Wednesday, February 15, 2006

Исправање на грешката или...?
Неколку часа пред саботниот дел од Ол-Стар викендот, TNT ќе ја објави листата од 10 нови имиња кои ќе им бидат додадени на оние кои во Кливленд пред 10 години беа избрани како 50 Најдобри играчи на сите времиња, нормално, у НБА. За тоа кој заслужува место на таа листа ќе гласаат како познати играчи легенди, така и тренерски легенди и реномирани американски новинари. Со оглед на тоа дека ја и Шеп спаѓаме у секоја од овие категории, еве го нашиот удел во изборот. Прв е мојот, а после некое време и Шеп ќе го каже своето. Мислев да ги ставам по ред, али не ми текна каков ред би бил тоа, според каква основа. Ќе почнам од оние кои неоправдано не се најдоа на списокот од пред 10 години, а ќе завршам со оние кои ќе играат уште добри десет години. Најголемиот дел ќе му го посветам на човекот кој неправедно беше изоставен 1996 год. и кој е виновен за мојата заразеност со НБА. За прв пат помислив дека и у НБА владее одредена политика беше кога за Дрим-Тимот у Барселона 1992 година не беа селектирани Доминик Вилкинс и Ајзеа Томас, што беше невидена глупост на комесарот и другарчињата. Ајзеа го доби извинувањето 1996 у Кливленд кога го избраа у Топ 50, но Ник никогаш не го доби потребното признание од лигата. Тој однос на Штерн и пријателите продолжува до ден-денес, а посебно беше срамен потег минатото лето кога Доминик не беше избран у Хол оф Фејм, каде нормално, има место за еден таков виртуоз од типот на Дино "Гробот" Менегин. За сите кои имале прилика да го гледаат Ник, тој е еден од најголемите НБА ѕвезди на 80-те и причина многумина да почнат да гледаат НБА. Во времето кога фановите се делеа на навивачи на Меџик и Лејкерси, Мајкл и Булси или Лери и Селтикси, Доминик му понуди надеж на остатокот од НБА светот. За тоа какво влијание тој имаше врз денешните играчи не треба да се зборува, зошто секој од нив се уште се обидува да ги копира потезите на Ник. Тој беше прв стрелец сезоната 1985-86, а цели 11 сезони по ред имаше просек поголем од 20 поени. Два пати беше шампион у куцање, а да не беше грабежот у Чикаго 1988 год. ќе беше единствен со три титули. Но, Ник беше многу повеќе од машина за забивања и кошеви, тој беше срцето на Хоукси кои по неговата трампа на барање на моронот Лени Вилкенс, никогаш не се опоравија. На повлекувањето на неговиот дрес (21), дојдоа сите играчи кои му беа ривали додека играше, од Мајкл, до Меџик, Лери, Ајзеа, Баркли, Јуинг, Мелоун и Стоктон. Сите тие кажаа дека срамота е што Доминик не е со нив во Топ 50, зошто тој не само што го заслужува тоа место, туку сигурно е и во Топ 40 или Топ 30. Време е. Еве и клип (малце поголем) за оние кои ја немале таа чест да го гледаат Ник на дело. (Предлог: стиснете плеј, па онда малото пауза дугме доле лево се додека не се лоудира клипот, онда на истото место кликајте плеј и уживајте). У останатите заборавени пред десет години секако влегуваат и Боб Макаду, кој беше и прв стрелец и НБА МВП во 70-те и кој слично како и Ник не си го доби заслуженото место. Покрај него од пензионерите би ги ставил и Бернард Кинг и Адријан Дентли, кои беа души на своите тимови во 80-те. Посебно тука мислам на Бернард, кој беше познат како "Кралот на Њујорк" и кој и беше тоа пред доаѓањето на Патрик и пред кинењето на лигаментите на двете колена. Кинг се врати по многуте операции и одигра две одлични сезони без лигаменти у колената, а у една од нив (1990) беше у трка за најдобар стрелец со Мајкл и Ник и играше на Ол-Стар. Толку од легендите, идеме со денешните ѕвезди, за кои нема многу да објаснувам. - Коби Брајант сигурно ќе биде избран, у тоа не се сумњам. - Тим Данкан исто така. - Кевин Гарнет имаше влијание врз менувањето на некои работи и прв го почна трендот на успешни средношколци у НБА. - Ален Ајверсон иако не се мирисаше со Штерн, у последниве неколку години не е на удар на лигата. За него мора да има место. Има време за Леброн, Вејд енд ко. За десет години. Тоа ми се 8-те кои мораат да бидат