Tuesday, February 07, 2006

Ѕверовите Крис и Крис + Згреши ли Думарс?
По вчерашното бавење со непотребни работи, време е да си се вратиме на причината поради која сите ние сме тука и поради која и постои овој блог. Она што веројатно веќе го спомнав неколку пати сеознава е дека Крис Пол е ѕвер, стварно ѕвер и дека ми е криво, барем сега, што Атланта не го лапна како 2. пик. Сеа, знам дека Џејсон Кид му одржа мала лекција кога го посети "мочуриштето" синоќа, али не е срамота да бидеш послав од еден Кид. Ваљда знаете дека Пол е прогласен за играч на неделата на Западот, пазете, не руки на неделата, туку ИГРАЧ на неделата, и тоа на целиот Запад покрај едни Гарнети, Данкани, Диркулеси, 81-ови итн. Тоа не е мала ствар. Последен руки кој бил прогласен за играч на неделата беше Двејн Вејд сезоната 2003-04. Баш поради Пол, (и Бајрон Скот), раселените Хорнетси иако немаат дома сезонава, се најпријатното изненадување, вистинска фил гуд стори. Но, колку што зборев за Пол, сезонава многу ретко го спомињав неговиот имењак од Торонто. Крис Бош е златото на Репторси и единствената причина поради која тие нема долго да бидат на дното на Истокот и поради која не мораат да жалат по Картер. Исто како и Пол, и Бош е прогласен за играч на неделата во својата конференција, во исто така јака кон конкуренција. Типот ако не ви текнува, беше 4. пик на драфтот 2003 год., еден повисоко од Вејд, а зад Леброн, Дарк-О и Мело. Е, кога ќе ми текне на овој драфт почнувам да станувам сумњичав во Џи-Ем квалитетите на Џо Думарс. Знам дека тој го состави овој шампионски состав на Пистонси, но не смее да се заборави дека имаше ненормална среќа у скут од небо (Атланта) да му паде Шид, кој беше играчот кој Детроит од многу добар го направи одличен тим. Ова ми е муабетот, по првата јок сезона на Дарк-О, Думарс не мораше да се вади што земал Србинот како 2.пик од проста причина што Пистонси станаа шампиони, но нешто покасно изјави дека не го земал Вејд само затоа што му требал висок играч. За тоа каков играч е Двејн, а каков Миличиќ не треба многу да се прави муабет. Во текот на тоа лето, кога Џо почна да бара ветеран на "четворка" или "петка" стана јасно дека не верува во "квалитетите" на Дарк-О. Кога тогаш го прашаа зошто едноставно не го избрал Бош на драфтот, тој одговори дека тоа го направил само затоа што сметал дека Миличиќ ќе стане подобар од Бош?!?!?! Оваа сезона е доволен показател за тоа колку исправна беше таа одлука на Думарс. Можете да ги замислите Пистонси со Бош у екипа. Сигурно дека кај нив ниту Вејд ниту тој ќе се развие во тоа што се сега (или можда ќе беше така), но сигурно ќе беа појаки со нив, отколку со Миличиќ, со кој се у минус. И задње за Крис Бош, типот сезонава мора да биде Ол-Стар. Не знам како ќе одлучат тренерите и што ќе каже чичко Штерн, ама Бош мора да игра у Хјустон, а не би било незаслужено и да влета у први пет наместо Џермејн. ----------------------------------------------------------------------------------------------- Покрај ова, пред малку слушнав за можен блокбастер трејд у кој главната улога ја имаат-погодувате: Њујорк и Ајзеа Томас. Според "Њујорк Тајмс", кој и не е баш некој легитимен извор за вакви работи, посебно по најавата за трејд на Френсис у Денвер пред некој ден у кој требаше да учествуваат и Никси, Кенјон Мартин ептен му е по вкус на Ајзеа. Не гледам зошто не би му бил, ги има сите предиспозиции за играч каков стално бара да собере Томас: Мартин е преплатен (90 милиони!?!?!), игра на "четворка", сака да биде "тројка" а нема ниту техника, ниту шут за такво нешто. ----------------------------------------------------------------------------------------------- И задње, познати се и играчите кои ќе бидат дел од Скилз Челинџ. Четворката изгледа импресивно, а у неа се ланскиот шампион Стиви Неш, горенаведениот Пол и исто така погореспомнатите Леброн и Вејд. Би требало да биде интересно, барем да имаше волку ѕвезди и у тројки и куцања.

8 Comments:

Anonymous flight 75 said...

Stvarno me interesira dali Chris Paul ke vleze u Team USA za svetskoto. Sostojbata u ligata, vo koja dominiraat timovi so zvezdi-playmakeri, sugerira deka na amerikancite ocajno im e potreben playmaker. E sega, edinstveni konkurenti verojatno mu se Billups i Mike Bibby. Jason Kidd ne e u kombinacija, a Gilbert Arenas, kako olicetvorenie na sebicnost, ne doaga vo predvid koga vo timot gi imas Kobe, LBJ i t.n. Istoto vazi i za Marbury, B.Davis, Cassell...
Paul-Kobe bi bil odlicen backcourt koi bi se nadopolnuval, sto ne bese slucaj so Marbury-Iverson na primer.

