Saturday, December 24, 2005

Нашата ни Фантази лига. Пост #1
По кратка пауза еве го Ивица со добар, темелен пост за нашата Фантази лига. Има анализа на секој тим и неговите плусеви и минуси. Гуд џаб. Што се однесува до мојот тим, да, ми треба висок момак или некој како Џо Џонсон, али со камбекот на ѕверот Амаре многу работи ќе си дојдат на свое место. До тогаш ќе се крпам со што фатам слободно, како сега Хаус. Дечки еве ме и мене по подолго време. Овој пост ќе го посветам на нешто што е доста актуелно помеѓу нас, активните корисници на сајтов, а тоа е нашата фантази лига на yahoo.sports. Ќе ги анализирам тимовите според моменталниот пласман на табелата. 1. Ivica's finest- Да не испадне дека си го фалам тимот или нешто слично нема да коментирам кој се позитивните страни на Ivica's finest, а ќе кажам на што планирам да поработам во наредниов период. Многу сум слаб на бековска позиција, проблем кој мислев дека ќе го решам на лесен начин: со донесување на Поузи од листата на слободни играчи. Се испостави дека Поузи не само што не е доволен, туку и дека е подпросечен и дека од него што се однесува до фантази параметри ќе немам корист. Од статистички категории во кои сум слаб би ги издвоил слободните фрлања и асистенциите. За слободните стварно сум изненаден што имам само 4 поени затоа што имам само три играчи кои го влошуваат тој процент: Окафор, Деламберт и Хауард. Мислам дека во таа категорија ќе се подобрам. Асистенциите се сосема друга приказна затоа што тимов ми е составен главно од високи играчи и би бил пресреќен ако останам на моменталните 6 поени. Играч кој би му помогнал на овој тим: Чонси Билапс (отворен сум за понуди:-)) 2. Vodnjanski Lisici- Бaш ми се допаѓа тимчево од Бето затоа што има кој да си ја врши работата на секоја позиција. Го има Кид на плеј со поддршка од Вилијамс и Фишер, на бек шутер ги има Ричардсон и Џо Џонсон, а од високи играчи ги има Данкан, Гуден и Богут кои би требало да вршат работа до крај на сезона. Сите од нив носат поени во повеќе од една категорија со исклучок на Џонсон кој носи поени во сите:-). Од недостатоци би можел да ја издвојам промајата на ниско крило за која се надевам дека Бето е свесен и дека ќе преземе нешто околу тоа. Мислам дека за тимов е идеално да земе центар кој прави доста блокади (бидејќи има само 5 поени од блокади) или ниско крило со висок процент погодени слободни (да ја поправи единицата која ја има во слободни фрлања Бето:-)) Играч кој би му помогнал на овој тим: Воли Шчербијак или Маркус Кемби 3. Zvezdara- Кому му треба центар нека си побара овде. Драфтот очигледно беше наклонет кон овој тим и му ја додели можеби најдобрата центарска линија во нашава лига. Имајќи го во предвид фактот дека многу центри во екипата автоматски значат и многу скокови и блокади, како и добар шут од поле, единствено нешто на што би требало да се обрати внимание се асистенциите, тројките и украдените топки. Не знам зошто ама тимот се држи и повеќе од добро во две од трите наведени категории (асистенции- 7.5 поени и украдени топки- 9 поени). Очекувам тие бројки да паднат на околу 4-5 доколку не се преземе нешто конкретно во врска со тоа. Идеални за тоа се плејови или бекови со висок assist/ turnover ratio, кои можат ама и не мораат да даваат многу поени. По некоја тројка и тоа ќе е сосем доволно Играч кој би му помогнал на овој тим: Џејсон Кид или Сем Кесел 4. Courtist- Дечково е еден од малкуте екстерни членови на лигава и изгледа како да знае што прави. Има крајно балансиран тим кој може да оди само нагоре, а никако надолу. Секоја чест. Бидејќи најверојатно нема да го чита постов нема премногу да се задлабочувам во анализа на неговиот тим. 5. Mac 10- Вториот екстерен член со сериозни проблеми на SG 6. Ballers- Во оваа екипа има пар играчи кои е навистина неблагодарно да се добијат при драфт. Туак мислам главно на Ричардсон и Ентоан Вокер кои е навистина тешко да ги трампаш, а и не се тип на играчи кои можеш туку-така да ги отпуштиш. Генерално, тие играчи се