Wednesday, January 25, 2006

Пишман аџија
Ова е инфо-текстот. Мојот поглед врз работите следи покасно (а таман мислев денес да пишам за Индијана и Артест). Кога е Рон Артест е во прашање, тогаш веќе ништо не треба да не изненадува. Последната во серијата бизарни епизоди во кои главната улога ја има Рон се случи во вторникот вечерта, откако Индијана и Сакраменто веќе начелно се договорија да го разменат во Кингси во размена за Пеџа Стојаковиќ. Србинот, известен дека ќе биде трејдуван, си остана во хотелот во Филаделфија и не настапи на дуелот на неговиот тим со Сиксерси. Но, "кралевите" во последен момент се предомислија, откако разбраа дека Артест не сака да игра за нив. Иако Рон нема никакво право да го блокира трејдот, челниците на Кингси не сакаа да си имаат работа со играч кој не сака да биде дел од нивната организација. "Во моментов нема никаков трејд, а ништо чудно воопшто и да нема трејд" - изјави тренерот на Пејсерси, Рик Карлајл пред поразот на неговиот тим од убедливи 96-66 во Кливленд. Откако Индијана загуби, со официјално соопштение се јави претседателот на клубот, Дони Волш. "Како што кажав и порано, се додека не се финализира некој дил, ништо од него. Немаме договорено никаква трампа и нема да коментираме на било какви избрзани најави за трејд на Рон Артест" - рече Волш. Играчот, кој своето прво јавно барање за трејд му го соопшти на "Индијанаполис Стар", за истиот дневен весник изјави дека "Нема трејд. Не дека не сакам да играм таму...Мојот менаџер е во контрола на ситуацијата". Што и да е во прашање, ова е втор пат како евентуален трејд на Артест пропаѓа во последен момент. Пред само две недели Пејсери и Клиперси беа пред договор да го разменат Рон за Кори Магети, но Индијана се повлече во последен миг, поради загриженоста за сериозноста на повредата на Магети. Инаку, Рон веќе месец дена е на "Листата за неактивни играчи" на Пејсерси, откако јавно побара да биде трампан, шокирајќи ги сите во клубот. Самиот Стојаковиќ си знае низ што морал да поминува поради предомислувањето на Кингси да го трампаат за Артест. Трократниот Ол-Стар се подготвувал за настап против Сиксерси, кога од клубот му соопштиле дека нема да настапи затоа што ќе биде трампан и дека затоа мора да остане во хотел. Според неговиот менаџер, Дејвид Бауман, Пеџа бил шокиран, а кога малку се средил, прво ги известил најблиските и си ререзвирал авио-карта назад за Сакраменто. Само неколку минути подоцна, од клубот му кажале дека нема ништо од трејдот во Индијана. Нешто на што тој, во најмала рака, реагирал гневно. "Шокиран сум и бесен од начинот на кој се понесоа со Пеџа" - изјави Бауман. Србинот не настапи во поразот на "кралевите", а под знак прашалник е и тоа дали ќе настапи и на следните средби. "Не можете да очекувате тој да не биде вознемирен после вакво нешто, но се надевам дека се ќе биде во ред со него. Ова никако не беше лесно и за него и за нас, посебно не сега, кога се наоѓаме сред турнеја од шест гостувања" - изјави Рик Аделман, тренерот на Кингси. Пред да пропадне трејдот, Бауман изјави дека Пејсерси се добра промена за неговиот клиент и дека со нив ќе почне одново, ќе игра за добaр тим и ќе биде дел од плеј-офот.

10 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Не е здрав овој.Ги мота како кур му сака.Мене најискрено мерак би ми напраило на крај да го трампаат у Торонто или ај да не кажам Атланта па да трпи!Сељачина!Американец ебате..

1/25/2006 11:42:00 am  
Blogger Shepard said...

ќе те бришам заради недоволен ај кју на коментар!!

артест е болен. болеста не бира по националност.

ај поздрав

1/25/2006 01:06:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Ќе иде у Лејкерс.Онака, шпекулирам!

1/25/2006 04:34:00 pm  
Blogger Shepard said...

шпекулант.

ќе те кажам на ѓунер.

;))))))

1/25/2006 04:52:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

АРТЕСТ СЕГА ЈА ПРИФАТИЛ ТРАМПАТА ВО САКТО!!!Ајде...шупачинаааааа

1/25/2006 10:12:00 pm  
Blogger марче said...

abe neka ide u picku mater

1/25/2006 11:48:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Oва последново беше искрено.

П.С. Вечер ќе глеам Детроит-Милвоки па ќе пишам рикеп ако дозволите.

1/26/2006 12:05:00 am  
Blogger Karakash said...

Мар4е, ај да не кажеш дека не сме ти кажале и на тебе: Следен ваков коментар со ај кју у минус се брише!

1/26/2006 12:06:00 am  
Blogger Karakash said...

Пиши Бето...па Милвоки,а?:)

1/26/2006 12:07:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Не знам што им бидна на португалциве само Милвоки ги даваат:)
А зашо да бришете бе коментари со малце пцуење па и вие го практикувате тоа:)

1/26/2006 12:17:00 am  

Post a Comment

<< Home