Friday, February 03, 2006

Конечно малце Fantasy NBA
Конечно еве го нашиот Фентази НБА гуру Ивица со пост за NBA Macedonia после баааги време. Нормално, како и секој, и овој пост има детална анализа на секој тим, но веројатно може да биде од помош и за оние фентази играчи кои играат по некои други лиги. Еве. Дечки после дооолго време (месец и нешто) еве ме и мене со коментар околу развојот на настаните во нашата фантази лига. Можеби некои работи кои се случуваа во лигата во изминативе месец дена моја неактивност сум испуштил, ама во рамките на она што можам да го видам ситуацијата е ваква: 1.Zvezdara - Во изминативе два месеци екипава забележа огромен успех- моментално има 97,5 што е убедливо најмногу поени кои ги имал некој тим во НБА Македонија!! Го има Крис Бош кој стандардно ги дава своите 23 поени и 10 скокови, го има ЛеБрон кој е ЛеБрон, а го има и Мајкл Ред кој според мене не заслужува толкаво внимание од фантази гледна точка, ама секогаш може да донесе добар трејд со кој Звездара би не дотолчила во лигата уште пред да дојде нејзината половина. BTW: Риспект за феноменалните потези со кои ги доведе Мартин од Сакраменто, Кени Томас и Алонзо кој, иако не игра повеќе од дваесет минути на натпревар има просек од три блокади. Со такви играчи се добиваат фантази лиги. Споредните играчи се подеднакво битни, ако не и побитни од самите ѕвезди. P.S. Од Заза веќе нема ефект. Му помина магијата 2.mac10 - Стратегијата која ја користи дечково наречена "Се што лета се јаде" никогаш не носела многу успех па сега живо ме занима како ќе се проведе... Во основа, нема квалитетен тим, го прибира во својот тим секој играч што ќе постигне над 20 поени на еден натпревар и се на се нема долго да трае. Доволно е да нема недела дена пристап на нет за да падне на седмо место. Чисто за да укажам каква е неговата стратегија ќе ги спомнам имињата на некои од играчите кои продефилирале низ неговиот тим: Франциско Елсон, Јохан Петро, Џоел П-нешто-ибила, Џумејн Џонс, Тео Ретлиф, Дејвид Весли... Не оди овој далеку вака. Ако промашам срам да ми е :-) 3.ekipata - Многу работи тргнаа на подобро за Дарко. Почнувајќи од трампата Стојаковиќ- Артест со која Стојаковиќ веројатно ќе ја оживее својата сезона, преку извонредната форма на Кармело и Мајк Џејмс до феноменалниот кам-бек на Џејлен Роуз, кој во еден момент од оваа сезона беше дел од најдебелата клупа на Торонто и на неверојатен начин се врати во ростерот и повторно си ги зема своите триесет и нешто минути по натпревар.Хаслем и Гасол се прилично стандардни, а Поузи прикажува се подобри партии(вчера имаше дабл-дабл со Кливленд). Добар избор беше и Џеф Фостер од листата на слободни играчи, кој малку од малку ќе ја закрпи најкритичната позиција на овој тим-центарската. Како непотребни во екипава ми изгледаат Смит од Милвоки и Вокер од Мајами... Им помина времето нив :-). Што се однесува до трампата Мерион за Хаслем и Вокер еве прв ќе кажам дека гласав против бидејќи со таква трампа не би ни цветале рози на нас другите во лигава. 4.Vodnjanski Lisici - Бето е приказна сам за себе... Реши да се откажува од лигава и одлучи да го понуди Данкан на аукција. Интересот не беше нешто голем, најверојатно поради тоа што никој не ја сфати сериозно работата па Каракаш ќари и си обезбеди место меѓу првите три на крајот на сезоната (само како потсетување Амаре треба да се врати некогаш, а кога ќе се врати ќе се смени бодувањето во скокови и поени во полза на Каракаш- во тоа сум убеден). Друго за Бето не знам што да кажам освен тоа што му го реков и на Шепард: Бето врати се, се ти е простено :) 5.Cair Seirdzis - Веќе го споменав ова и погоре... Каракаш се покажа како најдобар ГМ од сите нас и го ќари Данкан за Френсис и Андре Милер. Воопшто не му е лоша трампава, особено со оглед на фактот дека Амаре напреднува во процесот на заздравување и дека кај и да е ќе се врати. Е после тоа ќе е интересно да видиме како ќе се смени структурата во поени и скокови. Супер потег беше доведувањето на Радмановиќ кој добива значително поголема минутажа отколку што добиваше кај Боб Вајс. Да не ја заборавиме и трампата Фишер за Колисон со која можеби не доби многу (Фишер и не е некој фантази фактор), ама сепак доби подобро од Колисон за кој сто пати имам кажано дека е стаклен тип, можда постаклен од Кириленко... колку и да звучи тоа неможно. 