Tuesday, January 10, 2006

Like Wilt
Кога ќе ја заврши својата кариера, Коби Брајант ќе може да се пофали дека успеал да направи нешто што не им пошло од рака ниту на најголемите НБА легенди, ниту пак на било кој друг НБА играч изминативе 41 години. Со 45 постигнати поени во победата над Индијана, Коби успеа да постигне нешто што не успеале ниту Мајкл Џордан, ниту Меџик Џонсон, ниту Лери Бирд, ниту пак Карим Абдул-Џабар Со тие 45 поени тој стана првиот играч кој успеал да постигне најмалку толку на четири средби по ред по ноември 1964 година, кога тоа му успеа на легендарниот Вилт Чембрлен. "Едноставно сум благословен. Благословен да ја играм оваа игра. Што се однесува до достигнувањата, се трудам премногу да не мислам на нив. Тоа не значи дека не сум среќен, затоа што сум пресреќен со тоа што се случува" - изјави Брајант, кој претходно, минатиот викенд стана првиот играч по 1990 год. и Мајкл со најмалку 45 поени три пати по ред. Тој последната четвртина ја заврши со 17 поени, а границата од 45 поени ја достигна во самиот финиш, погодувајќи две слободни на 9.6 секунди до крајот. Покрај тоа, Брајант додаде и десет скокови и пет асистенции. Серијата на Коби: 28.12.05 45 поени дома против Мемфис* 06.01.06 48 поени дома против Филаделфија 07.01.06 50 поени во гости против Клиперси 09.01.06 45 поени дома против Индијана * - меѓу дуелите со Гризлис и Сиксерс, ја одлежа суспензијата од две средби за неспортскиот прекршок врз Мајк Милер Покрај овој мој новинарски текст, (кој држи вода), од денеска почнуваме со нешто ново, постирање на по еден ваш мејл неделно. Честа да ја отвори сезоната ја има Крсте Илиев, коју пишува: Kako prvo pozdrav do ekipata sto go sreduva saitot. Jas veke ednas vi pisav odnosno ve prasuvav kade moze da se gleda NBA (na koj kanal) vo Skopje, pa sega cisto da ve izvestam (iako sigorno znaete) vo Novo Lisice Kabel FOX NBA moze da se gleda na SPORTTV portugalski kanal ama ima utakmici vo zivo skoro sekoj vtor den.Isto ima in a ORBIT obicno vo petok po edna.(ne sekogas).Najverojatno vi e poznata informacijava megutoa koga veke ve prasuvav mislam deka e fer da vi kazam i jas. Drugo sto se odnesuva do sajtot ke vi dadam nekoi predlozi pa vie videte… Mislam deka stranicata (pocetna ) treba da bide poinaku rasporedena, potocno na cela strana da ima naslovi na rubriki a da mozes so klik da vlezes i da procitas informacijata , kako poveketo WEB strani (moze ke mi odgovorite deka i sega e taka ama ne e pregledno vaka be bratce) . Isto taka ne bi bilo loso da moze citatelite da davaat mislenje za rubrikite za da ostvarite komunikacija so lugeto. Znaete cisto da se konfrontirame (ne mi tekna drug zbor) so mislenja. (na pr. Jas mislam deka Jonson za Boris i Pik e stopati bolje za Feniks nego za Atlanta). Крсте, фала за поздравите и критиките, а и за инфото за сите од реонот на Лисиче и Аеродром. Е сеа, за лејаутот на страната, барем засега тој останува ист, пред се затоа што тој е у форма на блог и функционира како таков, како некој вид на дневник, што се разликува од сите останати НБА сајтови. За конфронтациите и коментарите, не ми е јасен предлогот. Па, барем кај нас имаш после секој пост можност да оставиш коментар, нешто што не верувам дека го имаш на др. НБА сајтови. ПС - Баш имаше муабет за Џо и Борис, требаше да оставиш коментар. Поздрав.

12 Comments:

Blogger Ико said...

АААААААААААААААААААААААААА Кобиииии!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Незнам што да кажам. Едноставно сум воодушевен. Како навивач на Лејкерс и обожавател на Коби, тој дефинитивно ги исполнува сите мои очекувања оваа сезона. Само се надевам дека вака слично ќе блеска во плеј-офот и Ел Еј ќе редат победи. Мислам дека сум почестен што некогаш после многу години ќе можам да се пофалам дека сум го гледал Коби Брајант како ја пишува историјата (иако сега за сега повеќе го гледам на слики на nba.com отколку на натпревари :( ).

