Monday, December 26, 2005

Рукавица није шала, а не се Пистонси
Глеав вчера Лејкерс-Мајами, али со закаснување, негде од два саат.(Двр, да ми се јавеше ќе ти кажев кога има на НБА ТВ). Тоа што го видов само ми потвдри дека правото дерби се играше неколку саати порано, во Детроит. Првата четвртина, па и втората до пола, беа прав мерак за гледање, но како што поминуваше време на површина излагаа сите мани на двете екипи. За маните на Лејкерси не треба да зборам, затоа што они и онака не се у конкуренција за титула сезонава, но у Мајами ќе треба да решат некои сериозни проблеми ако сакаат да им се доближат на Пистонси. Најстабилна, барем у поголемиот дел од средбата, им беше играта на плеј, каде Џејсон Вилијамс почна добро, па продужи у свој Спиди Гонзалес стил, што дигурно не му беше по вкус на Рајли. Работата ја спаси Пејтон, кој беше убедливо најбољи на теренот, нешто што не верував дека ќе го напишам пред почетокот на сезоната. И кога не играа Шек и Вејд, кои беа страшно трапави и нервозни, Гери беше тој кој ја зимаше работата у свои раце. И кога Ентоан Вокер стандардно се глупираше, Гери ги спасуваше. И кога Зо ќе шутнеше по некоја, чисто колку да шутне, Гери ја поправаше грешката. Али, освен 9-11 шут од игра, кај Гери ме импресионираше одбраната, која мислев дека му останала у Сиетл кога го трампаа у Милвоки. У второ полувреме го затвори Коби, го стави у мал џеб, иако има 37 години и е за десетина см. понизок од него. Ипак, колку и да го фалам Пејтон, баш неговата игра и презимањето на играта у свои раце колку е плус за Мајами, толку е и минус, затоа што Вејд и Шек не смеат да си дозволат да бидат така изолирани од играта како што беа вчера, барем не од екипа како Лејкерси. Што ќе биде кога ќе налетаат на Детроит, па дури и Индијана? Али, мислам дека тоа беше само показател на тоа дека се уште не се сите влезени у системот на Рајли и дека кога тоа ќе се деси веројатно се ќе биде ок. Веројатно. Ипак, наголемата лекција вчера ја одржа Фил Џексон, кој му покажа на се уште зарѓаниот Рајли како се води екипа против у секој поглед појак тим. За тоа, свака част Зен. Толку од втората средба од Крисмс даблхедерот, која ништо чудно да не значи ништо за некои шест месеци, кога ќе се игра големото Финале. Детроит се ѕверови, тоа не го пишуем прв пут тука, и веројатно не ни последен. На ред за плескање дојдоа и Спарси, кои како попарени си отидоа од Мотор сити. Ѕверови!

7 Comments:

Blogger Lakerfan8 said...

Точно дека Лејкерс се далеку од конкурентна екипа за титулата сезонава ама да не заборавиме дека Лејкерс се петта најмлада екипа во лигата а за да се влезе во системот на Фил потребни се сезона или две...
П.С. Тотална грешка беше трампањето на Батлер во визардс, овој К.Браун е тотално збунет кога стапнува како паднат од Марс делува...

12/27/2005 12:23:00 am  
Blogger Ико said...

Сакам да ги гледам Лејкерс. Кој ќе ме прими дома го частам пијалок и јадење по желба! Дајте луѓе кажете кога ќе ги даваат пак...и кој е кандидат да ме прими...?! :(

12/27/2005 02:05:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Енкоооо! Шо ќе има вечер на НБА ТВ? Жими се ќе известувам од утакмицата!

12/27/2005 10:44:00 am  
Blogger Karakash said...

Aj koga vikaz Zimi se. Stanuj u 4:30 sabajle da gledas Klipers-Kings i da pises izvestaj utre:)

12/27/2005 03:24:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Iiiiiiiiiiiiiiiiiiii Super! Se zaebav, ama ke pisham!

12/27/2005 04:04:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Dwr ova slikava ti e koa si stanat od spienje?

NJNETS RULZ.Zakon sme.Gazime.Samo da ne urecham.

12/27/2005 05:07:00 pm  
Blogger iko said...

denes clevelend-new jersey ke bide super interesna utakmica, ali toa ti e makedonija ako ne se molis sekoj den za da gledas nesto dobro
Ima super utakmici sezonava, a ostanavme da gledame samo koj kolku kosa dal. Sramota .

12/28/2005 01:28:00 am  

Post a Comment

<< Home