избрани, мада некој од нив пак ќе извиси, осечам. За задњите две места некако не сум баш сигурен. Не знам дали има играч у задњиве десет години кој ги заслужува тие места. Ќе спомнам некои од нив, од кои имиња на двајца од нив веројатно ќе бидат прочитани у Хјустон у сабота. Прв, кој не верувам дека треба да биде таму, но 100% ќе се најде на листата ќе биде Реџи Милер. Не питајте, ни ја не знам зашто. Џејсон Кид е следниот, а ништо чудно да бидат избрани и Гери Пејтон или Џо Думарс. Ај да видиме, до сабота нема многу. -------------------------------------------------------------------------------------- Ај и познатиот експерт и новинар Шепард да се јави. Линк: Највечи 50, само официјално Нема што многу да се мрчи, Енко кажа, сега е моментот да се исправаат криви дрини. Целосно се сложувам за Доминик, а Бернард Кинг ми е исто обесправен ама не го бирам (ваљда дека не го знам), Дентли не толку па и него не го бирам. Пред нив би ги издвоил неповторливото бркле Кј Џеј (Кевин Џонсон, плејот на Феникс, кој кариерата ја заврши со 18 поени и 9 асистенции у про сек, меѓутоа ќе остане запамтен по тоа што беше мозокот на Санси, а и она куцањето преку Хаким - уауиуиу шо би рекол Борат). Кој го глеал, знае зашто викам дека заслужува да иде у најдобрите. Играч кој никогаш нема направено вишок трошоци, онака, пример за другите. Сем Кевин, би го земал и Алекс Инглиш, лег ендата на Нагетси, осумкратен Олстар и еден од најстандардните поентери у Лигата евр. Би размислил и околу Владе Дивац (смејте се, ама он е единствениот и грач покрај Хаким Д Дрим Олајџувон и Карим Абдул Џабар, што кариерата ја завршил со 13000 поени, 9000 скока, 3000 асистенции и 1500 банани, иако просеците му се 12/8/3/1.5 - да не зборам што он беше духовен водач на една јака генерација на Сакраменто која за жал мораше да биде опеана од Шек така како што е тоа подоле на клиповите :) ). И Реџи, без Реџи не се иде нигде. Думарс, може, ради тоа шо Џордан кукаше од него. Па и Кемп, зашо да не. Океј, без Кемп. Од овие, активниве, да разгледаме подетално: Џејсон Кид, Гарнет, Коби, Ајверсон, Данкан, Пејтон се обавезни. Било кој од нив да биде испуштен ќе биде срам ота. Алонзо.. Грент Хил.. Пени Хардавеј.. лош тајминг. Би ја разгледал ситуацијата на Крис Вебер - 21 и пол поен, 10 скока, 4 и пол асистенции, 4 Олстара, и пок рај сите повреди.. море и он е обавезен! Од помладите изненадување би биле Пирс или Мерион, ја сепак би ги стаил на листа за после 10 години. Стиви Неш го вадат последниве сезони и статуетката од лани.. Тоан Вокер има просек од 19 поена, осум и пол скока и 4 асистенции по утакмица.. фаци како Ален, Марбери, Еди Џонс, Стакхаус, Абдур Рахим, Ентоан Џејмисон, Сем Кесел, Мешбрн ми се многу сумњиви да ги спомињам.. а оставиле траг.. ама шо ги зборам бе, за НАЈДОБРИ мрсиме, а они не се тоа. Шо значи мојата листа е: 1. Доминик Вилкинс 2. Алекс Инглиш 3. Кевин Џонсон/Владе Дивац/Џо Думарс (само за еден мрфут има место) 4. Ален Ајверсон 5. Тим Данкан 6. Кевин Гарнет 7. Џејсон Кид 8. Гери Пејтон 9. Крис Вебер 10. Реџи Милер Фали Коби? Епа после 10 години, кога ќе има 10 МВП титули, 7 прстена, 15-16 рекорди позади себе, е тогаш ќе го гласаме. Иначе очекувам да имаат малце поубави јакни од тие гадните кожните шо ги носеа у Кливленд оние старците. Бљак. Нешо тексасче, некое фино штофче, не ебаго кожа. Невкус. Толку од Шепард. Ми се покварија сликичките, а ги имав Инглиш и Кеј Џеј :( Нема правда, Калимеро. -------------------------------------------------------------------------------------- Програмата на Каракаш продолжува. У останати НБА Њуз, покрај веројатно крајот на сезоната за Лери Хјуз, можниот трејд на Дарк-О у Дизниленд, пљукањето на И-Ти на судијата и пљукањето и пцуењето на Кенјон на Џим Греј од ЕСПН, еве ја најглупата идеја која досега се појавила на истоимениот сајт. Стварта се вика NBA Galaxy и е обид да се спојат НБА и вселенските тела?!?!?!? Знам дека ЕСПН доста пути досега имале страшно глупи ствари на сајтот, али ова е најбоље досега.

