Sunday, December 11, 2005

Бубачки, бубачки
Повредениот Рон Артест сака што побргу да се врати на теренот, меѓутоа не во дресот на Индијана. Во 20-минутното интервју саботата за "Индијанаполис Стар", Артест за прв пат јавно изјави дека сака да биде трампан. Во тоа интервју крилото на Пејсерси зборуваше за тоа што не му се допаѓа во тимот, неговата улога во него, тренерот, минатото, велејќи дека на тимот ќе му биде подобро без него. "Премногу лоши спомени имам од тука. Мислам дека на некое друго место би почнал одново. Тука имам голем терет врз себе, но тоа не е ништо ново за тие околу мене. Или ќе застанат зад мене и ќе ме трампаат или пак, нема да ме трампаат. Мислам дека ќе бидат подобар тим без мене" - изјави Рон. Тренерот на Пејсерси, Рик Карлајл, не сакаше многу да ги коментира изјавите на својот играч. "Никогаш не сакате да загубите некој како Рон, кој е еден од најталентираните играчи во лигата" - беше единствената изјава на Карлајл. Пејсерси лани го загубија Рон на 73 средби, по масовната тепачка во Детроит на 19. ноември. Тие застанаа на негова страна, иако самиот призна дека неговата суспензија им ја уништила сезоната. Сега Пејсери можеби и ќе бидат принудени да го трампаат за да ја спасат оваа сезона. "Мислам дека создавам многу проблеми тука. Доколку има некоја вистиина во шпекулациите кои ги слушам, тогаш и не би било лошо да ме трампаат. Веројатно ќе остварат повеќе победи без мене" - продолжи Рон. Генералниот менаџер на Индијана, Лери Бирд во моментов се наоѓа сред бркање таленти низ Европа, но по ова ништо чудно набрзина да се врати во Индијанаполис и со претседателот Дони Волш да видат што ќе прават со Рон. "Тој може во секое време да дојде и да разговара со мене и Лери. Од сега, очекувам Рон да се однесува како професионалец. Ова не е најдобар начин да се направи трејд" - рече Волш. Рон изјави и дека ќе му бидат потребни неколку дена да види кога ќе се врати од повредата на зглобот. Прашање е, дали ќе се врати како член на Индијана? Според изјавите на Артест, една од најголемите причини за неговото барање е играта која ја форсира Карлајл. Тој е втор стрелец со просек од 19.4 поени по натпревар, но смета дека лошо влијае на нападот. "Премногу ја сакам топката во свои раце, но тоа не е моја грешка. Поради тоа, често го упропастувам нападот. Ми се допаѓа тренерот Карлајл, но не ми се допаѓа и да играм за него. Да не бидам сфатен погрешно, си ја сакам екипата, а Рик е многу добар тренер. Тој знае што прави, само што јас не сакам да играм за него. Не сакам да го отпуштат поради мене и моите глупости" - рече Рон. На Индијана нема да и биде тешко да добие понуди за Артест. ТЊој е поранешен Ол-Стар и Дефанзивец на годината. Сепак, да добијат подеднаков квалитет за возврат нема да биде така лесно. Рон оваа сезона игра за 6.5 милиони, што е премалку според неговиот талент. Поради селари-капот, НБА трампите многу повеќе зависат од изедначување на договорите, отколку од изедначување на талентот. Најголемиот број играчи од нивото на Рон заработуваат доста поголеми пари, што значи дека Пејсери нема да добијат ист квалитет доколку не се откажат од уште некој играч. Сепак, желбата на Артест е јасна. "Доколку ме трампаат на Запад, кога ќе ми истече договорот би се вратил во мојот роден град, Њујорк. Исто така не би ми пречело да играм и за Кливленд, па и да влегувам од клупа на местото на Леброн. Има многу играчи поради кои не би ми пречело да влегувам од клупата. доколку живеевме во совршен свет, ќе играв за Њујорк" - изјави Артест. Можеби случајно, но само еден ден пред да го искаже своето барање Артест, се појавија шпекулации за можен негов трејд во Сакраменто во размена за Пеџа Стојаковиќ. Нешто за кое се зборуваше и во текот на минатата сезона. Не е тајна дека Кингси би сакале играч како Рон, а и дека на Индијана и фали шутер како Пеџа, кој сезонава игра многу слабо. Самиот Стојаковиќ има изјавено дека би сакал промена, затоа што се заситил од Сакраменто, а негова прва желба се Булси.

4 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Abe stavi go Carter na anketata zaso on ke dae prv:)
kArakas pa napisi prezemeno od Hoopshype~!~~~!!!@!@~

12/11/2005 03:26:00 pm  
Blogger Shepard said...

бето, не какај кај шо не е место.

не е преземено од хупсхајп ;)

12/11/2005 05:00:00 pm  
Blogger Karakash said...

Токму така, не е. Него, момци, добивте ли вие покани за Фентази лигата, мислам дека требаше денес у 12,а? Ивица, кај си?

12/11/2005 09:20:00 pm  
Blogger TargeT said...

Artest Please don't leave Us
----------------
Pacers Fan!

12/12/2005 02:03:00 am  

Post a Comment

<< Home