Friday, December 30, 2005

The Beast of the East *
Причината поради која Пет Рајли летово реши да направи ремонт во составот на Мајами беше поразот во финалето на Истокот од Пистонси. Со тој, по свој вкус составен тим, Рајли пристигна во Детроит на првата средба меѓу тие два тима по несреќниот 7. меч за Хит. Сега во улога на тренер, Рајли се соочи со истиот резултат како и во претходниот плеј-оф. Чонси Билапс со 30 поени и осум асистенции и Ричард Хамилтон со 25 поени и рекордни за него сезонава 9 додавања ги предводеа "клиповите" до уште еден триумф од 106-101 над тимот од Флорида, кој и оваа сезона им е најсериозен ривал за врвот на Истокот. И на оваа средба, Мајами се соочи со истиот проблем, колективот на Детроит и неможноста другите играчи (освен Џејсон Вилијамс) да му помогнат на ударното дуо, Шекил О'Нил и Двејн Вејд. "Ние сме заедно веќе подолго време и сме поминале низ сито и решето, така да ништо не може да не изфрли од колосек. Некој од нас секогаш се истакнува кога се крши резултатот" - рече Билапс. Пистонси ја имаат истата прва петорка скоро две години без прекин и во тој период тие пет играчи ги однесоа до титулата во 2004 година и пласман во финалето минатата сезона. Тоа што е ново кај нив е тренерот. Флип Сандерс ги презема летово и ги направи подобар офанзивен тим, задржувајќи им го интензитетот во одбраната. Ова е деветта победа по ред за Детроит, кој комотно седи на врвот на НБА со скор од 24 победи и само три порази. Вејд со 33 и Шек со 26 поени не можеа против колективот на Пистонси, а единствената помош ја добија од Џејсон Вилијамс, кој средбата ја заврши со 20 поени. "Ја имавме победата во наши раце во текот на цела средба, но направивме многу глупави грешки во финишот. Тоа не смееме да си го дозволиме против тим како Детроит. Сепка, тие се истиот тим од лани, а тоа значи дека не се непобедливи" - изјави О'Нил. - Со стартот од 24-3, Пистонси го бркаат најдобриот почеток на сезона во историјата на НБА. По 27 средби тие имаат послаб старт од само три тима, тоа е тимот на Филаделфија од сезоната 1966-67 и Њујорк од 1969-70, кога и двата тима сезоната ја отворија со 25-2, додека Булси од 1995-96 имаа идентичен старт како Пистонси сега. Таа сезона Чикаго предводен од Мајкл Џордан, стигна до рекордни 72 победи. "Ние бркаме нешто поголемо од Мајами или било кој друг клуб во лигата. Имаме можност да направиме нешто посебно, така да целта не ни е да испраќаме пораки со вакви победи. Целта е поголема" - изјави Бен Волас. * - Ne se cudete ako tekstov vi e malku politeraturen nego obicno. Pisuvam e za u vesnik, a posto nemam vreme da pisam za blog, eve go ona sto ke ide u vesnik. Ponetata e ista, sum kazuval sto puti i ke kazam pak - Pistonsi se zverovi. Tacka.

6 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Еј Каракаш извини за рикепот за Сиетл-Минесота не се ни пробудив:)Сум го клоцнал мобилниот...

12/30/2005 06:16:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

Еве шанса за останатите играчи на Лејкерс да покажат што знаат и умеаат, зошто Коби е суспендиран за 2 натпревари (и двата против Јута) па да видиме колку Коби им недостасува!!

12/31/2005 01:10:00 am  
Anonymous liverpoolfan said...

Ce bidat toa dve lesni i ubedlivi pobedi :)) za Juta se razbira

12/31/2005 11:12:00 am  
Blogger beto # 6 said...

:)

12/31/2005 11:13:00 am  
Blogger Karakash said...

Лејкерфан8, што *** има врска Коби со постов?

12/31/2005 12:52:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

Знам нема врска Каракаш ама колку се зборуваше дека Коби повеќе пречи одколку што им помага на Лејкерс ќе видиме за тоа:)

12/31/2005 01:46:00 pm  

Post a Comment

<< Home