заглавени во тимот, а менаџерот со нив си лупа глава дали да ги отпушти или не. Двајцата мислам дека носат огромна вина за тоа што е тимот последен по изгубени топки (има најмногу) и со два бода од FG% (претпоследен). Во конкретниов случај би препорачал да се бенчираат малку се додеке не се соземе барем еден од нив. Вакви какви што се прават повеќе штета од добро. Ballers имаат и уште една слаба точка, а тоа е процентот за слободни фрлања, проблем кој мислам дека тешко ќе се реши, освен ако не се пристапи кон радикални смени на играчкиот кадар. Играч кој би му помогнал на овој тим: Тони Паркер 7. KangMac- За дечково можам само да кажам дека ако направи уште еден истап ќе го исфрлам од лигава. Толку. Ако не му одговара што пишуваме македонски нека не тужи. 8. Max5- Во овој тим не ми се допаѓа тоа што се случува на ниските позиции. Го има Алстон-тотално промашување, Тинсли- повреден долго време, Крафорд- ја игра најлошата сезона во НБА и Џексон и Мајлс кои и кога играат добро шутираат 40% од поле. Нешто треба да се преземе околу оваа ситуација. Во спротивно не гледам начин како овој тим би се угурал во првите 5. Асистенции и украдени топки се повеќе од потребни во тимот, а кој би го решил тоа подобро од Ален?? Сепак, бидејќи Каракаш беше доволно експлицитен во изјавите дека не го дава, па најверојатно ќе мора да се бара некоја прифатлива алтернатива. И со скокови не е идеална работава па центар кој прави доста асистенции би свршил работа. Играч кој би му помогнал на овој тим: Бред Милер или Бревин Најт 9. Cair Seirdzis- Тимот на Каракаш ми е црн коњ за влез меѓу првите три екипи. Моментално има проблеми токму на позициите на кои очекувам дека ќе гази со враќањето на Амаре. Лично јас можеби би направил корекции на бек шутер затоа што Мо-Пит и Еди Хаус се непостојани и не верувам дека ќе ја одржиш 11ката во тројки и 9ката во поени само со Реј Ален како екстра бек шутер. Ако некако го изведеш тоа, со враќањето на Стадемаер Cair Seirdzis ќе е незгоден противник. Со Амаре ќе скокне FG%, PTS, OREB, REB i BLKs па ќе е весело:). Играч кој би му помогнал на овој тим: Џо Џонсон 10.bodan atletiko madrid- Е ова би рекол дека е тим со сериозни проблеми и без идентитет. Во тимот нема играч кој на Бодан би можел да му обезбеди 13ка во било која категорија. Од играчи кои можат нешто да направаат се Бен Волис (многу скокови и урадени топки и ништо друго) и Коби Брајант (мноогу поени и ништо друго:)). Од останатите: Биби е добар играч ама не и во фантази услови, Грент Хил во секој момент може ја заврши кариерата саамо ако свитка зглоб, Џералд Волис е прилично корисен и треба да се задржи, Игуодала знае да блесне ама ретко, а останатите не претставуваат некој фантази фактор. Како би ја спасувал оваа екипа веројатно ни јас не знам. Би се обидел да набавам тешка машинерија под кош па да се проба што се може во скокови, блокади, поени (а сето тоа со добар процент за шут). Играч кој би му помогнал на овој тим: Дру Гуден, Сем Деламберт, Адонал Фојл 11. Ekipata- За овој тим мислам дека има решение во доведување центар на местото на некој од многуте плејови. На тој начин ќе се подобри лошиот шут од поле, а исто така ќе се подобрат и скоковите и блокадите (кои воопшто не се лоши). Мислам дека со таков потег Екипата значително ќе се подобри и ќе се избори за место меѓу првите 5-6.Само треба да се внимава на тоа кој плеј ќе се трампа за да не дојде ситуација да останеш со 0 бек-шутери. Засега Хајнрих и Јариќ можат да ти играат на таа позиција, па не би ги трампал двајцата... Играч кој би му помогнал на овој тим: Елтон Бренд, Шек 12. и 13. Екипите на Шепард- Шепард демонстративно истапи од лигата оставајќи не вечно да се прашуваме дали ако продолжеше да игра ќе ги имаше двете последни места или не... Штета баш. Шепарде врати се, лигава без тебе не е иста :-) Играч кој би им помогнал на овие тимови: Мајкл Џордан (сезона 97/98) ЕДИТ: Леле реметење.. ја коа истапиф Пуцфрау Хилс беа 9. а Офчетина 12. не зезај. Сеа значи се Н/А :)

