќе следниот ден? Заборавете на олд-скул муабетот дека забивањето ја уништило кошарката, затоа што самото самото забивање стана олд-скул. Тоа прерасна во само уште еден шут, а не нешто што порано на нозе ја креваше цела арена. Секој солиден средношколски тим во своите редови има барем еден или двајца момци кои можат да забијат. Во НБА, 99% од играчите можат да го направат тоа на атрактивен начин. Пошто забивањето е мртво, редно е и натпреварот во забивање да биде закопан со него. Можеби ќе биде интересно да се види што ќе направи 174 см. високиот Нејт Робинсон на претстојниот натпревар, но освен тоа, нема многу причини да му се посвети многу внимание на натпреварот годинава, од кој уште се дел и ланскиот шампион Џош Смит од Атланта, Андре Игудала од Сиксерси и Хаким Ворик од Мемфис. Сите тие се одлични забивачи кои во моментов веројатно подготвуваат нешто посебно, но шансите се многу мали било кој од нив да изведе нешто што до тој степен ќе ја возбуди публиката како што тоа на времето го правеа Мајкл Џордан и Доминик Вилкинс. Тоа не е нивна вина, туку едноставно последица од тооа што играат пред публика која веќе ги видела тие потези. Организаторите на натпреварот секоја година вршат ситни измени на правилата, се со цел да го направат позабавен. Но, тие никогаш нема да можат да го надминат најголемиот проблем на овој натпревар, а тоа е неговата вештачка природа. Најдобрите забивања, како тие на пр. на Леброн, не се планираат. Тие се летови на импровизација кои се производ на високото ниво на натпревар, компетитивност. Тие се случуваат одеднаш и го одзимаат здивот на сите. Обично забивање преку играч е многу поимпресивно од забивање од пируета кое никој не се обидува да го запре. Кога Винс Картер ќе му забие во лице на Алонзо Морнинг, тоа вреди да се види. Кога Коби Брајант ќе тргне на влез покрај аут-линијата и ќе забие на втор обрач преку двајца противнички играчи, тоа вреди да се види. Но, тешко дека има некоја вредност кога некое младо момче ќе се најде само на теренот и ќе изведе забивање на кое работел две-три недели. Токму затоа натпреварот во забивање е најлош начин да се рекламира забивањето. Но, не жалете за забивањето. Тоа живееше долг и исполнет живот и во своите најдобри години навистина беше нешто посебно, спектакл за очите. Нека почива во мир.

8 Comments:

Blogger kole said...

retko dobar post.alal mu vera na tipot.stvarno mnogu ubao ja objasnil situacijata so kucanjeto

2/03/2006 06:47:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

И јас би го рекол истото.Ствљрно реално отсликување на работите!

Ми текиња (бев копиљ) коа Коби победи на забивањата со тоа меѓу нозе куцаањето.Ми текнува го даваа на а1.Е тоа беше нешто ново.

2/04/2006 12:04:00 am  
Blogger Laf said...

Znae nekoj dali ke ima vecer NBA na Sport 4?

2/04/2006 01:12:00 am  
Blogger kole said...

kolku so vidov sea,izgleda ke davaat houston i seatle od 02:30h. a od 2 ima na orbit detroit-76's

2/04/2006 01:48:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Abe, kucanjeto blagodarenie na Jordan i Wilkins se razvi kako posebna supkultura. Vo 80-tite pobednicite na SLAM DUNK bea pred se igraci, superzvezdi, a posle kucaci. Vo post-Carter erata ima edna izrazito interesna situacija. Od edna strana igraci kako LBJ koi se superzvezdi i kompletno go ignoriraat SDC, a od druga tipovi koi bez razlika kakvi igraci se, pred se se kucaci: JRICH, Josh Smith... Tie se gordeat so podignuvanjeto na SDC na slednoto nivo. Dunk Contest-ot poleka stanuva posebna disciplina, razlicna od samiot NBA-mec. Kucanjeto nosi eden STREETBALL potpis koi ima poinakva privlecnost od kosarkata. Toa sto bile Harlem Globetrotters za NBA, ABA i t.n. sega se Slamnation za kucanjeto. Ima pacienti (kao mene) sto se molat na primer James White da vleze u NBA samo za da go napravi ona: od slobodni kroz noze na SDC, ne mora da igra ni minuta. Da rezimiram, se sozdava edna interesna podvoenost pomegu NBA i SDC. Moze cela sezona Josh Smith da ne igra poveke od 10 minuti po mec, ama ja pa ke sedam da vidam dali ima gz da proba da napravi 540-ka na Dunk Contest. Wilkins, Jordan i Dr.J go postavija standardot, ama sega kucanjeto e posebna umetnost
NBA SDC IS DEAD
LONG LIVE THE DUNK CONTEST

2/04/2006 07:19:00 pm  
Blogger Karakash said...

Добар коментар Флајт, и добредојде на МакНБА.

2/05/2006 01:39:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Fala i dobro ve najdov

2/05/2006 05:52:00 pm  
Blogger марче said...

[Fredro Starr]
Aiyyo, who slam harder? Onyx, or Vince Carter? (ONYX!)
All my thugs gettin dollars (Uh-Oh! Uh-Oh!)
All my ladies just holla (Uh-Oh! Uh-Oh! Uh-Oh!)
Slam Harder!

2/05/2006 07:01:00 pm  

Post a Comment

<< Home