6.Ivica's finest - Your's trully, да биде искрен, не обраќаше многу внимание на тоа што се случува во НБА во последно време (последно што имам гледано се тие 81 на Коби). Причините се прилично познати- обврски према факултетот. Ама сега да не испадне дека плачам или нешто слично... Глевни проблеми кај мене се повреди. Во еден момент имав шест играчи кои не играа!!! Сеуште се мачам со Окафор и Кемби, Свифт и Вебер се во стилот денес играм-утре не, па некој мораше да настрада, а за жал тоа беше единствениот мој плеј Бревин Најт (кој, јасно, беше повреден пред некое време). Значи отворен сум за понуди на позиција плеј, ама само сериозни :). И не можам уште нешто да си објаснам: Зошто кога и да понудам трампа, колку и да е добра за двете страни, експресно ми ја одбиваат?!? Па дајте луѓе малку хуманост покажете:). А многу ми е по ќеф да го имам Ричардсон во екипа... 7.Courtist - Како што ми гледа работава дечково не е баш најактивен, се логира само повремено и не би требало да претставува некој проблем во понатамошниот тек. Згора на се Марбери премина во класата стаклени играчи и многу мали се шансите да се добие нешто корисно за него во трампа. Јас лично би го зел чисто заради тоа што немам плеј:). Од останатите играчи има едно чудо промашени инвестиции како Чилдрес, Дампие а богами оваа сезона и Ентоан Џејмисон. Не гледам можност овој тим да заврши во први три, with all do respect за Паркер и Вејд. 8.max5 - Искрено речено не ја капирам потребата од Хаслем и Вокер во замена за The Matrix во овој тим... Не знам на кој начин би добил било што од трампата, освен од тоа што би го појачал Дарко неверојатно многу. И во макс5 повредите се фактор во поголема мера отколку што би требале да бидат па како резултат на тоа е и осмото место моментаално. Дариус Мајлс е повреден веќе долго време, Диогу по блесокот веднаш по враќањето се изгуби во сивилото на Голден Стејт, Алстон не мора ни да ви кажувам какви нервози ми има приредено оваа сезона- веќе имате читано, Тинсли не се смета ни за жив (нешто ко Бузер е и тој). Стивен Џексон е осамен во Индијана (ај ваљда сега од кога му дојде Стјаковиќ таму ќе има помалку вечери со шут од поле 5-23), а Кид и Картер си ја тераат работата, но се премалку за да направат овој тим да има подобар пласман. 9.KangMac - Типов ме нервира и нема да го удостојувам со анализа на неговиот тим, а и прилично сум сигурен дека не е првиот Кинез (или Кореанец или што ли веќе е) кој знае да чита кирилица. 10.bodan atletiko madrid - Бодан нешто бојкотира, нема поставено тим долго време па глупаво би било да коментирам што е добро а што е лошо во тим каде 10 играчи се бенчирани. 11 и 12. Двата стечај тима на Шепард - не морав ни да ги споменувам, ама ајде... колку да не рече Шепард дека како основач на блогов, воопшто не бил спомнат. Бар имаат 12 и 13 поени од изгубени топки:)))

3 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Ej Ивица, отиде Ричардсон...за ВИНСЕНТ ЛАМАР КАРТЕР најдобриот играч у НБА.Вчера напраи трипл=дабл со Мајами.

Што се тиче до лигата, јас прогнозирам на сигурно прво место на Каракаш зашто коа Амаре ќе му биде активен, ќе ја има ДЕФИНИТИВНО најаката екипа у макнба лигата.

2/05/2006 12:39:00 pm  
Blogger Karakash said...

Така е Бето:)

2/05/2006 01:35:00 pm  
Blogger Shepard said...

лигава е македонштина, пола тимови стечајци :))))))

2/07/2006 09:42:00 pm  

Post a Comment

<< Home