Браво!

1/10/2006 12:21:00 pm  
Blogger kole said...

bravo kobe!!!!!samo taka i ne ni bega 4-5mesto u zapad.a za posle koa ke vlezat u serija,ili potocno u masinata na d-r phil nema izlaganje.
LAKERS CHAMPIONS!!!!!!!

1/10/2006 02:09:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Ej abe ne kakajte so ovoj brajant blogot vi za Nba ne za kobi, daj ako ne krstete go makkobi pa prajte kolku sakate dosadni ste epten

1/10/2006 07:18:00 pm  
Anonymous liverpoolfan said...

potpolno se soglasuvam so Anonymous
daj zaebete vece za sebicniot Kobi :))

1/10/2006 07:56:00 pm  
Blogger Karakash said...

Анонимен фраеру, као и ти ливерпулфен, ова е НБА блог, а моментално главна вест у НБА е играта на Коби...не мрчете, прочитајте ги прошлите постови и што имаат и што немаат врска со Коби, па видете каков блог е ова.

1/10/2006 08:36:00 pm  
Anonymous liverpoolfan said...

Karakash, gi citam ja site postovi i znam za sto i kako se pisuva na blogov.Blogot e ok i so golemo zadovolstvo go citam, ali ova so kobi e stvarno vece preteruvanje. Ne sakam da navleguvam vo detalna diskusija so nikoj okolu igrata na kobi zatoa sto nekoj go saka nekoj ne moze da go smisli. Ali, sto pati e kazano Kobi igra sam vo L.A.!!! i moze da dava i po 60 kosa sekoj mec no so vakov tim e daleku od titulata. Zatoa pishete malku za timovite koi se najozbilni kandidati za titulata ovaa sezona a ne gubete vece vreme so Kobi.

1/10/2006 10:18:00 pm  
Blogger марче said...

ne go kobete kobi! deckoto si igra nema sto... samo neznam dali u slucajof drzi onaa narodnata bolje prf u selo nego posleden u grad ... epa lejkers se tokmu seloto!

1/10/2006 11:14:00 pm  
Anonymous Liverpoolfan said...

:))))
taka e Mar4e

1/10/2006 11:18:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Selo e drugarce ti od kade ti sto si

1/11/2006 12:25:00 am  
Blogger Shepard said...

Енко, батали ги анонимциве, Коби рулз, и дај да се чуеме утре, ама попладне, после факс, да те изненадам нешо ;)

1/11/2006 12:55:00 am  
Anonymous bodan said...

decki,za brajant moze da kazam i arni i loshi raboti ama posto megu drugite naviam i za lejkers pa ce go preskoknem toa.Sakav da napishem deka vcera gledav fila-sietl i iako go kritikuvavte pokerashot za mizeriata u sietal oni si naidoa samo na beter(Beter Hill).Edina promena u timot e igranjeto povece minuta na radmanovic i tolku,sve ostanato e cista letargija.Za primer ga zedov utakmicata protiv detroit,koga se krshese rezultatot-Beter-so cel pamet vleze eden metar vo teren i toa posle promashuvanje na hamilton i nivna osvoena topka.Epilog,tehnicka i trojka i opet 8 razlika za pistons.Zatoa i mozem da gi svatim njujork koga mu broja 10 miliona na Leri(barem da probaa so nekoj koj naprael rezultat,makar spored mene toj rezultat e vo golema mera na Rick.C.). P.S. Ipak ako nekoj trener vo NBA zasluzuva tolkava cifra toa e zenot i nikoj drug.Bez razlika na svite komentari(dali kobi bil sebicen ili ne) prognozite pred sezonata bea deka lejkers sa pokojni a ova shto go gledamo sega e uste eden podvig(skromno receno) od Fil so svojot skromen roster.-----ipak pa go spomnav brajant-----

1/11/2006 01:44:00 am  
Anonymous Liverpoolfan said...

Muabet za Kobi.....veshe kraj. Odma iskacaat nekoi nesoglasuvanja i karanici.Sekoj neka si go cuva svoeto mislenje. Za nekoi e dobar - za nekoi ne.

1/11/2006 04:14:00 am  

Post a Comment

<< Home