Wednesday, January 25, 2006

Детроит гази+Ред дебел, а!?!
Бето продужуе со рикепи, и продужуе пак со Милвоки. Сеа у Детроит. Бакси одиграа многу боња утакмица од таа со Хјустон дома, али Бето нека ви објасни тоа. Буцето Мајкл Ред се разигра, а?:)... Дури сега приметувам дека всушност Детроит се домаќини, а тоа и како ме израдува најмногу поради фактот што нема цела вечер да им го гледам шугавиот терен на Милвоки со тие чкартните,gay бои. Да прејдеме на главното: STARTING LINEUPS: За Детроит: Билапс,Хамилтон,Принс,Р.Волaс и Б.Волaс За Милвоки: Т.Џ. Форд,Ред,Симонс,Меглор и Богут 1.чет.: Натпреварот почна со серија од 6:0 на Детроит, главно поени на Хамилтон и асистенции на Билапс. Потоа, изненадувачки, гостите се вратија веднаш од таа серија и тоа со водство од 8:6 преку поени на Ред, Форд и Симонс. Како што би рекол Каракаш, "утакмицаtа почна повуци-потегни" на двете страни. Имаше еден убав цепелин на Билапс и Хамилтон кој заврши со положување од вториов, како нешто да се одбележи од стартните минути кои секогаш се најдосадни. Цела чет. се игра изедначено, онака досадно, ко што знае да биде и на 3:30 минути до крај на прва резултатот е 19:18 за гостите кои како да држеа контрола во првите минути. Мене лично, интересен ми беше Рашид кој се обидуваше да се расшутира од позади 7 метара, но некако не му идеше, па погоди само една тројка од четири, а можеби и пет обиди. Билапс си делеше асистенции ко бомбони, која на Рашид или Бен, а овие реализираа беспрекорно. Гаџурич даде четири поени по ред! На минута и дваес-пет до крај на прва у игра влезе и Морис Еванс (мојот омилен играч оd Детроит) кој е голем работник, а токму тоа и го докажа уште во 1.полувреме. Мо Вилијамс даде тројка за највисоко водство на Бакси од 27:22, a Четвртината заврши со поени (два) на МекДајс и 27:24 за Милвоки. 2 чет.: почна со елегантен шут на Еванс, кој ме изненади со својот убав шут (за око, а според неговата градба, не ми личи на таков. Детроит полека фати ритам и почнаа да си ја играат својата препознатлива игра со многу трчање и одбрана. Во игра Сандерс ги внесе МекДајс, Аројо и Еванс и сите тројца му ја оправдаа довербата буквално прегазувајќи ги резервите на Милвоки кои беа како изгубени (пред се Велш). Детроит прави многу убава и долга серија од 14:2 (вклучувајќи ги и поените на МекДајс на крајот на првата), а таа убава серија ја прекина Велш со еден влез. Ред со тројка ја намали предоста на Детроит, ама веќе во следниот напад се сплетка со топката. На 3:30 до крај на 2., Детроит има 10 разлика(со поените на Принс). Тери Стотс се нервира од клупа и бара тајм-аут на 2 минути до крај кој се чини малку ги оправи работите пред паузата. Форд даде 6 поени по ред и така на полувреме се отиде со 50:44 за Детроит. Јас стварно се надевав дека во 2.полувреме Детроит нема многу да се одлепи и дека сепак ова ќе биде интересна утакмица... 3 чет.: Во 3.четвртина двата тренери во игра ги ставија првите петорки (Normalno - K.). Почнаа повторно изедначено откако Ред даде тројка за израмнување. На др. страна Хамилтон игра одлично без топка и многу ме потсеќа на Реџи Милер, а плус на тоа и поентира. Меглор понатаму ја губи топката во два напада по ред и тоа на многу глуп начин, па на тоа убаво сум се изнасмеал. Следуваа(некаде кај 7 до крај) неколку напада каде и двата тима ги губеа топките континуирано. Ред з'гна уште една тројка, а на тоа мораше да врати Хамилтон да не остане покус. Почна нивната трка за прв стрелец уште во третата четвртина бидејќи и двајцата се распуцаа. Билапс во 3.