14 Comments:

Anonymous flight 75 said...

Само што чув за оваа работа, одма помислив на Вилкинс. Баш личи на исправање на некои неправди. Уште да не го изберат сега.....

И уште нешто. Владе Дивац, бе Shepard? Од толку играчи Владе Дивац? Со просек од 11 коша у кариера?

2/16/2006 01:49:00 am  
Blogger Lakerfan8 said...

Па што К** рекорди има Дивац па да има предност пред Коби? Не знам дали некогаш во својата т.н. блескава кариера постигнал 30 а камо ли 40 поени?! Потоа Ајверсон колку што памтам јас нема НБА титула а Коби има 3, а какви рекорди има Ајверсон пак зад себе?!
Сума сумарум КОБИ е жива легенда, порано или подоцна ке биде избран во 50 најдобри НБА играчи на сите времиња.

2/16/2006 03:41:00 am  
Blogger Laf said...

Dominique апсолутно заслужува да се најде на листата (заслужуваше и пред 9 години - голема неправда; тогаш Shaq можеше да причека, сега ќе беше тамам)! Но исто толку заслужува и Reggie Miller, ништо помалку од 'Nique.
Симпатична е идејата за Kevin Johnson и Divac, не би имал ништо против, меѓутоа Dumars има предност пред нив, без двоумење.

2/16/2006 07:27:00 am  
Blogger Shepard said...

Флајт и Лејкерфан, полека, не ме тепајте.

Флајт: да бе, Дивац.


Лејкерфан: а знаеш дека ја сум поголем навијач на Коби пред тебе? У следниве 5-6 години е времето на Коби, само да го здружат со некој вечи авторитет. Абе само 27 години има. Сеа влага у играчка зрелост.

Лаф: Мене ме нервира лично Думарс. :)

2/16/2006 12:51:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

1. Доминик( иако не го знам сигурен сум бил ѕвер.Башка да завршиш кариера со 20+ не е мала работа.
2. Думарс( сум го глеал на клипови ми се свиѓа)
3. Реџи Милер( најдобар бек шутер у изминатава декада у НБА.Како играше без топка....УФФФФ)

2/16/2006 01:24:00 pm  
Blogger Shepard said...

