Tuesday, November 08, 2005

Weekly roundup бр.1
На стартот од сезоната кажавме дека ќе пишуваме само за утакмици кои сме ги гледале, така да нема да се фолираме и сеа да препишуваме извештаи. Јас синоќа требаше да гледам Чикаго - Сан Антонио, али момците од кабловска одлучија дека боља опција у два сабајле од НБА ТВ е францускион канал за лов и риболов. Ај, ова ќе им го зеам како случајна грешка, само да не се повтори, а нема да се жалам (барем, не сеуште), затоа што знам дека доста голем дел од градов нема кај да гледа НБА баш поради инертноста и неспособноста на кабловските. Каква е ситуацијата у другите градови низ Македонија не знам, ако некој знае, нека пише. (update: Сеа глеам дека имам НБА ТВ, ќе глеаме вечер Мемфис-Сиетл, фала момци) Јас нешто од синоќешните дешавања фатив преку официјалниот сајт, посебно постерите на кои Винс (три пати) и Џеферсон го ставија Зо, како и положувањето ала-Мајкл на Двејн Вејд. Како и да е, со оглед на тоа дека синоќа не гледав баскет, а и дека помина недела дена од стартот на новата сезона, еве неколку белешки од премиер викот во НБА. Ѕвездите паѓаат: Не помина ни седум дена од сезоната, а веќе две од најголемите ѕвезди се на лечење. Откако Шек незгодно доскокна на стапалото на Артест, следеше и веста дека Рокетси у следниве три недели минимум ќе бидат без Ти-Мек. Не мора да се прави многу муабет за тоа што овие повреди значат за Мајами, т.е., Хјустон, но посебно тешко ќе им биде баш на Рокетси, кои без Трејси немаат екипа за плеј-оф. Она што уште повеќе треба да ги загрижи во Хјустон е дека ова не е прв пат да проработи грбот на Мекгрејди, кој со такви проблеми се бореше уште кога играше за Орландо. Добро е познато како евентуална операција на грбот може да уништи нечија кариера, сетете се само на Лери Џонсон. На овие двајца можат да им се додадат и Амаре (кој нема да игра најмалце до февруари), Грент Хил (до средината на декември), како и Нене, кој уште во првата средба ја еба сезоната. Мемо се разбуди, но кај е Бузер? Како и лани (4-0), Јута и оваа година по првите три средби има позитивен скор (3-1), но за разлика од лани најзаслужен за тоа, покрај Кириленко, е Мехмет Окур. Мемо конечно почна да игра според потенцијалот, но и договорот кој лани го потпиша (50 милиони за шест год.), а тоа најдобро го осетија Бобкетси кои синоќа ги почести со 31 поен. Додека едниот од ланското дуо засилувања конечно почна да ги оправдува средствата вложени во него, другиот го нема никаде. Карлос Бузер сезонава не се појави у дресот на Јута, уствари тој тоа го нема направено уште од 14.02. годинава кога ја одигра последната утакмица. Тој вика дека е повреден, но газдата, а и тренерот Слоун нешто многу-многу не му веруваат. Зашто? Затоа што момакот летово одигра неколку егзибициони средби, како и хуманитарната за жртвите на Катрина. Дали е можно по само година дена Карлос да си го потроши добредојдето во Јута, како што направи во Кливленд? У М-то...е финатата Двете екипи кои најпријатно ме изненадија се Милвоки и Мемфис. Бакси ја отворија сезоната со три победи без пораз, демонстрирајќи одлична игра, посебно во финишот на средбите, за што најдобро зборат победите против Филаделфија и Мајами. Знам дека е прерано, но со ваква игра Бакси нема шанса да го утнат плеј-офот, Ти-Џеј Форд им се врати подобар од било кога, Ред си ги оправдува 90 милиони, Боби ги натера да го заборават Дезмонд, Меглор у одбрана царуе со рекетот, а Богут докажа дека нема да му требаат две-три сезони да стане играч. Што се однесуе до Мемфис, мислам дека ако лани Феникс ги изненади сите, онда годинава тоа можат да го направат Гризлис, нормално не до толку за да го освојат Западот, но и пласманот у плеј-оф би бил изненадување за нив. Клучот за ова е Гасол, кој со Ал-Каида брадата е решен да го остави зад себе имиџот на мек играч. Сите ние знаеме каков е кога игра за Шпанија, а сезонава почна таквата игра да ја пренесува и во Мемфис. Не ги отпишувајте Лејкерси,...а ни Клиперси Двата тима од Ел-Еј на стартот покажаа дека иако сите ги отпишаа, тие имаат и тоа каква причина да изјавуваат дека плеј-офот е реалност сезонава. Тука посебно мислам на Лејкерси, кои ги гледав двапати (Денвер) и кои се многу подобри од она што го очекував. Во некој од претходните постови напишав како јас ги видов со Денвер, а Коби со просекот досега е најозбилен кандидат за прв стрелец, уште една причина зошто ме потсеќаат на Булси од кога ги презема Фил (1989). Што се однесуе до нивните комшии Клиперси, и тие почнаа добро, иако со повреди им се мучат Магети и Ливинсгтон. Мобли и Кесел засега се покажуваат како одличен бекоски тандем, а Бренд си е стандардно добар. Не ги отпишувајте ни едните, ни другите, барем не засега. Фил е геније Ова можеше да оди погоре, ама човеков заслуже да се издвои. Кога летово прифати да се врати у Лејкерси сите се прашуваа дали е нормален, но кога ќе се размисли подобро, зашто да не се врати? Што и да се деси сезонава, Фил ќе си ги лапне 9 милиони и ќе биде у право. Ако Лејкерси продужат како што почнаа, онда сите ќе го возвишуваат Фил, а ако паднат, онда сите ќе го обвинуваат Коби и неговото его. Подобро не може. Дали е магијата во Карл? Тимот со најразочарувачки старт на сезоната е Денвер. Во двете средби на кои Нагетси наместо Џорџ Карл ги водеше Скот Брукс, јасно се виде дека тоа не е истиот тим кој одигра фуриозни последни месец и пол од минатата сезона. Играчите се исти (плус Ленард и Вотсон, минус Нене), но тие не личеа на себе во поразите од Спарси и Лејкерси. Кога се врати Џорџ, тие ги прегазија Блејзерси, но па одма после тоа беа прегазени у Ел-Еј. Следните неколку недели ќе покажат дали Карл лани ја потроши цела магија или има уште понекој трик у ракавот.

