Saturday, December 10, 2005

Џо и Борис + Кој е Д 'МЕН у Индијана?
Неделава се разви муабет низ НБА дека Атланта страшно се заебала у трејдот за Џо Џонсон, и не само што го преплатила Џо, него и изгубила подобар играч од него – Борис Дио. Плус, Грег Ентони, кој пишува за ЕСПН додаде дека Атланта ќе зажали за двата пика од 1, рунда кои му ги даде на Феникс, затоа што тие сигурно ќе бидат лотери пикови. Шупакот нема појма дека тие пикови се условени, т.е., Хоукси ги задржуваат ако бидат меѓу првите десет или 14, зависи како се договориле двата тима (најчесто 14). Ете зошто не ги поштуем ЕСПН, кои се рекламираат како најдобра спортска куќа на светот, а прават едно чудо бизарни грешки. Да се вратиме на Џо и Борис. У голем број муабети Французот се спомнуе како идниот Меџик, како роден лидер, невиден талент или тип со "Менса Ај-Кју" (Ентони пак), а Џо како солиден епизодист, кој никогаш нема да стане тоа што Хоукси очекуваат од него. Какво срање. Секој кој барем малку ги гледал Хоукси задњиве неколку години знае каков лидер, иден Меџик и што се не е Дио. Не викам дека момакот не го бива, секако дека го бива., тоа го докажа играјќи од двојка до петка за Санси сезонава. Од друга страна, Џо е тип околу кој може да се гради тим, сеа, можеби тоа нема да биде некој многу тим, но тој е тука негде со Пол Пирс или Мајкл Ред или што знам кој друг, типови кои земаат големи пари, а својот тим никогаш нема да го однесат до титулата. Околу Борис не можеш да правиш екипа, Хоукси у тоа се уверија задњиве години. На Атланта задње нешто што и требаше е уште едно ниско крило со слаб (никаков) шут, кое одбиваше да шутира дури и кога беше тотално сам. Тоа се смени сезонава, но мислам дека не е Борис најзаслужен за тоа, туку момакот по име Стив Неш, кој и од Раџа Бел може да направи играчиште. Џо е иден Ол-Стар, можда не сезонава, али има време за него. Борис никад нема да игра на Ол-Стар. Џо е срцето на Хоукси, иако се тие бедни сезонава, тоа не е по негова вина. Џо ги прави другите играчи подобри, Борис е подобра кога околу него има подобри играчи. Џо е ѕвезда, Борис е чирак. Што не треба да биде сфатено така лошо. Пипен беше чирак, Ману и Паркер се сега чираци. Толку од тој муабет. Синоќа ги гледав Пејсерси и Визардси. И двете екипи имаат сериозни проблеми. Индијана играше без Артест и Тинсли (и завеаниот од снег Крошир), али ипак победи, на крај и убедливо, иако беа дупки у 1. четвртина. Се разигра Стивен Џекес Џексон, а по страшното куцање во 2. период, се укочи Аренас. Без него Визардси се пацери. Проблемот у Индијана е тоа што не се знае кој е Д МЕН, нешто околу кое Лери Бирд се мислеше и летово. Сега станува јасно дека Џермејн ОНил не е баш комотен у таа улога, можда Рон-Рон, а? Кој и да биде, ќе мораат бргу да го најдат, зашто вака не прават ништо. Се спомињаат некои трејдови, пред се Рон за Пеџа Стојаковиќ, што по мене е глуп потег и за двете екипи. Нити му е место на Артест у без-дефанзивната зона у Сакраменто, нити му е место на Пеџа у системот на Карлајл. Бољи потег би бил (кога ја би бил Џи-Ем) да ги пратат Џермејн, Бендер и Фред Џонс у Минесота, за Кевин Гарнет и можда Воли Шбџакдикдакухдиак. Толку, вечер ќе глеам Голден Стејт – Детроит, исто како и еден нов член на нашето семејство кој, бимбереќатврсн, ќе го запознаете утре. Ај...

6 Comments:

Anonymous d-r nele said...

To bi bilo najbolji potez ako Garnet i voli dojdat a posebno ako ovie moite se oslobodat od Bender pred sve zbog povredata na kolenata (izgleda dosta gadno).

12/10/2005 06:40:00 am  
Blogger Karakash said...

Normalno deka bi bilo najpametno:)

12/10/2005 02:59:00 pm  
Blogger TargeT said...

AAAAAAA виде ли сто им направи Индијана на Магионичарите? Едноставно: ги магепса! GO INDIANA GO!

12/10/2005 05:00:00 pm  
Anonymous liverpoolfan said...

Izgleda deka ja sum edinstveniot ovde sto naviva za Duncan i kompanija. Daj napisete nesto za niv i najdobriot skor vo ligata. :)

12/10/2005 05:40:00 pm  
Blogger Beto said...

Moze si edinstveniot za Duncan ali ne za Liverpul.visit the unofficial macedonian LFC fan blog.Da ne reklamiram selsko e:vidi mi u profil:)LIVERPOOL FAN

12/10/2005 10:56:00 pm  
Anonymous Liverpoolfan said...

Idam redovno na unofficial macedonian LFC fan blog, ne se sekiraj ;) Pozdrav

12/12/2005 03:45:00 am  

Post a Comment

<< Home