Wednesday, January 25, 2006

Бизаро
А стварно го сакав Рон Артест, имаше у него нешто што го разликуваше од останатите денешни ѕвезди. Секое интервју кое го прочитав со него ми даде впечаток дека типот е најнормалната особа на светот. У него ми се чинеше дека има некој олд-скул квалитет, кој не се среќава денес, нешто спешл. Застанав на негова страна и кога побара пауза за да го сними рап албумот, а и после хаосот у Детроит, иако беше очигледно дека најголема вина за се што се деси, покрај Бен Волас, идиотот што го фрли пивото и целата мизерна организација на средбата од страна на Пистонси, беше баш у Рон-Рон. Не се согласив со суспензиите на Штерн, затоа што Бен заслужи барем пола од казната на Артест, само затоа што беше пиче и кога неговиот тим губеше со -10 на минута до крај, у фрустрација го удри Рон, кој после тоа искулира на записничка. Али ај, тоа било и поминало. На тренинг кампот се појави намсеаниот Рон, спремен да се искупи за тоа што не им беше од помош на Пејсерси. И се беше убаво, се додека едно сабајле не му текна да се излае на весникот Индијанаполис Стар, како не е среќен, како тренерот Џим Кери Карлајл не му дава да се истакне како ѕвезда, како, бла, бла, бла... Тоа ја прели чашата на Бирд, кој не можеше више да ги трпи срањата на Рон и реши да го трампа било каде, а дури тоа не се деси дека нема да му даде веќе ни минута да заигра за Индијана. И така помина месец дена, а трејд по трејд опција се гасеше за Инди и Рон. Не го бидна у Клиперси за Магети, нити у Лејкерси заедно со Крошир за Одом. На ред пак дојдоа Кингси и таман кога се договорија, Рон пак му се излаја на Инди. Стар. Е, тука сфатив што е тоа што го дели Рон од другите и зашто увек сум го сметал за посебен играч. ТИПОТ НЕМА МОЗОК! Не само што со своето барање со еден потег ја уништи сезоната на Пејсерси, клуб кој застана у негова одбрана по тепачката, него со тоа што не му се игра за Кингси ги уништи шансите било кој да понуди нешто асално за него. Вака, ем ги еба Пејсерси, ем се еба самиот себеси. Изгледа не му е битно ако одседи уште една сезона. Штета. Штета, зашто типот според талентот спаѓа у Топ 10 НБА таленти, кога збориме за играта на двата краја од теренот. Но, талент без мозок е ништо. Сега можам да кажам дека типот е луд и дека стварно ич не ми е гајле кај ќе заврши. Факт е дека тој талент ќе му даде нова шанса у некој НБА клуб, а можеби и еден ден пак ќе го гледаме на Ол-Стар, ама д демиџ ис дан. Посебно у Индијана. - Според некои извори, трејдот у Сакто се уште е опција, но тешко дека ќе се деси. Каков ли само секс му удри на Пеџа, кој си остана у хотел и се спреми да се враќа у Сакраменто. Сега опција се Вориорси, али као што слушам, Инди не го сака Мајк Данливи (кој го сака?). - Жена која работела за Никси го тужи Ајзеа Томас за сексуално малтретирање. Њујорк, Њујорк...па кај ја најде бе Ајзеа. После он ќе биде пример за шупците од играчи кои ги имаат Никси. In late 2004, she alleges, Thomas's hostile behavior changed to making sexual overtures. After one game, she said in her lawsuit, he hugged her tightly and told her he had figured out why they had problems. He said he was "in love" with her and they were "so much alike." She said that he compared his feelings for her to experiences the characters had in the film "Love and Basketball." She said that he once told her: "I know you think I'm inappropriate. But I'm in love with you." Last month, she charges, he again tried to kiss her, and when she pulled away, he said, "What, I can't get any love from you today? UPDATE: Ете, бидна. Баш у стилот на Рон, кога сите ја отпишаа трампата, ете го у Кингси. Анализа следи лејтр.

5 Comments:

Anonymous bodan said...

Spored povece forumi trejdot e zavrsen,i mene licno mi e mnogu milo ama neznam dali mu e milo na onil koj izjavi pred nekoj den deka pedja ne e za pejsers zos neigra dobra odbrana(sto e u pravo) mada 20 i nekoj kos po utakmica dobro bi im dosol.Isto se spominja deka indijana go zema pedja zaradi poslednata godina od negovit dogovor ili takanarecenoto leri bird pravilo za nevleguvanje na zgolemuvanjeto na platata vo selari kapot.Pa so sreca na indijana, a bogami i na sakto ce mu treba zar so poveceto zivcani? P.S. iskreno zalim za bibi i negovata moda najbolja sezona.

1/26/2006 12:26:00 am  
Blogger Laf said...

Oficijalno e, ima sekade - bidna trampata. Jas sum fan na Inidana, bi sakal da uspee celava rabota i Peja dobro da se snajde i ostane vo klubot so godini. Ke vidime...

1/26/2006 03:31:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Не заслужуваше Инди да му напраат толкава услуга па да го пратат у САкто!Типов е деген невиден!
Ај сеа сум барем радосен за Инди што го добија Пеџа па барем он ќе биде стандарден стрелец со 20+ од утакмица.Сте приметиле дека Инди уствари нема стрелец???

П.С. Пази сеа , на екипата му ги давам БОГУТ(што он го сака) и ДАНКАН , за Пеџа и Гасол.Он , го бара Данкан а за него нејќе да даде добри кошаркари.Епа сеа...

1/26/2006 11:29:00 am  
Blogger Lakerfan8 said...

Како би изгледал Леброн во дресот на ЕЛ Еј, успеав да му го облечам дресот на Лејкерс lakersfans.blogspot.com, Каракаш ова е нешто посебно..
П.С. 99 ПРОЦЕНТИ ЦОМПЛИТ ФРОМ ЛЕЈКЕРС ВС ТОРОНТО 81 НА КОБИ...

1/26/2006 05:04:00 pm  
Blogger марче said...

ne mu stoi dresot na elej ... mislam deka bolje kje izgleda u dres na chikago :)

1/27/2006 04:47:00 pm  

Post a Comment

<< Home