8 Comments:

Blogger beto # 6 said...

Ејјјј сабајле коа видов многу се насекирав за ЊуЏерси у курац.Али Вејд каква банана му слепи на Винсенити боли глава.Како и да е на Њу Џерси не им бега плејоф.
Милвоки имаат еден од најкомплетните состави у лигата и одличен плеј(сличен со Крис Пол).Милвоки исто плеј оф 100%.
Мајами не ми се свигаат па уште Спри ако дојде...чао финале.
Детроит се Ѕверови најконстантни , а РИП оваа сезона ќе стане еден од најдобрите играчи у нба.Прав наследник на Реџи.Колку се здркаа Визардс со него...хахаха
Јута исто како лани како што кажавте,али мноооооогу ќе паднат у форма,нема шанси да направат нешо побитно.
Ми се свиѓа Крис Пол.Типот 80& е руки на годината.
Чикаго нема да влезат во плејоф.И дај боже да го лапнат Гарнет.Ако не Гарнет чуваат 20 мил. во селари капот за идното лето за Бен Валас.Не би рекол дека паметно ќе ги потрошат!
Торонто и Чарли Вилануева последно место у исток.Предпоследно у лига.
Атланта се шашма(неуиграни) али Селим стварно им вреди.Осеќам дека Марвин ке биде драфт утка.Со извинење кон Каш.
Минесота мора нешто да сменат.Не иде вака...Не сум сигурен дека
ќе стигнат до плеј оф со Јарич.
ЛаЛ се како што и очекував , Коби ќе солира.Смуш ме изненадува.
ЛаК ќе влезат у плејоф на 8мо место.Ити е мангупче а тоа ми се свиџа.
Орландо---НЕ!
Далас се онака...очекувано добри.
Сан Антонио нема да бидат добри како лани.Не ми се свиѓаат оваа сезона.Ќе бидат 3 на запад.
Мемфис се солидни.Сега се боље од лани.Имаат помирен тим , Гасол мора да почне да игра.
Денвер мора да го трампаат Кармело догодина зашо од него ол-стар не биднуе.Најпросечен играч.
Њу Орлеанс се закон.Крис Пол им е движечки мотор.Типот има муда.Дефинитивно интересен тим.
Сакраменто-two thumbs down!!!Дегените требаше лани да си го трампаат Пеџа за Картер , ама коа се глупи тоа ти е.
Индиана нема да пројдат толку добро како што очекувате.Нема некако хармонија....
Вашингтон се супер.Џејмисон мора да биде лидерот оваа година.Аренас и Џејмисон се одличен тандем за плејоф.Мислам дека Хјуз само сметаше така да сеа се боље.
Њу Јорк.Е за овие назнам шо да кажам.Такви куртони не заслужуваат да живејат у Њу Јорк.Они се само за у Камчатка.Хеее Боромир баш ми е жал.
Кливленд се сериозен кандидат за 1во место на исток.ЛеБрон и компанија можат да стигнат далеку.Мене особено ми се свиѓа Дејмон Џонс(само имам впечаток дека лани беше боље).
Вориорс че бидат 7ми на диви запад.Тој Тафт е добар.
Хјустон и без МекГрејди ќе бидат конкурентни.Рафер Алстон ќе биде тој што ќе ја води играта.Анд 1 мадафака.
Фили имаат слаб страт.Ќе се оправат,Боље се од ЊуЈорк.
феникс си се Феникс и без Амаре.Пак играат ко да не слушнале за одбрана.(дивтари).Е тоа не ми се свиѓа за глеање.Кошарка без одбрана.
Портланд правбат тим за догодина.Оваа година ќе земат јак играч 100%.
Сиетл се сумљиви.Не сум сигурен за у плејоф.

