Saturday, February 11, 2006

Ружнооооо + Рекламииии
Шеп најави пред некој ден, али пошто ги немав видено, нејќев да коментирам. Ама, Ол-Стар искуството следната недела ќе биде вистинска визуелна тортура кога на терен ќе истрчаат Исток и Запад у најружните дресови, по оние од Сан Антонио и Аризона прошлата деценија. Не ми е јасно зашто вакви експерименти со дресовите, зашто не си останаа на оние кои ги носеа преклани или па уште боље оние кои се носеа у Атланта. Бољи Ол-Стар дресови од тие апсолутно немало никад. Но, тоа ти е кога у секој поглед се настојува да се биде маркетиншки ориентиран, ваљда и заради тоа Штерн е толку успешен како комесар. Освен гадните дресови, синоќа у НБА се одиграа едно чудо утакмици, а некои од нив секако беа одлични за гледање, многу бољи од Феникс - Сакраменто. Така, еве по нешто за секоја од 12-те средби: - Кенјон Мартин конечно одигра една средба како што му личи на човек кој у следните пет години ќе заработи 70,9 милиони долари. Со 34 поени, Мартин и Нагетси ставија крај на серијата на Далас, која застана на баксузни 13 по ред. - Фантастик Ол-Стар Фоур на Пистонси беа премногу за Орландо. Шид изгледа свесен дека тој е д од мен аут у Ол-Стар тимот на Истокот играше како да сака да покаже дека местото му е таму. Со 26 поени Шид, а и РИП и Чонси си ги потврдија селекциите, ама ако нешто ич не ми било јасно задњиве години, тоа е за кој *** го селектираат Бен Волас на Ол-Старот. Типот ич не е атрактивен, точно дека е дефанзивец од прва класа, (мада мислам дека неговите одбрамбени квалитети се преувеличени зошто цел тим игра одбрана), неговите офанзивни квалитети се равни на цреп или некое дрво, онака недоделкано. Тоа и го докажа и со Орландо, каде Двјат Хауард пак покажа дека неправедно беше изоставен. Ѕверот играјќи против Волас енд Волас убаци 19 поени и фати 17 скокови. - Трвдината Њу Џерси падна, и тоа од шампионот. Кој и со грипозан Данкан си заврши работа и победи по осми пат по ред, а Нетси у мочуриштето изгубија по прв пут по 12-те победи, меѓу кои и над Детроит и Мајами. - Аринас селекцијата од чичко Штерн ја прослави со 32, 8 и 10 против Кавси на Леброн. Ќе беше права неправда Гилберт да не играше у Хјустон. Исто како и Гилберт, и Пол Пирс у стил си ја прослави селекцијата, а немаше тешка задача против селото без кучиња од Портланд. - Торонто го искористи малерот на Бобкетси и си победи у Шарлот. Уште да не победеа против тим у кој покрај Мека, Џералд Волас и Меј, не играа ниту Најт и Фелтон. Индијана го растури Голден Стејт. Њу Орлеахома и без Пол лесно си помина со бедните Никси. Андреј и Мемо, со помош од Харпринг, покажаа колку се за нигде сезонава Вулфси и колку се помал ефект на соиграчите има Кеј-Џи. У средбата која ја гледавме на ТВ, Санси покажаа дека тешко се игра со нив кога Неш ќе ги растрча. Сиетл конечно победи и без проблеми се справи со Хоукси. Клиперси продужија да не играат како Клиперси и победија со Мемфис, кај кој Ол-Старот Пау Гасол имаше у негов стил 16 и 9. Кој гласаше за него, а не за Мело, тоа уште не ми е јасно. Бренд со 44 кошеви му одржа лекција на брадосаниот Гасоламабад. За крај, еве два нови клипа, односно две реклами. Првата е со Шек за 2К6 играта, а втората е одлична реклама за новите патики на Гарнет. Ако сте на дајл-ап, ќе се изнамучите, али вреди.За сите други - уживајте:

8 Comments:

Blogger Shepard said...

добра беше и феникс - кингс

а банерџик?

2/11/2006 04:41:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Уау пер, како ги праиш банериве...овој е дефинитивно најбоље до сега на блогов.

Што се тиче до вчера вечер, го глеав НЕтс со Спарс и играа ко пички сите освен Картер.Ама и он утна коа не требаше...

2/11/2006 04:52:00 pm  
Blogger марче said...

zabe ti e krava da dae 20 kila mleko a na kraj da ja butne kofata :) sori karter :)

2/11/2006 05:15:00 pm  
Blogger zare said...

ABe Beto Vins ne promasi na krajot,, on promasuvase cela utakmica ,,osven na pocetok koga ja zakuca mnogu dobro ,togas ne promasi!!

2/11/2006 05:26:00 pm  
Blogger Karakash said...

А рекламите ги глеате?

2/11/2006 10:53:00 pm  
Blogger Karakash said...

Банерџик е мадафака. Екстра.

2/11/2006 10:56:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

И рекламите се ТОП!Посебно таа со Гарнет, беш има добра замисла...само шо главниот лик у неа ама баш не заслужи да игра на ол-старот :))))

2/12/2006 12:37:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Рекламата со Гарнет е одлична. Многу добар избор на музика.

2/12/2006 12:56:00 pm  

Post a Comment

<< Home