Tuesday, January 17, 2006

О'Нил го послуша Бил Расел, Лејкерси конечно бољи од Мајами
Коби Брајант и Лејкерси конечно можат да се пофалат со победа над Шекил О'Нил и неговиот Мајами откако центарот го напушти Лос Анџелес. Преку 37 поени на Коби и Ламар Одом, на кого му недостигаше една асистенција за трипл-дабл, Лејкерси релативно лесно ги совладаа гостите од Флорида, со 100-92, за нивна шестта победа во последните седум средби. Девин Џорџ додаде 17, а Крис Мим десет поени и 6 скокови. Двејн Вејд со 34 поени и седум асистенции беше по кој знае кој пат најдобар кај "жешките", но сам не можеше да ја продолжи серијата од четири победи по ред на својот тим. Шек и Јудонис Хаслем додадоа по дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови, односно 13 поени и 12 скокови. Инаку, ова беше четврти дуел меѓу двата тима по трејдот во летото 2004 год. кога Лејкерси го испратија О'Нил на Флорида во размена за Одом, Керон Батлер и Брајан Грент. Мајами ги доби претходните три, вклучувајќи ја и победата од 97-92 на 25.12. 2005, кога Шек и Коби не се ни погледнаа, а камоли да се поздрават. Покрај триумфот на Лејкерси, она што ја одбележа средбата беше поздравот помеѓу Шек и Коби пред почетокот на натпреварот, кога О'Нил му пријде на Брајант додека овој се истегаше и му честиташе на првата ќерка и на второто дете, кое е на пат. "Тоа ме направи да се чувствувам многу добро. Заедно поминавме многу војни, така да не е мала работа секој да си продолжи на своја страна и да се обиде да му донесе успех на својот тим. Му посакувам се најубаво" - изјави Брајант, кој призна дека бил изненаден од гестот на Шек. По средбата, О'Нил изјави дека неговиот потег уследил по советот кој му го дал легендарниот Бил Расел, кој му рекол дека треба да се смири со Коби. Исто како што тој на времето направи со неговиот лут ривал, Вилт Чембрлен. "Имав наредба од големиот Бил Расел. Пред некој ден во Сиетл направив муабет со него и тој ми објасни како треба да изгледаат ривалствата. Го прашав дали некогаш во својата кариера не му се допаѓал некој против кого играл, а тој ми одговори 'Не, никогаш' и ми кажа дека треба да оставам зад себе се што се случувало и да му пружам и рака и поздравам со Брајант. Денеска е Ден на мирот, Денот на Мартин Лутер Кинг, кој беше амбасадор на мирот. Така, кога зборував со г-динот Расел, тој ми кажа дека тој и Вилт разговарале по неколку пати неделно во последните неколку години пред неговата смрт. Иако луѓето мислеа дека тие двајца се мразат, меѓу нив постоеше големо пријателство"- изјави Шек.

17 Comments:

Blogger Ико said...

Конечно! Не додржав буден пред компјутер за да ја следам до крај средбата на nba.com ама имав чувство дека конечно ќе дојде и победата. Големо браво за Шек за гестот бидејќи по се што направија заедно со Коби, беше многу глупо нивното лутење еден на друг. Се надевам дека ќе се сретнат во финале :)

1/17/2006 03:54:00 pm  
Blogger марче said...

nadezta posledna umira ! samo ti nadevajse :)))

1/17/2006 05:22:00 pm  
Blogger марче said...

mislam uste od sea ako sakate moze da vi rezerviram karti za finale istok: detroit - majami i finale zapad: san antonio - feniks ...

1/17/2006 05:23:00 pm  
Blogger zare said...

Abe mar4e u finale na istok Detroit-NewJersey i ako mozes rezerviraj mi karti!!!

1/17/2006 06:12:00 pm  
Blogger Ико said...

Резервирај и за мене, ама ти да ги платиш ако не испаднат така финалињата може :)?

1/17/2006 06:29:00 pm  
Blogger zare said...

This comment has been removed by a blog administrator.

1/17/2006 06:34:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Odete na NBA tv broadband i gledajte od Keni i Carls isecok od souto sto ima. Ima dobri fotki:)))

1/17/2006 09:23:00 pm  
Blogger марче said...

imate i gratis pukanki od mene ako feniks igra u finale :))

1/17/2006 10:01:00 pm  
Anonymous Liverpoolfan said...

Ivica, daj nekoj post za nasata fantasy liga kako ide so sega.

1/17/2006 10:34:00 pm  
Blogger Shepard said...

РЕДНО БЕШЕ.

пратев делумно на нба.ком..

коби.. ако влезат у плејоф, МОРА да биде МВП..

поштуем шо шек пружа рука..

1/17/2006 11:34:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Mar4e те поздравувам за тоа Феникс у финале на запад.Не заебавај(без да те навредам) , биди објективен и самиот ќе видиш дека има екипи кои ќе го тепаат Феникс кога ќе дојде време.Далас,Минесота,Клиперс а за Сан Антонио да не праам муабет.МОже сеа Феникс се у серија али реално гледани ЕПТЕН СЕ МЛАДИ.
Реалноста не е Фудбал Менаџер па цел тим на 22годишњаци да ти се држи.Бар у НБА не може така.

За у ПлејОф треба искуство...нешто што Дио,ќе го има дури за 3-4 години

1/17/2006 11:44:00 pm  
Blogger Shepard said...

бетомир, неш млад е бе?

а мерион нешо неискусен а? неколку олстара, репрезентација, па и плејоф искуство више..

а и тој џим џексон сумљив ми е..

ебаго ;)

1/18/2006 05:08:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Абе добро...не се разбираме.Екипата не дека е млада по години туку е плејоф неискусна.Мислам дека нивните шанси за финале на запад се минимални...

A deka ima individualci ima u Feniks...

1/18/2006 07:57:00 am  
Blogger Karakash said...

A i Kurt Tomas e u najbolji godini:))

Betoslave. a koj igrase lani u Finale na Zapad? Onaka, prasuem?

1/18/2006 10:00:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Ама добро све али го имаа Џо ЏОнсон(што е класа боље од Дио) , Ричардсон(кој беше многу битен играч ЛАНИ) , АМАРЕ(ај он ќе се врати)...
Едно питање до Каракаш.
-А зашо Џим Џексон не игра никад не сум можел да си објаснам?Можеш ли ти да ми објасниш?

1/18/2006 10:24:00 am  
Blogger Shepard said...

ја ќе ти одговорам.

зашо и хори никад не игра.

јасно е сеа?

1/18/2006 04:28:00 pm  
Blogger марче said...

nerekof deka feniks kje bidat shampioni! rekof deka sakam sakam da bidat shampioni :) realno gledano san antonio i detroit se tri klasi ispred site ostanati ... ama od site tie ostanati pak realno gleano i negledam nekoj tim na zapad sto ima kontinuiran kvalitet pogolem od feniks :) moze dalas taka nesto da se nosi :)) kako i da e vremeto kje kaze ... muabetot za pukankite seuste vazi :))

1/18/2006 04:58:00 pm  

Post a Comment

<< Home