хехе тоа е за мене првата недела у НБА.Цел пост ви напишав.Поздрав:))
eeee Shepard do kaj ja otera rabotava so ZORa.Da te prasuvaat moze li da stavime Orbit ESPN:))
Zver si.

11/08/2005 10:10:00 pm  
Anonymous bodan said...

Ovde u tetovo se gleda sporttv(por) i nba(fr) sto znaci informacie na nivo.BLOGOV e odlicen,ve pratim celo leto ama kao beto ne se snaogam najdobro u pisuenje.Vcera imase odlicna kosarka na sporttv(majami-nj,nets) ama ima sanse da gleate na net. Pisite na emailov sto ce vi go osaem licno.Pozdrav bodan(psevd).

11/09/2005 12:29:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Pa za sega nikoj ne me iznenaduva posebno. Ipak e pocetok na sezona a i imase dosta povredi na kluci igraci(bez Nene).
Ocekuvam Milvoki da bide hit ovaa sezona play off im e garantiran so ovaa igra a ubavo vika Beto deka u mojata Indijana nesto ne stima.
I ja se nadam deka KG ke se spastri u Cikago i ke gi ostavi onie supaci vo MIN ( MekHejl - setete se pred nekoja sezona aferata so placanje pod masa, go zaboraviv imeto na igracot, pa trejdot E.T - Jaric).
Sve u svemu za titula ponovo glavni ke bidat SA od zapad i najverojatno DET od istok ,mada ja bi sakal toa da e IND.
Ne e valjda Rajli tolku glup pa da go zeme Spri, osim ako ne mu padne zal za decinjata gladni.

11/09/2005 04:31:00 am  
Blogger Karakash said...

Бето, ако нешто поштуем тоа е онда дугачок коментар. Затоа нема да те чепнам за некои работи, ипак поголем дел од тоа што го напиша си е на место.
RESPECT Бодане од Тетово
RESPECT д-р.Карајлич

11/09/2005 02:28:00 pm  
Blogger Karakash said...

...заборавив: Неле, играчот за кој Минесота беше казнета беше Џо Смит.

11/09/2005 03:13:00 pm  
Anonymous d-r nele said...

A znaes li kaj e sega posto go nema na nba.com/players

11/09/2005 03:52:00 pm  
Blogger Karakash said...

Probaj pak Nele...ke go najdes, igra u Milvoki.

11/09/2005 05:04:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Колку е глупав тој МекХејл го трампаше КЕСЕЛ за јарич.Шупак.a

11/09/2005 06:54:00 pm  

Post a Comment

<< Home