Thursday, January 05, 2006

Fantasy
Еве не пак со Ивица и НБА Фентази. Постов веројатно ќе ги интересира оние од нас кои ја играат нашата фентази лига. Мене ми се свиѓа постов, затоа што има двајца од Атланта у него:) За да покажам дека не ве заборавам и во овие најтешки времиња за мојот суверенитет и студентски интегритет, ќе пробам да ви помогнам во изборот на играч од т.н. recycle bin, каде не ретко може да се најдат и прави инвестиции кои ќе му помогнат на вашиот тим по патот нагоре по табелата:). Иако нашиов recycle bin е доста лимитиран поради големиот број тимови, ќе пробам да извлечам нешто од него и да ви кажам зошто мислам дека припаѓа во некој од вашите тимови. 1.Josh Smith - Веќе не се ни сеќавам кој го исфрли од својот тим, а не би можел да речам и дека било грешка, ама според мене Смит би требало да припаѓа во нечиј ростер. Има просек 8,9 поени и 5 скока (никако незанемарливо ако се знае дека доаѓаат од играч кој ви игра на бек шутер). Има добар шут од поле (генерално затоа што сите негови поени се атрактивни забивања), а има и растечки тренд во неговите минути(41 односно 33 на последните два натпревари). Кому би го препорачал: Тимови со малку поени од FG%, а кои се мачат и во скокови 2.Keith Van Horn - Keith will strike back!!! После стомачниот вирус има проблеми да се врати, а и враќањето на Стакхаус му одзема доста од минутажата, ама сметам дека Ван Хорн ќе се врати на своите 10 поени и 5-6 скока по утакмица. Внимание: ван Хорн е еден од ретките слободни играчи на листата кој е способен да даде над 20-25 поени Кому би го препорачал: Тимови со малку поени. Негативен ефект: FG% (40%) 3.Darius Songaila- Го гледав со Феникс кога играа и стварно ме задоволи. Феноменален дабл-дабл, а не би ме зачудило и за брзо време да видиме уште пар такви од него. Има 7,7 поени и 3,3 скока по натпревар, ама нека не ве залажува тоа. На почетокот на сезоната имаше очајна минутажа, а сега започнува да се пробива и да си прави место во ростерот на Булси. Плус, Чендлер, кој е страшно многу подложен на повреди, е единствен висок играч во Чикаго кој нешто вреди па би очекувал дека Сонгаила до крај на сезона ќе има минимум барем по 30 минути игра. Кому би го препорачал: Тимови кои страдаат од класични "No-висок играч" болести 4.Charlie Villanueva- Е Чарли наш дефинитивно не припаѓа во recycle bin. Има 12,4 поени и 5,5 скока просек и игра многу минути. Знаејќи дека Рафаел Араухо е стартен центар во таа екипа се ни стануваа јасно и единствен логичен заклучок е дека Вилануева само може да види повеќе, а не помалку минутажа. секој друг коментар на оваа тема е излишен. Кому би го препорачал: Не верувам дека има тим во кој не би дошол добро, па затоа нема да специфизирам. 5.Salim Stoudamire - Од сега можам да ви кажаам дека од детево ќе биде нешто. Не добива многу минутажа (околу 20 минути) ама и тоа што го добива го користи мноогу добро. Има просек од 10 поени, а ќе ве изненади и со по некоја тројка. Немојте де очекувате многу асистенции или скокови ама моја претпоставка е дека до крај на сезона Салим ќе има натпревар со 25 поени. Кому би го препорачал: Како што можете да видите од Стадемаер е нереално да се очекува нешто друго освен поени, па би рекол дека е наменет строго за екипи во недостиг на поени

0 Comments:

Post a Comment

<< Home