Bosh e soliden i verojatno ke bide All-star. Samo Pierce bi trebalo da bide pred nego.
A, za Milicic. Au, bolna tema. Ne samo Bosh. Vidi go draftot: Diaw ima odlicna sezona, David West isto. Pa duri i Kaman bi bil pokorisen.
Od druga strana pa, Wade i Bosh nikogas nema da stanea franchise-igraci ako Dumars gi odberese. Vaka, em volkot sit, em ovcite na broj. Se e u red. Osven kutriot Darko

2/07/2006 09:38:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Мислам дека туку-така не може да те стават како втор пик на еден драфт, одма позади ЛеБрон.Србионот сигурно има нешто од под рукав не за џабе игра за репрезентација на Србија...САмо проблемот е во тоа што премлад влезе у НБА и гадно се заеба.Едноставно, балканец, у Америка, млад НЕ ИДЕ!
Мислам дека Самарџиски поучен од судбината на Дарк-0 не се пријави годинава на драфт.Секако тоа
ќе го стори во следниве 2-3...
Најубаво би било кога би се поставила старосна граница за влез во НБА на 20 години за Амриканоси, а 22 за европејци.

2/07/2006 11:11:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Ne sakav da sugeriram deka Milicic nema nikakov stof. Mislam deka bi mozel da bide soliden igrac, posebno za nekoj poslab tim. Od tamu da trgne. Dobar e vo odbrana, isklucitelen bloker, ama pred se mu fali ofanzivna post igra. Izgleda prilicno sirovo, neizdelkano. Se soglasuvam deka premlad otide i deka nekoja godina vo Evropa, pa duri mozda i u koledz bi mu pomognala da gi sovlada onie basketball basics. Ali, sega nema nazad. Bi bilo vrakanje na mala vrata.
Na vrv na seto ova, imase isklucitelna nesreka da bide draftuvan od Pistonsi, koi pokraj dvajcata Wallace go imaat i McDyess, isto poranesen 2 pick, plus go imaa Corlice W. i t.n.
Milicic mora da pobara trampa i da se obide da pocne od ponovo.
A, sto se odnesuva na starosnata granica, mislam deka voopsto ne se neophodni takvi generalizacii. Se e subjektivno. Za amerikanskite igraci koi vlegle vo NBA pred 20 godini i napravile odlicni karieri i ne treba da zboram: LBJ, T-Mac, Kobe, Garnett...
A, za evropskite sugeriras granica od 22 godini. Eve ti lista: Tony Parker- 19 godini, Nowitzki - 20 godini, Peja - 21, Gasol - 21...
Iminjava dovolno zboruvaat. Sistemot ne treba da se otfrli iako sekogas ke ima zrtvi na istiot: Milicic, Kwame Brown....

2/07/2006 11:41:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Да да сеа гледам у право си за ова староснава граница.Така би се ограничиле талентите ко ЛеБрон и Мело, односно Паркер и компанија.
Ама Дарко изгледа сам по себе - ГЛУПО ДЕТЕ, па и менаџерот негов за да лапне паричка го насскал да иде за Америка.Доста е муабет за Дарко,ако побара трампа може само размена со Квејми.И онака двајцата се идни МВП:))))

Што е со ол-старот и кога ќе ги кажат и резрвите на истокот и западпт.Едвај чекам да го видам Винс меѓу ѕвездите:)Само требаше да игра у прва 5орка...

2/07/2006 11:55:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Mislam deka treba rezervite u cetvrtok da gi objavat. Aj moze Karakash znae. A, Vince mislis deka ke vleze? Tuka se Billups, Hamilton, Redd, Arenas...

Kwame za Darko - kakva trampa ej

2/08/2006 12:02:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Квејми за Дарк-о???Кој ќе профитира, го частам сладолед...

Мислам дека Картер ќе влезе у Ол Старот низ иглени уши.Аренас ми се чини како лани да играше боље па него би го отпишал.Билапс игра на 1, а Винс на 2ка и 3ка.Хамилтон незнам...Ред и за него незнам.
Картер би требало да влезе.Има голема публика...sobira sto poise gledaci za all-starot:)

2/08/2006 12:12:00 am  
Blogger Shepard said...

даре кај да е ќе пркне бе :))))))

2/08/2006 12:35:00 am  
Blogger Karakash said...

Винс игра сигурно Бето, немај гајле.

Што се однесува до резервите, тие ќе бидат познати утре, односно у четврток навечер по америчко време.

2/08/2006 10:21:00 am  

Post a Comment

<< Home