Абе каков думарс, кариерата ја има завршено со 16 поена, 2 скока и 4,5 асистенции по натпревар. Дај не заебаајте. У највечи сезони не давал изнад 22-23 поена. И иако важи за јака дефанзива, има испод една украдена наспроти две изгубени по натпревар.

Ја пре би Дивац. Бар има некој рекорд. Само прстените му се преднст на Џо и изјавите на Мајк.

Никад не сум го поштуел како играч. Онака, може стабилен и све, ама не бе, мора да има и статистика.

2/16/2006 05:02:00 pm  
Blogger Laf said...

За Dumars: имав прилика да одлгедам доста натпревари од периодот кога ги освоија двете титули против Portland и Lakers (1989 и 1990), најголем дел од серијата против Boston 1987 (знаеме дека тогаш Boston се спасија благодарение на Bird - кога му ја пресече топката на Thomas во 5. натпревар), како и дел од серијата против Boston и финалето со Lakers во 1988. Мора да му се признае на Joe - беше победник.
Еве уште некои факти кои говорат во прилог на Joe - чисто онака, не дека пак посебно ќе ми значи ако го изберат во 60 Greatest:

All-Star
1990-NBA
1991-NBA
1992-NBA
1993-NBA
1995-NBA
1997-NBA

Awards
1989-NBA-Finals MVP

Honors
1986-NBA-All-Rookie
1989-NBA-All-Defense (1st)
1990-NBA-All-Defense (1st)
1990-NBA-All-NBA (3rd)
1991-NBA-All-Defense (2nd)
1991-NBA-All-NBA (3rd)
1992-NBA-All-Defense (1st)
1993-NBA-All-Defense (1st)
1993-NBA-All-NBA (2nd)

Што се тиче изборот на Milicic - можеа да изберат подобар играч несомнено, меѓутоа за клубот е најбитно дека од тогаш освоија титула, играа во финале и моментално се со најдобар скор во лигата. Со друг играч прашање е дали работите ќе излезеа вака добри за Detroit (од друга пак страна, можеби ќе имаа 2 титули досега со Wade, Bosh или Carmelo :))).

2/16/2006 07:37:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ми текна на Инглиш, само заборавив да го напишам.

Што се однесува до типови како Владе, Вебер, Пејтон, Реџи, Думарс, Вокер и остали чии имиња се спомнаа - ипак збориме за д бест оф д бест, а тие типови тоа нити биле, нити сега се. Мада Реџи сигурно ќе го изберат.

И Коби ќе биде таму, зашто и местото му е таму.

2/16/2006 10:21:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

А, што е со Дејвид Томпсон?

2/16/2006 11:36:00 pm  
Blogger Karakash said...

Томпсон беше поголема ѕвезда у АБА, плус ептен рано му се скрати летот од многу шмркање.

2/17/2006 10:03:00 am  
Blogger Karakash said...

Former Indiana Pacers guard Reggie Miller is on a list of 20 players vying for 10 spots to be added to the NBA's top 50 list.

Kobe Bryant, Bob Lanier, Dominique Wilkins, Kevin Garnett, Tim Duncan, Alex English and Bernard King are some of the players against whom Miller is competing.

2/17/2006 10:27:00 am  
Blogger Shepard said...

Да беее, ЛЕНИЕ..

2/17/2006 10:51:00 am  
Blogger batebole said...

Duncan,Horry,Kukoc,Dumars,Miller,Iverson,Wilkins i uste nekoj.Ali Kobe neznam zosto,kako prva zvezda u timot vtora godina po red ne idat u playoff,a Divac ne vredi da se spomne ama bas ich.So naprail,nisto.

2/18/2006 11:52:00 am  
Blogger Karakash said...

Момак, Кукоч, Хори?!?!

Ја сум израснал со Тончи, али овде се бираат НБА Топ 60 играчи, а не Евро Топ 10, каде сигурно му е местото на Тони.

И пак, Хори!?!?!

Ај, барем за Дивац се слагаме...

2/18/2006 12:54:00 pm  

Post a Comment

<< Home