Wednesday, January 18, 2006

Operation: Yao Ming?!?!?
Во книгата "Операција: Јао Минг", во САД познатиот писател Брук Лармер, тврди дека дека не била случајност тоа што Јао Минг станал кошаркар и дека зад тоа стојат Кинеските власти. Според Лармер, Кинеските власти неколку години го очекувале раѓањето на Јао, пред се поради тоа кои му се родителите. Од моментот кога се родил, властите направиле се што било во нивна моќ тој да израсне барем колку неговите родители и еден ден да стане кошаркар. Книгата тврди дека татко му и мајка му на Јао биле принудени да станат кошаркари поради нивната височина и дека биле "охрабрувани" да се венчаат од страна на властите, со цел и нивните деца да бидат високи. Според "Операција: Јао Минг", родителите на Јао не сакале нивниот син да го мешаат во намерите на властите, но не можеле да го спречат тоа. Јао бил теран уште од мало дете да игра кошарка, во исхраната му биле додавани додатоци за зголемување на височината, се со цел тој да стане кошаркар, без разлика дали тој го сакал тоа или не. Судејќи според пишувањата во книгата, малиот Јао не бил добар играч како дете и не ја сакал многу кошарката, но бил принудуван да продолжи со тренинзи. Во книгата исто така малку повеќе простор им се отстапува на родителите на Јао, на искуството на првиот Кинез во НБА, Ванг Жи-Жи, како и на многу политички одлуки во Кина со кои на Јао му било овозможено да биде драфтуван од НБА тим. A?!?!?

10 Comments:

Blogger Ико said...

Незнам зашто, ама никогаш не сум верувал во некои вакви приказни. Можда има некоја вистина...ама кој да знае?

1/18/2006 03:30:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Не верувам...мене Јао па баш ми личи на скот,што цел живот тренирал за да достигне некој висок играч кој му бил идол.

1/18/2006 04:04:00 pm  
Blogger марче said...

mozebi jao imal idol u trebenje oris ... neveruvam deka nesto pomasovno stoi zad nego kako sto veli pisatelot larmer ... ustvari i negledam u nego kao vunderkind na koj mnogu se rabotelo ... ednostavno imal srekja so porasnal dva i pol metra ... da bese deckovo od bosna cisto sumljam deka nekoj kje go znaese :))

1/18/2006 04:51:00 pm  
Blogger zare said...

Ne deka ne e mozno, se praat cudni raboti...Iako ja bi pomislil na Dirk Nowitzki kao nekoj koj odnapred go planirale za NBA..Znam deka Germancite im praele cudni raboti na sportistite u toa vreme(pred20-30godini) za postignuvanje na vrvni rezultati..No ova e samo moe mislenje..

1/18/2006 05:38:00 pm  
Blogger марче said...

dirk e kibork! :))

1/18/2006 06:04:00 pm  
Blogger Shepard said...

Русите!!!

1/18/2006 07:06:00 pm  
Blogger Karakash said...

А бе, ја не би се зезал со Мао Це и методите на комунистичка Кина. И мене многу не ми е веројатна причава, али...

1/18/2006 08:17:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, каков црн идол бе Бето. Единствен идол за кој Јао знаел како копиљ бил диктаторот нивни. Нити знаел што е НБА или било што друго поврзано со кошарка надвор од Чајна. Сигурно и му збореле дека Кинезите ја измислиле кошарката.

1/18/2006 08:20:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

:)))))))

1/18/2006 11:08:00 pm  
Anonymous bodan said...

I nasive kumunisti imaat slicen plan ama za snuker?

1/19/2006 02:15:00 am  

Post a Comment

<< Home