Wednesday, January 11, 2006

Штo ви рeков за Мело + На Поп му се згади + Леброн како Биг О
Феникс Санс полека стануваат екипа специјализирана да игра средби во кои победникот се решава по три продолженија, уште само да научат како тие да бидат тој победник. По поразот во Њујорк пред десетина дена по 15 дополнителни минути, Санси пак одиграа трилер средба, овој пат во Денвер, и пак загубија, овој пат со 139-137, најмногу поради упорноста и играта на Кармело Ентони. Последните две и пол минути Кармело ги одигра со насолзени очи и парче салфета во носот, која го спречуваше крварењето, откако тој ненамерно беше доби колено во нос од соиграчот Едуардо Нахера. "Не мислев да пропуштам ниту една минута, не на средба како оваа. Не ме удрија по ност, туку малку погоре, под окото. На крајот играв на адреналин" - изјави Ентони, кој го реши победникот со последните два од своите вкупно 43 поени на 2.9 секунди пред крајот на третиот екстра период. Еди Хаус и Шон Мерион имаа по уште една шанса да ја пратат средбата во 4. продолжение, но нивните обиди беа неуспешни. За разлика од тренерот на гостите, Мајк Д'Антони, кој беше разочаран по новиот пораз на Санси по 3. продолжение, Џорџ Карл беше пресреќен. "Се чувствувам одлично. Ова беше фантастична средба, во која ние одигравме фантастично" - изјави тренерот на Нагетси. Покрај 43 поени на Мело, Ерл Бојкинс уфрли рекорд на кариерата од 33 поени за Денвер, во нивната прва средба во која се играле три продолженија во последниве десет години. Раџа Бел, кој во игра мина скоро 58 минути, со 30 поени беше најефикасен кај Санси, Шон Мерион додаде 28, Стив Неш - 26, а Џејмс Џонс - 22 поени. Стартерите на Феникс заедно постигнаа неверојатни 111 поени, во што јасно се гледа причината за нивниот пораз, а тоа е слабата клупа. Инаку, МВП-то Неш со 6. фаул кој го заработи на 35 секунди до крајот на средбата, за прв пат по сезоната 1999-2000 мораше да ја напушти играта поради шест лични. Кавси не ги спаси од пораз ниту Леброн Џејмс и неговите 36 поени и по седум скокви и асистенции за 46 минути на теренот. Со овој негов учинок Леброн стана првиот НБА играч кој имал најмалку 30 поени, седум скокови и пет асистенции на седум средби едноподруго по Оскар Робертсон, на кој тоа му пошло од рака далечната 1966 година. Победата над Њу Џерси и ставањето на крај на серијата од десет победи по ред на Нетси не беше доволно да ги задоволи критериумите на Грег Поповиќ, кој играта на својот тим ја нарече "одвратна". "Тотален недостиг на концентрација, недостиг на желба, недостиг на тимска игра, недостиг на лидерство, како на, така и вон теренот, а и од мене самиот како тренер. Одигравме одвратно вечерва" - рече по победата разочараниот Поповиќ. Тие коментари веројатно нема да беа толку остри доколку Спарси многу лесно не го прокоцкаа водството од плус 16 кое го имаа на седум минути пред крајот. Тие дозволија Нетси преку Винс Картер, кој во тој период од играта постигна 15 од своите вкупно 34 поени, да се доближат на само минус четири на 2.8 секунди до крајот. Спарси победата си ја обезбедија само благодарение на 20 реализирани слободни, што е нов клупски рекорд. Тим Данкан уфрли 13 од тие 20 слободни (шут 13-15 од пенал линијата) за негови конечни 27 поени за триумф на Сан Антонио од 96-91.

4 Comments:

Blogger Karakash said...

Кога не се пишуе за Коби, никој ништо да просере...цццц

1/11/2006 09:38:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ne e deka nema nikoj,tuku izgleda deka kaza so postov mnogu pa svite gi zamisli?-shala- Mene me interesirase komentar za sietl(posle doaganjeto na Beter Hill) a vcera(posoceniot) go spomnav samo u kontekst.

1/11/2006 11:18:00 pm  
Blogger Karakash said...

Види, како и да е, од Боб Вајс не може да биде полошо за Сиетл...:)

1/11/2006 11:30:00 pm  
Blogger марче said...

koga ke se vrati amari sonceto kje bide vo zenitot :P

1/12/2006 10:27:00 am  

Post a Comment

<< Home