Monday, January 16, 2006

Talking Trade
Како што се ближи 23.02., така се повеќе ќе слушате за можни трејдови на играчите кои уште сега се појавуваат у секој можен трејд муабет. Пред да се деси било каков трејд, еве што МАКНБА мисли околу можните трејд сценарија и тоа кој играч, каде би можел да заврши. У овој мабет не ги ставам Рон Артест, зашто он веќе месец дена е дел од секој посибл трејд у буквално секој НБА клуб (освен Детроит). Каде ќе заврши Рон-Рон не знае ама баш никој, али едно е сигурно, а тоа е дека со неговиот идиотски потег тој не само што си ја стави кариерата у прашање, него и ја заеба цела сезона на Пејсерси, кои со право беа меѓу тимовите кои имаа шанса за тронот на Спарси. Вака, тие остануваат далеку позади Детроит на Истокот, а богами и позади Мајами. Денеска слушнав муабет дека Рон би можел да заврши у Сакто, али не за Пеџа, како што се збори веќе некое време, него за Бред Милер. Интересно, нема што. Бред не само што би се вратил у клубот каде што беше доста успешен, а кој не сакаше да му го продужи договорот, па го прати у Кингси. Бред би попунил голема дупка за Индијана, а тоа е онаа у рекетот, а плус е тоа што више се знае со Џермејн, така да нема да има потреба од воигрување. Нешто ипак, не ми е јасно у целата прича, а тоа е што ќе прават Кингси со Рон, на чија позиција го имаат Пеџа или па Бонзи, зависи како ќе го користат. Ако има барем малку вистина за можен трејд Рон за Бред, онда ништо чудно после тоа да следи упте еден потег на Џеф Питри, у кој овој би го трампал Пеџа. Каде? Е, тоа никој не знае. А, реков дека нема да пишувам за Артест:) Следен на листа е Стив Френсис, чии денови како што се чини у моментов, се избројани. Типот им застанал на жуљ на газдите и тренерот Брајан Хил со понашањето у задњиве две-три недели, а одбивањето да влезе у игра против Соникси само ја прелеало чашата. Што ќе се деси со него никој не знае, затоа што барем засега, никој не пројавил интерес за Френчајз, пред се затоа што оние кои имаат солидни плејмејкери знаат дека не им треба Стиви, а оние кои немаат не сакаат да го земат на себе неговиот дебел договор. Како единствена опција засега се спомнува Минесота, потег кој мене ич не ми е јасен, али кога ќе видам кој го пуштил у етер (ЕСПН), све ми е јасно. Според фаците у ЕСПН, Френсис би отишол у Мини у замена за Воли Шнцјсујџиаујсхаоиак и Трентон Хесел, играчи кои практично играат на исти позиции, на кои Меџик веќе имаат играчи. Можда Стиви ќе заврши у Лејкерси, ваљда ако Коби запне дека сака да го види покрај себе, мада мислам дека кај нив нема место за уште еден тип на кој му треба баскетот нон стоп у раце. Можда у Индијана, а можда и никаде. Ќе видиме. У можни трејдови се уфрла и Пол Пирс, кој или ќе побара да биде трампан или па ќе биде пратен негде од Дени Ејнџ, кој сака да го подмлади тимот, кој и онака нема шанси да направи нешто оваа, па и следните неколку сезони. Според некои, Пол сакал да иде у екипа која има шанси за титула, а прва негова желба биле Нагетси, каде би се уклопил у одличната прва петорка на позицијата која им е најголем проблем у Денвер, на двојка. Ипак, за да стигнат до него, у Колорадо ќе мораат да се откажат од Андре Милер и Нене, кои му се по вкус на Ејнџ, кој бара добар плеј кој не кошта многу. Се збори и дека Ејнџ го понудил Пирс на Клиперси у размена за пакет у кој ќе бил и младиот Шон Ливингстон, нешто што Клиперси одма го одбиле. Денвер е најдобра и најреална опција за Пирс, ако уопште биде трејдуван, затоа што така и Ејнџ ќе го добие тоа што го бара, и Денвер ќе добие класа играч покрај Кармело. Плус, Нагетси одма имаат замена за Андре у Бојкинс и Вотсон. Коа ги спомнавме Клиперси, повеќе од сигурно е дека Кори Магети нема да оди никаде. Откако Инди одби трејд Артест за Магети, више ниту еден клуб не се јави кај Клиперси за крилото, пред се поради неговите проблеми со стапалото, поради кои може да се деси Кори да мора на нова операција по која ќе му заврши и сезоната. На негово место Клипси би сакале да го видат Спривел. Ал Херингтон више никој не го спомнува у трејд муабети, ваљда зашто самиот изјави дека не сака да си иде од АТЛ, а и зашто единствениот клуб каде сакаше да иде, Индијана, нема што да им понуди на Хоукси, кои никако не го сакаат Артест. Се спомнаа малце и Булси, мада не знам што би им понудиле они на Хоукси, зашто Духон и Сонгаила, стварно е непристоен предлог. Јас искрено, би сакал да го задржиме Ал, но знам дека он е једини наш играч кој нешто вреди на трејд-пазарот (покрај Џо Џонсон), така да ако некој како Денвер понуди плеј како Андре + Нене или па некој друг понуди солиден плеј или четворка или центар, онда слободно може да го дадат Ал. Тоа плус ќе му отвори простор за игра и учење на Марвин Вилијамс, што е плус кога Хоукси и онака немаат шанси да направат нешто сезонава.

2 Comments:

Blogger beto # 6 said...

А Гарнет го нема ли во трансфер гласините?Мислам дека една трампа помеќу Бостон и Минесота би била идеална работа за двата тима.Пирс за Шчербијак + Хесел + уште некој пик...уф уф уф каков тим би биле после Мини...

Вие макнба автори како сте , шо праите одамна се неам убацено за коментар!Тоа е зашо не бев тука.Изолација настапи за мене во врска со нба.Сеа дури дознавам шо им напраил Картер на Торонто.!ЅВЕР!

1/16/2006 11:51:00 pm  
Blogger Karakash said...

Velkom bek, Beto, ni nedostigaa tvoite komentari:)
Toa so Boston i Mini ne funkcionira, a zasto e objasneto u tekstot. Na Seltiks mu treba plej i nekoj visok igrac, a zadnji put koa gi vidov Voli i Hesel, ne mi izgledaa kako takvi igraci.
Nie, fala na prasanje, dobri.
Pisi.

1/17/2006 11:53:00 am  

Post a Comment

<< Home