четвртина ги даде своите први поени на утакмцата(од слободни), а веќе имаше 9 асистенции. Две тројки по ред на Детроит(Хамилтон и Билапс) по што нивното водство повторно се качи на + 8. По тајм аутот на Стотс, Богут даде еден хорок, а’ла Олајџувон и тоа од пристојна дистанца. До тој момент Хамилтон имаше 24, а Ред 22 поена. Резултатот – 71:65 за Детроит на минута до крај на трета. Четвртината заврши со тројка на Билапс за 74:65 за Детроит. 4 чет.: Четвртината ја отвори повторно Еванс со шутче од полу-дистанца и како да сакаше да навети дека тоа ќе биде лесна завршица за Пистонси.Но... Со тројка на Шид , Детроит прави +12 на 8 до крај. Ред дава два коша по ред и смалува на 8 поени. Еванс си зема премногу слобода и се распуцава што секако им штети на Детроит .Следуваше атрактивно забивање на Богут за 6 разлика на шест минути до крај...На пет минути до крај резултатот беше +10 за Детроит. И тогаш кога помислив дека Милвоки немаат теоретски шанси за нешто повеќе, во игра се врати Мо Вилијамс, докажан тројкаш кој оваа сезона реши две средби во последните секунди. Даде две тројки по ред за неполна минута(онака смирено, лакомо) и намали на +4 за Детроит. Идниот напад го реализираше Симонс за +2. Уф, уф, интересна завршница. Хамилтон даде кош за +4, па украде во одбрана, па направи 2+1 и така предноста си ја качија на 7. Идниот напад: БАМ-Ред тројка. Шид утна, па уште еден шут(длабока двојка) на Ред, па уште едно промашување на Рашид. Милвоки тајм аут(2 разлика) на 92:90 за Детроит. 24 секунди до крај. Ред ја прима и не проаѓа многу време, се дига на шут и погодува! Изедначување на 14 до крај. Сега тајм аут за Флип и тој му ја дава топката на Билапс(инаку феноменален во 2.полувреме). Мо го чува Хамилтон да не мрдне и оtкако Билапс се најде во небрано му ја дофрли на Шид овој за 3...и утна(т.е. топката излезе од обрачот) и следуваа продолженија....ВАКВА УТАКМИЦА ОДАМНА НЕАМ ГЛЕДАНО, морам да признаам.Вредеше што останав буден до 5 сабајле. Продолжението: Почна со слободни на Чонси за 94:92. Потоа следеше мал пад во играта на Пистонс, а тоа знаеа како да го искористат гостите преку Ред и Мо и со нивни искомбинирани 6 поена доаѓаат до значајно водство од 98:94! Но, на сцена тогаш од никаде(цела утакмица го немаше), Рашид Волис со гоооолема тројка за 98:97. Потоа следуваше промашување на Ред, па Билапс двојка за 100:97. Богут едно слободно, Билапс уште две слободни за 102:98. Ред повторно промаши и тука е крајот. До самиот финиш Милвоки играа на фаули кои Билапс ги реализираше (втор во НБА по процент на дадени слободни:!!!). Краен резултат 106:102 за Детроит Пистонс. МЕН ОФ Д МЕЧ: Иако Хамилтон имаше најмногу кошеви вo Детроит(35), утакмицата ја реши Чонси(23п., 15 асистенции) и затоа признанието за човек на натпреварот според мене треба да оди во негови раце. Инаку, најдобар стрелец беше Ред со 41 кош. Епа, толку.

2 Comments:

Blogger Shepard said...

брао мали, закон, закон!

1/27/2006 02:04:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Ме ду*иш нешо?

1/28/2006 07:25:00 pm  

Post a Comment

<< Home