Saturday, December 31, 2005

Олд скул рикеп
За мојот задњи пост оваа година, се враќаме на рикепите какви што не сум ги направил веќе некое време. Од оправадни причини (кафана) не го фатив почетокот на утакмицата, али она што го видов стварно беше добро за гледање, И двете екипи играа атрактивно, а Мајами одлично се врати у живот по рибањето од Пистонси. Летаа цепелини и куцања од Вејд и Шек, а Визардси само ради Аренас не изгубија со огромна разлика. Идеме со белешките: 2 четвртина: Се укључуем у игра на минута до крај на 1. полувреме, Мајами води 57-53, као и што очекував, пред се затоа што досега у сезона игра доста салбо у гости за тим кој конкурира за титула. Негде мора да им тргне, па си викам зашто не против редовните пациенти од Вашингтон. - по две слободни на Вејд и Аренас. - Никој нема у рекет на Визардси, Зо куца за 61-55, Мајами. - Толку од 1. халф - Као што можам да видам од статистикиве, Ентоан Вокер е кључот на водството на Мајами. Типот за 12 минути има 14 поени, осум скокови и 4 асиста. Да не поверуеш. - Сеа дознавам дека Коби добил суспензија за лактот кој му го акна на Мајк Милер. Без него Лејкерси би требале да ги изгубат и двете средби (и две со Јута), мада глеано долгорочно, ова може да е најдобрата ствар која им се десила сезонава. 3 четвртина: - Сеа глеам дека ѕверот вечерва не е Вокер, него Аренас кој у 1 халф има 29 поени! Негов рекорд за едно полувреме и рекорд уопште против Мајами. - Шек куца па парви голтендинг на положување на Гилберт. 63-57, Хит. - Џ.Вилијамс и Вејд погодуваат по два за 67-57. - Луд пас од Вилијамс до никој, кој завршува на половината на Мајами. Мораше да потсети на времето од Сакто. - Шек со куцање од цепелин одговара на 7 поени по ред на Аренас и Џејмисон. - 2+1 на Гилберт. Момакот засега има 36 поени, а има уште 8 и пол минути до крај на четвртината.Нов цепелин, сеа од Вилијамс до Вејд. - Аренас враќа со тројка за 73-70, Хит. Негов 39 поен. - Вилијамс погодува трица. - 5. фаул на Поузи на 6 и пол мин. до крај на чет. - Поетот Итан Томас погодува две слободни за 78-77, Мајами. Дали знаете дека Итан има напишано неколку книги поезија и дека својата поезија јавно ја чита по клубови? Не личи на таков, а? - Аренас, 41 поени на 5:20 до крај на чет. - Овој период Мајами има шут од поле 8-8, а води само 82-79. - Судиите му даваат два и додатно на Аренас, иако поените никако не смееа да важат. Со слободното тој има 44 поени, колку и што му е рекордот во кариерата. - Шек иде на клупа, влегува Зо. Има ли некој тим боља центарска линија од Мајами? - Пејтон утнуе за три и го расипува % на Мајами. Вејд го исправа, но у следниот напад Вокер промашува за три. 89-87, Мајами. - Пејтон не му дава да дише на Аренас. - Вокер пак утнуе за три. Е ова веќе личи на него. - Исто и Вилијамс. - Батлер погодува со сирена за три, крај на чет. 93-91, Визардс. 4 четвртина: - Брзи 6-0 на Мајами за 97- 93. - Страшно куцање на Вејд под фаул, откако претходно му ги скрши зглобовите на Дениелс. - Дениелс враќа со 2+1. 100-98, Мајами. - Тројка на Вокер у контра. - Шек ис бек. - Две слоб. на Вејд за 105-98 за Хит. - Шек си игра со Томас. - Цепелин Вејд-Шек, 109-98, Хит. - Аренас нема поени у задњи 10 минути. - 3 секунди у одбрана на Мајами, шанса за Гилберт да постави нов рекорд на кариера. Погодуе за негови 45 поени. - Два поени на Џејмисон. 111-101, Хит. - 113 поени на Мајами се нивен рекорд на еден меч сезонава. - Вокер пак промашува за три, ама се вади со оф. скок. - Шек и Вејд имаат по 28 поени ич. - Трица на Аренас за негови 48 поени.Вејд враќа со два за негови 32 поени и 122-108 за Мајами. - Уште една минута мучење за Визардс. - Еди Џордан има 0-16 скор како тренер против Мајами, а Визардси имаат серија од 14 порази против Хит. - Гилберт иде на клупа со 48п., 7 ск., 8ас. - Утакмицата завршува со 4 поени по ред на Џејсон Ал Капоно за конечни 128-113 за Хит. - Толку. ПС – Стварно е ужасно кога ќе чуеш за повреда на било кој играч, па уште ако е некој кој има одлична сезона за прв пут после некое време и кој е у години у кои секоја повреда може да значи крај на кариера, е прав хорор. Тоа му се деси на Дејмон Стадемаер, кој у победата над Портланд го еба коленото и сеа ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната. Права штета, зашто Мајти Маус конечно почна да игра како што знае и беше еден од главните виновници за одличниот скор на Мемфис. Без него ќе се изнамучат. - Среќна Нова.

6 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Au vecer kaj mene ima Cleveland-Detroit e toa e nekoja utakmica.Samo vecer e posebna vecer pa nema da gleam...inace na site posetiteli na blogot + avtorite na blogot sakam da im kazam SNG 2006-ta ubavo da vi trgne,se najubavo so moze da vi se desi,da igrate basket,da citate maknba i ondak to.Pozdraf se citame utre

12/31/2005 02:45:00 pm  
Blogger kole said...

aj neka ni e srekna novana godina,uste mnogu mnogu dobri utakmici i (daj boze)prenosi,pa se citame drugata godina :)

12/31/2005 03:11:00 pm  
Blogger Laf said...

Mighy Mouse... :((( stvarno steta... (ama koga ja vidov slikata mislev nesto postrasno se slucilo).

12/31/2005 08:50:00 pm  
Anonymous bodan said...

Mnogu loso izgleda na slikata.Na nego nema da mu trgne srecno ovaa nova godina ama na ovoj blog sigurno ce mu trgne na arno(so ovoj kvalitet sigurno ce mu trgne).Srecna nova.

1/01/2006 01:36:00 am  
Anonymous Ivica said...

Srekna Nova Godina decki i od mene. Jas sega se vrakjam od na proslava pa aako ima nekoja greska vo ova sto go napisav da znaete cisto od sto e:)...

1/01/2006 03:25:00 am  
Blogger Karakash said...

благодариме...

1/01/2006 09:40:00 pm  

Post a Comment

<< Home