Tuesday, December 13, 2005

Како да бирате ѕвезда
Е сеа, лигата почна, ама како што гледам досега, на ретко кој му е јасно што треба да прави со својата екипа. Имавме ауто-драфт, за даље Ивица ќе требаш да напишеш пост со едно лепо објаснување за сите, како да играат. Дали тоа нашава лига нема селари-кап т.е. кредит? Ако е така, онда нема да биде баш интересна за играње.... Бидејќи нашава фантази лига ќе почне најверојатно од утре, си помислив дека ќе е добро да искоментирам нешто околу ѕвездите во НБА и нивниот придонес во фантази тимовите. Од нив не постои некој што има апсолутно лош ефект по тимот, ама ние како Македончиња мораме да го бараме влакното во јајцето :-). Наредниве пар постови планирам да бидат на таа тема, па колку издржам толку... Први 5 под лупа би ги ставил ЛеБрон, Ајверсон, Вејд, Данкан и Гарнет.
1.Allen Iverson
Ајверсон од еден себичен и не многу корисен играч од фантази гледна точка се претвори во т.н. фантази чудовиште. Годинава ми се чини дека му е далеку најуспешна сезона во НБА што покажува дека доволно созреал и нема да прави глупости од типот 40 шута по натпревар, што му беше редовна пракса да речеме пред три сезони. Има просек од 34,4 поени (водечки во лигата) и 7.8 асистенции. За разлика од многу ѕвезди кои имаат само по две силни карактеристики Ајверсон се истакнува и со уште еден податок. Има 2.1 украдени топки по натпревар, што никако не е занемарувачки ако се знае дека разликите во украдени топки по фантази лигите се секогаш мали. Од она што може да му наштети на вашиот тим би ги издвоил изгубените топки (околу 3) и шутот од поле кој му е нешто над 40%. Со оглед на фактот дека остатокот од лигата на неговата позиција исто така не брилира во шутот, би рекол дека моментално Ајверсон е идеално решение на плеј.
2.LeBron James
Судејќи по последниве игри на ЛеБрон тешко дека има фантази играч кој не би го посакал во својот тим. Дечкото има просек од над триесет поени, 5.8 скока и 4.9 асистенции. Некој би рекол феноменално, јас би рекол надоместливо... 5.8 поени и 4.9 асистенции некако и не ми се вклопуваат во претставата за идеален фантази играч. Се ми се чини дека ЛеБрон премногу се фокусира на офанзивата и подзаборави на останатите сегменти од играта. За доказ: минатата сезона дотичниот имаше просек од над 7 скокови и над 7 асистенции а и 2.2 украдени топки (оваа сезона нешто над 1). Сето тоа заедно со неговите 3.3 изгубени топки по меч не го прават идеален пик во прва рунда на фантази-драфтот. No hard feelings LeBron :-)
3.Dwyane Wade
За него би можел да речам дека е Ајверсон од пред две сезони. Со неиграњето на Шек скоро сета офанзива на Мајами паѓа на негов товар, ама тој не покажува знаци на негодување. Има просек од над 27 поени, 6.7 асистенции и 6.8 скока, а не му е фрка да си направи и по некој turnover (просек 3.6). Со оглед на фактот дека придонесува во три статистички категории јас лично би нашол сила да му го простам тоа. Има и 2,3 украдени топки по натпревар, што е четврта категорија во која зема активно учество па секој коментар дека Вејд не си ја врши работата од фантази аспект е излишен. А за тројки, ќе почекаме уште некоја сезона за да се раздава:-)))). Годинава само 7%. Дефинитивно знае и да насмее дечково.
4.Tim Duncan
Тими и сезонава си е во стилот "мирна вода брег рони", ги има своите стандардни 20 поени и 12 скока дополнети со пар блокади и без многу глупости (изгубени топки, промашени шутеви или па недај боже исклучувања или суспензии). На ова имам став нешто сличен ко за ЛеБрон, иако можеби многумина нема да се согласат... Од пик во прва рунда понекогаш очекувам да се разбудам наутро и да прочитам дека изрешетал некого со 50 поени или пак направил спектакуларен дабл-дабл 20 поени и 20 скока. Тоа директно ми влијае на расположение, а од Тим во тој поглед би бил хендикепиран. Сте го виделе некогаш Данкан со 40 поени или 22 скока?? Јас не...
5.Kevin Garnett
Гарнет е повеќе мој стил на играч, знае да изненади со 25 скока или 38 поени, а се на се земено, на крај ќе излезе со слични бројки како Данкан. Моментално има 22 поени и 10.3 скокови просек, ама нешто што е некарактеристично и што никој од него не го очекуваше е бројот на асистенции. Има просек од околу 5 што во очите на многумина го направи уште подобар фантази играч. Јас сум еден од нив и би го трампал мојот прв пик (кој и да е тоа) за да го добијам Гарнет кај себе. Огромен придонес во три категории, а значителен во уште две-три други е сосем доволно за мене :-)

0 Comments:

Post a Comment

<< Home