Monday, January 02, 2006

Проколнатата Генерација 1986
Синоќа ја гледав задњата утакмица од 1. плеј-оф коло 1986 година меѓу Бостон и Чикаго и покрај одличните 63 поени на Мајкл Џордан у поразот по двете продолженија, почна низ глава да ми се мота драфт генерацијата од таа година, која не долго после таа утакмица се бираше у Њујорк. Најбоља илустрација за тоа колку "добра" беше таа генерација кажува дека од оваа гледна тачка, најбољи играч испадна дека тогаш беа играчите од втората рунда Марк Прајс, Денис Родман и Џеф Хорначек и 8.пик Рон Харпер. Се друго, беше за у бунар. (Нормално, освен Дражен и Сабас). Почнав да ја споредувам таа со некои други слаби генерации, али мислам дека со право Генерацијата 1986 останува најслаба и попозната како Проколната Генерација. Еве и зашто: Прва рунда: 1.пик: Бред Доерти (Кливленд) ...Бред можеше да биде еден од најдобрите високи играчи у лига, ама повредите го направија преспор за такво нешто. Ипак, и како таков играч успеа да биде меѓу подобрите високи крила-центри у првите пет-шест години у лига. Ипак, имаше потенцијал за многу повеќе. 2. Лен Биас (Бостон)...Умре само 12 саати по драфтот...од оувердоуз. Ако ви текнуе на филмот “Heaven is a playground”, ликот кој го викаа The Truth беше делумно базиран баш на Биас. Да не претераше со славење, веројатно ќе беше суперстар. 3. Крис Вошбурн (Голден Стејт)...Како и Биас, и Крис имаше навика да шмркне понекоја линија. За негова среќа, тоа не го уби, али затоа му ја уби кариерата. 7. Рој Тарпли (Далас)...На сите кои го гледале Тарпли им беше јасно дека тој има талент да стане четворка на ниво на еден Баркли или Мелоун. Али, како и кај Биас и Вошбурн, љувавта кон кокаинот беше преголема. Се враќаше у лига после суспензиите за шмркање, али никад не се исчисти. 12. Џон Вилијамс (Вашингтон)...предебел да се мрдне. 24. Арвидас Сабонис (Портланд)...Можеше да биде најдоминатниот играч у историјата на кошарката. Но, му отидоа колената. И без нив беше колку-толку добар играч. Знам дека ова за оние од вас кои не го знаат Сабас од тогаш звучи смешно, али распрашајте се кај постарите. 13. пик од 3.рунда таа година беше и Дражен Петровиќ, кого го избра Портланд. Што му се деси на Петро знаеме сите... 2. Рунда и не беше толку лоша: 1.пик у 2. рунда беше Марк Прајс, кого го избра Далас...Не се изнаигра у Мавси, ама кога отиде у Кливленд стана еден од најдобрите плејмејкери у лига. Јас најмногу го памтам како тип кој не знаеше да утне слободно, а ни за три. Ако ми текнуе, една сезона шутираше слободни со 96%. Болна работа. 3.пик Денис Родман – Детроит...Ликот и делото на Денис мислам дека ви се добро познати. 5.пик Џони Њумен – Њујорк..и него го сотреа повреди, али у оној период кога беше здрав, беше прва опција на Никси, а потоа и на Нетси. 6.пик Нејт МекМилан – нормално, Сиетл 22.пик – Џеф Хорначек – Феникс...Мислам дека и Хорни ви е познат, ако не по друго барем по времето кога играше за Јута против Булси у финалињата 1997 и 1998 година. Нормално, и по моронскиот гест што го правеше кога шутираше слободни.

7 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Ne e ova prokolnata generacija...ova e junkies generacija.Ebate , vlegol u NBA go izbrale kako 2 pik i zemal se izdrogiral.Lele mOrON!

1/03/2006 12:04:00 am  
Anonymous bodan said...

Koga sme vece kaj M.J. ima dobar clip momentalno na www.manemoj.com na najdobrite 10 potezi(spored nba action)od jordan i toa????

1/03/2006 02:46:00 am  
Anonymous bodan said...

Koga sme kaj draftot 1986,spored mnogu analiticari se smeta deka 2 pik na boston so negovata smrt totalno im go poremeti zdravjeto na seltiks za narednite mnogu godini.A djubradziata,crvot ili kako i da go nareceme Rodman spored mene e eden od 10-te najgolemi promasuvanja na draftot na site vreminja(3 pik od vtora runda covek so najgolem oset za skok evar).Edinstveno opravduvam ako tuka se smeta karakterot mada i toa e vo vtor plan ako se znae kolku shmrkadzii na koka imalo na ovoj draft.

1/03/2006 03:05:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Da ... dobar komentar

1/03/2006 10:53:00 am  
Blogger марче said...

abe koj ne se drogira u nba ?!?! ... :)))

1/03/2006 11:14:00 am  
Blogger марче said...

FINAL 1 2 3 4 OT 2OT 3OT T
Suns 23 26 26 29 14 9 6 133
Knicks27 34 20 23 14 9 13 140

se zaboraile ovie ...

1/03/2006 11:18:00 am  
Blogger TargeT said...

Abe 86ta ili Chernobil! Ne vi teknuva? :D poprimile od tamu malku :D

1/03/2006 05:29:00 pm  

Post a Comment

<< Home