Sunday, January 22, 2006

He's back
by Beto - Како што бива со секоја НБА утакмица и оваа малце каснеше(тоа веќе станува традиција во НБА) , а тоа за многу малце ќе ме доведеше до тоа да заспијам односно да не го направам овој рикеп.Значи, натпреварот почна негде накај 2 и 20 а во стартните петорки на двата тима беа: За Милвоки: Т.Џ. Форд,Мајкл Ред , Боби Симонс, Џамал Меглор и Ендрју Богут За Хјустон: Рафер Алстон , Дејвид Весли , Трејси МекГреди , Џуан Хауард и Дикембе Мутомбо. 1.четвртина: Двата тима почнаа скоро исто, со индивидуални излети на некои играчи. Почна како и секој друг натпревар, споро, најмногу на шутеви, а тоа се разбира дека им беше од полза на домаќините кои и тоа како располагаат со прецизни шутери како Ред, Симонс или Мо Вилијамс. Први повлекоа домаќините и тоа преку две тројки на Симонс и Ред ,а гостите на два пати преку МекГрејди одговараа на другата страна. Најразигран од сите се чини дека бешe Симонс, кој ем погодуваше од дистанца ем имаше некои скок-шутеви од полу-дистанца плус еден влез. Во тимот на Хјустон се издвоија МекГрејди кој си ја играше својата позната игра (сам) и не додаваше никому и на моменти ми се чинеше како да има намера да тргне по лов на Коби ама нема дечкото капацитет за тоа. (Мислиш? - К.) Иначе Трејси не погоди ниедна тројка во цеа прва четвртинаа имаше два или три шута. Подоцна...во првата четвртина Милвоки беше тимот што ја имаше предноста, а Хјустон ги ловеа. Хјустон едно време паднаа и на -8, но во игра ги врати Дејвид Весли кој ми личи на пекинезер и во фаца и во тело. Дикембе иако беше во стартната петорка на својот тим, ни се виде, ни се примети, па и неприметно седна на клупа и неприметно не се одлепи од неа цело 1.полувреме. Веќе на две минути до крај на прва, Тери Стотс, тренерот на Милвоки, во игра ги пушти Гаџурич, Кукоч и Вилијамс и ги повлече надвор од игра првите играчи на Милвоки на заслужен одмор. Иначе Богут ми остави пријатен впечаток! 2.четвртина: вајцата тренери ја почнаа со своите 2. петорки. Само Богут беше дел од тимот што го почна натпреварот и во 2.четвртина. На самиот почеток на вториот дел во крупен кадар го даваат Џеф Ван Ганди кој ги ишишал и оние неколку влакна кои ги имаше и сега ептен ми заличи на Зидан! Каква писта си напраил...Набрзо кошаркарите на Хјустон преку Весли и Алстон од два напада постигнуваат две тројки и успеваат да поведат за прв пат на натпреварот. Вторава постава на Бакс не функционира како што треба, а овој Стотс упорно ги остава да играат. Шупци! На шест минути до полувреме, резултатот е изедначен 34:34 во корист на Хјустон. Првата постава на Милвоки се враќа на терен дури 7 мин. по стартот на 2.чет. МекГрејди никако да даде тројка, а Меглор скоро и да не се приметува, a до сега има 6 поена и 5 скокови. Ми се свиѓа како си одработи Хејс од Хјустон,веројатно млад играч,талент ,на позиција 4ка,солидно покриваше коа Хауард се одмараше....Хјустон го има водството од 44:41 на 2:15 до крај. Сепак,пар кошеви на Ред и завршува прво полувреме со резултат од 48:47 за Хјустон. 3.четвртина: Малце закаснив за глеање, ама коа дојдов резултатот беше изедначен 55:55 овој пат во корист на Милвоки. Потоа почна да игра МекГрејди онака сам и тоа веднаш стана видливо и на семафоpот бидејќи Хјустон го зема водството 60:55. До тој моменат Трејси имаше 18 кошеви. Го забележувам Мутомбо е пак во игра(има 39 години еј), ама со никаков позитивен ефекат за својата екипа.Трејси го полни кошот на Бакси непрестано поентирајќи најмногу од влезови. Милвоки до крајот на четвртина прави серија од 7-0 и на две минути до крај резултатот е изедначен 67:67.МекГрејди мава трица за 70:67, па Ред има пар слободни ,па Весли и 3.четвртина завршува со резулт од 74:71 за Хјустон. 4.четвртина: И кога таман мислев дека во 4. четвртина ќе глеам интересен и атрактивен баскеt, се деси и тоа, Трејси МeкГрејди да не утне и ја направи тотално неинтересна последната четвртина: Оd кај шутна-не утна! Праеше ролинзи, нешто па шут, па тројки, па слободни СВЕ ВЛЕЗЕ!!! Вака сеа...последната четвртина почна атрактивно се цепелин Т.Џ Форд до Гаџурич и закуцавање и тоа беше се што направија домаќините. После МекГрејди имаше симултанка и залудно би си го трошел времето ако ви опишувам какви се шутеви погоди! Му немаше крај за на 5 минути до крај да направи 15 разлика. Милвоки на крајот имаше 80 коша.Значи само срамни 9 во последната четвртина. Тоа ги уништи. Заврши 97:80, а Xјустон извојува победа благодарејќи на МекГрејди. Лудакот заврши со 41 поен и залужено си го добива тоа МЕН ОФ Д МЕЧ.Толку. Добро е Бето, само да не требаше да ти ги поправам сите печатни грешки:). За утакмицата си прав, баш беше така, се играше повуци-потегни, додека Ти-Мек не зема се у свои раце у задња четвртина. За Дикембе не би го критикувал толку, зашто како што напишпа и ти, типот има 39 години (и веројатно може да ти биде татко). Кога играше он у 1.чет., и Богут и Меглор немаа муда да се дигнат на шут у рекет преку него. Можеби немал некој др. квалитет у своја кариера, али барем за плашење играчи у рекет и мењање шутеви мора да му се пружи рака. Ипак, он д енд оф д деј, ова беше вечер на Мек, а никој у дрес на Бакси не ме импресионираше. Уште на старт на сезона реков дека Тери Стотс не е прав човек за тренер и тоа полека почнува да станува јасно. И уште нешто реков летоска, а тоа е дека Ред не е играч за 90 мил. договор. Никако. - Каракаш

4 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Еве и ја да ти напраам корекција на печатна грешка си напишал УПТе уместо уште.Не е битно.
Мене лично Мајкл Ред ми се чини како да малце дебеличок за да биде добар за 90 милиони.А?
Стаил некое килце(Па сеа има пари децата дома да ги прехрани)

1/24/2006 11:18:00 am  
Blogger Karakash said...

e kade, be?:)

1/24/2006 01:56:00 pm  
Blogger Shepard said...

мајкл ред е шабан

1/24/2006 07:11:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

и дебел е...мене така ми изгледа...буце:)

1/24/2006 10:27:00 pm  

Post a Comment

<< Home