14 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Ej Ivica super ti e postov sfe...samo znam deka m fale daska(se salam krice) i zatoa sakas li trampa da praime?

Nocioni - J.R. Smith a?

12/24/2005 07:03:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Ne mozam da se otkazam od Nocioni. I jas sum tenok na SG,SF a Nocioni moze da mi igra SF. Zatoa i go zedov

12/24/2005 08:32:00 pm  
Anonymous bodan said...

Stosot so mojot tim e vo toa sto neznaev deka nema selari kap i deka namesto da stisnem add stisnav watch mislejci take treba.A koj mi go odbral timot i dn dnska neznam-zimi majka?Pa zar ja bi go odbral sura,buzer,harping a bi go propustil weyd i nesh? Pozdrav bodan koj nema vrska od fantasy.

12/25/2005 01:08:00 am  
Blogger beto # 6 said...

inace timovite se odabrani na auto draft znaci kompjuterot ti gi bira.Lele neznam za edna trampa ke se otrujam...da go davam li Kidd be?Za mnogu dobro krilo?!

12/25/2005 11:26:00 am  
Anonymous Ivica said...

Bodane, jas go napisav postot vo konstruktivna nasoka i ne sakav nikogo da navreduvam. Na krajot na kraistata timovite nikoj od nas ne si gi birase, site gi dobivme na auto-draft koj bese baziran na nasite preferenci (trebase da gi rangiras igracite po tvoj izbor pred draftot). Ama jas imam igrano vo ligi kade i so namesteno pred-rangiranje sum dobil tim poln kreteni. Ednostavno taka toa odi... So takov tim i jas nisto ne sum mozel. Ne rekov deka ti ne znaes ili nesto tuku deka ednostavno imas slab tim. Toa ne e isto.

12/25/2005 12:27:00 pm  
Anonymous Ivica said...

E Beto tuka treba da se dokazes kakov menadzer si:). Bas me zanima sto ke napravis.

12/25/2005 12:27:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Veke napraviv:)Otide Kidd za R.Lewis...
Sea na PG gi iam Jaske i Williams od Miami;.
Jaske igra prva 5orka sega , a Jason se vrati od pvreda i valjda ke igra dobro.Sea ako fali neso na PG ke trampam pak:)_

12/25/2005 04:01:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ivica ti napisa odlicen post,ja kazuem deka sam si ja utnav rabotata.

12/25/2005 04:23:00 pm  
Blogger марче said...

daj be ponudete centar ... imam sg sf za izvos ...

12/25/2005 05:56:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Mar4e koj tim e tvoj?Pa da praime nekoja trampa...ali ja baram Point Guard

12/25/2005 06:33:00 pm  
Blogger марче said...

abe beto do sea mislam deka imame dobra sorabotka :) max5 mi e timot ... iame napraeno nekolku trampi ... pa se nadevam deka sorabotkata ke prodolzi i ponataka :)))
aj pozdraf

ima nekoj zainteresiran za kenjon martin? ... ponudete shuter ili centar a moze i gjorce petrof ... ajt

12/26/2005 07:11:00 pm  
Blogger Ико said...

Како да се убацам??

12/26/2005 07:35:00 pm  
Blogger Karakash said...

Земи некоја од екипите на Шепард, а?

12/26/2005 10:15:00 pm  
Blogger Latifovich said...

A zasto ne ste me ubacile mene

12/28/2005 12:33:00 pm  

Post a Comment

<< Home