Sunday, December 04, 2005

Коначно нешто добро у Денвер + Фентази МАКНБА
Вчера гледав Мајами – Денвер, и искрено по неколку слаби по ред, конечно добра НБА утакмица. Прв пут сезонава Нагетси одиграа како што им предвидувавме ние и сите др., иако Мело поголем дел од средбата се мучеше со лични. Мајами исто беше солиден, мада покрај Вејд фалеше втор човек у напад, у таа улога се мењаа неколку играчи, ама у погрешно време у неа улета Ентоан Вокер у задњите две минути. Ипак, Мајами беше доста добар, и едвај чекам да видам какви ќе бидат со Шек у пуна снага. Замислете, резервниот центар ќе им биде најбољи блокер у лига. По некое време пауза еве го и Фентази Ивица, а кој сака да биде дел од нашата фентази лига, Макнба, нека остава мејл, што више-то боље. Ај... Еве по подолго време (околу една недела) конечно се ослободив и можам да напишам пар зборови за нашата ни најмила НБА :). Во овој пост ќе се посветам на играчи кои ја потврдуваат тезата дека сељакот кој ги сменал опинците за кондури е повторно сељак. Наредниве 5 играчи НИКАКО не смеат да се најдат во ростерите на вашите НБА тимови. Прво заради одржување на можноста да сте на врвот на табелата во вашата лига, а второ (и според мене многу поважно) заради одржување на вашата здравствена состојба. Па нерви искинав со Мејсон и Јариќ. Anyway, време е да ви ги претставам:
1.Quentin Richardson
Ако сакате да научите како може надежна кариера во добар НБА тим (Феникс) да се заебе на најбрутален начин прашајте го дечково. Тој ќе ви објасни дури и во подробности ако сакате. Од неговите 17.3 и 14.9 поени по натпревар за минатите две сезони, Q-Rich по доаѓањето во Њу Јорк успеа да дојде на 6.8 поени за очајни 23 минути во просек. Скокови: од претходниот просек во кариерата кој беше нешто над 6 стигна на смешни 3.8. Во останативе статистички категории не мора ни да споменувам колку е смешен годинава... Згора на се се наоќа во тим каде е тренер Лери Браун, кој е општо познат како тренер кој обожава играчи кои знаат да играат одбрана... Од лошо полошо за Квентин кој не се истакнува многу во дефанзивата. Неговити минути ќе одат надолу, а со нив и неговите и така смешни броеви.
2.Jamal Crawford
Дури сме на темава Њујорк, да не го заборавиме и најверниот другар на Ричардсон - Џамал Крафорд (се знаат од на клупа:-)). Приказнава е слична како со Квентин само што Крафорд е во Њу Јорк (по преминот од Чикаго) втора сезона. Сезонава го нема никаде, а неговите 13.8 поени по натпревар се повеќе како резултат на последниве 5 натпревари каде покажа знаци на живот (последно против Чикаго 28 поени). Нема просек над 3 во ниту една друга статистичка категорија и според мое мислење во фантази тим е корисен исто колку и Ричардсон, т.е. воопшто.
3.Desmond Mason
Мејсон ќе го критикувам со особено задоволство, затоа што е еден од главните кривци што не котирам баш најдобро на табелата во мојата фантази лига. Дојде во Њ.Орлеанс како големо засилување, а се испостави дека е само една огромна грешка од страна на раководството на Њ.О. Има просек од 8.7 поени што никако не се совпаѓа со мојата идеја од пред почетокот на сезонава кога планирав дека ќе има огромна минутажа и огромно влијание. Лани во Милвоки имаше просек од 17 поени и околу 4 скока со 44% шут од поле и 80% од линија за слободни. Чисто за споредба еве ги тие броеви за оваа сезона: поени 8.7, скокови 3.8, шут од поле 37% и шут за слободни 64%. Најверојатно станува јасно зошто во Милвоки и немаше некое огромно расположение да го задржат :-).
4.Rafer Alston
Rafer who?!? Алстон оваа сезона беше на листата на можни изненадувања... Арно ама, се испостави дека единствено каде може да се рече дека припаѓа е листата на непријатни изненадувања. Многу луѓе очекуваа (вклучувајќи го тука и Баркли) дека Т-Мек конечно околу себе има доволно добра екипа за шампионска титула ама Рафер и компанијата се погрижија да го демантираат. Има просек од 7 поени и 4 асистенции што е очајно малку за плејмејкер во шампионски тим. Згора на се последниве неколку натпревари не игра поради повреда што дополнително ја потврдува идејата Алстон да се исфрли од секој фантази тим под итно. На дечково му нема спас од просечност сезонава.
5.Marko Jaric
Марко ми делува како да има сили да го напушти ова непријатно друштво (што го покажа на последниве 2-3 натпревари), ама минатиот труд од почетокот на сезнава па наваму го смести во ова друштво на великани :-). Има просек од 10 поени и 5 асистенции, со релативно добар шут од поле (47%) и 2,4 изгубени топки по натпревар. Генерално земено бројкиве не се така лоши ама за споредба еве ги минатогодишните статистики на Јариќ од Клиперс: 9.9 поени, 6.1 асистенција, шут околу 43% и нешто под две изгубени топки. Искрено речено очекувам Јариќ да ги поправи своите асистенции, но ќе го влоши шутот од поле и бројот на изгубени топки. Би рекол дека нема да е идеална опција за вашиот тим во било која фантази лига.

8 Comments:

Anonymous bodan said...

Abe bratce, ce ima li anti-teza ili ne za lejkers? Ovja mojve posle minesota me docekaja na zub so zborojte nema anti-teza,zos kobi bil i ce ostane glumec(ova naucile od enko).Za fantazi-nisto novo prvoto mu bese mnogu pojako na ivica a ova e opsto poznato,sigurno ispitite go storile svoeto.Za denver i majami komentarite gi pogodi u oko i ja go cekam shek. email-tnt_tetovo@yanoo.com za fantasy.

12/05/2005 02:02:00 am  
Blogger Latifovich said...

Ова со Miami беше грешка на Стен (оној дебилот тренерот) игра зона на 29 секунди до крај и водство од 1 поен и баш ми е мерак што изгубија еве маил за fantazy latifovich@gmail.com

12/05/2005 10:22:00 am  
Blogger Shepard said...

ќе има антитеза..

али неам кај да глеам.. не знам шо да пишам..

и не даам мејл за фентази.. неам кај да глеам, не знам шо се дешава :(

12/05/2005 06:58:00 pm  
Blogger Beto said...

Sto bidna so ovj Camby?Se zdive godinava...blaze si mu na toj sto go ima vo fantasy!
Socustvo Separd

12/05/2005 10:20:00 pm  
Blogger Karakash said...

Beto, ziv li si? So Shep si pomislivme deka ti go skinale internetot:)

Ivica, eve ti uste eden igrac pokraj ovie dvajca pogore - btoni@mt.net.mk.
Dosta li sme sega?

12/06/2005 03:15:00 pm  
Blogger Latifovich said...

А луѓе да ве прашам што е финтава со ова fantazy уствари што треба јас да правам ќе ми каже ли некој :)

12/06/2005 03:21:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Pa ajde eve da se prijavi bodan, i ovoj deckovo sto mi dade ti meil pa da ja pustam ligava. samo neka pobrzaat malku.

12/06/2005 05:04:00 pm  
Blogger марче said...

aj da vidime ... :)
martin05@mail.com.mk
pozdraf

12/07/2005 01:22:00 am  

Post a Comment

<< Home